@FreeMind Точно. И 3ките ги вади. Катните ни излегоа 3ките тек сега еве. Воопшто не ми текна на скок. А не можам да ја оставам, цело време плаче по мене деновиве. Ептен ми е залепена, што не беше случај претходно. Ајде ваљда период и е. Се надевам брзо ќе го поминеме.
Некој ако го има сретнато тој тренер сместа да ми го прате. @PeachGirl прво е, одма се тресиш се ќе направиш да не плаче. А Spidy убав терк си тераше од почеток.
Сигурно е dr Goodnight, пошто е едниствен сертифициран тренер во мк за ова. Инаку од Штип е девојката, ама небитно, во Скопје работи Еве го профилот на инста https://instagram.com/drgoodnight.mk?igshid=851vhvviuldy Исто така за млеко немој кравјо, до 2 години се препорачува формула. Само кај нас поради нискиот стандарт многу малку можат финансиски да си го дозволат ова па затоа така брзо преминуваат на тетрапак кравјо. А незнам кај нас дали има тетрапак формула. ако си во можност терај со формула @Bupalu
@LoveHope моја колешка го реши проблемот со неспиењето на синчето со Др. Гуднајт девојката. Презадоволна е оти од раѓање се до 13 месеци, син и спиеше немирни и единствено само во нејзините раце. Сега без проблем со спие во креветче по цела ноќ.
@AlicaInWonderland @Makedonka007 @kiki_riki значи јас погрешно разбрав. Зачитав погоре па сфатив дека не треба така да прави, а мојава ептен нерва е. Значи нормално е. Океј, јас имам тенденција да прочитам нешто и после overreacting. Фала ви девојки на советите. @The Unicorn кај нас најмачно беше првите 4 скока, а врвот го достигна во 4ти скок кога истовремено ја дрмаа и први заби и регресија. Мислам трауми уште имам од тогаш. После тоа скоковите беа класична промена на расположение, кенкавост, раздразливост, обавезно секој скок е будење ноќе неколку пати, ама ништо толку страшно како 4тиот. Сега еве некое време се буди ноќе пак 3 или 4 пати. Ама и заби ја мачат, зошто секогаш кога вади заби плус вреска во сон. Друго типично за овој период, а до сега не било е што не можам да ја оставам сама во соба, туку морам да сум до неа. Значи во моментот кога ќе отидам до кујна или тоалет таа почнува - мама мама мама мама и се така дур ме види. Ќе дојдам, ќе седнам до неа се врти и се заигрува и не ме перцепира, ама пак не смеам да напуштам соба. И имам оградено пола соба со меки табуретки за да учи да се качува, ама од тоа абер нема, среќа пак научи да се симнува па сум малку пораат кога е на кревет. Први единици долу извади на 4 месеци. Потоа на 8 месеци извади 4 заба горе, единиците и двојките. Одма после нив, на почеток на 9ти ги извади двојките долу, сега се мачи со 4ки, ама некако подолго ми се гледа како да ја мачат... Очајно ми треба сон ноќе, да преспијам поврзано цела ноќ, на утро едвај се освестувам.
Како ќе заспиваме сеа без млеко ќе биде весело заби уште не сме почнале да мие Чудно ми е со количините на млеко.. Јас и давм некогаш сабајле 150-180 за презаспивње дека ја носам на чување и вечерта за спиење 180 или 210 ако не е вечерана... Другарка со малото што е поголемо за два три месеци му дава навечер 250мл обично млеко и се буди навечер и пак му дава некогаш 250мл, јас до сега никогаш и немам дадено толку и кога ми кажа се зачудив да не и давам па јас малку млеко
Да ве почастам по влез во темава. Лани ова време бев очајна, трудна и отечена а денес бебе ми оди по дома @The Unicorn Ги испомешав темиве јас. Сега сме ние големи за тука сме. Очекувај и ти 4ки сега. Тие се следни.
Не сванав само зошто да немаат вечера? Вечера обавезно, а млеко како што кажа Фри не се препорачува пред спиење ако не е зависно тргни му го по со време. @Мариаа. Преубави колачи и преубаво именце. Има песнички да му пееш специјално за него @LoveHope и мојата станува, поточно шишенцето го полнам 6 пати во вечер. Е сега си има тежина и што одиш на работа.
Препораките се да се тргне млекото штом се прилагоди исхраната. Овде во Германија млеко не им се дава на децата бидејќи јадат млечни производи. Уште на десет месеци педијатарот ми рече штом и тргнам доење да форсирам млечни наместо млеко. Нема никаква потреба од млеко ако јаде убаво млечни. Но ако не јаде мора да се стави млеко во исхрана. Кај мене јаде млечни и млекото ми за интервенции, односно за да биде мирна во кола, кога искача заби да заменам оброк и слично. Ги чекам уште петките и потоа само со мусли ќе го добива. А како ќе го заспиваш? Исто како прекин на доење. Ќе ја навечераш многу убаво до врат и вода ќе дадеш. Макар и секоја вечер омилената храна додека заборави на шишето. @Мариаа. лесни чекори на лепотанот така се прави тоа! Многу убави колачињата ептен стилисимо.
Жени што да а мачкам околу уста, цела е нафрлана од што се лигави и става сешто. Педијатарот вика бекутан кремче ама тоа не иде во предвид. Има ли некоја крема за ова?
Јас давам по околу 150 насабајле и навечер, некогаш и денски еднаш. Не сака повеќе од тоа, а и не гледам потреба. Ако касни со вечера тогаш може и да не дадам млеко пред спиење,ама вечера мора, значи нема логика да не дадам вечера а да давам млеко на година ипол. И заби миење обавезно после млекото. Јас ставам судокрем на сите црвенила.
Јас ја имам мачкано по препорака на дерматолог со периорално кремче за околу уста на Уријаж и се покажа доста ефикасно, со две мачкања се повлече нафрланото..
Само си барам гачки и паничам што не збори. Тате е добар,бфф се со внукот,пауза прави од хемо. Јас жени искинав живци со нејадењето негово,па неможе само кашкавал и компири да јаде. И мајка ми му готви и нејзиното не го јаде значи нее до јадењето. Вода не пие количински,само малце ама стриктно јана со клунче. Па му мешам сок од јаболко со вода,ставам 20 мл сок 200 вода и го пие на екс,5 шишенца на ден ги пие како ништо. Млеко пие само еднаш 250 мл пред спиење кравјо тетрапак,од скоро 15 месеци му давам такво,не ради финансии туку така си мислев дека треба Не ми јавил никаков проблем и така кај и да е ќе му го прекинам. Иначе ептен лошо се покажав во фризерајот, цел со дупки беше,го средија со машинка и сега е право детенце