Или научи ја да не заспива за да може да измиете заби, или прекинете со млеко пред спиење. Сериозен проблем со забите може да си направите ако не мие заби пред спиење.
Има ли некако скок околу 1 година? Не јафе НИШТО. Плаче за се. Се. Се. Спие од 9 до 5 6 сабајле. Плус една дремка од 20 30 минути и една од 2 часа. Или од 4ките е? Не знам како да му помогнам.
Да, фала Богу до вчера го испи трицефот.И поминавме со лесно, од дексазонот инхалациите олесна и дишењето а грчењето помина преку ноќ. А за кремчето нема да згрешиш, барем јас имам убаво искуство
СЕНЗОРНИ КЕСИ Ова се единствените слики од сензорни кеси кои ги имам во тел. а не сакам слики од нет да користам. Изгледот на истите може да е сосема различен, во зависност што ќе се упореби. 1. Кеси за замрзнувач со практично затварање. - со ацетон се брише евентуалниот текст/ лого од кесите. - салотејп за поефективно затварање на отворот а потоа и лепење на подот. 2. За полнење може да се користи гел за коса, бебешко уље, да се комбинира со вода, некоја капка прехрамбена боја, различно деко... неограничена креативност. Се лепи на подот и е практично и за најмалите, кои сеуште лазат. Ја поттикнува љубопитноста, стимулира фината моторика, добро за задржвање фокус и концентрација.
Добредојдовте на сите нови мами, поголемо друштво- поголема забава . Да шкртнам нешто за развојот на малата, има 16 + месеци. Во однос на моториката, оди и трча стабилно, оди и по нерамни површини и рабови но понекогаш паѓа. Сама се искачува по скали доколку се држе за ограда но мора да ја држиш за двете раци кога се симнува. Од фините движења, ја фаќа секоја тршка со палец и показалец и се носи право во уста. Погодува сламки и чачкалици во мали дупчиња, ги обожава тие игри. Јаде сама со раци поголеми парчиња, а со вилушка и лажица уште јас и давам. Секој ден има по некој нов збор, се труди да ме повторува и така ги учи. Ме разбира се што и зборувам и извршува команди, нормално тоа што и е по ќеиф. Ги знае повеќето делови од телото и ги покажува, некој и ги изговара (папо за папче и цице ) Животните ги имитира и ги препознава кога ќе ги види на улица. Исто така препознава што е бебе а што баба и деде. Сега по ново препознава и поголеми дечиња и ги вика дада. Се лути кога нешто нема да добие или кога неможе да направи. Тогаш има плачки и тегнења. @Мариаа. Лесни чекори на дечкото мал
Јас незнам дали е до мене или до син ми.. више имам еднаш пиашано за понашањето негово незнам дали и другите деца вака орават или ја не сум доволно добра мајка... живееме у заедница свекор свекрва золва само што сме на башка спратови.. син ми кога е доле со нив буквалнк не ме ферма ни дали сум тука или не више подолго време е таков кога и да отидам да го земам за нешто прво плаче кога ќе се појавам на врата после со лажги се лажеме за да дојде со мене и одма се лепи баба тете завиаи кој е со него неможам да го оделам или со плачење ќе заминеме... пред тоа правеше вака ама не до волку сега мн е почна да мс нервира кога и да треба да го земам да смислам се неш па дали ќе дојде или со плачење мора да се земеме... кога сме си сами двајцата си р мирен а е со нив кај нив мене и да седам не ми ни обрнува внимание испаѓам без проблем а ако трева да го земам мора со проблем да е ... дали сум му досадна почнав да си мислам детево само мене не ме сака не сум добра мајка премногу време е со мене..ама сеа брзо бев не добра нешто и беше цело време со нив цела ден и другата ден и кога отидов да го земам мислев ќе ми се израдува ама не беше ништо посебно дури и тогаш се лажевме за да дојде со мене.... а кога ќе отидеме кај моите таму па само мама мама не се дели од мене а исто и нив ги гледа секој ден почна да ме напнува ваквото понашање незнам што да направам...
И моево плачи кога ќе го земам од кај баба му, заигран е и затоа плачи, го прекинувам во игра, дури и тантрум се прави така. Нема потреба од такви мисли, верувај, за детето секогаш се први родителите, ги сакам баба и дедо, ама повеќе ги сакам мама и тато и ние така сме правеле, ќе смени средина и му е поинтересно, не е таму цело време и затоа така, сакаат да истражуваат нову работи, нови места, јас вака го гледам тоа. Тргни ги тие мисли побрзо.
Па истата куќа само деуга соба не женува ништо а кај моите кога одиме не прави така а баш таму р нова средниа ме бара цело време да сум таму само мама мама а дома со другата баба тетка дедо не е таков дури и да се исплаши нешто ако е бабаму тука оди кај неа она да го држела..кога сме таму зимам вода да му давам не сака од мене вика баба ... а кај моите не прави така таму само мама вика а и нив ги гледа секој ден
Па очигледно со домашната баба е поопуштен, таа сигурно поќе го разгалва, го гали.. Најчесто се такви бабите по татко. Не мисли такви неубај сценарија, туку кога сте сами посвети му на дете 1 час со креативни игри во кои двата ќе учествувате а и сопругот уште подобро. Пуштајте музика, играјте, смејте се. Излезете во некое паркче надвор или некое интересно место, играјте си таму. Едноставно бидете само вие тројца и максимално посветени еден на друг, плус смеа и игра. И викенд би било добро, ама со оваа ситуација кај нас не е сега. Иначе нормално дека мајката и таткото се на прв место, овие се мали предлози да си посветите максимално време еден на друг. Без грижи
Јснндјс До пред некое време кај свекрвами нд сакаше да оди ич не даваше да го задева ни да го земе и преку ноќ се смени наеднаш дури од мене почна са бега и се грепчи по неа баба баба и ми е нуабво така зш прави...кај моите кога и да птидеме само мама некогап се случува до вц да неможам да појдам плаче по мене а кога сме дома доле кај нив не ме ни забележува дури кога ќе отидам да го земам плаче имаше период не сакаше ни да иде да се шета со мене а ја видеше бабаму теткаму дедому не можевме да испаднеме се тегнеше по нив... јас незнам дали е период или незнам штое може стварно сум досадна мајка која не му допушта се го карам ама стварно па неможе се да се дозволи.. кога бев болна мислев зш ме нема видено една ден ќе се израдува ама нр покажа ниш посебно дури пак со лажги се лажевмс да дојде со мене пак баба баба викаше
Гледам дека многу те фрустрира ова. Ама ете ти кажуваме дека сите деца така прават. Туку кога си дома што правете со малото? Колку време минува со баба?
Синко е деде та деде. И двајцата дедовци ги обожава, плаче кога излегуваат, па се кријат кога одат некаде.
Да не ме сватиш погрешно но ти си исфрустурана со свекрвати и затоа ти смета детето што се тегне по баба му.Тука си има друга страна и сега преку детето искача на површина. Ти кажувам бидејки и јас бев таква на почетокот,јас со нив не стоев ич добро,сега туц муц и се си мислев му прават намерно нешто но напротив многу убаво го чува и ништо не му дала без да ме праша. Сега извесен период не го чува бидејки свекорми нее внимателен ич и он ја зезна работата. Едноставно децата си бираат најомилениот деде е татко ми и по него се тегне плаче а најомилена баба е свеки.
Се навикнал на баба му, не дека поќе ја сака, навика е, еве и синко ко ќе си одам дома од работа многу пати не сакал да дојди кај мене, си седи си игра таму, исто живееме во заедница, долу се тие, иста куќа друга соба. Еве сега несака ич да седи со свекор ми, ама ич, а сакаше, децава одат кај тие што ги играат, ги занимаваат, има една тетка синко 13 години е, е ко ќе е со неа никој друг не гледа, ни татко ни мајка, неа најмногу ја сака, оти таа најмногу го игра, се спушта на негово ниво и така си играат. Се сложивам со Моник.
Па ја не одам на работа најголем ден од денот со мене е со другите по саат саат ипол два и тоа некогаш е сам ама повеќе и ја сум тука со нив... не е ствар на навика зп ако не гонсимнам јас они не идат да го видат и ја нормално го носам за да смени средина има други играчки затоа и секоја ден одиме де кај маоите па доле кај свекрвами и пррку ден повеќе пати одиме некогаш теткаму го зима е она највеќе го игра и нејзе највеќе ја бара Да не сме баш блиски и мн работи се случиле поради кои нема да бидеме блиски имам пишувано у др теми за со нејзе проблемите ама син ми не е таков само со неа и со теткаму дедо му и од скоро полна и со неа така да прави Па гледам колку можам да играме ама гледам и да се заигра за да измиам садови а за чистење чистиме заедно метеме пружираме алишта а кога ќе заспие правам јадење ама гледам и секој ден да го шетам го дружам со други деца... ама доле се му е дозволено за ништо не го караат дури бабаму не сака за ништо да му рече зш одма бегал кај мене ако го скарала немало да ја сака итн и затоа се му дозволува сегде да отвара и зима се што ќе посака ...денес дури у фаца ми вика одиме доле а требаше да шетаме со син ми и викам ај да ги видиме прво и влегуваме и аин ми почна да плаче зш ја се вратив врата да затворам и она целата еее зш плачеш по мајкати друг пат не си правел вака ама сра плачеш зш мисли ќе му заминеш да шеташ без него инаку не прави вака по тебе у фаца ми го плесна хахаа ми падна незгодно ам ај си поќутев си викам што идам и јас незнам требаше да си испаднам право
Остави дете да ужива со нив,ништо нема да му направат внуче им е. Ти за тоа време додека малиот е со нив земи и посвети си внимание на себе си,земи прошетај те со сопругот на кафе на шопинг. Неможе детето да си ја сака повеќе бабата него мајката,со тебе е цело време и кога е со нив он се опушта и друго дете е.
Ај вака за да не се нервираш. Симни го доле, и нека ти го каче после она горе за 1ипол,2. И мојата скроз исто прави, и јас ја залажувам ајде ќе одиме со колата да се возиме или да видиме некое другарче, на папа. Нормална фаза е тоа кај децата. Замисли мојата дури ме турка да си одам кога е со нив, или не ми дава да ги чепкам играчките што си игра со баба и. Мене искрено ми е мило што имаат таков однос и значи детето и верува. Утре и да треба да го оставиш на кратко да не го мислиш. Иако воопшто не сум блиска со свекрвата. Околу тоа што не го кара и дозволува се, неа ќе и се качи на глава нема никаква врска со твојот однос со него. И играј си со детето, тоа знае и памте кој го игра, кој му посветува внимание. Домашните обврски нека почекаат.
Хаха таа е тип на жена што никогаш нема даго качи зш се и малце и тон работи да и висат на врат она нема да го качи...хаха и мене исто ми прави со играчки што игра со нив ако земам јас он вика баба или тета
@Lianna Anna не сум те заборавила да те поканам на темава да ја разубавиш. Те гази некој период што се губиш?
ти наместо да се радуваш што толку го сака, па дури и да има работа ја жртвува за него, ти по форуми тука се расправаш. За тоа време што го губиш тука земи играј си со син ти и гушкај го. Тој тоа ќе памети, не дали повеќе играл со баба или мама.