1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.982
    Допаѓања:
    166.584
    Пол:
    Женски
    @The Unicorn да пукне (highfive)

    Knock, knock, од мене Наполитана. :pizza:

    13 денови до 1 година. Уф :inlove: Јас земам залет за следни предизвици, со исто темпо како неа кога пробува да се исправи самостојно.
    Годинава беше година на полагање мајчинство во целиот свој раскош од тахикардии и паники. :D On daily basis. :!:Тестовите не беа лесни, ама беше неверојатно возбудливо на тој пат.

    Оваа година исто така, се беше во духот на атлетиката. :) Трчав сигурно но и по малку шашаво, круг околу мојата мала месечинка. Некогаш трчав маратон, некогаш спринт, честопати учев да рипам пречки, ретко одев, најчесто на сон. :wasntme:
    Ако продолжи ова темпо ќе морам да почнам и штафета. Со свекрва ми. :D

    Уште малку остана за да го затвориме првиот круг.
    Вториот пак, свечено ќе го отворам со скок на далечина. За ниедна далечина да не и биде недостижна. :)

    Добра ноќ
    |-)
     
    На happygirl, Мариаа., lackygirl и 16 други им се допаѓа ова.
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    За некој ден сме 14 м полни
    Да раскажам и јас сега:
    -самостојно оди од 11 полни (пред тоа се пушташе по малку)
    -килажа 10.100, женскава послабичка ми е од барто и кој со 2, 3 кила беше плус на нејзина возраст. Висина 76
    -зборчиња: мама, тато, баба (што и е и баба и бато) тао, уба (убава), да, не, тејта (тета), брм,.... Толку се
    -сака да игра на музика и да пее ла ла ла
    -мафта со рака за чао, браво прави со рацете
    -покажува кај се гомца кога ќе се покака
    --знае да покаже носе, очи, заби, уста, рачиња ноџиња
    -забчиња имаме само 3 :x
    -јаде се најмногу овошје, сега не сака нешто каши сака да јаде парчиња

    Мислам дека се кажав

    Сега да прашам: по колку пати ви какаат децата? Првото ми беше некакач па какаше еднаш или ниеднаш во ден на оваа возраст. Оваа кака 3, 4 пати... Има такви какачи? :wasntme:
     
    На lackygirl, FreeMind, hello-kitty.90 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Има.
    2 пати и е минимум сеуште.
     
    На MilaSs12 и kikin им се допаѓа ова.
  4. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Има, има, по 3 пати кака на ден.
     
    На MilaSs12 и kikin им се допаѓа ова.
  5. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.696
    Пол:
    Женски
    Еве да чкртнам и јас, конечно најдов време.
    20+ месеци:
    - со моторика е ,мислам, сосема ок.Оди стабилно, но поголем дел од денот трча.И низ соби и надвор се е во трчање.Од кога е проодена нон-стоп ја шетам на разни места и веќе знае да оди и шета.Не пребира дали патики или сандали , битно да е надвор.Дома е , секако, боса.Трошките одамна ги собира и ги носи во канта.Ако има нешто залепено по рачето, доаѓа да и го исчистам.Педантерија е за ова, ама знае да си игра и во песок.Најмногу се концентрира да фати влакно и вика дако, дако( имала влакно на раката) да и го тргнам.Чачкалиците ги пројдовме веќе не и се интересни.И капачињата ги врти на шише или некоја крема.Е не е многу трпелива( на татко и) и кога не може да склопи нешто или ако и е досадно,знае да го фрли да не можеш да го најдеш.Инаку не е скржава и дава и играчки и јадење.И јас ја очекувам оваа фаза наскоро.

    - со говорната фаза исто е ок.Има голем фонд на зборови што ги кажува и сега пробува повеќесложни зборови.Досега ги кратеше по нејзино до два слога.Повторува зборови што и ги кажувам,а некогаш ме изненадува кога ќе каже нешто.И ептен е среќна кога ќе каже нешто ново.Ме гледа и чека да и потврдам. Сликовници отсекогаш сакала и сеуште ги сака.Сега кажува тоа што го знае по сликите.И песнички отсекогаш сакала и пробува да пее.Многу е adorable.Јас пеам, таа ме гледа во уста и мрмка по нејзино.Разбира се што и зборам,ама ако не и одговара се прави како да не ме слуша.Сега @AlicaInWonderland ја прочитав па ќе и купам пластелин, иако мислев дека е уште мала.

    Инаку , многу е приврзана за мене.Од бебе е ваква.Од непознати возрасни луѓе бега ,а деца обожава и познати и непознати.За јадењево треба уште да ја осамостојувам.Знае да јаде сама и парчиња и се ,ама сака се кај мене и со мене.Пробува и може и сама со лажица да јаде, ама уште и е тешко.И сеуште ми е страв да и дадам цела овошка во рака да одгризува.И тоа ми е на ту ду листа подоолго време.

    Пелени уште не тргам додека не почне да разбира повеќе што е моча и кака.За кака почна веќе да кажува ама не секој пат.Ќе биде и тоа во свое време.

    Welcome на сите нови мамички :d:
     
    На NNA, Bupalu, Puffy2019 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
    Немам мрежа јака, успеав да сд вклучам да шкртнам само, ако видите бел џип што кружи навечер по уличките и до плажа ние сме, во кола заспиваме.
    Во Преспа сме, луѓе само во кола заспива. Како несалам кружиме за да заспие. Преку ден вооооопшто не спие, возбудена е цела. Навечер станува.
    Гледам се зголемила екипата, добредојде. Едвај чекам да ве читнам наназад. И доле излезе четворка. Мама неможе да седне..
     
    На NNA, Bupalu, Puffy2019 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Ајде да чкртнам и јас збор - два на тема достигнувања и прогрес на 21м речиси.
    - знае да јаде сама и со лажица и со вилушка, ама ако и се допаѓа, се останато морам да бутам јас со 300 лажења.
    -знае да џвака секаква храна, па дури и кикири, лешници, ореви (некогаш наоѓам парчиња во кака, ама ништо страшно)
    -знае да се качува по скали сама со држење за ограда или зид.
    -трча стабилно и во секакви обувки, од влечки, па се до отворени сандали
    -од ден во ден има се поголем фонд на зборови и се повеќе поврзува мали реченици
    -знае да ги покаже сите делови на телото се до веѓи, јазик, заби и образи. Рамена и колена некогаш знае да ги смеша, не знам зошто?
    -ги препознава и емитира сите животни што сме и ги кажале и нема страв од никкви бубачки или мачиња и кучиња (иако денес ја гребна едно маче)
    -почнува да препознава чувста кај луѓе и животни (ако слушне бебе да плачи вика бебе пачи, ако види дете поголемо да плачи оди да види зоштоми го гледа солувствително, или за бубачките кога и бегаат вика бубе паши, дека се плашело)
    -разбира апсолутно се, па збориме со шифри дома со мм (особено за сладолед или чоколадо, зошто веднаш оди го отвара замрзмувачот и плачи додека не добие)
    -одамна пие од чаша, уште пред 1 г ја учам. Шишињата ги средив некаде по 1 роденден. Уредно пие и остава на маса. На почеток ми ги акаше од земја..
    -Знае да брои и тоа звучи вака две, тли, пет... и покажува со прсти. Еден и четири ги прескока...
    -ги разликува сите бои и ми ги носи кога ќе и ги побарам
    -како мала обожаваше сликовници, сега само со малите книги за учење зборови игра и прашува цел ден кое е и што е. Останатите не и задржуваат долго внимание како порано. Чиниш сега па голема е, па кога била мала.. ххја
    -обожава да црта и бои и цел ден ме тегне мама пиш, мама бој
    -и за крај се уште не си го знае името. За неа вика дека била бебе. А сите другарчиња и дома не вика по име. А исто знае кога се гали да ме вика нагалено маме, мами, а кога е лута на име со О на крај...

    Уф се расприкажав, а ме мрзеше да пишам. Има уште многу, ама ме мрзи.. :D:inlove:
     
    На NNA, flower55555, Puffy2019 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Има онлине кај да ја порачам книгата со зборови?
     
    На MilaSs12 и babydust им се допаѓа ова.
  9. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Види пиши им на инстаграм. Мислам @AlicaInWonderland порачуваше, нека каже акп има.
     

    Прикачени фајлови:

    На MilaSs12 и BabyT* им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Вака ве замишљам низ Преспа :rofl:
    [​IMG]


    Велком на новите и со среќа до 18 месеци. Се надевам нема да ви се тешки и се ќе иде како подмачкано во тодлерството.

    @BabyT* картички со слики за зборови не знам дали имате доле се далеку пофункционални од книга. Интерактивни се и доста се препорачани од логопеди. Јас чекам да почне да збори па да ги воведам.
     
    На srekice, Bupalu, Puffy2019 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Мислам дека овоа внатре се како картички :wasntme: прашав на едно место за картички ама малку се замисљават со цените, а да опфатам се потребно скапо ќе ме кошта :D
     
    На srekice, MilaSs12 и FreeMind им се допаѓа ова.
  12. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Ги има да, наредно тие ќе ги порачувам. Ама и овие се на сличен принцип. И се доста интерактивни. Има игра за меморија, сложувлка, се редат како коцки.... Баш ги игра малава на многу научи.
    едит.: @BabyT* а за цената и јас се замислив.
     
    На lackygirl, MilaSs12 и FreeMind им се допаѓа ова.
  13. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.965
    Допаѓања:
    59.586
    Пол:
    Женски
    Додека спие торнадото да пишам и јас:D
    Сега додека спиеше го шишав ама ептен го ишишав сега кузнае на што личи,да стане па ќе видам што мајстор сум.

    За зборењето помалце напредуваме мама,тато,баба,дедо,ам,дода,ое му за дојди,ајде,брм,дај,мене и три животни знае.
    Ама наеднаш пушта по два споени збора, дедо брм,мама дај,мене мама.
    Денес го учам татко му по име да го вика еднаш го кажа и се усрами.
    Сите команди ги извршува,ги разликува боите,пее песнички твинкл твнкл,џони јес папа,ама со нанана.
    Ги игра цели кореографии на бебе шарк,рам сам сам,две рачички,кога си среќен.
    Колата на татко ми сам ја отклучува ја отвара,си влага внатре и брмчи на воланот.Ме носи до грижидер и вика ам,и бара кашкавалче да му дадам море само тоа и јаде.
    Многу слабо ми јаде,менито му е пржени компирчиња,кашкавалче некое лиснато печено,смоки,пудингче,друго нејќе да чуе.Му правев крвна слика и се муе супер,дури и се чудам како на ова нејадење.
    Собира трошки,тепа мравки,ова ни се појавија по некоја и он ги тепаше.
    Се на се исто се прави како врсниците негови само што не збори толку.
    Друго сее супер,здраво право и многу бесно детенце:D
    Ќе го носиме на неколку дена на бано бано,ама како тргнало може и нема,а дојде летен период сите се болни на работа.
    Се спремаме полека за селење ама овој пат бебе ќе го селиме во наше,трета преселба трета среќа.
    Само нека минат одмориве и да помине се како што треба.

    Заборавив да пишам дека за 11 дена полни 20 месеци.
     
    На NNA, srekice, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @monik55 значи немој ни да помислуваш нешто дека не штима малиот супер е и супер напредува токму за месеците. Сите делови на тело ги знае и бејби шарк ја игра перфектно. Доволно е, верувај. Се во свое време.
    Честито стан мило ми е конечно за вас. И тато го видов добро изгледа се надевам ќе победи во битката.
     
    На NNA, srekice, paleska3 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    20.769
    Да пишам и јас до кај сме :wasntme:
    Мали спие, јас додека стражарам можам да шкртнам нешто 8)
    Синко е за некој ден 19 месеци:
    -не збори уште, освен она основно
    Мама,тата,баба,дада,тете,дај, на (земи),ајде, тао (чао),ам ам,брм.... останато збори на некој негов јазик.
    -кога слуша музика пее (ако му се пее, а ако е добра некоја музика и игра, ептен уз ритам :D (некоја хип хоп музика слуша и сака и дури репува :rofl: )
    - се бара да јаде сам и со лажица и со вилушка, иако не јаде ич.
    - вода пие од чаша или шише со сламка
    -со палец и показалец фаќа
    -реди ситни играчки онака како што треба да стојат
    -не покажува делови од тело (освен цице :rofl:) иако сите ги знае
    -животните ги разликува на слика, и ако ги види, за маче и куче има некои изрази кои ги користи( за маче некако милно вика- мау,а и за куче не е ав,ама нешто слично)
    - се разбира што му зборуваме
    -наредби разбира, ама не послушува ако му е кеф
    -се срами од други луѓе непознати и се бутка во мене ( се ми е страв покрај короната бегам од луѓе, да не ми биде ептен диво детето)
    - кога одиме некаде го препознава патот, а и куќата (кај мајка ми)
    -си оди сам,ама никако не можам да се ослободам да го пуштам, а да не сум до него, се ми е страв ќе падне :tmi:, повеќе трча него што оди.
    -сам знае да си се заигра, најчесто реди играчки и пресипува лешници во чашки
    - кога му се јаде нешто оди до шкафчето или фрижидер и вика ам ам
    -кога и да дојде некој познат (од нашиве) го фаќа за рака и го седнува доле на ламинат да се играат со играчки
    -обожава деца
    -сеуште не е скржав,дава играчки и јадење на други, уствари и кога ќе му земат некоја играчка он сака баш со таа да се игра, ама не е она да не дава ништо
    -друго не ми текнува :wasntme:

    За воспитувањето сеуште сум во дилема :!:
    Мм е построг и сака се да му е средено и некако сака и очекува дека малиот треба да знае да не фрла храна доле, да не фрла и издиза играчки ако не му е по кеф, да не вришти без причина, да не фаќа тв, да не растура се и од секоја фиока 8-|.... Преголеми очекувања има, ама па си викам и јас може малку претерувам од што дозволувам скоро се( читајќи по интернет дека така треба). Да не си мисли детево дека и како расте се ќе му е дозволено и дека е нормално кога не е гладен (неќе да јаде) да ја џитне чинијата од земја, а мама без збор да собере се :worried:
    Не е малку претерано ова модерново воспитување??????
    Се се плашам да не грешам????
    Стремејќи се да бидам добра мајка и да има детево добро детство, да не грешам и после да ми е касно за поправање грешки :?: ?

    Ќе го чекам да стане,па да се шлапа на тераса, стопати се разврте, ама мама е тука и продолжува да спие :emo:.



    Добродојдовте нови мамички :hai:
    Ако ви е за утеха како растат полесни се за чување. Некогаш, а некогаш и не |(
    Тантрумите почнаа, уши и глава болат :@
     
    Последна измена: 3 август 2020
    На NNA, srekice, Bupalu и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    @hello-kitty.90 синоќа го правевме муабетов со маж ми, за воспитувањето. Ни скроз строго ни скроз лабаво не е добро. Треба да се има граници за се, но треба да имаат децата и слобода да истражуваат и учат како што растат.
    На пример, ако сака да се качува по кревет и да скока, во ред, ама ако прави колук напред и може да падне главеечки од креветот, тогаш нема да и биде дозволено да се качува на кревет.
    Ако сака количето да го вози низ цел стан, во ред, ама не може да го качува на седмоседот и таму да го вози, пак од причина што може со глава во маса да се удри.
    Ако сака да шета сама надвор, тоа може исклучиво на тротоар одма до мене, на улица мора да ме држи за рака или ќе ја вратам дома.
    Ако сака да расфрла алишта, и ја давам ванглата со недиплените, ги фрла сите едно по едно на земја, па се учиме да ги диплиме демек, ама не може да отвара шкаф и пеглани и диплени алишта да ми ги фрла по земја.
    Ако сака да пие од чаша, ќе добие една од нејзините пластичните, а не стаклената јас што пијам од неа.
    Ако сака да си игра со вода, и го полнам садоперот на тераса, а не од шишето со вода да истура по маса и тепих во дневна.

    Напишав еден куп примери, сите се дешавки што се случија деновиве. Едноставно наоѓам алтернативен начин како она да го добие тоа што го сака, но на безбеден начин и воедно да биде воспитана. Почнав да и викам "те предупредувам" кога прави нешто што не треба (те предупредувам ако не престанеш да ги фрлаш топчињата на кучето ќе ти ги земам - намерно го маваше со пластични топчиња зошто интересно и беше) и ако го направи пак во рок од некоја минута сум доследна со казната (и ги земав, плачеше, и реков не може да имаш топчиња ако маваш со нив и ако си умна ќе ти ги вратам), и кога се смири ја учам да каже "дај те молам" и и ги вратив играчките. После тоа си играше најнормално како што треба, и иако ги фрла пак топчињата сега внимава да не го мава кучето.
    Некогаш ова го сфаќа од прва, некогаш 5 пати повторуваме. За држењето за рака не знам колку пати сум се свртила и сум влегла пак дома зошто не сакаше да ме држи за рака. Сега по тротоар оди сама, а за да помине улица сама бара раче и пак се пушта кога ќе стаса на другата страна. Во парк и игралиште нејќе ни да чуе да ја држам, и ја оставам кај сака да оди и да фаќа.
    Мислам дека за некои деца само повеќе време ќе им треба за да разберат, што делумно е поврзано и со зборувањето, но овој начин на поставување граници за мене е идеален. И многу битен момент е да бидам обединет фронт со маж ми. Џабе е се ако едниот брани а другиот му дозволува на детето.
     
    На srekice, Bupalu, Puffy2019 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.052
    Допаѓања:
    20.750
    Пол:
    Женски
    Ќе го искористам и јас од Фри :)

    Истите работи ги прави како врсниците, затоа ми е многу убаво на темава :D
    20 месеци за 7 дена.

    Моторика:

    - сите трошки од земја со показалец и палец ги лови и ми ги носи и вели каке
    - фаќа секакви инсекти од ништо нема страв, разликува Пакак (пајак) и буба (мравка, мува) :)
    - стабилно оди сам, оди наназад, најново оди подклекнат во колениците
    - трча али смешно изгледа и е многу спор
    - оди и по нерамни површини, ретко паѓа
    -за рака слегува по скали, а се качува со лаезење, оди по раб од тротоар, нога пред нога


    Говор
    - се повторува, секое зборче, а за прв пат доста разбирливо ги кажува, исто така се подобрува, ги усовршува
    - му пеам Џони Џони тој вели Папа
    - имитира животни, препознава скоро се од животни, сега последно ги научи и кит, делфин, октопод, звезда, ајкула, морско коњче, рак (ова од една сложувалка што ја имаме)
    - знае да покажува делови на телото и на него и на мене (го прашувам кај има мама куе и покажува :rofl: да се насмееме малку
    - слуша и извршува наредби, многу е послушен кога сака
    - знае што му велиме и каде одиме
    - на кутриња на улица им вели ва ва и оди да ги фаќа :D



    Храна и вода:
    - знае сам да јади со вилушка, а со лажица јади само нешто што не е многу течно, не го оставам многу да се шлака :$
    - големи парчиња овошје и зеленчук ги пика цели во уста, вака се пика цело, не кини :)
    - вода од чаша пие, под моја контрола, ама почесто од шише, сега се учи од ова на сликата, остана водарче моево :D
    20200803_150915.jpg

    Останато:
    - прилагоден е со блиски луѓе, кај мајка ми седи по 8 часа, не плачи
    - со непознати се лепи како лепак за мене и се крие со рацете
    - ме шминка со четка :)
    - се заигрува сам
    - сака почесто во раце во последно
    - исто се плаши повеќе во последно
    - оди дома бос, надвор носи само едни патики, нив ги бендиса, исто и сандалчиња носи и нив ги сака. Ко ќе облечам некое ново блузе одма покажува, многу заприметува детали, дома со мимики зборуваме како @Milaаа991 оти одма плачки има.
    - тантрумите под контрола, мирен е периодов, немал тешки епизоди
    - ноќе сеуште станува на 2 часа и иди в раце па презаспива одма, уште ова да се потсреди малку :$
     
    На NNA, Puffy2019, paleska3 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    17.350
    Пол:
    Женски
    Беба околу врат и на грб е исфрлена со ситни брунчиња претпоставувам дека се од сонце и од премногу жешко.
    Со што да ја намачкам, што да земам од аптека или дм?
    @Ava.84 @FreeMind
     
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.503
    Допаѓања:
    32.615
    Пол:
    Женски
    Ништо да оставиш само да мине, ако се се чеша да се јавите на доктор па тој да ви каже што да правите или мачката.Од жешко моето на вратчето фаќаше црвенило ама го разголував и минеше за неколку дена.Некогаш ја мачкав и со Пенатен колку нешто да и ставам.Сега за алергија на сонце не знам што да ти кажам прашајте во аптека дали ќе ви дадат нешто.ѕогаш моето беше новороденче.
     
    На Makedonka007 и Neda997 им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Со ништо вруќаници се сигурно. Не изложувај дете на сонце и соблечи ја само на памперс кога е претопло. И базент купи разладувај ја. Денес е ладно насекаде сигурно и е смирена кожата.


    Јас лом сум од алергијата од сонце. Али тоа се црвени пликови по граден кош и раце не верувам дека кај малата се такви.
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.