1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.991
    Пол:
    Женски
    Ај да прашам оти оти ве зачитав погоре.
    Проблем е ако е нетрпелива за нешто? Мојава сега е фокусирана на полнење кутии па истурање, или отварање затварање капаци. И сега на пример, отвара па затвара 10 пати, 11от ќе заглави капакот па ќе види дека не оди и почнува да вреска оти не може да отвори или затвори.

    Исто и за различни текстури. И со раце едвај ама се пушта, со нозе нема шанси трева да допре. Јас ја спуштам таа дига нозе. И со песок исто. Ептен викендов прв пат седна на песок оти ептен пред морето па ја плискаше вода, и само ради водата, иначе нема шанси да ја седнам на песок или со стопалче да стапне. Вреска.
    Ова се доволни знаци да се консултирам со дефектолог?
     
    На mal.ecka, lackygirl и Bupalu им се допаѓа ова.
  2. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Со кутии и мојата е иста. Отвора затвора, капаче на шише исто, чорапчето знаеше да и е на подот, па таа го крева на креветот(иначе исправена потпрена пред кревет), па одма го спушта на подот, па повторно го крева, неколку денови вака праеше, ама ова е нормално кај секое дете.

    А за песок немам пробано јас, ниту со трева.

    А оди твојата, збора?
     
    На Bupalu и Yowannty им се допаѓа ова.
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Не. Период е. Ќе помине :)

    Она првото е некоја блага почетна варијанта на тамтруми. Уште не им е јасно дека не може се по нивно.

    За ова со тревава и песок гледај го клипов :D


    Од кога ќе научи стабилно да оди ќе ги надмине овие фази. После ќе сака и нерамни површини и песок.
    Мојов околу година прв пат коа му дадов пластелин не сакаше да го фаќа. На година ипол е омилена играчка.
    Исто околу година ни требаа 3 дена на плажа да се опушти во песок. Сега послњ година ипол во двор ставивме песок и само негп седи, а на плажа неможевме да го тргнеме од песок и каменчиња.

    Колкава беше твојата?
     
    На mal.ecka, lackygirl, Mia Fuentes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mummbyb

    Mummbyb Нов член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Едит грешно прочитав мислев е 11 месеци, колку е вашето?
    Јас со мое искуство тие месеци знаеше убаво да се заигра, баш беше периодот кога излезе короната, по цел ден колите ги возеше, се пикаше под кревети ако му избега колата, не лажеше туку војнички се влечеше, омилено исто му беше тие круговите да ги вади што се од најмал до најголем и сега ги вади али сеуште не ги враќа назат и трошките исто, дали со прстот показалецот кога ќе види трошка ја гмечи?
     
  5. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Мајкички Антонија изгледа ја фати стомачниот вирус, почна во 4часот сабајле со темп.39.2 дадов Блокмакс, падна и во текот на денот температурата се движела од 37.2-38. На 38.3 и е дадено ефералган околу 13.30, паднала температурата на нормала, по што пак почна да качува кај 18.30. Главата жешка екстремитетите ладни, туширав со млака вода, бебе расоблечено по боди, два пати имаше ептен течна столица со киселкаст мирис во рок од половина час, штом достигна до 38.9 дадов пак Блокмакс и за вечера комир варен и си грицка соленки. Земав пролајф пробиоток, тој ќе го дадам кај 21.30 пред спиење. Земав и на Хип сокчињата со електролити што се ама некако слабо пие. Ќе ја следам ноќва, инаку весела е, ич не е падната-малаксана. Совет уште нешто да дадам/направам? И уште едно прашање, јас кога имам темп. пијам парацетамол и вит Ц и легнувам се виткам во ќебиња да се препотам,треба ли и неа да ја завиткам, зошто еве ја почна да се поти од Блокмаксот ама па и цело време трча скока, игра на музика.
    Колку трае вирусов? Утре секако ќе ја носам за крвна слика, се консултирав и со матичниот и истото што го правам ми го кажа и тој како и тоа да форсирам течности.
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    @S.J.Parker јас само ова да кажам, не сум стручна ама кога сме имале темп мене педијатар ме советувал да го расоблечам и да туширам со поладна вода. Мислам дека завиткување и така препотувања кај дете не треба.
    А и штом е активна тешко и дека ќе можеш тоа да го изведеш :)
    Со лесно
     
    На S.J.Parker му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Не не ја покривај. Мене ме советувале во вака жешко време да ја слечам само по памперс, а за спиење само со тетра покриена. Исто да ја тушираш со млака вода, не ладна поради опасност од нагло симнување на температурата и да не и водениш главче. Можеш да и даваш супа во која ќе додадеш трошка сол за надомест на електролити.
    Со помин да е. Мојава кога вадеше заби вака ми креваше т, со дијареа. И врвеше за 2 до 3 дена.
     
    На S.J.Parker и babydust им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.991
    Пол:
    Женски
    @Makedonka007 па тоа прави, се нешто вади од негде и става негде. Ако имам некој партал преку креветче обавезно тегне се. Седнува и се исправа по милион пати. Муабетот ми е за врескањето кога не може нешто да направи. Ќе проба, не оди па почнува да урла. На пример супер се исправа дур се држи за нешто, па имаше период оти долу насекаде играчки и сликовници, да не може да се исправи оти се лизгаше на нив па урлаше, ама сеа научи да ги шутира, прво со раце расчистува, а кога ќе се исправи со нозе расчистува околу. Ама еве сега пред малку урлаше оти играчката беше заглавена во кутијата и неможеше да ја извади.
    Сеуште не знае да каже ниту да покаже што сака или што не сака. Се е проследено со пискање и јазикот исплашен надвор. Вака е повеќе од месец.

    Не оди самостојно, само додека се држи за нешто. Не збори. Класичните бебешки изговори само, плус минус некое од секојдневно што слуша. На пример аде за ајде, лиди лиди за гили гили. На пример слуша кокомелон па реагира на Бинго со некој бебешки глас па и надвор додека шетаме кога ќе види куче го повторува истото. Исто и за џеј џеј. Ама разбира кога и се обраќаме на двата јазика, од типот - на ти, дај ми, види, дојди.

    @AlicaInWonderland ги гледав видеава и се смеев вака на почеток кога правеше. Не знам колку долго може да трае фазава, ама има сигурно некои 2 месеца. Не е долго? Е сега и ретко молам да ја ставам на трева. Овде во парк нема шанси, ми е страв од крлежи и плус сите ги мочаат и какаат кучињата таму. А каде што пробував не одиме често... Исто е и со одредени овошки како кокос или киви. Врескаше кога ќе беа пред неа откако еднаш ќе ги допре и нема да и се допадне чувството. Киви веќе нема, ама кокос и дадов пред некој ден пак, не беше толку бурна реакцијата. А се нешто читам цело време, ама ете не знаев дека ова би можело и да е проблем.

    @Mummbyb за 10 дена ќе прави година. Сама се заигрува, ама последно време јас морам да сум до неа. Не за да игра со мене, само јас да сум тука да ме гледа, а таа ќе си игра. Тие круговите ги реди, ама не знае по големина. Татко и ја научи дека не мора да ги вади еден по еден, па сега само си ги превртува и истура.
    Дали гмечи не знам.. Искрено, до скоро не носеше се во уста. Па и сега не носи се во уста. Знае да изненади чат пат. Од скоро почна да фаќа трофчиња долу, ама повеќе ги мота низ раце и ги гледа, на крај може и да не ги донесе до уста.
     
    На mal.ecka и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    @Yowannty немаш простор за грижа. Не се сеќавам колку време траеше фазава. Ама на година ипол беше завршена. Не приметив бидејќи коа наполни година беше веќе зимо, и на пролет веќе одеше по трева.
    Исто и од коа почнав на година да му давам парчиња овошје да јаде, некои текстури ги јадеше ама несакаше да ги фаќа. Сега се фаќа со раце и нема мака.
    Мала е уште. Не ми изгледа дека е многу долг период, ниту ми изгледа како проблем. Ќе видиш преку ноќ како ќе менува.
    Мојот не е тежок на карактер и лесно се снаоѓам. Ама има овде дечиња што имаат така цврст карактер, не ги разубедува ништо. Така да ќе видиш енос како ќе покаже и како ќе се справуваш. Тежок е периодод додека научи дека светот не се врти околу неа :) имаше низ темава примери како плачат зашто куклата паѓала, не стоела, мојот има вресканп зашто неможеше клучот да го погоди во брава (не беше тој клуч) и такви некои банални работи за кои нема решение туку чекаш да поминат. Енос ќе се буни и ќе крева галама. Нормално е инатењето. Сега ќе пробува што на кој начин може да го добие. И мојот веќе на 20 месеци знае да вреска ако заглави некаде во игра (му се заглавила кола, му паднало топче позади кревет, неможе да докачи книга....). Не очекувај оваа фаза да заврши брзо :)
     
    На Yowannty, lackygirl, Mia Fuentes и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Мамички, ќерка ми има 1 и скоро 3 месеца. Деновиве многу вришти. Значи, не само за работи што не и ги дозволувам, туку и баш из чиста мира. Посебно денес еве. Седи и вришти како кога не и дозволувам нешто.
    Период ли е? Или треба да бидам загрижена што почна да се однесува вака. Никако да и погодам.
     
    На mssuniquee, lackygirl и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  11. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    @Yowannty се сложвам со Алиса, немаш потреба за грижа. Иста е и мојата, се нервира, знае да врисне ако не можи да ја дофати играчката и сл како шо опиша и ти. Ќе пребродиме се шо се секираш :) (така пишам и по два дена ете ме со жалби и плачки за нешто(facepalm))

    @Someday еве пишуваме дека периоди се... Не знајме до кога ќе траат ама тука сме си за утеха и сослушвање, кога ти е тешко пиши си :D
     
    На NNA и Yowannty им се допаѓа ова.
  12. Mummbyb

    Mummbyb Нов член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е фаза, колку што сум читала околу 15 месец детето од чиста мира почнува да вришти за да си го слушне сопствениот глас, и кај мене син ми вришти од чиста мира, поготово кога ќе излеземе во влез, вришти дека има ехо
     
    На Someday и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  13. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    @Yowannty ,немој да се грижиш. Мојата е три години и ако не и успее нешто од прва фрла мава се нервира. Пр. Денес редеше слагалица на таблетот неможеше да фати со прстето едно делче и почна да удира по таблетот да го фрла и да плачи неможам да ја наредам. Или се облекува сандалки па ќе и заглави ноџето и почнува да вришти да ги фрла сандалките.
    Пробувам да и објаснам дека треба да се потруди, дека некогаш неможе веднаш. Да проба пак смирено, доколку не успее првиот пат ќе успее вториот третиот итн.
     
    На mal.ecka, Yowannty и lackygirl им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Сензорни шишиња
    https://www.instagram.com/p/CB03jbTHPI2/

    Сензорни балони
    https://www.instagram.com/p/CBIHycUHw-D/
    Сликите од сензорните кеси не ми се објавени, во тел. ми се, утре ќе споделам слики и опис.
    Отприлика, корпите, кесите, шишињата и балоните се основни и сосема доволни за почеток.

    Говор некои општи игри.
    https://www.instagram.com/p/CAtAQVPnNbG/
    https://www.instagram.com/p/CAhynASHXIm/
    https://www.instagram.com/p/B_PLED6ngp3/
    https://www.instagram.com/p/B7nRy5qoMKt/
    https://www.instagram.com/p/B7DTJZGI45M/
    https://www.instagram.com/p/B6tI6b-o4wf/
    https://www.instagram.com/p/CDZbMu-HvL2/
     
    На srekice, mal.ecka, Мариаа. и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Фала ти:)
    Многу креативен профил, ме инспирира за и јас да и направам мало катче дома, со секакви играчки книги масичка каде ќе можи да си игра и самата да биде креативна. Браво! :inlove:
     
    На mal.ecka, Mummbyb и danichap им се допаѓа ова.
  16. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Здраво, одамна не сум пишала. Ах, што сѐ не преживеавме.. Накратко, татко ми прележа Корона, додека открија што му се случува (бидејќи ги немаше класичните симптоми) цело време не бараше нас ќерките да сме околу него, да го однесеме до болница и сл. И секако, сѐ би направиле за него.. Накратко, цела среќа сите сме негативни и прилично добро ја поминавме самоизолацијата. Тоа време го искористив најдобро што можев за квалитетно и посветено да поминам време со ќерка ми. Има 19 месеци па не бараше многу за надвор а и цело време и смислував разни активности. За тоа време ми се чини порасна наеднаш. Почна повеќе да зборува, составува прости реченици, покажуваа различни емоции и сл. Се заигрува сама, учествува во игра итн. Јаде сама со лажичка, со виљушка сеуште не толку стабилно. Излегоа тројките, а најново е што почна да се плаши од сопствената сенка. Дали сте имале ваков проблем и како да го решиме... Поздрав до сите вас ;)
     
    На thinkerbell, mal.ecka, BabyT* и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Bupalu

    Bupalu Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Поздрав до сите.. Не сум многу активна, посебно не во оваа група и некако уште детето од година ипол си го викам бебе :$ :D
    Имаме нови ситуации ако имал некој искуство..
    Бевме на одмор бебе радосно предходно дома се бањавме во кадичка и секогаш беше весела одвај чекаше да се бања, само што ќе ја соблечам трча накај вц....
    Стигнавме на одмор виде езеро детево неќе во базенче да влезе вришти пишти, ја пуштам сама со раче во езеро она директ у длбокото :D уживаше да ти е милина да ја гледаш мислам дека сама ако ја пуштев ќе почне да плива.. Излегувањето беше со плачки нели....
    Дојдовме дома абе неќе ни во вц да влезе рика плаче ја коле некој ја ставам во кадичка не бе се откорна од плачење стварно не знам како ќе ја избањаме :(
    Сега ја гледам го стиска едното уше или со рамо или со рака, да не е можеби нешто со ушето што неќе... Стварно не знам

    Инаку за пресекот ве читав колку што можев... Испушта некои звуци мама, тата ретко, баба чат пат, ајде, ам ам, му за крава некогаш, и по нејзино нешто си грака :D фаќа лажичка за да ме рани мене а не неа ама не е мн стабилна, сок и чај неќе да душне, со сите мора да јаде да им прави друштво ако не плаче, некој ќе помисли не го раниме детево.. Чорапи вади сама мора да биде боса, одеше по камчиња и си играше со нив, песок немаше ама ако и се закачи некое мн ситно камче меѓу прстите обавезно се чисти тоа..

    Ме интересира колку мл млеко им давате и какво.. И дали имаат вечера и млеко или само млеко?
    Моево е 18месеци и не сум почнала скроз обично млеко да и давам,вештачко пие, се одби сама постепено на година и два месеци, знам сите ми викаат треба да пие обично ама чекав после одмор
     
    На Makedonka007, FreeMind и lackygirl им се допаѓа ова.
  18. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
    До каде ќе стигнам со мојата нервоза и нетрпение?
    Постојано станува навечер. Синоќа кога стана и дадов сокче од јаболка, го испи шишето, како некоја шефица го фрли тоа, па зема млеко да пие. На 10мин кенка постојано, памперс сменив, само на боди спиеше.
    Па ме буди кај 4,ми ги дава двете шишиња да сум ги наполнела (едно со млеко едно со вода), тоа со сок првпат пробав.
    Пренапорно ми е и на работа и дома. Ме убива што немам сон и одмор.
     
    На lackygirl, Makedonka007, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Те разбирам скроз, тешко е да си мајка и следен ден да си на работа. Од многу мајки сум добила прашање навечер што и даваш на малата? Ти се буди за чај, сок и сл? Јас искрено, од некаде 4ти,5ти месец, кога малата престана да се буди за млеко,никогаш не сум нудела течности да и давам. Ни сок, ни чај ни млеко. Ноќта е за спиење и многу ми е важно тој сон без прекин да го имам за да може да функционирам. Можеби сум имала среќа да ми се погоди такво детето, но сепак мислам дека тренинг си прави свое. Не знам, можеби јас грешам ама вака супер функционираме.
     
    На lackygirl, Makedonka007, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Тоа е десетиот скок. Ќе потрае периодот. Повеќе оставај ја на чување за полесно да ја поминеш фазата. Исто е поврзано однесување со тројките ако ги вади малата. Ќе има и плачење и долго неспиење.

    Јас 37год и уште така правам. Некој долг период ме закачил. Особено ако е нешто ситно да чепкам го фрлам право низ тараса. Ако не можам патика да врзам поради некој чвор ги фрлам најдалеку што можам и земам други.

    Имав јас период ког од нигде никаде не сакаше да се бања. Траеше две недели ја бањав на сила три секунди од што морав. Ја преместувавме кадата ( со тркалца е) во дневна и пред тв со кокомелон ја бањавме. Потоа прекина да плаче и пак назад во тоалет ја вратив.

    Млеко навечер не се дава ради забите. Ќе фати кариес од шеќерот ќе те боли глава по заболекари. Со вечера се завршува и миење заби. Потоа само вода до утро. Млеко давам по кола од градинка кога ја возиме. Да не и е досадно сама на седиште врзана.

    Јас лично давам формула во тетрапак од дм. Пие по 125мл на ден и не би ја бувала со кравјо кое е повеќе штетно отколку корисно. Едно литро го пие за пет дена заедно и со оброци со мусли. Економски исплатливо е и корисно. Формула има до три години за деца. Потоа ќе видиме што ќе даваме.

    @LoveHope ми излезе на фб има сертифициран тренер за спиење кај бебиња и деца работи со секое поединечно. Психотерапевт. Од Скопје е девојката пребарај на фб не го зачував и не споделив будала. Тоа е она што ти треба верувај.
     
    На lackygirl, Makedonka007, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.