@paleska3 1 година има синко и уште немам слободно време поради доење. Цица, не јаде ништо затоа што вади 4ки. Нема период кој е лесен, сега за сега. Грчеви. Шетање во зима. Нејадење. Заби. Жими ноќе што спие. Најавува тантруми. Се треска ако не добие нешто. Се останато е супер.
Конечно ред на фемина дојде 3 дена Охрид на "одмор" бевме одмор читај УМОР Да си дома е друго ќе се заигра си има ред за се, вака никаде не го бери, на тараса, в соба, нема застанување средата од 12 до 17ч го заспивавме, безуспешно, прв пат да не преспие дење, тоа беше измачување за сите, го вратив на плажа, за капење по туш плачеше многу, цел хотел го крена го шетавме Охрид и издржа без спиење до 21ч мислам беше, в кола заспа на враќање...ноќта како и секогаш на 1 на 2ч си станува уште... Тантрумите под контрола сеуште, барем тоа засега сум поштедена 5ките работат во позадина, вторава ми е полесна од првата, од ко престанав со доење полесно ми е, доев дп 14 месеци. Потешко е само заспивањето без цицка в раце со нишање заспива поинаку нема шанса. Секој ден нови зборчиња како папагал е поврзува, памти некои дешавки, ако има кола од некој друг од другар на пр кажува дека таа кола е од тоа дете
Не бе, само глумам цуцла На 8 месеци сам ја фрли цуцлата, инаку сам си заспиваше со неа, ни нишање ни ништо раат бев ептен. Јади овој за јадење кога и да го понудам не одбива фала богу, цицањево му е само лоша навика за заспивање. Затоа планирам за брзо да го одбијам, само да најдам начин како...
Уфф. Мојава не е од оние што тегнат и бутаат раче за цице. Нооо, знае толку да се вознемири, и тогаш морам да и дадам. За заспивање не бара, она цица пред спиење, ама штом ја приметам дека заспива и тргам. И толку, не чекам да заспие со цицање. Цуцла никогаш не фати мојата. Но јадења е мака. Јаде количински многу, но одбрана храна. Знам дека не чини овесна каша со овошје за вечера да давам, ама само она ми ја држи долго. Пред тоа давав палента или житарки со кисело млеко, ама се будеше после два часа. Вака, сега спие од 21:00 - 02:00,после ред нишкање за да запие, па после кога сум изгубена и давам да цица. Се надевам некогаш ке прекине И јас никогаш не сум била спанка, и се будам сто пати навечер, така да, на мене е
Јас прекинав со доење на 11 и пол месеци па малку слободно време почнав да гледам околу 13-14 месец. Тука испадна дека имам многу мирно дете . Не е толку мирна, се траќа од земја ако неможе да нареди кула од коцки, или ако не и дадам да си играе со лаковите. Ова како примери. Надвор е друга прикаска, трче на сите страни, нема шетање за раче. Ги фаќа сите каменчиња и пикавци и право во уста. Но седи во количка по саат и пол за разлика од лани кога седеше 10мин. Осеќам јас од волку фалење ќе ме врати нешто во реланоста сега. Карма си е карма .Очекувајте да се жалам следната недела.
Ве читам сите, ајде да се искажам накратко така ми дојде... Деновиве уживам со ќерка ми Како преку ноќ да порасна. Веќе разбира се, само си ја гушкам и цмокнувам, а па та цело време ми се смее и се врти околу мене. Има моменти кога кемка од 4ките (една излезе шуќур!!!), кога се нервира ако не и дадам нешто ама ги занемарувам. Периодов ми е песна, мислам досега не сум се осеќала вака откако сум мајка Дај Боже да трае и траеееее...
Колкави сте? Исто со нејадењето. Одвај 3 оброка ги јаде, а не дај Боже да и дам ужина. Но цица и тоа премногу. 4-5 пати преку ден сигурно, а ноќе почна после 3 часот многу често да се буди и тоа конкретно за цицање. Ја фрла цуцлата и протестира ако не и дам. А и имам кратено подои преку ден-ден- не менува во јадење, напротив помалку јаде. Прашање - свинско месо од кога давате? Имам мелено телешко и тоа убаво, но мешано е со свинско. Денес ќе правам за нас, па да си ја пробам среќата да и направам нешто. Не дека ќе јаде ама онака за проба. @marchi-cool среќен роденден на мажето да е здрав и жив, јас малку подоцна. Инаку доколку не се појави килата не може да се открие иако е вродена.
Добро утро другарки. Да ве поздравам празнично. Добро, не знам дали има некој празник денеска, ама мене ми е празник на душава. Официјално и скроз легално и лигитимно, од денеска припаѓам во групава. Бебла порасна луѓе мои!!! Знам дека имам уште многу векни леб за кркање, ама денеска ќе уживам. Валда вечер уствари.. Откако се ќе биде спремно. Не стигнав ни да селектирам слики од смеш кејк-от деновиве. Излезе баш како што замислував. Фативме преубаво зајдисонце на плажа, а бебла излезе дека е природен талент за рашлакување торти. Видеата се пресмешни и истовремено многу симпатични. Се исплати учење курс по фотографија на јутјуб цел месец. Фак уеа И нормално, роденденот го отворивме свечено, будни цела ноќ. Кога веќе е бал, оти да не е маскенбал? Убав ден ви посакувам.
@Presrekna 15+ сме ние Гледам најмногу три пати дневно да цица. Значи пред спиење и плус ептен ако побара во меѓувреме. После станување не давам. Навечер исто, после 3 е маката. Месо свинско, немрсно после 8-ми месец дадов. Ама поретко.
И мојов до пред месец ипол цицаше за ужина, и тоа едвај немаше време чоекот да лежи и да губи време со мене И тој јади одбрани работи, ама барем јади се помирив со тоа. Битно да е сит, па нека се јади едно исто. Освен ручекот шо не ни е едноличен. За вечера обожава житарки со јогурт. Житарките ги сменвам, јогуртот ист останва Ептен ретко некад да дадам фрутолино колку да смени.. Ако мислиш дека можиш дој си ја, не дека штети само што мислам дека веќе не ги заситува млекото.
За сега ја заситува. Обично по два часа ја држи доење сита. Не е она гладна. Разгалена е цуцата. Мака ми е само за навечер, сакам да спие. Некако почна да менува со скоков. Се надевам ќе почне да спие. Сменета е каде-каде. Спие од 21-9. Тоа е чудо Уште да почне да оди @Yowannty Среќен нека е
@Yowannty среќен роденден се најубаво @srekice има време ќе оди цел живот А за навечер и јас сакам да спие ама поќе од 2часа не врзува, мн ретко 3ч, а не пие млеко воопшто, вода пие чат пат сега мн поретко па ете пак станува. @Presrekna внучето мое има кила, вродени, ама е прематурче 1770г е родено и заради тоа се килата, машко е и треба да се прави операција, му кажаа да не го оставаат да плачи многу или да напнува бидејќи може да се вклештат и да мора итна операција, еднаш му излегоа така и Бт на болница беа па му ги вратил док. Сега заради коронава му ја одложуваат операцијата. Не е за да те паничам, туку да си одите кај некој посалам доктор да ви кажи убаво, тие беа Скопје на државна.
@lackygirl Ми удри во главата дека само моето не оди Голема е веќе. Сакам да шета. Со дкоков почна еднаш да спие дневно, и е поуморна, па некако "поцврсто" спие навечер. Де надевам кога ќе прооди, ке биде поуморна и ќе биде полесно. Вие цикате уште?
@Yowannty Среќен нека и е, здрава, жива и само убавини да ја пратат @srekice и мојата не оди уште, ама ќе се пуштат кога ќе се осеќаат сигурни. Порано се стресвав оти не оди, а ми велеа дека женските побрзо проодувале... Сега, ма ич! Ј гледам весела, насмеана, си се исправува за кревет брзо, лом прај со играчките, растурена куќа цел ден, то ми е најбитно,а таа ќе си прооди кога ќе сака Двете сме биле значи, мислев само мојата е
Не ми збори за лом правење. Ми отвара под садопер и сето ѓубре од канта го вади Се исправа од земја и станува без држење за ништо она. Се пентари по столици во кујна и се симнува, амааа не оди Полесно им е да лазат
@Yowannty среќен роденден на ќере, нека е жива и здрав, успешна во животот. И ние се спремаме за роденден утре. се радувам исто како пред 8г за првиот син. Цел ден дувам балони, си правам украси. @srekice ке се пушти за одење кога ке и дојде моментот. Со лазење побрзо стигнува до целта, новава техника не и е уште усовршени, ама ке биде и тоа. Туку за спиењето...утеха ми даваш, може и јас ке почнам да спијам ко човек после се.