@Yowannty среќен најсреќен роденден на лепотата убава. @srekice синко заоди на 14 и пол месеци. Не ни лазеше. Немаш место за грижа. И мојата ја заситува млекото 2 часа. Само ноќе кога е журката после 3 повеќе бара заради близината не дека е глад во прашање. До скоро откако беше родена не стануваше ноќе. @lackygirl секако ќе проверам на друго место. Кај друг др. Нека помине сега роденденот и крштевката па ќе барам. Чудно што до сега не сме имале проблем. И моево ако е родено 38+6 недела запишана беше како 35 недела прематурче поради што не растеше последните недели И мала се роди. Ама пак беше многу мирно бебе И немаше можност да ги покаже килата. Беше, беше, ... Повеќе не е мирна Ајде @Septemvri спремај се , па за петок јас те заменувам. И јас се радувам како мало дете. Купив цела опрема, а само дома ќе означиме најблиските со една торта. Во недела имаме скромна крштевка па тогаш ќе биде И забавата за роденден. @FreeMind помина свинското повеќе го сакаше од обично телешко. Фала.
Внука ми е прематур и беше мн плачливо бебе, оперирана е од кила уште пред 1 г. Мн добро ја поднесе операцијата и денес нема никакви проблеми. Со лесно да ви е и со помин.
@Presrekna, @Septemvri, Сменета е многу со скоков. Денес сме кај громчето. Има уште три недели до крај. Инаку, како влеговме она преку ноќ свтре на едно спиење дневно. И полесно ми е некако. Мака ми е кога, се буди навечер толку, ама пак се научив со нејзе да си легнам. И сврзувам 4-5 часа. Се крстам дека и ова будење ќе заврши некогаш нели Се надевам кога ќе почне да разбира ке можам да и објаснам
Среќо чим сама иде по мебел сега застанете двајцата спротивно еден од друг на еден чекор. Стимулирајте ја од едниот до другиот да оди и да се враќа. Најблиски што можете седнете да се осети сигурна. И браво со аплауз со се. Од кога ова ќе го пушти ќе се оддалечувате преку три вечери на подалеку. Од оваа фаза до пуштање сама од точка А до точка Б ви е две три недели. Потоа наеднаш ќе прекине да оди и да се пушта. Неколку недели ќе лази. И потоа ќе стане сама тоа ќе го вежба и ќе тргне преку ноќ. Сега само стимулации.
И јас и мм ја имаме начекано неколку пати како се пушта по два три чекори. И тоа интензивно го прави овие денови. Од фотеља до двосед, тросед. Ако не ја гледаш само. Ако ја викаш, боже пази. Бега одма.
 Ѕвер си жено На кров ми иде да се сокријам Инаку, кажете каде да и најдам мали патики? Мерев вчера стапалце. Мало е многу 10.5 цм. Мислам некој друг имаше палчица?
@Yowannty среќен роденден на лепотицата Ирис Да ве прави горди и да ја пратат многу успеси @Septemvri среќен роденден на нашето најверно форумско другарче Успешен, среќен и се по ред!
Јас имам палчица. Единствено во кеги Колев најдов 15-16 со еден прст да и се поголеми. Друго се и виси и шлапа. https://www.k-k.mk/sport 10см кај нас е стапалчето. Нека ни се здрави и живи напрстоците. Колку е родена? Моево 2400 со 45 см. @Septemvri може да честам, среќен роденден на малиот да е здрав и жив и секогаш да ве радува и прави горди родители.
Мојата толку беше кога прооди. Од Кеги Колев имаше патичиња бр.18, тие со патентот одоздола. Од друга фирма не најдов толку мали, купував 18ки ама многу поголеми беа и без ѓон, ептен како за бебе. После најдов од Мат старс 20ка кога ноџето и стана накај 11.5-12см. И имам купено 22 од Адидас, тие сеуште и се големи, се надевам ќе ги стаса зимава.
Имам јас Nike и Reebok, систер ми ги донесе ама големи. Тек догодина ако бидат. Само такви бебешки и се точни, со меко доле. Она е боса цело време. Топлинки ќе носи Ке видам во Мат стар. Фала.
@Yowannty среќен роденден на малата,да ви е жива и здрава.Ептен убаво си декорирала,масата изгледа неодоливо . Овие два дена бев ептен загрижена.Од нигде никаде од пред два дена почна да ми поткривнува малата.Се гледа дека ја боли кога ќе згазне убаво.Ама,уште што се не прави: трча по креветот, се качува по перници,надвор сака по се да се пентери.Знам дека има лошо згазнато,ама паметот секаде ми отиде.Бевме на ортопед денес и ја прегледа стапалца, коленца, колкови, рече ништо страшно и дека ќе помине.Му реков дека ја носиме во природа на планина по нерамни терени со камења и сл., ми рече само да паузираме некој период,инаку пак да ја носиме.Ја измери 87см,кошаркарка на тато. Туку друго сакав да прашам.Перница за спиење од кога и каква?
Во рок од два дена научи да се качува на стол. Секаков. Кревет колку и да е висок успева да се качи. Научи дека колата има педала за гас. Случајно ја вклучи да ја вози, забавно му е. Јас ја исклучив а тој подстанува да стисне гас да појде. И кога ке прооди нема да оди којзнае колку. Кога сте надвор секако ке се вози во количка. За дома босо треба да е. Перница кога ке побара.
Ја видов малата конечно горе. Медена е. Перница е 3+. Кај мене сеуште спие на душек. Ако заспиваат вашите на перница само тргни ја потоа од глава. Тоа е за правилен развој на вратен дел вооедно најосетливиот. До три не разбираат дали лежи или не на перница. Не се карај нека заспие и тргни ја. Кај мене ноќно време знае да дојде на мојата бидејќи со нас ќе спие додека сама не реши да спие сама. Потоа само ја поместувам. @Septemvri среќен нека е мила
Еј душо. Внука ми изрази желба сама да спие. За три месеци ке полни 4 години Сестра ми плаче, неможела без нејзе да спие