Хаха ја немам против што го сака ама моиѕе проблеми со неа се други зш мн рабпти ми направи од кога се породив и за се нешто кај и да испаднам одам она мора да пререче ако не го види па ако сд задржам негде зш толку сме се задржале па ако сум била кај моите она дента мн малку го видрла неможела да го види итн мн работи се тука у прашање ама ја општо пишав не конкретно за неа син ми го прави тоа и со дедому теткаму само прашав дали и другите деца прават така зш тука што се децава повеќето се приврзани со мајките
3, 4 членки ти напишавме дека ИСТО прават и нашите деца. Не мешај однос со мајка и баба, нема споредба. Разграничи ги тие работи и не ги ставај во ист кош. Имаш тема свекрви и снаи, ние за децата ти дадовме совет твое е дали ќе го прифатиш.
Епа добро ги прочитав мислењата видов се само вратив на коментарот не пишав ништо друго мислам форумов е за тоа ама очигледно има и мн што напаѓаат ако некој нешто пише фазла... само одговорив на тоа што ми пишале а за темета знам си имам пишувано таму тука само дадов одговор друго ништо мислев бар за тоа служи форумов
Мајки дали верувате во уроци што викаат старите и во баење од уроци и уплав?? Незнаев каде да пишам не најдов тема затоа тука ќе побарам совет зш син ми е годинаипол . од кога почнаа да ми кажуваат вакви работи посебно свекрвами и маж ми дека детето е урочено итн кога ќе му забаат ќе се смири па незнам дали е вистина или само помисла дека се смирува. Имавмe едeн човек му баеше на син ми од уроци преку тел и син ми за чудо за 5 мин мирен хахаха дали е од баењето незнам ама мн помагаше. Е сеа за уплав ми треба зш овие денови со времево син ми посебно вечерва од грмежи се иснаплаши . Вечерва незнам колку пати стана на крај со мене на спална се намири и заспа се надевам нема више да грми зш ставрно беше страшно мене ми беше шубе а не него што прв пат гледа и слуша овие денови до сеа нема видено вака да врне и грми па и струја немаше
Ааааа, има напредок. Баење преку телефон. Напредно баење. Не му било подобро од баењето, сигурно. Не верувам во такво нешто.
А камера имавте уклучено или само преку слушалка му баеше? За следен пат да знаеш со камера има поголем ефект баењето Сори, не сакам да те исмевам, ама уроци, бајачки, клинци и тако даље ми се слаба точка неможам да преќутам. #мојатачудесназемја Баш ја погоди екипата од кого да бараш совет за бајачки...
Јас верувам во бајачки. И многу се радувам дека одат во чекор со технологијата и бајат онлајн. Им предвидувам светла иднина. Се надевам пари уплаќате прво на жиро сметка и си имате термин у Вторник во 09.40 и си чекаш на телефон сесија. Не гледам ништо страшно во 2020 година некој да му избае на детето за да не станува навечер. Особено кога искачаат тројките. Процесот на искачање е тесно поврзан или со молитва и палење свеќа во црква или некој што ја знае другата молитва. Во спротивно многу тешко. Сите кои што не веруваат не знаат што е мака.
Јас мислам дека за чудо денеска, тоа е доста прогресивна наука и сериозно размислувам и самата да се преориентирам кон баење, а може и гатање. Креативна сум, имам воља, само немам ниедна икона по дома, пу ј'зк, морам да набавам. Лесни пари. Што ќе се мачам да работам, можело и онлајн. Вие старомодни само смејте се. Клиентела има за јахта за некоја година да си купам. Ќе барате крукче после, ама њама. @an4ii не тропај мајка по тие врати, уште помалку па кревај слушалка. Било тоа порано кога науката не знаела да го објасни детскиот развој и однесување по фази и откако ќе биде соочено со за него "страшна" ситуација. После многу напорни ноќи и достигање на врвот последниве две, со ужасно врескање и плачење во сон, непцето е распукано и најверојатно ѕирка четворче, не ми дава убаво да проверам. Туку што е со врескањето како да е на колење дур менувам пелена. Претходно ќе пеев, ќе играв, сега ништо не ја смирува. Па тоа тегнење, па се влечеме низ кревет, како со мечка да се борам, откако ќе ја средам сум препотена, а таа се понаша ко ништо да не било. Проверувам не се мали пелените, не верувам дека ја боли нешто, зошто нејќе да сменам пелена? Што можам да напраам, како да изведам егзорцизам дур менуваме пелена, за да не ја соберам во чаршафот и фрлам низ балкон баш пред роденденов?
Не што не верувам, ако можам и би ги тепала тие што баат и бабите што те убедуваат за баење. Не си прави тешко на душата, никој не ти го урочил детето, читај поназад колку од нас си кажавме дека децата ни викаат, прават бељи и не спијат, дали постојано или некој период. Се тоа е нормално, како и плашењето од грмотевиците. И ќерка ми се исплаши, во кола бевме, јас и кажувам ајде да му викаме на дождот да си оди, и она одма со прстето го кара и му вика немој (да не грми) и оди аде (оди си ајде). Ќе најдеш начин за се. Бајачки не е никакво решение. Па уште по телефон Глеј си го детето, гушни го, учи го, воспитувај го, некогаш и скарај го, како ќе расте треба да научи како функционира светот, а не бајачката да му забае...
Да те " утешам" : од годинката навака (20 месеци) не сум сменила пелена како човек.Тоа луѓе боречка дисциплина.Кои клоци ги добивам коа ја ставам пелената,па една тешка нога шо има.Ни телевизор,ни играчка,ни песничка.Мислам бицепси набив што и ги држам нозете.Спасот изгледа ќе е кога ќе ги фрлиме. А пресоблакање ти е некоја каубојска вештина.Она трча по креветот,а ја со бодито во рака по неа.И во моментот кога ќе се сврти, цап , во секунда на глава и го ставам.После за рацете на кревет се бориме.Лудница
Истово ќе и го пишев 20 месеци До година супер, ко ќе ја видев онаа сликана со Крокодил и мајка кај што менува пелена, си велев што му е на луѓево, ама после година ете го крокодилот
Се пушташе неколку денови со повеќе од 10 чекори. Баш убаво изодуваше. Сега веќе два дена пак само лази, и не се пушта веќе. @BabyT* мислам ти ми спомна вакво нешто дека ќе се деси. Нормално е? Претходно кога ќе го викнев со одење доаѓаше. Сега и ако е станат и стои на нешто, кога ќе го викнам се спушта доле и со лазење иде.
Најискрено би им дала некоја бизнис иноватор награда. Бизнис план ————————— Трошоци - 2л вода на ден ради пена на уста - нокиа 3310 Приходна страна - 600 денари баење урок - 1200 денари баење од неспиење - 600 денари баење од страв - вадење влакна од грб онлајн (замисли и оние бекнати во телефон се трудат влакна да извадат и клинови) Таков е процесот на проодување сите до едно така прават. За две три недели ќе стане и ќе замине. Остави го мозочно го преработува процесот.
Да да јас ти кажав за да не ти е чудно Сите го поминуваат тоа нормална фаза, што вика Фри го преработува процесот.
Син ми исто беше, и јас прашував тука. Паузираше неколку дена, па преку ноќ заборави да лази и еве го трча сега.
@babydust @lackygirl Е сеа баш ме утешивте. Туку ме ставивте на мисла. Дилема голема е кон што да се фокусирам за полесно да се преживее периодов, таблетки или алкохол? Хмм.. Таа си имаше и претходно вакви периоди, ама ништо толку интензивно и долго. Сега е баш ко со крокодил борба. Вода тече од мене дур менуваме пелена, па пауза да се соземеме двете, па облакање пак исто. Туку шо сакав друго да прашам. Откако добив 7 месеци откако се породив менструацијата пак ми е швајцарски саат. Косата страшно ми паѓаше од 3 до 6ти месец некаде, ама сега еве неколку дена пак многу ми паѓа. По менструацијата рачунам дека хормоните ми се стабилизирале, ама што е ова сега? Премногу е за нормално сезонско митарење, а и тоа требаше да се деси тек по некој месец..