извини грешка линк сум копирала Nike | Tanjun Trainer Infant Boys https://www.sportsdirect.com/nike-tanjun-trainer-infant-boys-021003?colcode=02100325 еве од тука ги нарачувам. Има и црни и сини. јас дома имам бројче 22 и бројче 25. Ќе ти сликам за кратко како е Измеѓу нив има број 23.5 (тие ги немам, баш како за сега ќе му се ама не доставуваа едно време и го рипнавме тој број)
22 носи сега, добро те разбрав? Дали имаш мерено колку цм му е стапалото на синчето? Ако ги порачувам од тука, 3500 ке ги платам. Премногу пари се тоа за патики кои ке ги носи неколку месеци.
да со дхл излегуваат скапо, мене претходнат недела ми стаса 25ка нарачав, 4.500 излегуваат. ама мене ми се незаменливи. Џабе купував 3 пара други по 1.500-2.000. На крај пак овие. Мене ми се пробани и затоа и сум најмногу за нив. еве ти слика од 22јката, убиени од носење. Патиката е околу 15цм, влошката 13цм
Фала многу. Многу те измалтретирав. Ако точно мерев, овие ке му се мали на синко. Ама мерев сама, па можеби мрднал синко, на картон со цртки му ја исцртав ногата. Излезе 13.5 цм, значи барем 0.5 до 1цм поголеми. После ке мерам со маж ми и ке пишам колку цм е. На гумените од чико пишува дека се 13,6 број 22, и му стојат како што треба. @BabyT* да знаеш дека 22ката веќе не му се толку големи како што беа кога ги купив. Ке направев грешка да ги сменев за помали. Фала.
И на Чико се поголем модел како Адидас. Ако му расте брзо ногата земи 23ка ама да не се спрепнува ако се многу големи.
Генерацијо ни стаса покана за мрп Ич не ми се вакцинира сакам д одложам, но има уште една изгледа ревакцина е таа до кога може да ја одложувам, а и нормално ли е со мрп да оди уште една вакцина како да не му е доволен шок само мрп... До сега вакцинирав но сега со 200 заболени не ми се ризикува вие што мислите?
Не се стават 2 наеднаш туку после месец ипол е последната. Јас ја вакцинирав исто во пандемија,2 недели ја чував од народ, на прошетки само со мене и маж ми.
Ами како кога поканава е за две заокрушени и имам еден термин со саат кога да одам. Сакаш да кажеш само една ќе го боцнат? Може да бирам онаа другат да биде по месец ипол два мрп? Не можам да го чувам, маж ми оди на работа се меша со народ. Џабе дома ќе го чувам кога може однадвор ние да си донесеме нешто.
@ocicka2014 мој совет е да не одложуваш. Соодветна заштита и терај. И ние имаме вакцина за следна недела. Претпоставувам мрп е следната, оти за прв пат не стои која, само дека има вакцина за примање. Ај да прашам. Ирис ретко ми имала реакција на храна. На црвена пиперка прв пат кога дадов на пример сосем малку се зацрвени на образи. Утрово ми пројави реакција на боровинки. Ама воведени и се од скоро и претходно немаше никаква реакција. И претходниот ден и имав стаено од истото пакување во смудито. Можно е да пројави реакција од после? Другите овошки што и ги ставив во комбинација ги јаде цело време па нив ги имам исклучено како причина. Се зацрвени околу уста, и помина за 15тина минути, ама доста се зацрвени. Што да правам сега? Да дадам пак, да не давам некое време.. Чудно ми е оти претходно немаше никаква реакција. А и само претходниот ден од истите јадеше пак без мака.
И мене ми сѕигна покана за Мрп и за некоја ревакцина , затоа прашував на кој начин може да се одложува . Да не знае човек што да мисли сега во пандемија и ваквинирање, не сум никако.
Колку што сум читала може да даде реакција и отпосле. Одложи и за недела/две обиди се повторно да дадеш да видиш дали повторно ќе изреагира.
@ocicka2014 и јас ќе одложам мрп за понатака. Сум за редовна вакцинација, но сите вакцини освен Рота ги одлагавме со некоја недела, бидејќи така почнавме заради малата родилна тежина. А за мрп и педијатар ми има речено околу 15-18 месеци да ја ставам. @Yowannty истото ми го направи од јајце. Почнав со белка и ми јави реакција, прво со црвенило околу устата, а сега последниве денови после ручек со јајце повраќа. Педијатар ми вели не може само на белка да биде алергична. Дали и е потешко цело јајце не знам. Ќе се вратам само на жолчка па ќе видиме. И тука да прашам како да научам бебе да јаде наши јадења- се разбира без зачини. Кога читам дека ви јадат леб со намаз, дробена супа. .. Ви завидувам Оваа леб на 7 јадеше, сега ништо. Се плука. Ако и дадам пак не дај Боже благо или солено Фаца како од лимон кисел прави, а лимон јади. Знам со малку се почнува, но штом насети што е, после за ништо еден час уста не отвара. Не дека нејзините јадења ги јаде кој знае колку ама пак ќе касне. Единствено ако има блитва или брокула може да не дава отпор, овошна каша во секоја варијанта и сутлијаш со цимет и Ад може да пројде. 3 месеци по ред иста килажа е. 8700-8800 а година ближиме
Да една е сега, една после 40дена.Јас одбрав МРП за да ми се мавне од глава, да не мислам. И маж ми работи со народ, тоа што мора, мора. Да нема детето директен контакт. Јас кога ја буцнав и давав многу овошје, зеленчук и и ставав маџун околу 1 недела, за да го појачаме имунитетот. Супер помина, само на 7ма ден беше омалаксана. @Yowannty дефинитивно одложи ги некој период, ако се презасити организмот од алергенот може да дојде до уртикарија. Од искуство кажувам за жал. Алергиите се пречудни, кај мене покажува на ствари што веќе ги јаде 4, 5 м редовно. Еднаш покажува и после пак нема реакција.
Синко треба да ги прими шестовалентната и пнеумококната што се примаат на 6 месеци. Подоцна почнавме со првата, за рота беше доцна. Додека има по 200 заболени не водам дете на вакцина. За беља ке качи трмпература, каде да го носам??? Мрп ке прима подоцна, во градинка нема да оди сега, кога ке наполни 2 години ке размислувам за тоа.
Гледам овде сте пишувале. Ја веќе близу месец практикувам да си руча од неговото без сол и шеќер, а после кога ние ке ручаме по едно две залачиња од нашиот ручек. Во прво време исто се мрштеше, но сега зинува и сам понекогаш. Постепено нека се навикнува. И така дека не е некој јадач,му се собира малку од неговото и малку од нашето.
Мајки хелп, малава е 16месеци до четворка ги има сите заби. Пред некоја недела излезе последната тројка а од некни почнува да биди многу нервозна,ништо не и се погаѓа, помалце јади, раце пика во уста, едноставно ми се смени детето многу. Дали е можно одма да почнат сега да излегуваат 5ки, кој период обично излегуваат?Ја гледам нема ништо..Или да не има некој скок
@Ano @BabyT* Баш ми е криво, вчерата јадеше од истото пакување и супер беше. Ништо значи ќе одложам на некое време. А имам земено капинки, немам уште воведено, можам тоа да дадам или да не давам ништо такво некое време? @Presrekna и јас воведов јајце. Ама само белка засега, уште немам дадено цело, ама не ми пројави реакција. Затоа и вчера на фб те прашував за рецептот, сакам да и дадам кифличка со цело јајце да видам дали ќе покаже реакција, да знам како да ја напраам тортата за смеш кејкот. Вакцини не одложувам. Ова со коронава може да потрае, тек почнува втор бран насекаде, имунитетот нејзин ми е најбитен. Плус читав дека мрп дава дополнителна заштита од корона исто така.