И мојата така заспиваше, ама сега си станува од креветот, оде на кај детската соба ако не дојдам иде и ме влече за нога пак мамо ајде Ако не станам почнува да плаче.
@BabyT* исти сме. Едно кафе неможам на раат да испијам. Постојано ме влече за рака со неа да си играм.
Кај мене официјално започна сезоната плачење за заспивање. Не оди накај спална ама никако. И веќе знаете како плаче внатре како за тројките. Си велев уште петкиве ќе стиснам заби два месеци ќе издржам и види @TeddyGrey што кажува. Ако нешто ме вади од петици е токму тоа плачење и тешко заспивање. Она и кога нема ништо тешко ја успивам од бебе. Градинкава две недели има летен одмор. После првиот ден ја пакувам и им ја фрлам преку ограда. Како знаат нека ја ранат и успиваат овие месеци. @Happyinlove што се губиш? Уште колку имаш?
Ма каква бајачка, каква бакрача молим ти се. Ај таа свекрва ти-ми исто што размислуваат. Те молам, во 21-ви век кога науката е отидена до бесконечност, веруваш во бајачка?! Еве јас ке ти кажам, од старт забранив се. И фала богу се е супер. Али затоа мојата припроста јатрва е секој скок кај бајачката. И џабе, ете го детето и се корне плаче. Сега изгледа заби вади, али не, бајачка ке и помогне. Не верувај во глупости, ке забегаш. Уроци, зли очи, моча во кревет од страв. Клинци и влакна на грб вадење Комшиката млекото и го украла, и ред такви глупоштини Кога ке ми текне, со јајца и лажици ме испратија на пороѓај полесно да сум се отворела Мамето нивно мамино, 24 саат се телев на бокс. Не тепање за таквите, да ги искршиш и бајачките и тие што веруваат во тоа. Едит: Како бивши пушач, верував дека цигарата во моментот на нервоза ме смирува. Сега веќе не пушам, и сваќам дека било се само до психата. Исто е и со бајачките
Еее, што и знае бојлерчето. Знаеш дека е уфилмана дека детето ми е со пречки во развој дека уште не оди и не збори и нема заби Да и појаснам на BabyT, се верува дека кога ке и пуштиш јајце на трудница, како оно што паѓа и се крши, така лесно ке се породи. Исто и лажици, ти фрлаат три лажици и сите три треба да паднат на земја отворени нагоре Зошто морам да живеам во оваа вуко***ина. Сакам на Марс
Не е арна жими се. Ова се иде преку мм нели. Он не се замара, мене несмее да ми каже. Да, да. Не идело детето уште, и не ми зборело. Било срамота, не сум му посветувала внимание. Требало на докторо да се носи. Оф Боже аман, што ти згрешив да се расправам со вакви глупости.
 Ова се инструкции што да правиш кога ќе те фатат болки. Може затоа, се окозив, дека не направив ко што ми кажаа Видиш, не ми текна @FreeMind, ете кај лежел зајакот. Не ја слушам свеки, затоа лоша среќа ме следи
Од 19 до 20 месеци еве така е и кај нас, се заигрува сам, си наоѓа занимација, можам да речам дека е мирен преку ден, а иди ноќ, време за спиење почнуваат плачки, пред една недела пишев тука лошо мн беше, па после мирен неколку дена еве пак, 2, 3 дена плачи, значи нејќи да спие, а сети дека ќе го заспиваме почнува да игра, да наоѓа друга игра, се само да не спие, почна и да зборува, врзува некое зборче, ние се разбираме и само Таму таму, го носиш Таму кај што бара, плачи, бара на др место, пак плачи...сношти пак свекрва го заспуваше, вака кога е само таа го заспива без плачки. Заспиваше до 10 и пол 11, сега е 12, 12 ипол, јас паѓам пред него И уште нешто Од ко излегоа тројките, пред некои 5 недели, мојов јадач стана нејадач, 3 недели на смоки, палента, крставици, кроасани беше, а се си јадеше, последниве 2 недели подобар е ама пак пребира, не јади се или пак, ако денес јади на пр. Мусака по 6 дена нема да ја јади. Почна многу да пребира.
Ве имитираме во недавање коса да се мие хорор сме. Напорен е до даска. На максимум. Мене сега ми стржнува еве 30та недела за некој ден ке влезам тоа му доаѓа 8ми некако? појма немам со оваа бременост се заборавам. Дека втото де
Синко почна да се исправа сам. Како тоа да е малку, со играчки се исправа. Гледав патики за синко денес, ми даваа патики со анатомско перниче (внатре не се рамни туку има испакнување). Ке закажам на ортопед за да се консултирам какви обувки да купам. Кеги се 2000 2500, цицибан 3000 3500. Дали навистина се толку добри? Адидас или кеги?