Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    @FreeMind те читав и на мајчински и секогаш на вакви пресеци успеваш да ми ги насолзиш очите, а не сум тип што често плачи. Нека слави Емили уште мн години и полугодини и нека освојува milestones во животов со грациозност и шарм како и досега. Оргинална е мал збор да се опиши ова егоцентричнио девојче!:hug:
    @TeddyGrey На сличен пат сме и ние, а не сме ни 2. За се што не и се дозволува се ака од земја и вриска на цел глас, уши болат и се и пречи. Се сака по нејзино и никако поинаку. Всушност како и сите останати двегодишнаци. :hug:
     
    На Puffy2019, Ringishpil_, Makedonka007 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl:
    Не е смешно али од страна е и те како пресмешно. И си викаш во памет само мене ова да не ме закачи:rofl:
    @Milaаа991 :l:
    :hug:
     
    На mamaJana, Puffy2019, Bupalu и 7 други им се допаѓа ова.
  3. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.348
    17 месеци е Антонија, оди самостојно ама повеќе трча, за ранење намаливме од саат на 40 минути, освен ако не е нешто мачкано на лепче. Тогаш и ги сецкам на парчиња и сама се најадува за 10тина минути. Разбира ама баш се, ама не сака да ме послуша некогаш, инает е, т.е. дете е, и сака да се прави интересна и она да биде секогаш во центарот на вниманието, не дека не е. Приметувам повеќе приврзаност за мене периодов,штом се вратам од работа се лепи како фластер и ако излезам низ врата одма плачки и дерење мамоооо мамооо. Пие и вода и сок, сака од чаша ама потоп се прави, затоа чаша само под мој надзор и со моја помош. За животни ав ав за куче и мау за маче. На слика ги разликува повеќето. Има фонд од околу 20тина зборчиња. Она добра си е, туку изгледа јас не сум.
    Има периоди кога 10 пати ќе и кажам да направиме нешто, пример ајде мама да смениме пелена, ајде мама, дојди,ела а она бега по спална, таман ќе ја легнам ќе се сврти и ќе избега, и така 10 пати со арно, со убаво ама не ме слуша се додека не и сржам. Значи не викам само го менувам тонот во строг и со озбилна фаца и кажувам наредбено доаѓај ваму одма и легнувај да ти сменам памперс, и ме гледа некоја секунда и доаѓа легнува мирна и чека да завршам а за тоа време со милен глас и со насмевка мамоо мамаа, и ги поддава рачињата да ме гали. И враќам со насмевка и со галење откако ќе ја средам. И после имам грижа на совест зошто така сум и се обратила. Некој пат знае и да заплаче особено ако јаде и почнува да се глупира со јадењето и ќе и сржам и ме гледа дека сум озбилна, се расплачува па откако ќе ја изигнорирам некоја минута ја смирувам но со зборови без галење и продолжува да јаде. Дали јас грешам што и сржувам но верувајте дека ако ја оставам да се "глупира" тоа прераснува во фрлање на чинии и јадење и шлапање по фаца, па мавање шамари на мене без никаков повод а со насмевка и не престанува додека не се расплаче затоа што го игнорирам тоа однесување.
     
    На NNA, Lolipop23, Puffy2019 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    После 1 саат ни од страна не е смешно...
    Ме побудале.
    Се сме со преговори за било што.
    Тактики 300.
     
    На Chantal, Emma2, Milaаа991 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Исто. И криво ми е што и цркам на јадење ама па така се прибира и не фрла храна. Тоа ме вади од такт, фрлањето.

    @TeddyGrey мојата има почетна фазана ова :worried: пишувај почесто.

    18+м
    -и помина фазата на јадење трошки
    - стабилно оди сама
    - трча али смешно изгледа
    - штраф може да стави во дупка
    - оди и по нерамни површини,
    Често паѓа
    -за рака се качува по скали и оди по раб од тротоар, почна и сама да се качува ама ретко и со страв


    Говор
    - повторува и сврзува реченици со 2,3 зборчиња
    - имитира животни
    - ги покажува сите делови од телото и ги кажува око, мосе(носе), муце(уста), цици(циц*и).
    - слуша и извршува наредби
    - знае што и велиме и каде одиме
    - ги препознава сите животни кога ќе ги види (тие што сме ги учеле)
    -знае дека има маче и куче
    -препознава куќи каде што сме биле често и кажува кој живее таму



    Храна и вода:
    - јаде самостално со лажица и велушка
    - јаде по цели овошки без сечење, освен грозје тоа сечам.
    - вода од чаша пие али не количински


    Останато:
    - не дава играчки на други деца и кажува 'мое'
    - со непознати се лепи како лепак за мене
    -не сака веќе во раци
    - 22 број патики и исклучиво во патики за проодување со други се спрепнува.

    @FreeMind ја искористив твојата шема :D
     
    На NNA, Lolipop23, Puffy2019 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.730
    Пол:
    Женски
    20 месеци е мојава и ги имала истиве епизоди.Ако нешто не и дозволам и ако се изнервира,после нема погодување.Обично за клучот плаче оти не може да го стави во бравата - страшна работа.Па не го дава и ќе го фрли некаде,а јас со очите толкави пратам да не го изгубам.Она плаче,јас отклучувам а она уште толку повеќе зошто сум отклучила.Затварам врата и пак да го ставела од внатре.И пак плачки оти не може.Да си пукнеш.

    И како , не знам, успеваат " фините" родители да не подвикнат на детето? Кога и објаснувам со убаво не ме регистрира.Кажувам еднаш,кажувам два пати, е третиот ќе подвикнам и да видиш како се свртува.

    @FreeMind среќни 18 месеци на Емили, уште многу незаборавни мигови да имате.
     
    На NNA, Puffy2019, Milaаа991 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    24.698
    Пол:
    Женски
    @S.J.Parker да ти кажам во последно и јас му правам намуртена фаца за сменување пелена, ма нема шанса без плачки да помини, прво го молам, го убедувам, ако ништо не пали тогаш малку му се лутам и иди ми се смее, се гали, па мама мама нагалено, нежно ми вели :inlove: :D немам грижа на совест бидејќи воопшто не му се дерам или тепам скраја да е, само малку со построг и сериозен поглед, со мене пали вака, а со мм ништо, ако тој го искара или му речи не, тој пак уште 100 пати ќе го направи истото намерно :D
    Пиша Фри за желба за в раце, последниве недели се само в раце сака, колку што можиме го оставаме не го креваме, ама ако почни да плачи мн тогаш мора в раце :worried:
     
    На Puffy2019, S.J.Parker, Milaаа991 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    Обожавам да ве читам, посебно вака кај шо пренесувате детално з развојот на вашите деца. Мојата е помала 13м, па учам од вас за понатаму.

    Прашање ми е, дали и назад имате пишувано вакви шеми, да побарам нешто за месеците на мојата?? (да не вртам по страните за џабе оти овие денови сум малку позафатена, па зато и немам пишано некни, вчера)
    :hug:

    Едит: @FreeMind Среќни 18 месеци на Емили, само убавини да ја пратат лепотицата :inlove:
     
    На NNA, Puffy2019, Bupalu и 7 други им се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ајде, кога веќе почнав.
    За една недела 2 години:
    - се качува и симнува скали без страв
    - дофаќа прекидачи и знае пали гаси кое е и да го каже
    - фазата "мое" е насочена и кон мене, претходно ми даваше мене
    - јаде со лажица/вилушка стабилно со минимални флеки капнато
    - вози тротинет
    - става нозе на педали од точак, уште нема сила да бутка ама сфатила како треба
    - оди и во папучи
    - зборува цели реченици, раскажува настани
    - знае да преговара за да добие нешто (да, да идеме да шетаме ама земи топка/тонет, мече) условува
    - епизоди како денешната погоре се поретки ама подолго и траат
    - бира облека (ужасни комбинации, па дури и невозможни - два пара панталони, двата ги сака, не сака ниедна маица)
    - со помали деца е повнимателна, знае и да даде играчка
    - гледа пари и знае дека се купува нешто (купиме топка вика)
    - покажува со прсти дека ќе полни две години
    - бара за јадење, бара и да спие(некогаш и протестира, а и се спие)
    - ако ја прекинеш во некоја замисла, се случува тантрум, па некогаш и не мота како сака, па тука настапуваат нашите тактики
    - дава да смениме пелена почесто, иде и легнува и кажува ајде смениме. Истото после им го прави на куклите.
    - сржувам некогаш ама не реагира, си има научено како во која ситуација да реагира
    - пие од чаша без да истури и ја враќа внимателно на маса, не истура
    - препознава патишта (кога идеме накај баба дедо, кажува идеме таму, кпга идеме кај другарка исто кажува дека знае каде оди)

    Ќе се надополнам ако ми текне уште нешто.
     
    На NNA, Lolipop23, Puffy2019 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Секако дека има. Најчесто правиме преслушување на три месеци. На година и 1/2 детално ги прегледуваме до каде сме.

    Јас до душа се чувствувам дека и ги знам дечињава бидејќи сега со видео имам и тотален преглед како тоа изгледа. И убаво ми е да ги гледам до каде се и што ново прават.

    • Ла генерацион :l:
     
    На happygirl, Lolipop23, Puffy2019 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    Предобра екипа :l:
    Немам забележано мајка со 13м дете, од мојата генерација @Leo-nora ми е добра пријателка но одамна не е активна на форумов:doh: сепак ве осеќам сите вас како добри виртуелни пријателки, па делиме битни животи случки, емотивни битки, радости и тага :) :inlove:
     
    На Puffy2019, paleska3, Bupalu и 7 други им се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Не мора да се 13 месеци може и до 15 од 12. Тие од 11 се слични до 13, потоа од 13 до 15 и 15 до 18 и нема некое огромни поместување.

    @Мариаа. @The Unicorn не се соблекувајте, влезете:l:
     
    На Puffy2019, paleska3, Ringishpil_ и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    34.127
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е детето поврзано со цуцла ама мојата почна од вакво шишенце да пие накај 2год.Инаку ниту магична чаша, ниту клунче не прифати.Ги има во едека.

    20200802_142958.jpg
     
    На Chantal, Bupalu, BabyT* и 4 други им се допаѓа ова.
  14. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    6.518
    Пол:
    Женски
    Како најмали од генерација ги чекав прво другарките да се преселат тука. Плус некако ептен ми беше комотно во категорија БЕБЕ. Ама @FreeMind упорно ме тера да се соочам со реалноста!:)

    Бебе за 20 дена полни година. Сакала мајка му да признае или не, веќе е мало детенце а не бебе. Прави по 4 чекори и се фрла во нас како пијаница. Чекорите личат како баба меца кога иде накај медот. Со рацете во страна. Мислам точно ви го доловив.

    Имавме релативно лесни 11 месеци. Бебе од прв ден спиеше супер и тоа беше клучно. Ваљда е голем веќе за урочување нели?:rofl: Шала на страна, стварно ми се погоди мирно бебе. Или ќе ми наплати покасно, или ќе остави да ми наплатат брат му или сестра му. Ако ги има де! Некогаш...

    Немав големи потешкотии со бебе, ама имав со самата себе! Накратко, мислев дека ќе бидам COOL мајка, а испадна дека ич не сум! И колку смешно и да звучи, баш тешко го поднесувам тоа.

    И така... тоа е за почеток.

    Влагам срамежливо и на прсти во темава. Ќе поседам на страна дур не се опуштам.

    Добро ве најдов :)


    Не затварајте врата, доаѓаат и @Мариаа. со колачиња, @Septemvri, @Yowannty, @Mia Fuentes, @Presrekna
     
    На NNA, Lolipop23, hello-kitty.90 и 17 други им се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    24.698
    Пол:
    Женски
    Welcome in the club :party:
     
    На babydust, Ringishpil_, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    @FreeMind
    Љубави наша, ние стигнавме до тука. :)

    Јас морам да ве пофалам како генерација сте топ! Многу јака екипа :)
    Сеа ние ќе ви упаднеме(poolparty)

    Ние моментално мака мачиме со 4ки,почнува и скок.
    Во меѓувреме се спремаме за Прв роденден за време на пандемија.
    Ама срце ми се смее колку убава година си имав. Уренебесна и со многу падови од апект на мајчинство и колку успевам во ова,до најубавите гушки и насмевки со него.

    Добро ве најдов и јас:)
    Свечено упаѓам во групава со надеж дека бебе ми расте и почнуваме друг заеднички период.
     
    На srekice, Lolipop23, hello-kitty.90 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Охооо нови дечиња.
    Не ми се верува дека за 3-4 месеци ќе тррба да се селам (од темава) :(

    Со моторика, груба и фина сме супер.
    Оди и трча стабилно. Најкомотно му е бос, па патики, сандали несака. Се качува по скали ако се држи за ограда или за раче. Бутка тротинет во седечка положба, а во стоечка незнае да се бутка, само ние ќе го бутнеме и тој држи рамнотежа и знае да се симне. Детектира и фаќа ситни работи и трошки што и јас не ги гледам. Од пред 2-3 месеци си игра со чачкалици, го погодува малото дупче на кутиичката, и има трпение ова да го прави подолго време. Исто има трпение и со прибор да земе храна. Не ја фрла, дури 10 пати ќе му падне макароната од вилушка и продолжува да ја боцка :D не се нервира. Изгледа ги има моите живци :D Сеуште нема фаза на мое. Дава се на секого. Дури и на шетање ако грицка бискота ја нуди на луѓето на минување. Играчки исто дава на деца и без да му побарат. Ама очекувам кај и да е да почне и оваа фаза.

    За зборењето уште сме слабо. Има нови зборчиња, па гледам да не се грижам. Две не врзува уште. Мама ајде, мама дај, мама ам ам, така нешто само, ама ова не го рачунам за реченица, сепак е напредок :) постојано зборувам, читаме, редиме сложувалки, цртаме, боиме. Со пластелин почна многу да се заигрува. Целосно сум посветена. Сам склопува дводелни сложувалки. Пробува да пее песнички, и да си ги раскажива сликовниците. Ќе седне некогаш сам и си раскажува, пример: топ топ (дека волкот тропа на врата), ам ам (дека волкот ги изел јарињата)....и такви звуци и си врти сам си “раскажува” :D разбира се, дури и некогаш меѓу нас ако си збориме нешто тој ќе ни го донесе предметот. Пред некој ден искоментирав на маж ми дека имам за пеглање и коа ќе заспие он ќе пеглам, и малиот иде и ми ја носи пеглата :D или ако слушне да се договараме каде да излеземе вечер, веднаш носи патики...па сеа мора и да пазиме шо збориме.

    Периодов ни е некако многу лесен. Одмор, базен, шетање, некако цело време сме активни и е преморен па немаме време за досадување, тантруми...
    Исполнето му е времето изгледа па затоа. И со татко му се ептен бфф :Dпа сеа коа нешто се лигави него го бара :D јас раат сум почесто.

    Пробувам да тргнеме пелена. Најчесто е по гаќички, ама незнае да каже. Од коа ќе заврши работа ќе каже. Незнае да контролира. Ама мал е секако. Сега само кажувам каде се моча (некогаш ќе застане и гледа и ме слуша, некпгаш ќе избега). Ќе треба време прво самиот процес да го сфати.
    Па добро, еден месец учевме дека кравата прави муууу :D Ова е подолг процес. Јас ќе си објаснувам и покажувам и менувам гаќи. Секако не ја сака пелената на жешково, ја соблекува сам. Со тек на време полека ќе научи.

    @The Unicorn
    И јас очекувам мирноќава сега, да ми ја наплати некаде во иднина :D

    едит за оние што не не знаат, 20 месеци, развојно корегирани 18ипол
     
    На NNA, srekice, happygirl и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Стварно постарите друшки ни сте инспирација, стално ве читам за совет и за слатка насмевка :)
    Ајде здраво и од нас, мојата медена како прво августовско бебе срамежливо тропа на големата врата. Не ми се верва колку брзо и магично ни помина првата година, беба секој ден се помалку личи на бебе(waiting)
    Да си почастам како што е редот, и за мали и за големи.:d::^:
    Се читаме!:hug: Screenshot_20200609-004346.jpg
     
    На srekice, lackygirl, hello-kitty.90 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Мојата е 1год и 4 месеци.

    Ги собира сите трошки и некоја кака ако има на земја и ми ги дава да ги фрлам.
    Пр кога излегуваме од спална во дневна обавезно се враќа да ја затвори вратата.
    Знае да покаже нос, уво, око, уста. Ги распознава колите на дедо и и татко и, и обично кога си идат од работа знае кој е.
    Сега скоро и земав една дрвена играчка со големи типчиња успева да ги извади и пак да ги наместе.
    Зборува претежно на нејзин јазик, знае да каже као(чао), баба, деде, татЕ:rofl:, ајде деде као, ам.

    Во фаза сме на проодување и самостално јадење.
     
    На NNA, Lolipop23, srekice и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    Ајде и јас да чкртнам малку, бевме излезени, по пат за дома заспа и имам време за мене.

    Ручек не готвев денес, кај девер ми бевме, па и рацете ги одморив од малата, имав помош од роднините и се осетив како почесен гостин. Ручек, мезе, кафенце, благичко^_^
    Празниците ми станаа омилени :rofl:

    Иначе за 13м мојата

    - има апетит, убо си јади, да ти е кеф да ја раниш од шо сака да си лапа.
    - Килажа од родилна х3, точно школски беше на година. Сега ја немам вагано, ама баги издолжена /извишена ми е
    - Зборчиња само Тата, Вава, Дада и тоа овие одвреме-навреме и нешто по нејзино шо си ммка.
    - Станва, оди по работ на креветот, клекнува сама ама за пуштање чекори самостојно не е уште сигурна. Ќе биди не се брзам, читајќи ве знам шо ме чека :whew:
    - разбира се, да и речам Донеси ги марамчињата, оди ги зема и ми ги носи.
    - кажува со рачето Чао
    - кога ќе го изеди оброкот си шлука со рачињата за браво
    - и одма игра штом слушни музика, на секаква музика, битно музика да е :dance:
    - пелена не ми остава да и сменам од пред 2 месеци, и само се бркам или в скут ја ставам и така и ја менвам
    - со играчка знај да ме лажи, како ми ја дава, па ми ја тргнува и се смеј ко ќе и пуштам раче, а ако е расположена можи и да ми ја дај :lol:

    Вака ко се искажав гледам дека не била лоша за 13м, а јас сенешто само си изнаоѓав глупости (facepalm)

    Мирна ноќ кај сите :hug:
     
    На NNA, Emma2, srekice и 11 други им се допаѓа ова.