Тоа е сега е 20 месеци се потешко ми е менување пелена, па за бодито да го запетлам трчам по него околу маса Ретко се залажува со некоја играчка, сликовница, цртаните отидоа во историја ич не ги гледа, иначе си гледаше, ќе пуштев некој омилен и ќе се загледаше. Мене после 9 месеци ми дојде циклус ама немав ваква промена, од 3 до 6 месеци мн ми паѓаше. Мене кажете ми лек за мозолки, пред да ми иди 2 недели хаос ми е лицево, страшни и болни мозолки се прават, па и плус маската на работа 8ч
Исто и мене ми паѓаше најмногу од 3 до 6 месец, ама јас и добив на третиот месец, па се на купче поминав. За мозолките и јас сум катастрофа, само хлорамфеникол ми помага (хлоракол течност барај во аптека), се мачкам секоја вечер и сега подобра сум. Ама кога почна жешкото, јас носам КН95 маска плус хируршка цело време на работа и лицето ми е ужас, ама многу подобро ми е овие неколку недели од кога се мачкам.
Си ги проверила хормоните Лаки? Да пробаш да следиш што е тригер. Мене на пример одредена храна многу ми влијае на кожата. Ама пусто лакома сум. Ако нешто добро имав од бременоста е тоа што кожата и косата ми беа многу убави. Имам сега мозолчиња чат пат, ако претходно се исфрлав во пмс, сега во овулација. Ама јас повеќе мака имам со пори. Не знам дали постои решение за нив. Абе само да не си раат.
Испитај хормони, мене ми е такво лицето после порагај се мачкав со се и сешто и џабе, сега испитувам хормони па да одам на дерматолог. Дома лечење џабе.
И мене така, ми дојде после 8м, до 10м се стабилизира па пак почна да паѓа. Па кога прекинав со доење и циклус ми се поремети, и коса почна обично да ми паѓа и се нафрлав егзем и така Не е лошо да се испитаат хормони, чисто да си знаеме, ама се не е време..
Plantur 39 шампон само ме спасва. Исто и мене ми паѓаше, почнав со овој шампон и прекина да ми паѓа. Неколку миења не го користев, пак почна да паѓа, сега стално го користам и супер сум, дури и бујна ми е косата (како пред бременоста) па сите убави коментари ми делат Пробај и ти. За мозочиња и јас сум иста од ко почнавме со овие маските, ќе ја послушам @Spidy за хлорамфеникол
Да ми вервиш неам поим штом е влакно и клин. Клин го замислувам како колец/кол кој ги “дупи” на грб и не ги остава да спијат. Налик теории на полна месечина. А за колики си има посебна тарифа гарант. Баат од грчеви. Хормони проверувајте. И алкохол. Многууу алкохол до 18 месеци
Ама не ми зголемувајте сега. У една прилика рече до 12 месеци, после полесно било. Таман мислев уште 13 дена до роденден имам и да кренам нозе у вис, бебе само ќе се чува Инаку супер бизнис план. Ти праќам CV у инбокс да ме планираш.
Мене во сектор за клинови стај ме. Без CV, без ништо. Верувај експерт сум. Јас еден апел за проверување на тироидни хормони ќе упатам до сите. Верувајте може крш да ве направат.
Седете си во темава. Не брзајте. Ново дете иам. Рака сечам дека забораиле за скок во развој на 2 години да напишат. А толку ја фалев. Може ја урочив, дајте линк за онлајн бајачи. Препорака е добредојдена.
Исто имам една колешка, на секое слушање ми кажува дека детето и било урочено и дека и се јавиле на бајачката, му баела по телефон и за 5 мин престанало на плаче и заспало. И на секое плачење и се јавуваат и оно за некое време се смираува и заспива. На почетокот пробував да и објаснам дека по 10 минутно плачење без престан+ 5 мин додека да му бае+5 мин плачење после баење, нормално дека за 20 минути 4или5 месечно бебе што и да му било ќе престане да плаче и од што се уморило ќе заспие, ама видов дека си тера по нејзино, од бајачката било, па сега само и викам , аха ок. И да објаснуваш, не вреди Она па сигурно мене ми се чудела кога ќе и спомнев дека моето е во таков период/скок па плаче Мислев бидејќи бајачката и била род затоа му баела по телефон, ама ова стварно тренд било сега Само стварно не ми текнало да прашам како и дали плаќа Нели треба паричката на земја доле да се пушти, да не гледаш, да успее баењето ? Ако има некој на кого бајачка му помогнала дете да преспива цела ноќ нека ми ја препоручи, па ако може и преку телефон да среди, супер би било . Ќе пробам, па што @FreeMind баењето од клинови е всушност за колики, јас така сум информирана. Моето имаше ептен грчеви, и стално ме потсетуваа дека да сум го одвела да му бајат од клинови немало да се мачи детето толку . Колку порасна бебево мое. Се разбира, ама баш СЕ. И колку се смени од 18 до 19 месеци, наеднаш порасна . Чистиме заедно, ми донесува што ми треба, фрла во канта, мм зеде да брише стакло на маса, детево го виде дњка брише со крпа и без никој ништо да спомне му го донесе средството да стакло . Јас изнесувам коритце со алишта да ги постелам на тераса, он го зел кофичето со штипки и ми го дава. Душа мајкина. Мене некако периодот од пред да прооди, кога мораше се ја да го водам, па додека да почне убаво да оди, да е стабилен ми беше најтежок . Сега некако порелаксирано ми е, знае и сам да се заигрува, и можам да работам нешто низ дома он да трчка низ соба... . Не дека претходно не ми беше тешко, нон стоп во раце, 24 саата, и кичма и раце и нозе ми откажаа, ама ваљда сум заборавила како беше, а ова ми е посвежо, па го памтам. Уште да спие и супер ќе е.
Ќе ти кажам. Не знам што е со детево стварно. Многу знае да се заигра. Се заигрува со работи што не сакала до сега да игра. Почесто не бара да играме заедно, со плачење. Ако речам не, настанува нешто што не можам да го опишам - дојди БЕ ваму, дерење, траскање. Ја не знам каква е оваа нагла промена. И .... Играта никогаш не застанува. Не сака да спие, сака да игра. 4 дена седи до 11 - 12 навечер. Никогаш ова не ми се случило. 10 и било најкасно што видела. Кажува јасно и гласно, сакам таму да одам, да играм. Нема сила, нема трикови што ќе ја задржат да лежи. Како да сфатила што е вистина, што не. Заспивање со приказни, со скокање, со муабети, не баре со стринка ми лежам. Неќе и неќе да спие. Кога ќе заспие цепа до 9и пол. Ја будам, не реагира, ќе каже не сакам станам се врти и не те рецка, а ме слуша. 2 години ли напуни, тинејџер ли стана еве не знам. Почнав да плачам од што не знам што и се случува. Не дека е страшно, она е весела и игра, и спие и јаде, само со поместен термин. Повеќе плаче за играчки, за ако не и чини, одма се буни. Многу се смени и не знам зошто и дали нешто згрешив. Жива се јадам.
Мојава 21 м е, и таква е иста. Седи до 12, 1, па некогаш и 2 по полноќ. Ако ја заспијам до 9 во термин си станува до 11 и после нема жива сила што може да ја запри. Утрото си спие до 10 и ако се обидам да ја станам или јас да станам плаче и ме тепа. Единствено не знае толку да збори, др се исто како што опишуваш. Во 1 по полноќ по плакари ми уредува. Само што кај нас и во 5 на утро станува за да црта и бои. Капната сум за спиење, детево како на стероиди ми е.
Ништо не си згрешила, човечиња стануваат. Колку само се пронајдов, пред спиење ме тера да пеам да раскажувам, уште нема да нанам ми вика, а сабајле до 9-10 спие. За све е со преговори и ако не е нешто по нејзино ја пушта сирената. Вчера имав итно од работа нешто да завршам а бев сама со неа, па дури спиеше лаптопот во кујна и се напнав и со работа и готвев ручек со сите салтанати супа, месо... епа на царицата тост и се јадело и 2 саати се молев да отвори уста не и не, на крај доби тост а јас од мака го фрлив ручекот. Кога треба да си одиме дома е драми,срам ме фаќа од комшиите. И сега да не излезе дека е се така црно, сега се заигрува, се мази веќе може и муабет да си направиш, да ти раскаже што било..
Мојата е неполни 19м, никако сама не се заигрува. Ми дава раче и мамо ајде. Ме пика во шатор, ми дава мечки да гушкам и успивам, ако станам почнува да плаче. А предтоа си заигруваше сама. Легнуваше во 8, стануваше во 6,7 сега легнува 22/23. Успивањето трае вечно, и на крај се удара или паѓа од умор па со плачки ја заспивам.
Значи не сум сама. Ми олеснува. Значи овие преговори како преговори за името станаа. Како да не можам цака да и најдам. Се решила за тоа нешто што го умислила и ниеден услов мој не проаѓа. Више памет не ми смислува што да кажам, она е цврсто решена. Се заигрува сама и тоа се заигрува убаво. Ги реди мечињата, куклите им пее, им раскажува за црвенкапа. Разговара. Кога е во добрите е рај. Ама со лошиве епизоди..... Колку пати избројав до 100... уффф
Јас ја заспивам на тој начин што се вртам на друга страна и се преправам дека спијам, а неретко и навистина заспивам. И немајќи што да прави и таа заспива со мене. Ок, прво ќе прета, ќе скока ама ќе види дека нема одговор и ќе си легне. Исто е и за денското заспивање. Инаку на 23 месеци мојата малечка ќе добие сестричка и уште сега се мислам што ќе биде... Ќе биде весело.