Имаш право да кажеш дека една салаш да одложиш и не треба да го боцнат. Јас така му ставив само рота, 5 валентна одложив.
Точно дека и после годината се тешки со тантрумите но ништо неможе да се спореде со непреспиените ноќи, измешаните хормони и лутење на сите за кое ни ти незнаеш зошто, раскрварените брадавици и грутки на градите, плачењето од непознатите, држењето во раце и ограниченото слободно време поради доењето. Имам уште многу да набројувам, ова е прво што ми текна. Во однос на тоа, оваа втора година ми се гледа како рај Искрено мене ми е многу полесно од кога малата оде. Сега пак како почнува да зборува, те следи што и кажуваш, барем можам да и облечам патики на раат. Цело зимо со плачки облекував јакна и топлинки. Сега ако треба џемпер да носи и кажувам дека ќе одиме надвор и седи мирна. Ова прво како пример ми текна. Е сега уште ми остана менувањето пелена хорор ама ваљда се навикнав веќе и на тоа борење со крокодил . Туку приметувам деновиве ми се крие кога се кака. Или ќе се пикне во некој ќош, позади трпезариска маса и после тоа кажува каки и бега, не ми дава да ја пресоблечам . Претходно пишувавте за паѓање на косата. Мене ми дојде менструација кога малата имаше 11 месеци. До пред два месеца имав бујна коса како во бременоста, воопшто не ми паѓаше до тогаш. Сега наеднаш почна да паѓа, значи топки од влакна има низ цел стан, особено кога се мијам. Плус имам првут и рани на темето. Некој исто со искуство со рани? Сменив неколку шампони, ништо не ми помогнало до сега. Ова не е за оваа тема но тука ќе добијам најбрзо одговор.
Што ѓавол ме натера да ја отворам темава кога имам уште 2 месеци за приклучување Баш се понадевав дека it cannot get worst than this, фино ве прочитав што не чека..
За паѓање на коса, Плантур 39 го користам од Еурофарм или Зегин (не ми текнува точно). На сите го препорачувам оти мене стварно ми поможва, бујна коса плус не ми паѓа (или ептен неколку влакна). За со ранички немам искуство, не знам што би ти рекла. Иначе @FreeMind баш се расположив кога напиша за мирниот период после 18м, му соопштив и на мм да знај да олабај малку Иначе деновиве жешко пеколно, хормони ми работат на најсилно (месечен циклус), мала тахикардија, малата кемка, мажот ми си дремка (на одмор е и со нозете во вис) ииии ... одам и јас да си одморам.
а ноќните терори у склоп со тантруми или па ако се погоде 3ки , 5ки вадење со плачки секоа вечер и ден психички те дотепува ,па кај грешиме , па зошто вака моето , па му текнало седнува легнува на тротоар од банална причина се тоа до сеа ви се ств лесни маки до година ипол , околу 2 , е од кај 2 почнува нагли промени поизразени , ќе видиш тогаш колку лесни ќе ти изгледаат првите маки што ги спомна у споредба со следниве у втората година ви иде се ова , сеа ко затишје пред бура сте , затоа уживајте и користите мир и разбирања со малите
Наут поточно хумус од кога дадовте? Петок год правиме. Поздрав. Ве читам И се плашам. Зимата допрва доаѓа за нас. Паметам И со синко првата година кога ќе помине, мислиш најлошото помина, а всушност таа е најлесната година. Вчера ми беше хорор ден. Утрото бевме на вакцина втора доза пнеумо. Бебе преплака 3 пати. Кога вадевме крв, кога др ја прегледуваше И за вакцината. Така ја немам видено да липа И плачи. Дома се смири јаде И спиеше. Стана нерасположена, плачлива. Што ми требаше, беше падната обетката па да И ја наместам за што бебе преплака пак. Само што се смири, нова тура плачки, до толку што не можев 1 час да ја смирам. Се згрчи бебе се тутна во мене И ни мрдаше, ни реагираше. Само ги отвараше очињата липаше И пак на мене заспиваше. Ајде реков ќе ја бањам И да спие, кога ја поминав кај дундето допрев грутка колку орев. Не знам како ја облекол И хитно на педијатар. Вака рече или жлезда или препонска кила. Сто филмови си направив. Бебе заспа, а мене што рече @Мариаа. или @Yowannty нозе сами кон тераса ми одеа. Се опушти бебе и убаво заспа, ја раслеков и од грутката ни трага. Утрово ја прегледа хирург и рече најверојатно е кила, и тоа вродена, ама бидејќи е мирно бебе до сега не се јавила, а вчера од преголем напор од липање се појави. Можело никогаш повеќе да не се јави, но и не мора. Верувате ми се скрати животот. Знам дека е лесна дијагноза, но кога ја видов така згрчена, плус вакцинирана, ми идеше да се убијам од мака. Денес како ништо да не било со 100 на час тера, само што е раздразлива и обесена на мене. Ако имате искуство некоја со кила споделете. Фала што ме ислушавте. Ми олесна. Добра ноќ.
За тоа што ќе следи неможам да знам, јас си направив споредба на она што го знам до сега и каква е ситуацијата во однос на лани ова време. Стварно ми беше тешко минатата година, имав дете што сакаше само кај мене во раци, плачеше од сите па и од бабите што ги гледа постојано, не спиеше...буквално можев да јадам само кога ќе дремнеше набрзина, затоа што морав јас да ја држам. Ми олесна од кога почна да лази, е тек кога прооди ми се прогледа. Сега седе без проблем и со бабите па можам на раат да одам до продавница и да не гледам на телефон дали треба да трчам да се вратам зстоа што дете зајдува од плачење. А за terrible two, ќе се припремаме, да здивнам барем малку
Душо, да те утешам. 8-ми скок не завршува додека не почне 9-тиот Издржиииии, 9-ти е ок, лабав некако @BabyT*, Мислам дека @FreeMind пушта змиички Нема мирно дете и убава баба
Синот постариот имаше. На год.првпат приметивме и се појавуваше при напор и силно плачење. На год.ипол го опериравме, се беше ок. Следете, не значи дека пак ке се појави.
Еве јас да кажам дека кај мене нема затишје. Ако не си играм со неа, одма ме влечи за рака и плачи. Мама, макам нана (Сакала чок. банана во 8 сабајле) ајде лажи дека после појадок ќе и дадиш. Ако и дадиш една плаче за уште една, и така до сега имам попуштено за 3 На генерацијата му снимав што прави од чиста мира. Не ја сака таа блуза, се мава. Не ги сака тие сандали, се мава. Мојот мобилен бил нејзин, ако не го дадам се мава. Моето јадење било нејзино, се мава. Сака на папа во моментот, одма и тоа гола на пелена, во спротивно се мава. Мир не користам, ме врте не малото прсте како сака она Едино ме теше кога ќе наполне 2 дека нема да ми дојде нагло шлог во понашање. @FreeMind мисли му ја
Прв пат кога се дешава е страшно. Потоа самиот организам не го доживува тоа толку ужасно. Затоа со деца од три години овие на година се “лесни”. Инаку додека се дешаваат и не е баш така лесно некогаш. Пример кај мене вади петки сега и се понаша исто како со тројките. Стои на врата пика прсти во уста за да поврати бидејќи знае дека така не вадеше од памет и одма се обидувавме со цртани да ја смириме. Е сега мама не пушта цртани Она си плаче исто така застаната на врата до повраќање јас ја игнорирам и за две секунди прекинува и си наоѓа играчка и си се заигрува. Кога станува навечер на пет минути не се нервирам туку се обидувам да преспијам со неа дента или она кога ќе заспие. Кога кемка ( нон стоп ) си пуштам музика или ја изнесуваме на место каде не била. Ама се ми е сега многу полесно за разлика од првиот пат со тројките. Да би имала второ дете првиве две години би ми биле виц. И јас како Палешка тврдам дека нема потешко од првата ради сплет од многу фактори. Особено со прво дете. Потоа веројатно е лесно. Кога ќе дојдат на две како на Теди јас како најголема кукачка на цел свет ќе ви ја расипам темата. Има да ви плачам со реферати. Па подгответе се А мојата...мојата ќе има страшни тантруми. Се трудам да се подготвам ама не ми оди. Има тоа да биде хаос.
Цела цистерна крстена вода не помага. Од 9-2:00 да речам спиеше. Но од 2-6:00 стана милион пати. И плаче, се фрла, бара цицка. На пат сум кон 4 мастит со градиве. И мислиш не е наспана, ќе поспие, кога во 5 часот гледаш едно ѕвере со нови батерии спремно за акција. Мене очи ми се лепат, гроги сум. Да не повторувам си знајте по вашите. Втора работа што ме загрижува е (не)јадењето. Не толку што не јаде, веќе се навикнав, плус цица убаво, туку што се врати на бебешката храна- кашите. Од бебе што на 9 месеци јадеше пасирана храна и грав цели зрна, на година јаде само 2-3 вида купечки каши и тоа најсмрдливите( лосос, Болоњезе И тиква со пилешко), за друг ручек уста не се отвара. Доручек стандард проаѓа само овошје со житарки, а за вечера повеќе гладна легнува. Со 3-4 лажици кисело млеко или павлака или 60мл АД со бебе мусли или сутлијаш. Тоа е нејзиното мени. Кога ќе почне пак да си јаде тарана, палента, леб со намаз, манџа супа??? Се пожалив сабајлечки. @Septemvri фала на Утехата. Ми рекоа кај женските 90 % така поминува, ама оние 10% ме убиваат.
@FreeMind И ја сум кукачка ама поише во рил лајф него тука. Пошо не треба да бидам. Детето ми спие и јаде, ја да кукам тука - не иде. Ќе се соберете против мене
јас ова го пројдов со првото. Да се мава од тротоар кога сме излезени а јас да се чудам кој демон влегол во него. Па навечер во 2 ноќта да почне да клоца и да вришти одеднаш ни буден ни заспан па да не знаеш пак кој демон влегол во него. А тогаш не ни знаев за скокови и тантруми. А советите ми беа "море ќотек дај му има да се смири" имав живци тогаш,млада па поминав некако сега со помалку живци ама повеќе информирана ќе одиме во поход па ќе видиме што не чека. леле жено... Ме потресе се изненадив. Здраво право дете имаш а тие ти кажуваат вродено е.
Да напишам збор два за моето . Нвистина и мене ми е полесно од кога прооде бидејќи можам да седнам а он да шета лево десно. Но тоа е само за дома каде што просторот е тој што е и се што е опаснност за него сум изолирала. Но надвор сме ужас. Торнадо. Ни рака дава ни нешто па го интересира како мува е без глава. Сака топки само но не де заигрува сам. Не го интересираат играчки Можам внимание да му привлечам само 5 мин потоа он си станува и си бара глупости. Да си вади алишта,да се качува по софи и спална... се само да не е игра 9ти скок го преживеав хорор беше. Уште е еве го држи си го чекаме 10ти како последен од книгата. Излезе и 3ка . Мачно многу. Или мене мачно ми е плус хормонално 8ми месец. Станува уште навечер ако си бара млеко да пие одма си продолжува,но ако се разбуди со вриштење не се смирува кај мм само кај мене и тоа трае во бунило вришти. Ме секира тој момент бидејќи само мене ме бара. Сакам да може и кај татко му да е сигурен бидејќи планирам да не спиеме заедно кога ке се роди бебе. Но до тогаш ке видиме
@Happyinlove Јака ти душа. Јас сеуште чекам мајката и таткото на Андреа да дојдат да ја земат Wtf моја е, аш. Ке си чуваш сестро.  Не можам некогаш. Ми иде граџевина да работам, на некое скеле. Само да се одморам
@Happyinlove јака ти душа богами, нека се живи и здрави само ние мајките можеме се Мојов уште цица и само со мене заспива. Го оставив пред некој ден со тетка му, па ме чекаше да се вратам за да го заспијам. Без цице не заспива. Одвикнувањето незнам како ќе оди. Сега си велам требаше одамна да го одбијам, ама небе, ми беше жал и сега кога е поголем се чудам како ќе биди. @srekice цица малата уште?
Охооо. Не да цица. Некогаш се закачува така јако, што мора да го викнам мм, да и прозбори за да пушти. Она не бара многу, јас не нудам, ама и не одбивам. Преку ден не е страшно. Навечер почнав да намалувам. Ја презаспивам во раце
Мојов само за заспивање цица, ама и заспан едвај пушта. Навечер едно време само еднаш се будеше, сега почна повеќе пати. Заспива легнат на кревет и јас до него, в раце нема шанси, којзнае шо нов начин да смислам за без цицање.
Па вие значи не цицате Ние цицаме За да не цица денски, мора, да има ужинки. А она, фала му на Господ, ништо нејаде. Одвај трите главни оброка.