И за воља на вистината има она гени, само ние не бевме упорни. Татко ми црта икони, а јас одев на сите можни натпревари и ликовни колонии. Како мала и јас само цртав, ама некаде во средно изгубив интерес. Професот буквално жалеше зошто си го газам талентот и не одам да се дообразовам, ама во нашава држава и нема некое фајде од уметност. И така си пропадна се. Ама здравје ако имам можност, а таа ако има желба, секако би ја пуштала некаде приватно да си ги негува талентите. Луѓе сите бои ги знае. А никогаш не сум се трудела особено да јанаучам. Онака кога цртаме и ги кажувам само. И сега и велам дај црвена и одма ми носи или црна кафена...
Ве зачиткав, ме нема ме нема па ќе се изгубам... важно тука сте сите и голем поздрав,најздрав...Фри, безвезе за Емили, дај Боже да се изрегулира најбрзо што може..Ве читам за ноќни води,млека, подои ...Јас уште со едната си имам мака, млеко мора да пивне за да продужи со спиење, се е пробано, незнам до кога вака стварно, а што убаво ќе беше, спиење досабајле...другата е добра, ама си спие со татко и, мајката ионака не оди на работа нели она може и да има сецкан сон, што е битно... Немам идеи за ужинки, давам глупости некои,кроасани, сок од портокал, смоки со јогурт, пудинзи... Сакав да пишам повеќе ама не ми иде некако, се блокирав малце, може ќе пишам пак.. Останете ми добри!!
Моево вчера од никаде ми качи тт. Баш си беше весел, разигран цел ден, навечер си прошетавме, и пред спиење, главчето топло, мерам, 37.7. Ај го успав, му ставив чорапи со вински, мерам, качува уште, па му дадов сируп. Цела ноќ качуваше до 39 . А уште преку ден како да ми беше топол, ама викав од топло што е. Сега до 37.5 има, не го водам на доктор, знам дека му е од тројките, исто беше и претходниот пат. Само тогаш го измалтретирав со боцкање за кс. Дај Боже да нема веќе, пак си е весел. Уште се буди по 4,5 пати ноќе, ама обично презаспива. @Milaаа991 мене така ми стануваше во сред ноќ спремен за игра, ако заспие порано, околу 9. Затоа и заспива во 11 . Вода моето пие од чаша обична или има шише негово со сламка, цуцињата никогаш не ги засака , па нема да имам проблем за одвикнување од цуце/ шише. Ама затоа од цице не знам како ќе се одвикнеме Страстен цицач. Ужива со цице, па и какви фацки му прави кога сака да цица или кога ќе го види. Научи, т.е откри дека и он има цице, па гордо спушта боди и покажува каде му е . Уствари и на други знае да ѕирне кај им е цицето . Бидејќи цица, вода малку пие, дали 100 мл . @FreeMind мака мачиме со синко за какањето, откако почна со цврста храна, кака 2 до 3 пати неделно и тоа има потврда столица. Со храна не можам да влијаам многу зошто ништо скоро и не јаде, освен шпагети/палента/јогурт/ориз/краставица. Овошје никакво не јаде, уствари семки од лубеница сака ,ама и лубеницата не е овошје. Неколку пати имам ставано чепче, давав некој сируп од смокви и сливи, вода од компот од слива, ама џабе,а чепчиња не се за честа употреба . Откако почна да јаде сончоглед (повеќе ги голта цели, ги наоѓам во изметот) почна да кака почесто. Дали од тоа или онака дошло до промена, не знам. Ако најдеш решение, кој пробиотик е ефикасен, пиши, иако на моето пробиотиците му правеа грчеви. @Emma2 сменете ги ќерките со маж ти, можеби ќе ја одвикне другава од будење и барање млеко .
@hello-kitty.90 Ја фаќа криза некаде кај 9 за спиење и ако не ја заспијам се ака од земја и вриска на цел глас. Некогаш дремнува 30 мин и после презаспива кај 1 или 2 по полноќ, а некои денови еве вака тера до кај 3 или 4. А уз пат си се буди неколку пати, цицнува и презаспива одма. Потоа кај 8 заспива пак со цицање уште 1 час и еве дури сега тера дремка не подолга од 1 час. Собирај, одземај не спие повеќе од 8 до 9 часа во 24 часа и сметам дека и е малце. Кај не јаде, кај не спие... Ексик... Јас кажав, ќе ја дојам до 2 и после што ќе биде нека биде. Доста е!
Значи во иста ситуација сме,за се. Само што заспа, отидов до вц,се разбуди и плаче. Го земав во раце,заспа . Набрзинка да му го ставам јадењето во рерна и да легнувам до него. Дење/ноќе ако сакам да спие, мора да сум до него, он да се превртува, а јас на секое негово мрдање да го фатам за раче за да продолжи да спие . Ете тоа е. Дај Боже да ги одвикнеме од цице до 2 год, да не останеме сано на збор Како не јадат, ептен гризинки ќе бидат.
На оваа возераст, по книга, потребни им се 12-14 часа квалитетен сон. Мојов навечер спие по 10 часа без будење. Денски кога како, некогаш по 1, некогаш 2 часа....зависи колку ќе се измори. Во просек спие по 12 часа на ден. Незнам од кај им сила на вашите со по 8-9 часа спиење само и тоа со будење... Па и ја гледам малата на @Milaаа991, полна енергија, бои, црта...
И синко спие ноќе 10 саати + 2/2.5 саати преку ден. Не смеам да се пожалам за спиењето негово после 9ти месец ткако почна да спие по цела ноќ. Имаше некои период околу МГ кога се будеше во 1-2 по полноќ за да си играме до 4 сабајле, ама среќа траеше само 2 недели.
Исто вака е и кај нас , 10 - 11 часа навечер. и 2 до 3 часа преку ден. 2 години. Дури и многу спие изгледа. Али затоа кога е будна не застанува.
@lackygirl со големо задоцнување Среќен роденден, да си жива и здрава, Гого за брзо да почне да спие по цела ноќ, па мама да се изнаспие конечно . Во врска до водата, мојата пие преку ден околу 700-800мл вода и навечер еднаш или два пати по 150 мл. Кога престана со цицање сакав да не пие ништо преку ноќ и успеав, може два месеца не и давав ништо кога ми се будеше. Но морав да ја нишкам во раце да презаспие, па еднаш си реков дај да пробам со вода и само си ја испи водата, го фрли шишето и заспа пак. Тогаш ми дојде многу полесно и решив да и давам.Сега станува еднаш или два пати во текот на ноќта и тогаш и давам по 150 мл вода и продолжува со спиење. Имам три различни шишиња што ги користам, едно за млеко, едно за вода и сокче/чајче. Пробав со клунче, не сака, па сега за сега не форсирам да и сменам. Од мојата чаша кога и давам пие, но нормално морам да држам да не се направи лом целата. Има време уште за одвикнување од шише, барем уште некој месец . За пелените не сум се обидела со нокшир, но гледам во последно време се крие за какање и потоа се држи на пелената и вика кака бам, кажува дека има каки во пелената и дека ке пукне . Но сметам дека на 16 месеци е рано да ми каже пред тоа и да се водржи од мочкање па исто и за тоа не форсирам, ќе чекам да наполни две години. Малата кај мене спие навечер 9-10 часа и преку ден околу 3 часа, па сметам дека е ок тоа, јака ви душа како издржувате со неспијачите. Го поминав тоа минатата година и си се чудам како сум преживеала
Мојата спие од 1 до 3ч преку ден, зависи кога ќе стане сабајлето и колку ќе се истрча. За вода не би да ја бранам скроз, затоа што е жешко и може и се пие,се слушнав со матичната ми рече дека ок било до 2л на ден.
Ве читам за вода сите. Моево по пола литар пие. Вашиве многу некако. Некаде имав слушано-прочитано дека човекот треба според килажа да пие вода. 30 мл вода на едно кило тежина.
Леле и мојава не пропи убаво вода. Сега кога е потопло знае дури две цели чаши да испие во текот на денот (околу 400 мл). Навечер пред спиење пие околу 50 мл и толку. Следно пиење и е сабајле во 8. @FreeMind не ти прифати магична чаша? Најубава опција ти е таа. Или клунче, ама пластично, не силиконско. И силиконското знае да направи беља како обична цуцла. Туку десетиов скок начисто ме уби. Само кенка, плаче бидејќи не може куклата да стои исправено. Или ако не може штипките да ги намести исправени. За се си плаче. И купив кинетички песок. Прееска си се заигравме цел саат. Па ме нервираше што ми ги растураше формите. Пробува сама да си облече чорапи госпоѓицата. И ги вика чапииииИ. И научила како прави магарето па само рика по дома. Безвезе нафрлав мисли само, ама и во живо сум ваков хаос. Инаку не е за тука, ама ми фали баба ми. Деновиве често ја сонувам, преку ден често ја мислам. Се ми мириса на неа. Се фаќам несвесно за телефон да и се јавам. Многу работи не виде, допрва многу работи ќе има за радување. А она е под земја.
@thinkerbell проба неколку дена и не сакаше. Сега и ја подметнувам и штом ја види плаче како нокшир и е Со пластично клунче имав едно купено и го барам деновиве ама изгледа завршило во ѓубре во време на нервоза. Ќе плаче да. И од земја ќе се треска за буквално ништо и потоа ново дете Искажи се што сакаш и колку сакаш. Затоа е темава и форумов. Нема на кого да му полагаш сметки. На кој не му се чита нека се одлогира. Демократија
Здраво мајки барам но не можам да најдам никаде се работи за моето дете 15 месеци, од годинката навака стагнира со развојот, викаше мама тата, тете, деде.. сега пак почна мама тата меѓутоа не го разбира значењето на зборовите, буквално ништо не разбира кога му зборуваме, не не ни приметува кога му зборуваме, цел ден е активен, не седнува на едно место 5 мин, до годинката си играше со играчките, ги возеше колите, мавташе за чао.. сега овие 2 месеци се наеднаш се престана да прави, не ги вози колите, сака само да ги товара или да ги фрла, не мафта за чао, не покажува кон предметите со прст, (се му е на дофат) а и едноставно ништо не му е интересно да игра, се е околу мене за нозете се беси, лази, се пушта самиот да оди, физички напредува меѓутоа ништо не знае како да не е свесен што му зборуваме, се консултиравме со педијатар, прашањата од негова страна беа дали лази дали фака предмети со палецот и показалецот, дали со показалецот гмечи храна дали трошките ги приметува на подот и истите ги стиска со показалецот дали кружи околу масата дали држи предмети, сето тоа го прави, сака да не бара по собите, меѓутоа мн ме загрижува фактот што тој повеќе не е бебе туку дете и треба да разбира некои работи, е сега не испрати на ушно, таму му најдоа течност во ушите сега му ставам капки и за 10тина дена сме на бера тестот да проверат дали слуша, гледа цртани во денот кога го ранам, одприлика 1 час јаде, ја држи храната во уста по 10 мин, од парчиња се дави, не носи ништо во уста, од бебе ни играчки ни храна, прави фаца се згадува, не сака ништо да му се доближи до устата, на друг начин не јаде, почесто го носам надвор, сака да ги гледа децата, со комшискиве деца го држат за раце му подаваат предмети ги зима ама кога му зборуваме буквално како на ѕидот да зборувам, дали е можно детево да не слуша одредени звуци или недајбоже нешто пострашно.. во неизвесност сум сега почнуваме со прегледи, до годинката се беше најнормално значи на прегледите, со светлото има контакт со очите меѓутоа кога му зборуваме не, извинете на долг пост
@paleska3 фала, ако е забаено не е забораено Јака ви душа на вие што доите уште Неможам да замислам сега да цица Гого немојте да ме сватите погрешно, воопшто немам предрасуди за доење, поддржувам од секогаш доење кој колку сака и колку можи, вас ви е уживање и додедка уживате да си доите ова е од вчера напишано @Mummbyb вие сте го направиле првиот чекор, сте отишле на доктор, сигурно ќе добиете и други совети понатака, не сум компетентна да давам некој посебен совет и мислење, само ти давам поддршка да пробате да ислучите цртани, работете со него, побарајте сензорни игри има на Инстаграм неколку профили Oursensoryfamily ома многу вакви активности, исто на Пинтерест, да се стимулира повеќе детето. Ви посакувам успех и се да биде во ред. Вчера беше многу жешко прв пат навечер кај нас да одиш по куси да не облечиш џемперче иначе секоја вечер посче 8ч заладува, правев експеримент со Гого, го оставив надвор до 21:30ч си реков секако не спие до полноќ па нека се измори надвор па демек повеќе ќе спие стана 2 или 3 пати значи нема врска, пак во 23ч заспа со валцерот од погоре, (многу се смирува кога го гледа) ама си гледаше седнат кај мене в скут (ова ни е напредок) кај татко му 3 дена не сака за заспивање, само со мене Кога почнува Едипов комплекс? Исто сакав да прашам не се сеќавам во средно учев психологија за развојни фази, кога почнува сексуална? Го заприметувам деновиве си го фаќа куето (така си го вели- куе и ужива исто се стега на некои предмети, се сеќавам брачеда ми така правеше некаде на 2 год, пак тука би ја повикала @Annath за мислење, ти си со 2 машки, се имаш поминато инаку за 8 дена е 20 месеци. И последно за зборувањево да ве замарам, можи сум досадна ама многу ми е интересен, ептен, само кажува нешто и ко ќе кажи некој збор си го повторува цел ден Сношти на бегање му велам леле мама какво е пекол и го слушам Пекоу и се смее, ко ќе кажи прв пат збор ваков е се срами душава и цел пат Пекоу, пекоу па ја виде месечината и вели Чина или Цина и покажува горе И мојов пост хаотичен Добро утро, сама пијам кафе во тишина Едит, прочитав нешто рано е за Едипов комплекс
За фаќање на курето, па нормално е, што знам, и моиве си ги фаќаа на таа возраст, ама не приметував дека прават нешто посебно, само онака дека им е интересно. Рано е мислам за сексуална фаза, да не е покасно малку, после 4 година, ама не сум сигурна баш. Верувам дека не е ништо страшно, не го прави тоа постојано сигурно.
@lackygirl јас имам слушнато дека убаво е да си го чепка, демек му растело така Околу зборувањето иста е, се повторува и имитира. Кога ќе стане одма ми вика мамоо( и името мое на галено) @Mummbyb фазата со не играње со играчките исто тој период ја имаше малата. И помалку зборуваше па после наеднаш се отвори. Е сега со ова другото. Дали можеш да го седнеш и да му зборуваш да видеш како ќе те следи. Седни до него и играј си и ти со играчките, зборувај му. Кога е ваква ситуацијата песничките и цртаните се исклучуваат скроз. Постојана интеракција со него, зборување, пеење, играње. Доколку е здравствен проблем ете добро е што сте тргнале на доктор и ќе увидите.
И кај мене никад не спиела според табела. Додека беше бебе беше половина од потребниот сон. Се сеќавам дека имаше три дремки по 15 факинг минути и потоа цела ноќ на 30мин стануваше. Потоа преспиваше два пати вкупно 1,5 и стануваше често ноќе. Па спиење цела ноќ со дремки преку ден од вкупно еден саат. И сега преспива еднаш макс еден саат, а навечер спие од 10-07 наутро. И пак фалат оние четири часа кои и фалат цел живот. На тоа ќе додадам дека генетски никој не спиеме многу излегува дека доволно и е. Кога ќе биде тинејџерка ќе надокнади со спиење Еден пресек на 18 месеци да направам и да споредиме милји кај сите дали сме таман: Моторика: - сите трошки од земја со показалец и палец ги лови и право во уста - стабилно оди сама - се обидува да трча али смешно изгледа - штраф може да стави во дупка кога и се ремонтира опремата за искачување - оди и по нерамни површини, ретко паѓа -за рака се качува по скали и оди по раб од тротоар Заклучно со 18 месеци ја завршува основната фаза во моторика и не се навраќам на неа. Финито со вртење, лазење, седење, стоење, искачување и одење. Говор - не зборува туку блебети на свој јазик - имитира животни - испушта зборови кои не ги повторува подоцна како ајде, дај, ачи итн. - не знае да покаже делови од тело треба три дела да покаже - слуша и озвршува наредби - знае што и велиме и каде одиме - на кутриња на улица им вели аф аф што значи почнала да препознава животни и да знае дека има свое аф аф Храна и вода: - треба сама да јаде со лажица моментално ја учат во градинка јас понекогаш и давам и дома. Но не знае сеуште - големи парчиња овошје и зеленчук ги пика цели во уста. Сеуште на потенки парчиња и ги сечам - вода од чаша не пие, а треба - јаде самостојно и пие вода. 125мл млеко на ден Останато: - прилагодена во градинка - сеуште скржава вчера на малиот од @Chantal не му ја даваше книгата што и ја поклони - со непознати се лепи како лепак за мене - сака почесто во раце - сеуште е на 22 број патики и исклучиво во патики за проодување со други се спрепнува Мислам дека е толку.
Стана сабајле и почна да вришти. Саат и пол луѓе. Сакам да јадам, не сакам да јадам. Не сакам да јадам, јас тргам храната, плаче се корне - дај ми да јадааам. Пак давам - не сакала. Зошто јогуртот стои таму - не тамууу. Ако ја допрев ко некое дугме да и палев, на појако се пушташе. Сакаш сок? -Не -Ок -дааааај сооооок. Полудев. ТедиГреј со дете 2 годишно.