Одложи го да се исчисте телото од алергени, во случај да покаже и на тоа да не и се собере. Во меѓувреме давај и течности и ако цица за да го исфрле преку каката. Доволно е 3,4 дена пауза.
Генерацијо, јас како предвесник на сите скокови да ве поздравам, и да кажам дека 8ми почна да не дрма. Точно пред громчето сме: Ужас. И 4ки плус. Си купив вино, и сеа ќе си пијам и ќе си гледам во таван. @Presrekna Сваќе, јас веќе дадов цело јајце, без реакција поминавме.
Добро дојде во винотеката на Фемина. Мислев дека уште доиш ама си завршила на време. Со едно шише ништо не правиш наполни си го подрумот тек је почело Многу е интересно што потоа иако пиеш не те фаќа бидејќи детето те освестува за секунда. Мрп треба да се прими како и секоја вакцина без одложување. Каква корона какви бакрачи кој ви шири такви стравови? Детето заштитете го од познатите болести одма. Зошто го оставате скроз со спуштен гард во име на вирус кој нема никаква врска со мрп. И оваа вакцина колку лошо се доживува во Македонија дури ми е смешно. Миа завршила огромна работа на анти ваксерите. Јајце јас дадов цело на седум месеци. Во Германија е во првите намирници со млечни. Многу интересно црвени образи долго време од јајца па мешав продавници, домашни и индустриски и на крај самиот организам се избори со алергијата. Затоа овие високо алергени продукти овде се даваат први за да може да се брани организмот од одма. Сега нема никакво црвенило после 16ти месец. Се вцрви жар од бадеми потоа по некој месец дадов пак и немаше реакција. Давам али претпазливо сеуште. Од дене новини еден тон. Почна да покажува каде се удрила на ногата. Никако да ја раниш само сама да јаде со вилушка. Ако и треба нешто те носи до местото и ти ја тегне раката да и го дадеш. Ја избањавме под туш малку плачеше али ништо не е тоа. Вози колички иако во градинка ги има истите само се качуваше сега и ги вози. И секако без прекин кемка и плаче втор ден. Јаде леб за ручек. Апетит нула. Ја оставам овој пат. Верувам дека ако е гладна ќе каже.
Мајки што дечињата ви се околу 2рата година, конкретно мојата е 21месец абе седат ли вашите барем секунди мирни? Пукнав од мојата , обид за да ја сликам од 100 слики ни една Ок сите матни.. абе ме збудале Губам нерви, незнам каде грешам со неа ич не е послушна, кога ќе и се развикам за нешто ко за инает го прави уште неколку пати Како ги смирувате вашите?
Јас завршив со доење точно на две недели пред роденден. Не го одбив јас. Он мене ме одби. Со молење цицавме. Се тргаше од цицка. И пробав да не му давам навечер, не направи проблем. Од толку што не цицаше никакви проблеми немам со градиве. Сега кога ќе види цицка само ме штипка, и се смее на глас. Воопшто не се замара мали. А сега е нели веќе дете што оди и има заби, и мене воопшто тешко не ми падна самиот процес. Па еве недела дена без цицање сме. И сега после скоро 2 години заслужив вино, и дома наредив шишиња како само тоа да ми фалело. Cheers.
Ме утеши со сликава и скокот. Имаме уште 2 недели до громчето, ама заби ја мачат и исто како сред скок да сме. Еве како што ме покани дојдов со колачи за запчето на снашката. Спојлер
Мислам дека скоков ќе ме дотолчи. Абре неможам на раат да одам вода да земам , даљинско да поземам одма врискотници и само ме мкне за хеланките, последниве денови си носам за сваки случај повисоки гаки. Одам до вц пелена да фрлам врискот. Свеќи одма сабајле дотрча што плаче синето , јас си ќутам , нели синето го прашува. Незнам ама од такт ме вади тоа нејзино сине. Незнам која по ред ни е ноќ непроспиена. Ќе седне во креветче спие и плаче и мора да се нишка агата за да заспие цврсто. Синоќа ми пукна филм , го пратив маж во дневна да спие, да не не слуша и решив да го оставам на спална да се успие сам. Се врткаше лево десно, преку мене , мижи , очи му паѓаат а тажи за да го нишкам. Легна душиче на страна и си ги нишка сам нозете и за 25мин како легнавме се успа. Исто планирам и вечерва, тој м'ка се успива, ја пеам нани бебенце , се надевам успиванкава ќе ни успее. Налет на се , сабајле ми ја преврте чинијата со јадење ,сета среќа што беше при крај. Јас додека бришам тој вриска од хранилка неможе да види што се случува. Толку е заинтересиран за се да види , да чепне , да испита, чудесии. Се исправа , оди , стаса вчера во кујна си отворил шкавчето си вади ѓубре од кантичката , ќе селектира одпад човекот. Дури сега мислам ќе почнат веќе да аздисуваат. И така еве вие може пивкате винце , ја се сокрив во спална со една лименка пивце и семки, пола саат да искулирам оти ке треба да се успиваме за скоро
Мислам дека повеќе стравот е од скандалот со вакцините со поминат рок. И прашањето за квалитетот на вакцините. Стварно еден период со овие мрп имаше секој ден нов скандал. Им поминал рокот, па после не им поминал добри биле ама имало техничка грешк, па лажно вакцинирање на внуката на министерот....Монти Пајтон. Јас анти ваксер не сум. Ги примаме и ќе ги примиме сите вакцини. Ама стварно за мрп имам страв имам и пријателки кои исто не се анти ваксери, па оваа вакцина ја набавуваа од Грција, па ја носеа да ја примат децата. Исто ради стравот за квалитетот во мк. Тука самото министерство јако се зезна и си направија таква слика. Миа малку потешко
Јас не знам дали е скок или почна со тантруми, може сум си го размзила максимално. Се дере за се што нема да добие или ке му биде одземено. Се дере зошто не му давам да фаќа наши обувки. Се дере ако не го носам кај моторот на комшијата. Ако го види базенот а не се бања. Ако му го земам лабелото затоа што сака да го јаде. Ако го земам шишето затоа што сака да се прска со вода. Се дере за се. Се. Се!!! Јаде сам сув леб. И сува кифла. Од 11 месец почнаа да излегуваат 4ките. Не сакам да мислам на 3ките. Од 9 му се спие. Само што заспа.
@Мариаа. Кажувај што прави? Што промени има? Ама ме израдува сеа.. Аман само не викај дека не спие ноќе, оти стварно ќе полудам. Сега имавме една таква фаза од скоро месец, мислам нозеве сами накај балкон ми одеа кога ќе ја слушнев ниедно време разрикана. Жими се малку ми фалеше да скокнам. Има периоди и кога преспива цела ноќ, ама затоа оние другите периоди низ нос ми ги вади ноќите што ги преспала. Таман спие 3 дена со едно будење само, ти шок ми праиш со инфово. Не сум спремна пак да поминувам низ истото. Плачев од немоќ периодов на секое будење. Многу ме фрустрира кога се буди 947483 пати, а јас полумртва едвај мрдам и не знам што праам погрешно.. Конечно, целиот акумулиран стрес и недоволно добар сон почна да си го зема данокот... Периодов имаме нешто што наликува на тантрум. Мала е за тоа знам, ама еве веке некое време вреска ако не е по нејзино. Тоа не е баш врескање, тоа е нешто меѓу грчка трагедија со екстремно висока доза на драма и хистерија. Проследено со фрлање назачки и виткање на телото во буквата С, каде мешето е од надворешната, а грбчето од внатрешната страна. Мислев фаза е, ама трае. Не смееме да ја допреме, да ја земеме во раце, или да ја преместиме од едно место на друго, буквално не дава да ја пипнеш ако сама не сака, или ако сака нешто а не може да направи. Кажувајте чаре ве молам, само немојте да велите да стиснам заби, оти почињаат да се ронат од тоа стискање со месеци. И да не биде дека само се жалам. Фина е таа кога е на фините. На пример кога ќе и речам ела Ирис да ми дадеш бац, ете ја одма кај и да е станува и доаѓа, и дур стаса до мој образ, бацува воздух пропратно Ааааааам Маааааа, Ааааааам Маааааа, Ааааааам Маааааа. Не бацува иначе со широко отворена уста и со сите заби што ги има.
Не што не спие, туку урла поплавува од плачење ако го вратам во креветче. Ако не сум залепена до него, легнува на земја и плаче ли плаче.. Јас више не ги можам скоковиве... Ми се плаче. Таман од еден скок ќе се оправи, ќе почне да спие, ете ти нареден. Сабајле во 4 стана, го дигнав да видам што ќе прави, и пресреќен почна да шета по соби.
И моево вреска на се и сешто. Ќе почне да вреска и да плаче оти мувата лета.... Мојов наоѓа што му е најблуску, под, хранилка, кревет ја навалува главата и плаче вришти и може да се смири само да го земам во раце и надвор да го изнесам во двор Ама кај нас не е нешто ново ова си го прави веќе два месеци. Како ќе не биде еве не знам, тоа што мразев најмногу на глава ми се дојде
Малово мислам данбетер е,и ми текна лани ова време кога ми кажуваше дека дунде нее ич мирна и викам значи нормално е Малиов е како торнадо ама навистина,да е жив и здрав али со него застанување нема,несмееш секунда да го оставиш сам. Сега сме во фаза сам да се облака и искачањето трае вечност. Само вриска плаче и глуми дека нешто го боли и демек кашла па дури и со раката се потчукнува на градите Неколку вречери се буди и приплакува и не презаспива па ни чичковци ни волци не помагаат и до 4 сабајле се бркаме низ кревет. А јас во 6 веќе треба да сум спремна за на работа Вчера ме потона од срам,во маркет на каса ми подаде презервативи а касиерката се пријатели со моите @ocicka2014 Моето дете вака да прави нема шанси Затоа веќе ништо не зборам.
Арно ми беше кај беблаците што си седев. си читав се што имам поминато и немав гајле. Дојдов тука и уплав ме фати. Плус породена 38+6 недела тек по термин скокот допрва ќе доаѓа, а веќе имам однесување како на сред скок да сме . Немаме до толку плачки, ама према што немаше глас до сега плаче. Најмногу кога и заминувам од соба И не може да ме стигне. Таман дошла до мене јас сум завршила И бегам ,па тогаш има урлање. Мамамамамама без престан И солзи. Ако ја кренам исто како с буква на назад се фрла.не дај Боже да има нешто зад неа. Ќе истури мозок. И многу вика. Не вика, вреска на цел глас ко судиско свирче. За спиење исто ноќе седнува ,спие И тажи во сонот. Ако ја земам се турка не сака во раце, ако ја легнам во креветчето плаче да ја земам, ако ја легнам до мене прета И лази. .. Ако И дам да цица не сака, ако И извадам цицка, ја плука цуцлата И сака цицка ја сега сфати што сака. Горе долу исти сме сите. Се тренираме за трантрумите Толку од мене Поздрав мајки
Личи на тантрум. Барем вовед. И мојата вака полека ме воведуваше. Ако ја пипнам, кажав и претходно како некое дугме да и палам. Чекам да се смири. Стварно не знам што да направам, не дава да ја допреш, на се вика НЕ НЕ НЕ, ако нешто и дадеш го фрла, се треска итн. Ако најдеш чаре, кажувај. Јас до скоро ја занимавав со друго, ќе и извадам нова играчка (имам дел што го кријам од играчките, за да ги заборави демек) и ќе се израдува ќе помине. Ќе и предложам активност што знам дека нема да ја одбие - миење раце, возење тротинет, да одиме да фрлиме ѓубре - и така забораваше. Сега ништо не ми пали. Н И Ш Т О. Само чекам да помине и седам до неа мртва ладна. И од плачење и трескање, иде смеење после тоа и умилкување. Па збориме, разговараме. Рано ти е за ронење заби Јованти, раноооо.
мојот многу касно вага заби има само 5 ама веќе 10 дена не отвара уста само се чеша изгледа ќе ваѓа кантик пред неколку дена имаше темп 37,2 колку дена не ви јадат децава колку трае 4 ки 3 ки да ваѓа?