Ја мачкав и јас 2-3 дена но не ни помогна. Ја мачкав и и ставав весници. Мојата има отежнато дишење и тоа ме загрижува многу
Направи си крв Можеби не и е од забите,направи ли крвна слика и обавезно нека ја следи доктор,кога се мора антибиотик се мора и давај обавезно пробиотик со антибиотикот.
Каков сируп од бршлен зема, може слика? Мене во зегин ми рекоа дека бршлен не се дава под 2-3 години. Инаку тројките најтешко растат, ама да те утешам другите полесно. Кај ќерка ми една тројка цел месец ја мачеше две по две недели а една не ни осетив. Ќе помине и тоа.
Направивме денес вирус рекоа. Пробиотик не ми дадоа. Од аптека ми рекоа да и дадам линекс јуниотжр мислам?? Давам ќефир природен пробиотик, не е доволно тоа? Не знам за што се дава пробиотик искрено, немам коростено до сега..
На вирус антибиотик нема фајде, само џабе се "труе" детето. Пробиотик се дава со антибиотик кога се пие, мислам два саати пред или после антибиотикот за да не дојде до пролив, опстипација, кандида, .при повраќање...тоа се корисни бактерии нема штета од нив дури и кога се здрави децата.
Штом е вирус не ти треба антибиотик бадијала го пија и ние еднаш кога бевме со вирус матичната ке ни даваше антибиоотик ама си го однесов на приватно и ми рекоја дека нема потреба од антибиотик штом е вирус ама незнам таму ти сис знаеш или нека кажат и другите што мислат кога има вирус далии треба антибиотик или не,пробиотикот се дава за обновување на цревната флора што се уништува од антибиотикот и воопшто за добар имунитет јас го давав пролајф,а доктор сајковски педијатар од систина имаше кажано за еден друг пробиотик кој бил многу добар само не се сејкавам кој беше,незнам дали го гледаше видеото што го имав ставено од разговорот со него ако го немаш ако сакаш ке го побарам и гледај го кога имаш време кажуваше доста добри работи.
Не би и дала ни јас антивиотик но како што кажав тешко дише. Ми рече и да ја инхалирам со вентолин. Рече дека е вироза но од дишењето она мисли дека може да фати бронхит и за да спречиме ни даде антивиотил. Имам дома линекс јуниор ќе почнам уште вечер да и давам штом помага за имунитет. Го гледав водеото мислам мо те молам ако можеш пушти мо го во лп да се потсетам подобро што кажуваше. Фала мн
Kolku cesto.se pie?mislam koga ke ispie edna doza posle kolku vremenski period razlika moze da se pie odnovo?
Има неколку видови, различно се дозираат, според возраста. Инаку пробиотикот сам по себе не крева имунитет и иако нема штета не би требало континуирано дс се користи зошто може да имс контра ефект, да стане мрзлив организмот.
Еве го! ММ го земаше (мислам од Зегин кажа дека го купил) и му нагласиле 2 до 3 пати дневно по 2,5мл. Ќе го контактирам матичнио денес да прашам за мислење, да не испадне дека сакам на лекари да си играм со малата!
Ех аман од овие вирози,човек раат да не е.И кај мене Б за викенд почна да ми се мрсолави и да поткашлува одвреме-навреме,ама само и ги влечев со носефрида,вчера ја однесов на лекар,нема ништо на гради чиста е,ниту грло,само мрсулите и од нив изгледа се закашлува,посебно навечер,во градинка ми рекоа дека добра била не кашлала,ама за кашлицата и варам од чајот со кромид или и правам сируп со кромид и мед,и пред два месеца така малку поднастина,па со ова помина.И мене ми забушава нешто со јадењето,ми плука,се лути,сега и излегоа горните двојки и може од тоа е.Кажете ми,некаде читав дека прво излегуваат четворките,па тројките така или грешка сум? Пробиотик и ја повремено и давам и кога е здрава,но не постојано
Бевме ние на лекар, брис за 5 минути готов. Целосен преглед. Детево истоштен од Рота вирус фатил друг вирус,брисот од грло чист а матичната ни даде цефалексин па уште толку го истошти и сеа е во таква состојба да не смее да прима антибиотик. Брис негативен, но ЦРП 26,5 a границата е 8, леукоцити 19, 5 овде границата е 13,4, трпмбоцити 466 а граница 403, не знам што значи високи тромбоцити, RDW 15 а граница 14, 9 и MCHC 315 овие се ниски а долна граница им е од 320. Увото му е воспалено и грлото и сето тоа е од вирусно потекло. Два дена ни дадоа да видат како ќе биде со цедени сокови,мед, чаеви. Антибиотикот е краен дури спомна дека ако треба ќе го задржи во болница дека е ризик и ќе го исцрпи скроз. А кај нас одма антибиотик. Мене крвната слика ме плаши ама еве и верувам на докторката. Битно е да јаде за да зајкне.
Мајки колку јајца неделно ви јадат децата? Моево е скоро 18 месеци, обожава омлет, неделно јаде два пати по две јајца, ама мајка ми ме замисли, вика многу се две наеднаш Пробав да му направам омлет со едно јајце, му ставив и кашкавал и плус една палачинка со омлетот, трчаше по мене за уште, амам аааааам, вика по мене, па му спржив уште едно Многу ли се две јајца наеднаш?
Јадеме 2 неделно и тоа со молење. До душа се јадеме со молење. Камо среќа да ми бара како твоето, не 2 туку 3 ќе и испржам
Грлото од вирусно потекло ти гарантирам дека ќе помине без антибиотик. Многу цедени сокови, мед и ацерола. И што посвежа храна, во смисла не конзервирана/готова. Но, воспалено уво знае да направи проблем. Ако има болки, отол х се викаат капките и се за болка во уво ( не знам дали ги има таму каде што се, мислам дека како таков вид на капки секаде ги има). Од она што го "знам", после рота вирус, еден од најлошите треба чување во стаклено ѕвоно и карантин барем еден месец. Имунитетот го прави партал! Скрати градинки/излегување/дружење, колку и да е невозможно направи се да го изолираш само со домашните. Наредните недели ќе е потребно многу многу кревање на имунитет за да се нормализира, за да не дај Боже не заглави во зачаран круг на вируси. Што побрзо да оздрави!
А јас го пратив во градинка, немаше кој да го гледа, а и да не зборам каква нега добиваше додека бев на работа. Сега зедов неплатен одмор дури, баталив и работа и се, детето ми е најбитно. Цедам лимон со мед ама слабо го пие,но упорна сум. Правам супи со многу зеленчук, ставам и лук како природен антибиотик. Ни кажа докторката да шетаме покрај морето. Купив се што постои од зеленчук и овошје. Овошјето го јаде свежо,претежно јаболка. Исто така пие и колострум, мислам да не беше он до сега во болница ќе бевме. Тешко оди, не е јадач па со маки едвај става нешто во уста. Денес нема тт, се надевам дека ќе се подобри. Се обвинувам себеси, ама проклето да е, работам во приватна фирма и морав да бирам или дома или отказ. На крај детево скроз истоштено заврши.Туку и матичната можеше да му посвети внимание сепак детево беше тешко дехидрирано и со тежок облик на рота. Ама ајде само детево да ми се опорави, ни работа,ма ништо не ми е битно.
Нема што да се обвинуваш, сигурно свесно не би му наштетила на детето! Суров свет, капитализам, тешка егзистенција и ќор сокак. Штета што секогаш скапо не кошта се она што мора да го платиме преку децата. Има вина матична имаат вина и докторите кај што сте лежеле. На испис и на контрола се кажуваат тие работи. Да те исплашиле доволно тогаш со сите можни ризици, верувам дека ќе си земала одма неплатен. Затоа тргни вината од себе, контрапродуктивна е. Шетајте нека диши јод, колку може толку нека јаде, и ќе биде подобро. Имам пријатели што детенцето скоро иста приказна како твоето синче. Вирус до вирус. Плевмонија исто фаќаше, бактерии скоро сите што постојат. Во 11 месецк сите можни антибиотици му ги дадоа, го докрачија. Последно фати бактериски бронхит и докторката во Козле им рекла да го отпишат во градинка. Првин не се сложија, нормално нели, две деца со една плата им изгледаше хорор. Продолжи пак две недели и фати пак вирус со 40 тт и самите ги земаа документите. Од март месец си е дома и нема ни кивнато, не пак да се разболи. Не сугерирам на ништо, не е мое такво нешто да зборувам да не ме сфатиш погрешно, но, има деца што така ја преживуваат градинката. Докторите викаат дека после 3 години имунитетот е зајакнат и децата сите вируси и бактерии полесно ги поминуваат, не дека не ги фаќа. И јас од таа причина работам од дома со скратени приходи, за да наполни барем 3 години, не дека е гаранција ама мислам дека полесно се носат со се. Биди со него подолго што можеш и види како ќе реагира, за да знаеш за решение како да изнајдеш. Вака се измачи оно, а и ти. Ние за една недела ќе треба да се селиме и од овас тема, ќе отвараме од 24-36 месеци. ))
A moze pojasnuvanje.za nekoj koj ne znae sto e rota virus?kakvi se simtomite za prepoznavanje kaj dete?