Тоа со млекото стварно нема прочина да го пие и ноќе. Ќе мораш исто како од цицка одбивање. Три вечери трае. Земи си одмор тогаш
Здраво мајки! Синко наполни една година и време е да се преместам во оваа тема. Трет ден по ред има една дремка. Вчера и завчера не беше ни блиску до втора дремка. Денес стана во 8, заспа во 12. Не очекувам дека ке спие уште еднаш до вечер, ама ке видиме. Уште не е прооден според ортопедска дефиниција, ама се пушта сам. Некогаш 3 некогаш 10 чекори. Пробува да се исправи без да се држи за нешто и не умее ама упорен е. Сепак, повеќе лази. Чекори пушта ако си игра, па некоја играчка му е близу да ја земе. Или ако го викнам да дојде до мене. Вака сам не оди без потреба. Нејадач голем. Вади 4ки и беше лудо дома. Не јаде ништо, не му се погодува. Ден два како јаде со молење, веројатно пробиле, не дава да проверам. А крупен е, последно мерење беше 82 со нецели 12. Златна цицка. Знам дека децата околу 2рата година почнуваат да разбираат за нокшир и физиолошки потреби. Ама јас сепак купив. Го ставам наутро, некогаш седи, некогаш не, не го форсирам. Еднаш се искака на нокшир, со напнување. Веќе две недели се крие кога кака. Позади кревет оди и се напнува. Излегува и почнува да вика. Дали да го сравам на нокшир почесто? Кака на 2 3 дена. Темпераментно бебе дете. Мирен е кога спие. Ама како ке ослабнам?
Добредојде. Се крие за да не го ставаш, така почна и мојата па јас продолжив и и направив проблем со тоа што се стегаше да не кака, па навечер плачеше. Тргни го некое време, па понуди пак. Некаде сега дури на 18м е свесна дека мочка и кака, кажува и се гледа надоле ама не знае да го исконтролира.
Уште пред да го ставам на нокшир се криеше. Плус јас го ставав само наутро, а тој така се искака еднаш. Во тек на ден воопшто не го ставав, не е дека го мавам со нокшир. Го немам ставано една недела и пак се крие. Мислам дека не е поврзано. Сепак ке правам пауза. Фала.
Моево не го држи шишето в уста и не заспива со шише уште е само со вода, не пропи ништо, дури ни јогурт, мака ми е за јогуртот, бар него да го пиеше. Не пие многу ноќе, околу 150 до 250 мл, го полнам шишето од 250мл до горе и ретко цело го испива, а дење многу пие, многу, обавезно менувам пелена во 3, 4 ч оти прокиснува. Иначе не нудам јас, ако побара сам му давам ако не не. Читав некаде за ова дека шише требало да се откажи до 18 месеци, најлесно било оти после станувало омилен предмет на детето, исто и за забите и говорот....така нешто беше...моево пие од чаша дома, ама поретко, со шишето е полесно исто и надвор од шише пие.
И синко уште пие од чашка со клунче. Едвај го научив да пие вода, што маки видов со таа вода. Сега дневно пие околу 700-800л. Ноќе заспива со цуцла. И не се буди за вода воопшто. За какањето, последниов месец дена бега и се крие, насамо да се олесни. Клекнува и напнува, не сака да го гледаме. Ама не сака да седи на нокшир. Така да не форсирам. Скоро 20месеци е. 4ките скоро сите 4 се пораснати, сега 3ките ги вади и многу лигави пак.
Баш кажуваа дека после годинка сфаќале дека е интимен чин тоа па затоа се криеле. Како и да е и јас не шетав со нокширот таман работа ама пак се стегаше за какање.
Не велам дека ти си шетала, пишав конкретно да имаш слика што сум правела и како реагира синко, поубаво да разбереш и да продискутираме. Некои мајки ги ставаат децата постојано, уште од 7 8 месеци кога ке полнат да седат. Јас мислам дека тоа е прерано. Ке правам пауза од 1 месец и ке кажам дали има промени некакви.
Не не кажувам дека и јас не сум шетала, овој процес никако не сака присила. Те разбирам затоа што и јас истото го правев. 2,3 пати пробав и последниот пат имаше стегање веќе. А не беше форсирана така да тоа го сметам како дека не е спремна. Би пробала пак за 1м и јас, иако не сум утешна, посебно за мочање затоа што пие многу вода.
После годинка почнуваат да пијат количински вода. И многу е битно и да се погоде шишенцето, а и плус штом си цица исто е си прима течности.
И мојата е уште поќе по цицањето отколку по водата. Имам забележано навечер накај 8-9 пие повеќе, тогаш најмногу е ожедната. Не заспива со вода, така да не можам да коментирам многу околу таа тема Иначе резултатите за мерак Се е во нормала, и тсх и фт4 и крвна слика, дури и мокрача проверив и таа е во ред Па мм поќе нема да ме толерира да не работам низ дома вака ко сум здрава ко дрен... и денес видов не видов правев мини генералка дома И ова беше најдобрата работа, се осеќам подобро, изгледа ми треба физички замор
Дома имам шишиња на чико, авент, бејбилов. Плус чашки со клун на мам, бејби лов и нук. Пие од чико шише и капаче.
Имам и јас повеќе шишиња, со клунче, со цевка едно од чико, ама тој само шишето од чико го сака, никое др. Лејдис, 2 дена без плачки заспива, пуштаме The second waltz и играме валцер, па потоа седнувам и си гледа мирно, 3, 4 пати ја пуштаме од ново и го носам в спална и заспива мајка ми го научи со валцеров и си реков ќе пробам па еве добро е 2 дена заспа во 11 и пол, за разлика од вчера пола час порано
Браво!! Честитам! Ајде да ти успеј "магијата" на долги патеки Берам искуства јас, ко ќе ми дојди периодот да си знам со шо да почнам. Ајде уживам уште еден месец и пол
Само кај нас никако да се регулира спиењето. Ете ја пак издигана од 4. Или заспива во 1 по полноќ или станува мн рано или сред ноќ си играме. Крај нема ова...