Само кока кола Прееска после бањање застана гола, пушти 2 капки и ми вика "моча". И јас се замислив да не треба сериозно ова да си го сфатам... Сечам кога ќе стасам. Има некоја конкретна причина за несечење навечер, или од некој адет прашуваш?
Провери крвна слика и тироидеа (заедно со тсх, фт3,фТ4) Хипо знае така да делува. Феритинот ако е низок носи токму до таква ситуација. Ќе мораш потоа да земаш терапија за да се средиш. И д витамин испитај во авицена. Сите овие три елементи ќе ти дадат одговор каде пукнало кај тебе. И сите вие што се чувствувате како поспани, без енергија одете испитајте ги овие параметри. Пост бременост знаат скроз да забегаат хормоните. Јас дури два пати и на волан се изгубив. Феритинот на крајни граници дошол па ме фрлал во шок. Со вртоглавица и омалаксаност. Ја седнувам на нокшир за да се олесни кога гледам дека два дена не кака. Инаку ја оставам ако почне да кака во пелена да си кака. Не ја одвикнувам. Ама и премала ми е за психолошки страв од какање. На другарка моја детето до пет години го имаше тој проблем, знам ужасен проблем е и не сакам да го имам. Ама ме советуваат да ја ставам пола час после јадење на нокшир како еден вид тренинг на цревата во овој процес. Ќе уклучам и еден силен пробиотик од денес да видам дали ќе помогне за регулација на столица.
@FreeMind пробај сливи, кајсии, пробиотик да даваш. Исто и палента вари и секој ден. Одлична е за варење.
Јас малку каснам ама еве да пишам за Провен дека и нас ни го имаат дадено како појак пробиотик. Јас на мојот редовно му давав биогаја, ама коа бевме на пат матичната ми рече да си купам и носам Провен за ако имаме проблем и ако почне да не кака по неколку дена поради промена на исхрана, вода и слично тогаш да му давам провен. А регуларно секојдневно биогаја. Значи различни се и по логика провенот е појак. Тој е како кесички прашок и се раствара во течност Со храна ме верувам да се среди бидејќо знам дека сигурно Фри е упатена и веќе има пробано.
Пијам уште од бременост, витамините ги продолжив исто и магнезиумот, никогаш не прекинав, секој ден земам: Вечер: магнезиум/цинк/В витамин утро: мултивитамини (аналгин по потреба Сношти од 10 и пол в кревет бев, неможев да станам, до 12ч мм се мачеше со Гого, никако не заспиваше, јас од 12 до 5 сама спиев, а до 12 лежев ори го слушав и неможев да заспијам, во 5 стана со плачење и кај мене дојде и така Треба да испитам и јас ова што кажа Фри Да не гледам на ден ноќ сечам уште од ко се вративме од болница, одма му ги средив. Многу е умен за нокти сечење. Седи мирен и гледа
@BabyT @Spidy @FreeMind @lackygirl Фала ви. А можно е Фри што вели да е тироидна. Д3 конзумирам секојдневно, макар што и тој ми е низок. Ќе испитам деновиве.
Веќе почнуваат да сфаќаат дека имаат физиолошки потреби, првите знаци се тие, тргање на памперсот, кажување, макар само еднаш... почнете со разговор околу одвикнувањето, дека бебињата носат пелени, дека како што растат, треба да почнат да користат нокшир/шолја, и дека треба да кажуваат, друг момент е приватноста, криењето под маса или на друго место далеку од луѓе покажува дека сфаќаат оти се работи за приватен момент. Само ништо да не е на сила.
Јас сум ваква исто, од како затопли немам сила за ништо. Убаво рече @FreeMind треба да се испита ама ич не ми се оди со состојбава наша никаква.
Јас денес бев на приватно да испитам, утре ми рекоа резултати, плус утре сабајле крвна слика ќе правам, денес касно беше за неа. Барем да сум на чисто, од каде проблемот. Плус ќе закажам на гинеколог за друго испитување, плус ќе си направам и неколку третмани лично за мене (лице, тело), бидејќи скорз се запоставив Не личам на таа женска која бев претходно, мора под итно промена Rule n.1 love yourself, take care for yourself!! Го заборавив периодов, но НЕ повеќе!
Каде испитуваше? Катастрофа сум и јас, лицето ми е хаос треба хормони да испитам за него ама ете се немало време демек, туку си се запоставив и јас па барам изговори. А на себе не личам одамна ни физички ни психички
Во Битола, Костурски лабараторија. Не знам од каде си, но сигурно има и кај тебе приватна лабараторија за да си испиташ. Ја изгубив атрактивноста скорз. Дома сум по пижами или широки маици (а слаба сум), коса во репче и пола стрчи надвор од репчето Нејќам да сум патетична и да се жалам, не ми е тоа поентата, туку дека се освестив дека треба да си превземам грижа и за себе, и то малку поќе и почесто
Прв ден силен пробиоток и се олесни иако вчера какаше. Нека ми стои да бројам денови кога сум го почнала.
Мајки дали на некоја од вас (едногодишно дете) ви скока во креветче? Моето се држи и по цел ден би скокал во него, во монтажно.. дали е нешто лошо...
Др. Антоније не оправдува скокање до 3г, мислам. Со тоа што може да се повреди да и стегне некои лигаменти или да свитка нога, и плус дека со скокање на меко ги витка ножињата па праве вежба со обратен ефект, односно можност да ги искриви нозите.
Колку време од отварањето на сируп Проспан може да се користи? Повеќе од 6 месеци ми е отворен и стои во фрижидер.
Екипо пиење вода навечер од шише кога и како ќе одвикнуваме? Се приврзува за шишето, а препораки се до 18 месеци да го исфрлиме зошто дел од тантрумите ќе се однесуваат и на тоа. Плус навечер многу вода пие до степен пелена да менувам во 3 по полноќ. Ако го сфати како навика пиењето вода многу ќе смета подоцна на процесот одвикнување од пелени. Да нафрлам тема за денес
Ај јас да почнам. Мислам дека сум нај компетентна на темата Менувам 3 пелени навечер, со што не ја броам едната пред спиење. Пие од 1л до 1. 2л додека спие. Без шише неможе да се успие, ако пробам да и го скријам и да не и полнам вода, отвара очи, станува и трга да го земе шишето со вода за да ми го даде да го наполнам. Во спротивно плаче Не те разбрав само за делот со тантрумите, каква врска има
Ај јас да се вмешам ако не сум дел од екипата Мојата е 3 години и сега откако е жешко станува неколку пати преку ноќ вели дека е жедна и бара вода. И давам од чаша со цевка или од оние шишиња како со цевка што се,ќе се напие и ќе продолжи Доколку не сакаш во шише купи некое друго такво со цевка, ама не и ја скратувај водата. Нема да го свати како навика туку мислам од жешкото е сега така.
За шишето се прврзува исто како за цуцла. Цуцла никад не фати нема потреба да го држи и шишето во уста. Така прави последно си ја гриза цуцлата и шета со шишето во уста. А друго шише не сака сите и ги давам преку еден ден. Тантрумите се тесно поврзани со работи и ситуации со кои се малишаниве поврзани. Пример ако и го земеш шишето да и го дополниш наскоро ќе се лупа од земја како што читам. Секако дека ќе и давам само од чаша претпоставувам би испила помалку односно онолку колку што треба. А со шишево и преминува како игра. Инаку секако летно време треба повеќе вода и мило ми е што пие голема количина. Само навечер го става во уста и така шета низ спална ако и го земам плаче.
Да исто ја глода и мојата, сега скоро и ја сменив цуцлата на шишето затоа што направи дупка. Кај мене изгледа е веќе приврзана затоа што без него не се успива. Како некој мече што гушка, така она шишето.