1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.964
    Допаѓања:
    17.340
    Пол:
    Женски
    Беше облечена само на боди.
    Да сега е подобра, имаше ситни брунчиња околу градниот кош и на цел грб.
     
  2. Mummbyb

    Mummbyb Нов член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Тука @danichap ќе ја викнам на повикај пријател. Она е најстручна во овој сегмент.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  4. *Sara*

    *Sara* Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    За алергија од сонце, вода и слично што можам да користам за 14 месечно дете? Да си земам за секој случај.
     
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Сируп за алергија, ама само со консултација со педијатар.
    Има повеќе врсти, да ти кажат кој. Ние користиме Зиртек.
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    @Mummbyb мајка не се потресувај, 15 месеци не е ништо прекасно, не се обвинувај. Баш овој е периодот, најчесто околу годинка, кога воопшто може да се препознае дали развојот е задоцнет. Закажи си на педијатар, па и на дефктолог и со стручни лица ќе можете да излезете на прав пат. Не слушај ни мајка ни свекрва. Тука си го гледаш само детето.
    Не сакам со ова да ти звучам страшно и да те исплашам. На дефектолог не се оди само у најлош случај. Се оди за контрола, проверка и помагање за развој. Некои деца си бараат поголема работа и стимулација, па дефектолог може многу да помогне со вежби.
    Инаку да, фина моторика е поврзана со говор и целпкупен развој. Сензорните игри се најдобри за развивање на фина моторика.
    Овде во групава многу често споделуваме и играме сензорни игри.
    На инста има многу профили со идеи, на @danichap профилот мене лично ми помогна многу.
    И јас едно време бев загрижена за покажувањето со прст, мојот на 16 почна да покажува.
    Тоа што подава предмети, имитира звуци, фаќа трошки, разбира за што служат предметите се дефинитивно позитивни знаци.
    Се надевам другото ќе го средите многу брзо. Без нервози и плачки, си има стручни лица, ќе средите се :hug:
     
    На Puffy2019, Makedonka007, Mummbyb и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Многу добро кажано, баш истово и ќе ти пишував @Mummbyb. Воопшто не е задоцнето, мислам порано и не би можела да воочиш, особено со прво дете. Се ќе биде добро. Ве гушкаме
     
    На Mummbyb, Puffy2019, MilaSs12 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    @FreeMind @AlicaInWonderland :hug:

    @Mummbyb веќе ти пишале девојките.
    Од моето скромно искуство, само би рекла дека ова е баш возраст кога е навистина тешко било каков дефицит во развојот да се диференцира од детски тантрум/фаза во развој од страна на лице кое не е стручно, макар и родител.
    Бидејќи децата баш во моментот кога проодуваат сакаат да ја истражуваат околината и да ги тестираат границите, па не секогаш слушаат команди.
    Одот не е сеуште стабилен, но треба осетот за опасност да е веќе развиен.
    Храната е голем проблем, посебно ако е дете нејадач...но е загрижувачки доколку на 2-3 уште се пасира, сега имате време и простор да се надмине оваа фаза.

    Мали совети, одосно трик прашања.
    Дали се врти на име?
    Дали има контакт со очи?
    Дали има рака око координација?
    Дали разликува да од не?
    Дали тапка со рачињата за браво?
    Дали покажува чао со рачето?
    Пиша дека не покажува со раче и дека мама и тато не им го знае значењето, дека е само махинално.
    Како се изразува кога сака нешто? Ве носи ли до таму, покушава сам да зеде..?

    Имате ли проблем при бањање, сечење нокти, чешлање?
    Има ли одбивност кон некоја текстура, не мислам на јадење туку општо на допир?
    Доколку имаш сомнежи, стравови и прашања направи си термин кај дефектолог. Алиса добро пишала, не се оди само кога детето се соочува со некој голем проблем, некогаш, во ситуации кога и ние не сме сигурно дали е нешто соодветно за возраст или не или имаме различни прашања од областа на детскиот развој они се дефинитивно нашата прва станица.
    Претпоставувам оралната фаза сеуште не е завршена, па сте ограничени при игрите, но да, сензорните игри се од огромно влијание врз целокупниот развој на детето, и фина/груба моторика но и когнитивно и говорот.
    Летото е совршено за игри со вода (куклиња,животни, риби..) да ги рани и бања
    Змрзнување на предходно споменатите и нивно спасување(да стиска флаша топла вода).
    Кинетичкиот и пластелинот би требало под многу внимателен надзор поради опасност од ставање во уста, мал е многу.

    Седни на подот, во висина на очи.
    Користи јасни и кратки реченици.

    Обични вежбички, како подавање на топче. Крени го топчето повисоко, следи дали со поглед ќе го следи истото, дали ќе биде во исчекување да го фрлиш. Кога ќе падне направи едно обично ПЛОП. Повторувајте, макар сто пати.

    Доколку подолго го држиш топчето, дали ќе стане нетрпелив и ќе го промени погледот од топчето кон тебе, тебе да те погледне во исчекување да го фрлиш.

    Чекорење бос, на различни текстури.
    Има бои безбедни за мали деца, има и диу рецепти. Нека шлапка со рачињата.
    Користење картички за учење збориња. Со сите три деца се покажаа поефикасен начин за уччење зборчиња.

    Ова на кратко во моментов спонтано што ми текна.
    Мал е и браво што сакаш навремено да реагираш, поставуваш вистинските прашања.
    Верувам се ќе биде супер.
    За личен мир советувај се со дефектолог.

    Доколку имаш поконкретно прашање за видови игри, прилагодени кон афинитетите и потребите слободно пиши.
     
    Последна измена: 4 август 2020
    На mamaJana, kukla21, paleska3 и 18 други им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.599
    Допаѓања:
    18.155
    Пол:
    Женски
    @danichap каде можам да најдам игри за дете од 1 година?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Јас имам позитивно искуство со диу проекти.
    Сензорни шишиња
    Сензорни кеси
    Сензорни балони
    Сензорни кошници

    Истото би го рекла и за игрите. Поставување сцена, игра, детето само да истражува.
     
    На Puffy2019, MilaSs12 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Screenshot_20200804_145736.jpg
    Screenshot_20200804_145703_com.instagram.android.jpg
    Screenshot_20200804_145802.jpg
    Еве слика и краток опис за едноставна а корисна игра за оваа возраст. Не кошта ништо а е супер.
     
    На Bupalu, Makedonka007, day.dreamer и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.599
    Допаѓања:
    18.155
    Пол:
    Женски
    Доколку не ти е тешко, стави линкови, слики, сакам да видам како изгледа целата постапка, од изработка до тоа како да му ги презентирам.

    Сега за сега, имам чашки во различни бои, ги става едно во друго и едно над друго. Има цилиндар и ги реди круговите кога ке му ги подадам. Вади и става играчки во мали и големи корпи. Вози автомобили. Има големи коцки и ме имитира како ги редам, ама уште не умее да ги стави една на друга (нови се и не влегуваат лесно). Им животни, му ги подавам и кажувам кое е што, тој имитира како трча коњ и сл.
    Последниве денови сака сам да зема храна со лажица. Ја држи лажицата како возрасен и сака да брцка во чинивчето.
    Трошки одамна, од 10 месеци ги фаќа, од 10 и пол со стискање ги лепи на прст, а од 11 со палец и показалец фаќа и право во уста.
    Сака да го храни зеленото чудовиште, му става смоки во уста. Умее да пие од шише и знае дека се пие од чаша. Знае дека се чешла со чешел.
    Добро е ова за месеците?

    Оди бос по паркет и теписон. По каква друга површина да го пуштам?
    Инаку сам оди тв до кревет ама преферира лазење. Се пушта кога се игра и кога му треба некоја играчка.
     
    На lackygirl, danichap и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Вечер, кога ќе спијат децава, од компјутер, ќе ставам.
    Се е супер од напишаново.
    Чекорење врз камчиња, трева, земја...
     
    На MilaSs12 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.599
    Допаѓања:
    18.155
    Пол:
    Женски
    Фала. :hug:
    Ни на крај памет не ми текна за земја и трева.
    Заборавив да додадам дека во базен сака да се посипува со чашка. Плиска вода со играчки.
    Си играме со топка. Сака да ја шутира ама не умее. Само ја гази.
    Умее да брише со крпа. Умее да ја истресе.
    Кога сака нешто покажува со прст ТЕ и алармира ако се правам наудрена. Сака да пали со запалка. Еднаш успеа и веќе не му давам. Кога не му давам, се врти накај дедо му со надеж дека тој ке му ја даде.
    Свири на труба.
    Се јавува на мобилен и вели ала.
    Последниве ден два имитора разговор на возрасни, со менување тоналитет. Мама и деде вика најмногу. Кога ке прашам каде е тато се врти накај него.
    Обожава кучиња. Плаче ако не го носам кај кутриња. Ги вика со рака, прави отвори затвори за дојди дојди.
     
    На NNA, lackygirl, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mummbyb

    Mummbyb Нов член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Еве вака осртот му е развиен, знае да падне на газ или напред на рацете, на почетокот паѓаше на глава но веќе не
    Да се врти на името, меѓутоа кога му зборуваме не ни обрнува внимание буквално си ја врти главата на друга страна и почнува по негово да си тера, се друго во тој момент му е поинтересно од нас, а кога му пеам песнички ме гледа директ во очи, или песничката две рачички со десет прсти исто ги следи рацете горе кога ги кревам, доле кога ги спуштам
    Кога јас му зборувам и му покажувам накај мачето не гледа, ја врти главата, било што каде е носето, еве го носето му ја зимам раката за да го допре, па му викам ајде сега покажи каде е носето, не не соработува, почнува да лази во истиот момент да се крева да оди итн..
    Има рака координација ако се мисли на тоа пример некое дете ќе го фати да го води, тој прво гледа ја крева главата горе, да види кој ќе го води и доколку е непознат за него одма плаче и ги пружа рацете јас да го земам, а со познати прво ги гледа па потоа дозволува да го водат или играат, многу сака да ги гледа децата по парковите али не се пушта кај нив да оди да се заигра со песокот, туку цело време е залепен за мене, јас ќе седнам и тој до мене нрколку минути си подаваме песок и потоа станува ме гушка бацува, мислам дека цел ден да може ќе ме бацува и гушка, единствено што разбира е не и браво кога ќе направи нешто убаво, не се качувај кај телевизорот одма се врти и не ср качува, знае да се расплаче кога за некои работи му кажувам не, некогаш прифаќа и не го пправи тоа, многу ретко плеска со рачињата, не знае да игра на песнички, кога среќа изразува тој како да кажам целиот се стегнува се смее се радува, навечер обично пред спиење знае да плеска со рачињата, ко помал често плескаше.., не не не мафта со рачето за чао, кога излдгуваме мѕ зборувам секогаш сега ќе одиме надвор, чао ќе одиме ајде кажи му на тато чао, јас мафтам тој не ме регистрира значи повторно незаинтересираност од негова страна, ко помал мафташе татко му кога го испраќавме на работа и кажуваше тао тао, наеднаш кпга почна да лази на 13 месеци почна, престана многу работи да го интетесираат, и ок си реков ајде дете сака да истражува да отвара во кујна трошките од 10 метри ги приметува сеуште и со прстот ги гмечи, но можам да кажам дека и тоа почнува пополека да не го интересира за разлика од порано кпга буквално бараше трошки на земјата и се занесуваше со нив..
    Единствено нешто што сака е да цица, значи за други работи како играчки и сл самиот си ги зима, или знае пред врата да застане и да плаче за надвор, ретко поготово мене па ич да ме фати за рака и да ме однесе некаде, тоа обично со татко му, едноставно со мене по цел ден или ќе се закачи на цицка знае по 1 саат да не ме пушти, за други работи јсдење пиење не е заинтересиран, да може цел ден да цица ќе цица и ништо нема да јаде има и такви денови како денешниов..
    Лази или оди по собитез ако најде некое дупче обавезно прстот го пика во него, секаде каде начека дупче прстот го пика, ситр штекери ми се изолирани,
    Значи наеднаш престана да сака да се бања, вришти пишти, и не заборава, за чешлање, нокти сечење седи мирен сака да го чешламе, ушите да му ги чистиме дава, али уживаше да се бања по 1 саат не сум можела да го извадам од вода, сега вришти целиот се здрвува и едвај 1 2 мин колку да му падне нечистотијата го плакнам и толку..
    Значи некаде околу 13 месец детево нагло почна од некои работи да се плаши, да не мафта со рачето..
    Знае иначе кога седи на пример 10 мин да си зборува нешто на негов јазик, али не на нас да ни зборува туку самиот на себе
    На никаква текстура нема одбивност се чепка со рацете се, сака се да фати да го гледа тоа што го држи али не го носи во уста, од бебе не носи ништо во уста, една играчка до сега нема однесено во уста, освен прстите,
    Моментално сега го носам на докѕор, прво докторот сака да ја исклучи можноста за слухот, дали слуша или не, бидејќи на првиот преглед на ушно имаше течност во ушите му ставав капки па сега сме наредна недела на преглед бера тестот ќе му го прават, па потоа прдијатарот ќе ни закаже да му наптават тест за развојот па понатака ваљда ќе следи логппед дефектолог..
    Да кога сме на земја сака да му пеам песнички али ако му зборувам не ме регистрира, сака да си подаваме топка, да и ја следи кога ја кревам горе кога ја фрлам чека се радува да му ја подадам па тој да ја фрли,ошшто се што фрла на земја од предмети ги затвара очите кога ја пушта играчката и потоа гледа каде паднала, сетоа тоа значи трае 10 мин максимум играњето, одма се врти околу мене да цица, гладен е по цел ден, сака да јаде отвара уста самиот ама не знае му паѓа храната од уста,не знае махинално кога му ја ставам во уста да ја затвори, до сега јас не сум видела никогаш вакво нешто, да не сака да јаде нема да ја отвара устата, али он ја отвара дел со јазикот ја бутка надвор дел му паѓа и ништо на крајоѕ нр голта, поготпво последно време дали преку сила 100 150 грама јаде, вода, сок ништо тоа не пие му тече или не отвара уста, не е трпелив ако не ја фрлам по неколку секунди се фаќа за друга работа, или станува и ме гушка бацува.. на маса ако има чаша обавезно помали предмети става во нејзе, и јас му редам на земја чашки за тој да ги става во нив лего коцките, сетоа тоа е кратко, сака да оди многу сеуште со рацете држи рамнотежа, и цечо време е бос, искрено му немам ни купено кондурчиња и надвор го носам стално бос, секогаш во песокот е бос, дома на тепих паркет е бос, на трева е бос, не му облакам ич кондурчиња додека не прооди убаво, па кога ќе сака да трча надвор на небезбедни места тогаш ќе морам да му облакам..
    Проблем е кога му зборувам не го интересита и не разбира што му збориваме, не барам да зборува али да разбира и те како е проблем..
     
    На danichap и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  16. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    @danichap и која било друга од вас мами на форумот која знае:)

    Дали можи предлог игри за стимулирање на говор??
    Мојата е 13м, се е супер, мафка за чао, ко ќе јади прави браво, знај со рачето да направи за дојди (како да те вика), лази, се исправа многу е љубопитна, ако и имам ставено препрека Перничиња за да не можи да се качи на то место, си наоѓа самата друг пат или почнува да ги трга перниците, ептен е снаодлива. Ама за зборање само тата, вава, сега почна нешто каткат по нејзино да први ама двапати трипати дневно.
    И ги дадов лушпите од праската во рачињата, почна да ги гмечи да ги лизга низ прстињата, така ми дојде "играва" сама од мене.
    Јадењето е супер, си има апетит, цели оброци јади.
    Зборање и одење ни е уште, нема ни проододено:doh:
    пред некое време пишав дека секое дете во свој период ама ете ме копка, сакам да ја стимулирам, имам време и за игри со неа, па зошто да не за најдрогацената личност во мојот живот :inlove:

    Би била многу благодарна доколку ми препорачате некои игри :)
     
    На mal.ecka и danichap им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Бидејќи Дани има милион игри за сензорни активности неблагодарно би било да се убие од пишување овде и пак нема се да сподели. Поедноставно е да отворите инстаграм профил и да ја заследите @Oursensoryfamily
    Има во посебни папки за секакви активности што ви душа сака.

    Јас мислам дека е така фер кон Дани.
     
    На paleska3, mal.ecka, lackygirl и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Најпаметно Фри!:clap:
    Го следам, сега ќе го разгледам детално профилот :)
     
    На mal.ecka и FreeMind им се допаѓа ова.
  19. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    704
    Пол:
    Женски
    Тука ќе пишам поактивни сте
    Малиот го касна некој инсект и потече, му дадов сируп Аериус вчера. Денес пројави проливче неколку пати. Сега влегувам во соба, стана од спиење и имаше што да видам.
    Си ја извадил пелената, се искакал на креветот и најверојатно јадел затоа што устата му беше замачкана.
    Кажете ми ако знаете што да му дадам да пие во случајов. И дали денес да му дадам пак од сирупчето.
    Матичната му е на одмор...
     
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.599
    Допаѓања:
    18.155
    Пол:
    Женски
    Фала. :hug:
    Вака конкретно пишано е супер, онака само спомнувавте дека има профил.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.