Супер до 3 години преживуваш тантруми,а после 3 почнуваш за се нешто да преговараш и поткупуваш.Фантазијата,имагинацијата,ти е развиена на максимум левел. На пример оди вака: -Ако го испиеш ова ќе станеш како супер херој,зошто ова е магичен напиток(б комплекс) -Ако спиеш,јадеш,и си умен многу ќе пораснеш,ќе бидеш големо момче,и секое јадење и будење се мериме -Ако купиме убав кревет,ќе спиеш сам,како другарчињата во градинка што си спијат сами во своите соби -Ако си умен и послушен имам изненадување за тебе -На моб не смееме да играме игрици и гледаме youtube зошто ќе не болат очите Ова можеш да успееш само ако е во добрите. А како поминуваат тантрумите доаѓа инатот,за да ти покаже дека можеш ти и појако да издржиш. Ајде да ручаме-несакам да ручаме Ајде да спиеме-несакам да спиеме Биди умен-ќе бидам неумен И така во недоглед. Ама после тешките тантруми ова е мала беба у споредба со нив. Шета цивилизирано за рака фатено Не влага во секоја куќа низ маалото што ќе ја види И нешто да не е возможно а го посака сепак после објаснување и убедување ќе успеете,ако ништо се насочува кон друго нешто. -Може ќе биде луто ама ќе си тргне со вас И што е најбитно!!!!!! Нема веќе рибање улици,легнување секаде и за се,нема мавање глава од земја
И мојов се витка како буквата С наназад коа не му е по таман. Кај нас е моментално е мирно. “Your baby is probably going through a comparatively uncomplicated phase” Уште неполни 4 недели имаме до громчето. Ама уплав уште сеа ме фаќа. Таман со работа коа ќе почнам у тандем со скокот... @Presrekna нас у исто време ќе не здрма изгледа, тогаш @Мариаа. и @Yowannty ќе ни се смешкаат ко ние на бебињата од 6-12 Него, бебе конечно почна да се гушка и галиДоаѓа до мене ако седам, ми го става главчето на коленици, ме гушка и си седи така 2 ипол секунди де ама сепакПочна конечно и да плеска со раце.Колку филмови си напраив коа ве читав вашиве од 7 месеци дека плескаат Сега а слушне музика одма плеска. Тоа му е како денсање Се мислам постапалки кога да месам(нарачам). Моментално top score ни се 7 чекори. Да заокружам да месам на 10 а? До кога трае ова ловење на секоја трошка и ѓубренце од земја и пикање во уста? Цел ден трчам по него и му вадам ѓубренца од уста. Усисувам по 2 пати на ден и пак ќе ископа нешто со тие малите прстиња. Од 4ки нема абер засега, а и 2ка доле ни фали. Него сакав да прашам, некако забчињава (овие што ги има) многу раздвоени и малку криви ми личат. Има врска со сталните заби кога ќе пораснат дека исто ке бидат вакви? @Мариаа. @Yowannty @Presrekna честито забче
Искрено незнам. јас тогаш само муабети што слушав, не ни имав тој период дете па и проблематиката не ме многу засегаше. Ама имаше и во медиумите дека тоа што набавуваат од странство станува проблем. Ете најдов статија, тука пишува од аптека се набавувале. https://fokus.mk/stravot-gi-tera-roditelite-po-vaktsini-vo-grtsija-i-vo-srbija/ ете и овде пишува дека се купува од аптека, ама треба да има кој да се нафати да ти ја стави во мк и траспортот бил тежок. А некои к таму ги вакцинирале. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/на-вакцинирање-во-грција/ “Со друг проблем се соочуваат родителите што, пак, се одлучуваат на некој начин сами да ја набават спорната вакцина од Грција. – Јас ја имам вакцинирано ќерката со купена вакцина од Грција. Меѓутоа, мора да се внимава на транспортот, на температурата во која престојува вакцината. Значи мора да се има соодветен сад во кој нема да варира температурата за да може да се транспортира вакцината и таа да биде безбедна за да се вакцинира детето – вели Сузана. Како што вели таа, порано било многу полесно да се вакцинира вака. Сега веќе ниту еден доктор не се нафаќа да вакцинира со купена вакцина од соседна земја, затоа што постои ризик за несакани последици, па потоа докторот како единка ќе треба да ги преземе последици, иако не е виновен за тоа” Јас искрено не сум за ова. Не го оправдувам воопшто. Голем ризик е. Го спомнав онака како пример колку беа луѓето тогаш исплашени за нашата мрп. Сега веќе се знае дека нема ништо такво и дека имаме добри и прочистени вакцини.
Млечните заби треба да се раздвоени, море пожелно е. Башка како ќе се оформува забалото ќе се спојат.
Мислам дека мојов почна со поглавјето, вовед во тантруми. Пред некој ден ми легна на улица, да иде кај точаците гумите да ги фаќа, а пред месец стабилно прооде. Луѓе ме гледаат, јас си стојам, он се ваља се треска,па го земав ко вреќа компир во раце, го поносив, го стаив со врискање во количка, виде куче, почна да лае и он со кучето и толку беше. Иначе во скок е и ние сме во скок со него, жими се бетер и бетер,плус вирус имаше, прееска седеше со татко му залепен на стаклото од туш кабина да се бањам јас. Заоѓа, не ме пушта. За некој ден 14 месеци, ми порасна човечево.
Никако, некогаш со цртан знае да седне, ама кратко. Еве ја сега во двор игра со таткои фудбал да истроши енергија пред спиење.
Девојки давате печурки на малите? Правам една крем супа со тиквици, печурки, лук, кромид, брокула, па сакам да и дадам утре.
Генерацио, па вие веќе сте тука, јас ве барав во бебињата . И мене ме испалшивте со скокот кој уште не е почнат сеуште кај нас. За сега е мирно, ама страв ме фаќа, таман кога ке се вратам на работа после одморот, ке кубеме коси изгледа. Ај па може овој ке го поминеме не толку јако. Да се надеваме. Бебе мое уште не се пушта сам да оди, но ке биде и тоа набрзо. Немирко е голем, иако не оди сам, успева да се качи на пониски површини , лази и се пика секаде каде не треба, енергичен, отвора по фиоки, треска врати и сл.глупости што за него се супер забава. Не го занимаат цртани, телефони и сл. Сака колички, топки и се што има тркала. Прилично друштвен е, се закача со непознати и се радува кога ке види деца. Годинава имаше прв одмор, и супер си помина, уживаше да се бања. Слабо јаде и навечер сеуште се буди по еден милион пати. Досега нема преспиено цела вечер, со нетрпение го чекам тој момент. Кажете што да се прави со тоа.....сеуште цица, и поготово дека бев на одмор и бевме по цел ден заедно, се вративме како кога беше новороденче. Сакам уште некој месец да го одбијам, а колку уште сега имам тежина во душата од тој момент. Можеби дека со големиот тоа ми беше болна точка. За неколку дена прв роденден ке славиме. Ужи круг, поужи здравје, годинава таква е. Ај се испомешав0, добра ви ноќ
Давам, само многу не ги сака, така во крем супа ги јади. Само внимателно воведи ги, не многу количински.
Шампињони свежи и од тегла слободно давај. Една од најхранливата состојка од природата. И гледај да ја имаш неколку пати неделно на мени. Најчесто ја давам во кајгана, во пица, тестенини, крем супа и како прелив (миксирана со павлака). Ова кога јаде де Вие на година дена претпоставувам пишувате за претпоследниот скок. Најлош период е оној со тројките кога искачаат. Плус скок. Плус ако проодува во тој период. Мој совет до вас е да викате помош на три саати барем на ден. И да одмарате, спортувате, шетате. Оние без помош како во мојот случај психички подгответе се за долг период од неколку недели зошто има простор за крах. Јас искрено многу многу лошо поминав. Тоа е периодот од 14/5 месеци до 17/8 кога е и последниот скок. И после се е полесно. Си го земаш детето и си одиш на одмор и си уживкате. Оно си спие, јаде, мирна е, не трча по сите деца, не им досаѓа, не плаче за ништо. Одморени топ. Ах колку е убаво со деца од 1,5 год на одмор. Оно си игра ти со нозете во вис си мезиш и си пиеш вино. Сите во ресторанот ти завидуваат на твоето мирно дете кое седи во хранилка и си јаде од вечерата на мени за деца. Вака може и уште еден одмор да се истера. Ама би оделе екипата сами со децата да видиме кое дете ќе биде најмирно. Зошто вака не можеме да измериме сите се бомбони. Прави бајчиња.
Дојдов да плачам. Седнав во дневна во 3 сабајле и плачев. Што е ова луѓе? Во 9 заспива до сабајле се буди на секои 10 минути. Јас 20 минути го успивам,тој за 5 минути разбуден е, и така во круг. Ни регресии не беа толку ужасни. Ни за роденден можам да се спремам, ни ништо. Какви декорации, каков бутур. Мртва сум. Не можам да дишам. 8скок ќе му го пишам во книгата како период каде што ми скратил 10 години живот. Ау. Преку ден урла и ништо не му е погодено,а навечер само плаче и се удира од креветче. Каков ужас, лелеее. Ај додека не се оправам, не пишувам во темава. Полна негатива сум. Ќе идам крстена вода да најдам. Нека ни е напомош.
@Мариаа. Сесре вчера ти пишав. Плачев секоја вечер од немоќ цел месец. Сум липтала на глас неколку пати како мало дете. Толку бев фрустрирана и се осеќав немоќно што ми се деси еднашка да истрчам во тоалет и со раката лупнав во ѕид. Ужас, ужас, ужас. Колку сум смирена со неа, како успеа да го извади тоа од мене уште ми е тешко за верување... Го поминавме истово.. дал беше скокот или фаза не знам што не задеси. Знам низ што поминуваш. Што да ти кажам што веќе не знаеш.. период е. Ќе помине. Диши длабоко, број до 100, до милион ако треба.
@TeddyGrey ако ова е изи интро, страв ме фаќа што ќе биде тешкото понатака. Нели тантруми се чат пат или јас нешто погрешно сум сфатила? Ова е секојдневно врискање. Единствено ми успева да се смири само и само ако ептен ја пресечам на сам почеток. И тоа секогаш да е различна работа, исто не ми проаѓа 2 пати, плус не и се погаѓа се секогаш па и не ми успева секогаш. Единствено што во такви моменти и дозволувам е нешто што претходно не сум и дозволувала. На пример не ја пуштам сама во тоалет да оди, колку и да чистам пак долу се наоѓа по некое трофче песок од мачорот, а таа рацете нон стоп ги става во уста, па во екстремни случаи метам со неа во рака, па седнуваме заедно и обавезно цуцла и ставам и на крај темелно миење. Ама твоето е поголемко па ова сигурно нема да ти значи ништо. Ај што вриска хистерично кога нешто не и е потаман, што вика @Presrekna мозок може да си истури од тоа фрлањето наназад ако недај боже има ѕид или слично, не знам како да ја одучам од тоа... Пред некој ден на плажа едно детенце тантрум ли имаше којзнае, па мојава мирна седи и го слуша. Мајката на лежалка мува не ја лазе, татково се бори му нуди гума, чамче, играчки ова вреска не перцепира ништо. И доаѓа таткото по некое време да фрли ѓубре оти кантата беше до нас, се врти и ми вели - и син ми беше вака тивок пред 2 години. Ај му велам сите деца се такви, почекај па ќе чуеш и мојава како вреска. И стварно, не помина време, се јави и Ирис. Па од лежалка крева чаша у вис. После дојде жена му седна до мене се изнапраивме муабет за децава. Валда тоа е тоа. Сите сме во иста каша.
@Yowannty чат пат во текот на денот Мојава затера цела недела секој ден, вчера беше прв мирен ден после цела недела. И беше рај. Се осеќам ко страшило во темава. Ќе си одам во матичната тема и ќе ве чекам таму.
Јас вака го разбирам светот ( не како Гоце ) : - први три месеци се шок. Ни знаеш која си ни кое е детето кое нон стоп плаче и те мкне за цицка, ни кој е тој до тебе што као “те теши”, ни шо к*р ти требаше тоа се - втори три хормони те олабавуваат сфаќаш дека таа коала обесена на тебе и е нон стоп на цицка е твоја рожба и сфаќаш дека ја сакаш и малку ги сакаш оние околу тебе особено кога ќе ти го тргнат детето од видик - втори шест стабилизација и соочување со состојбата. Учиш како да се однесуваш со себе, со скокови, со времето. Вечно испотена влечејќи го бебето со себе кое ни оди ни лази и нон стоп плаче од забите. И не јаде баш твоето дете пукни! - прва половина од втора година работите си идат на свое место. Детето чекори се е полесно можеш да се спремаш за искачање и коса да средиш и се по ред. И влагаш у фемили филм јао како смо се надали лепо смо прошли јел не се ни сеќаваш на први шест бидејќи филмот те “средува”. И така лабаво те мава по тил искачање на тројки - штом помине хоророт си продужуеш да се возиш у филм као идеме на семејно одморче журче ќе биде. Спремаш дете нали голема девојка е и одма стануваш бебе ситерка на друга ликација само што со себе носиш 14 торби, 6 куфери, топка за вода, 5 кофи со играчки, млеко на дофат и вода. И така како Жан Клод Ван Дам влагаш у соба и дете го фаќа еуфорија и се влече за тепих во секоја просторија, а вие...вие се трудите и вино да нарачате јел на “одмор” сте дошле. Во детскиот дел гледаш едно 2,5 годишно дете кое вришти на цел глас и одма ја гледаш иднината во очи! Молчи утре она дете ќе биде твоето. И така мине од ден за ден и америте те сплескуваат со видевце дека треба да оставиш се бидејќи детето брзо расте. И си викаш у себе ват да фак ис вронг вит ми? Земаш дете во рака и оставаш стан сам да се среди од влакна и прашина. П.с седи си до мене ми требаш брутално реална.
Од денес се приклучиваме кај вас, дечињата. веќе почнав да ја читам темава од почеток и оп.... Вратата ја отвараме исто како и многу - со брбљање нејадење скок со избивање на заби....