https://www.sportsdirect.com/nike-tanjun-infant-girls-trainers-021009#colcode=02100943 Овие ќе ги купиш и никои други додека не биде стабилен. Ние овде сите ги имаме и сме презадоволни. Само таа патика е за проодување идеална. Јас имам и број поголем ја чека на шкафче само да заменам.
Не знам мерењето како иде. Им мерат должина на стапало и пресметуваат. Бројките на најк се 22 и 23.5.
Еве да споделам и јас, повеќе за мене да си памтам, оти се заборава. 15 месеци денес, девојчето ми расне експресно. Моторика:Оди од 12 месеци, почна и да трча, ама што вика мајка ми побрзо оди отколку што трча . Се качува секаде, бестрашна е и многу е спретна во искачување на пример сама се качува по скали. Говор: Има фонд од околу 50 збора(мама, тата, баба, деде, тете, киќе/чичо, еќе/вујче, и по име ги знае сите горенаведени, а си го знае и нејзиното име; оки/очи, уќи/уши, ноќ/нос, аќе/раце, нога, ене/еден, да/два, ти/три, пеќ/пет - брои во низа до 5 ама 4 го скока, тите/цице, тама/сама, нокине/нокширче, дга/вода, леќе/лепче, диња( под диња спаѓа и лубеница и круша ), пие/пиле, лаќе/лавче, меќе/мече, маќе/маче, мини/мини маус, отопо/октопод, за животните кои не знае да ги изговори ги кажува ономатопејски пример за куче вика ау ау, за глувче тин тин, кокошка тка тка, и има уште дваесетина други што ги знае и кажува како прават. Во последно време така заспива, ја прашувам кое животно како прави и си заспива кажувајќи. Вика тала/фала кога ќе и дадеш нешто, ете, ене, таму, тука, деќе/десно, леве/лево и знае да покаже кои и се лево а кои десно раче и ноже; од глаголи знае дај, тани/стани, дојди, оди, земи, кака, лаѓе/лаже, нема, нејќе, пие/спие, пиј, пеј, нани, лаје/лае и почна и да поврзува по два збора (мама тани - мама стани, меќе дојди - мече дојди, ја нема (нејзиното име) и се крие со рачињата. Исхрана: Мака мачиме со јадењето, пребирлива е и количински по малку јаде, пример од јајце јаде само белка, плука ако не и е вкусно, на пример ако и дојде од жолка парче. Жолчка проаѓа само во каша. Овошја јаде, тестенини сака, леб сака, млеко пие. Се уште цица 2 пати на ден во просек. Од чаша не знае да пие, а сака, пие сок со цефче. Сака да јаде сама, со прсти знае, со лажица ја погодува устата ама ја превртува лажицата наопаку па пола јадење и паѓа пред да стигне до устата. Омилена игра и е криенка и брканичка. Омилена играчка мини маус и мечето на вујко и. Заби на број 10 - горе има единици, двојки и четворки, доле единици и двојки. Број на чевли 20. Слаба е а височка. Нема 9,5 кг, а околу 85цм е висока. Тоа е отприлика. А и уште нешто. Се учиме на нокшир деновиве, ама тешко ни оди. Кажува кога сака да кака и вика нокине, демек у нокширче да кака, ама кога ќе ја ставам на нокшир одма сака да стане и плаче па и пуштам Мини маус се загледува и само седи на нокшир ништо не прави. Вчера се измочка двапати во нокшир и еднаш се измочка и искака на сред ходник Не знам дали да бидам упорна со нокширот или да чекам сама кога ќе биде спремна?
Најк нели имаат помал калап? Мои патики најк се 41 а останати носам 40. Ги барав онлајн и никаде ги нема. https://www.sportvision.mk/obuvki/8426746-nike-tanjun-btv Во описот стои деца момчиња ама розови се. Плус нема 23,5. Каде да ги најдам, во аутлетот можеби ги има?
Земи обувки што се рамни внатре. Јас имам сандали на кеги што имаат перниче и ортопедот ми рече декс не е добро така, детското стапало имало природно перниче внатре кое со носењето на вакви обувки се поместува наназад. Патиките адидас ми се рамни, па од сега ќе внимавам при купување. Ова е од др. Антоније.
Е фала ти многу, негово мислење сакав да слушнам. Ке закажам наредна недела кај него, и за вит Д сакам да се консултирам. До тогаш ако најдам патики би сакала да му купам. Се сомневам во кеги и останатите затоа што патики со патент одоздола не се препорачуваат а баш такви патики продаваат наводно за проодување. Плус патиките нели треба да се 1 цм поголеми па автоматски перничето не доаѓа на правилно место.
И јас добив ваков совет за рамни обувки ама од матичната. Може ли да ми кажеш до која возраст ти кажа ортопедот? Дали после треба да се купат ортопедски? Досега само од адидас му имам купувано а гледам доста мајки се одлучуваат прво за обувки од кеги за проодување.
Сандалите што ги имам на кеги се со лепенки, но имаат анатомско. Баш ми рече да внимавам следен пат. @Watermelon96 за возраст не прашав. Малата сега е 16 месеци. За проодување и земав адидас тогаш рамни, но како се стопли купив кеги сандали за лето. Тогаш не знаев дека не треба анатомско. За витамин д ни рече да продолжам со по една пливит капка на килажа. До 3 години децата требало и преку лето да примаат зимна доза. Ова е од пред две недели. Тогаш бевме. Плус малата има егземи па затоа ми потенцираше дека е многу битен витаминот д, да нема недостаток.
Да да, и јас имам адидас, можеби и истите се. Ама ги израсна, плус прооден е. Сега има чико гумени сандали, рамни се, ги купив за на езеро ама со чорапи ги носи на тераса. Ке разгледам патики, танјунот хо нема онлајн. Јас вигантол му давам на синко и сакав фонтанелата да ја погледне па да види дозата добра ли е. На педијатар не можам да го однесам за систематски, барем ортопед да го види.
Најк мојата носеше 21, а Адидас 20 пример. Во споредба со други Најк се исти, Адидас имаат вообичаено поголем калап. Незнам каде да ги најдеш овие, ама ќе му бидат големи 23.5
Се слагам со @BabyT* 23.5 ќе и бидат големи.Мојата го носи тој број сега на 20 месеци,а нема мала нога.Види во големини подолу,има кој број на колку см. одговара и спореди.Мое мислење е дека е за 22 или 21.
Не зборам од памет, претходно имам комуницирано со членката за други обувки, затоа и давам совет Најдобро е на лице место да се пробаат и да се види и како ќе се движи детето со нив.
Фала мајки. Адидас од меките има 20 (мислам дека се тој број). Ама ногата не му влегува. Немам искуство од овие со ѓон, а би порачала 22. Плус на сликата розеви се. А јас сакам било која боја освен плава и розе. Синко беше 82 цм пред месец и пол скоро, висок е за негова возраст. Големини во цм не најдов.
@MilaSs12 мојот прооди во бројка 19. Првите тогаш ги земав од спортвижн. Сега веќе немаат. Еве јас сега нарачав 4ти пар по ред од sportsdirect.com. Само ако нарачуваш да знаеш дека ради ковид испраќаат само по дхл и тоа ќе те кошта плус 2.000 денари, тука да си ги подигнеш од дхл, да си планираш. Ете ги https://www.sportvision.mk/obuvki/8426746-nike-tanjun-btv Величина најубаво да измериш цм на ноже и да видиш за конкретната обувка. Мојот на година носеше 19, сега на 20 месеци носи 22. Мислам големи ќе му бидат 23.5. Али ај да не се мешам во тоа. Различно си е кај секого
Wow машала Јас ќе си ќутам.на 10 дена до година 16 носи. 10-10, 5 см и е стапалчето. Палчица. Хелоу денес идам од кај бебушите, се заборавив таму, а се чудам кај се женскиве околу мене што се породија. Ние вчера извадивме прво запче на 10 дена до година. @srekice кажи и на свеќи дека и мојата е заостаната. Сега вади заби. Се исправа во воздух што се вика и немајќи за што да се фати треска со рацете на под Вчера колку што ме израдува со забот, попладнето ме замрзна. Бевме излезени на точак мм косеше трева. Дете се изнаигра на трева, се нарадува, кога одеднаш заплака заплака со зајдување. Се фаќаше за уво и мислев дека обетчето го тргнала( а пред 1 недела и ставивме) Кога ќе ја видам под увото црвена со убод црн. Косата ми се крена. Ајде и ставив киселина и Кисела слива. Се јавив на педијатар ми рече само комагел малку да ставам и да пратам. За еден саат се се повлече, само една црвена точка остана. Што инсект беше не знам, знам дека од умот ме извади. Ова со свекрва ти и јатрва ти стварно е или сонувам И јас сакам на Марс. Кое време сме бре. Ајде свеки не ја оправдувам, ама ќе голтнат, ама јатрвата од кој век е избегана?!? Добро е што веќе бев јадена
Мене овие розови ми се гледаат. Кога ја мерев ногата на синко, 13,5 цм измерив. После ке ја мериме со маж ми да видам да не сум утнала нешто. Според табелата број 25 е 14 цм, се мисли на влошката?