Има тука друг муабет кај сестра ти ама ја разбирам меѓу редови Вака не мора да те боли глава. Нека спие до кога сака. Од кога не е на цицка супер е. Што насила ќе се трудам кога во свое време ќе биде прелесно. Вака и за сите останати случувања: одбивање, одвикнување пелени, јадење сама, облекување сама. Веќе и станав фан на теоријата дека навистина е се во свое време. Ако видиш отпор батали почекај ќе дојде времето за промена само.
Здраво , Еве сум да ве почастам за роденденот на синко . Сега и официјално во оваа тема. Уживајте во денот, гушкајте ги вашите малечки, брзо растат.
фала на честитките. И искрено со помин да е ама не верувам да е нешто сериозно. Може и да е претпоставка на докторот може и да си одиш на второ мислење. Подолго немам читано тука па ќе прашам како сте сега? Честит роденденот и на момата на @Yowannty среќен и на @Septemvri Јас ќе дојдев малаалку само да се пожалам ама кога ве изначитав срамота за мене. Моето било бајче. туку ќе прашам неколку прашања. Што глупи што безврска ама ... Ете пуста мајка заборавила како било со бебе 1. Обувки од кога им ставате на малите? За дома е по чорапчиња ама за надвор веќе треба да обуваме. Неќе да чуе да се обуе не знам ни кое бројче да му обујам а ене има еден најлон 2. Кога прв пат ги ошишавте малите? Јас ќе го ошишав порано ама ајде викам според бабски муабети не чинело пред годината па ајде уште му е меко главчето.... Ама зад уши има локни господинот и многу се поти тука и цело време грдо изгледаат како да е нонстоп воден како косата да му е мрсна... А бебе е. 3. Како стоите со спиењето на 1годошните бебушки? Дневно преспивање колку пати по колку време. Ноќното како е?
Ви благодарам на сите за честитките, да сте ми здрави и живи и само за убави работи да се частиме. @Septemvri Среќен да е дечкото цел живот. @marchi-cool и на твојот дечко најубави желби Отворивме етапа тодлерство. Јас дојдов со поинакви очекувања во групава, ама не прочитав скоро ништо од тоа што очекував. Нејсе. Со дремките веќе некое време е повуци-потегни. Втората дремка ни е поместена за доста подоцна, па после доцна и тера спиење. Таа дремка уште стои дека не е спремна да ја откаже, издржува до 6-7 некако едвај и после нема жива сила што ќе ја чува будна. Протестира, бара цуцла и само да легне на мене и заспива истата секунда. Е после журки до ниедно време, епа журки. Денеска од друга страна имаше 2 кратки дремки, од кои првата многу рано. Како затера, мислев ќе има уште 3-4 дремки до вечер. Не знам со дремкиве што ќе се праи... 2-3 вечери по ред пак се буди нон стоп, ама па и многу е жешко едвај се спие, па не ја ни обвинувам. Ново е тоа што почна се да става во уста. Претходно многу ретко. На 2 пати едно по друго ме извади од памет, па и буричкав во уста да извадам што џмаља, па уште вреска лута зашто сум и го зела. Ќе се ронат забиве периодов како ми изгледа, па за второ здравје таман порцелански ќе си стаам што е сигурно, сигурно е.
Јас баталив јадење. Чисто за пример. Не сака јадење и крај. Одлучно ми трга рака. Јаде леб и бисквити. Сув леб, кифла сува. Сам да става во уста е битно.
Среќен роденден на сите годиначиња... За шишање како бе до година? Јас го шишав 2 пати до година. Нерамна му беше не ми се свиѓаше, позади џигерици, напред келав, чекај да падне чекај и ајт, после лето, 5ка го ишишав. Не малтретирам дете со долга коса, се поти. Сега сакам пак да го шишам, здравје, убав ми е со кратка коса.
@Septemvri Среќен роденден на другарчето! Среќен и насмеан да е секогаш. За шишање како така, додека не се крсти дете и прво не го шишне поп, од уроци нема да се спасите. Луди жени.
Фала Фри Не спие на перница ниту пак сака,ама ај да прашам со време да не згрешам.Исцрпно и информативно образложено,поинаку и не очекувам од тебе.Danke.
@srekice кога е тој громот поточно? Значи, 14+сме, вака ноќе се нема будено откако е родена и мижи и плаче додека не и втерам цицка во уста, па така јас се комирам, а она веќе не знам шо прави.па пак по пола саат и така. Тоа трае неколку 2 вечери веќе.
Среќо, исто е и кај тебе и мене. На ист датум се родени нашите Мојава денски плаче иначе. Денес вриштеше зашто и ставам лигавче. Драматургии невидени. Денес спиеше од 12-15:10 Мене wonder weeks ми е точна според дата на раѓање, а не според термин. Водам две табели паралелно. Според роденден ми е точна
Синко има 3ка доле десно. Многу заби во исто време му пробиваат, душа мајкина. 4ките доле целосно излезени, огромни се. Горе боцкаат, едната набобрена. Простено му е што не јаде. Шишките татко му' ги среди. Изгрицкани и нерамни. За шишање е ама кога ке помине короната.
@Yowannty, @Septemvri среќен роденден на малите лепотанчиња, нека растат големи и умни  Во врска со дремките, малата кај мене сврти на една дремка околу 15 месец, од тогаш заспива и порано околу 9-10, ги нема журките до 11-12 навечер. Вака и мене ми е подобро.
@Yowannty здрава и жива нека е куклата! Секогаш да е среќна и насмеана @Septemvri најсреќен роденден!!
Фала ти @paleska3 Твоиве постови, овој и претходниот со проодувањето чинам беше, ме држат надежна дека нема да е се толку лошо годинава. Да прашам. Бебе одвреме навреме има некакви епизоди во сон. Во сон липта на глас, така почнува или барем тука јас се будам и тоа го имам фатено. Значи за да дојде до такво липтање нешто интензивно мора да и се случува во сон нели? Потоа продолжува со липтање и плачење многу вознемирено и хистерично едвај успевам да ја разбудам па да се смири. Утрово во 7 истото го направи. Ја слушнав липа во сон, сакав да избегнам след на настаните опишани погоре, па почнав да ја будам, ама џабе. И откако ќе се смири, пак продолжува да липа оти била премногу вознемирена претходно. Зошто ова се случува и дали има име состојбава, па да прочитам нешто повеќе на нет околу тоа. Баш ноќеска, беше свежо и пријатно за спиење и ја преспа цела ноќ. Мирно спиеше до утрово. Еднаш и спомнав на педијатарката, ми рече дека е ноќен терор, ама од што сум читала не ми стои за тоа, плус е мала за ноќни терори. Дали е можно да има некакви кошмари? Ама за се слично што читав, се пишува дека се случува по 2рата година. Тогаш што е ова што се случува претходно? Ако имал некој слично искуство ако сака да сподели.
Сите деца прават вака. Сонуваат или едноставно го преживуваат денот во ноќта. Не е ништо страшно или чудно. Нормална појава е.
За тоа знам, има таа и такви епизоди на периоди. Тоа поинаку изгледа, само кенка во сон и некое време многу прета, па се смирува сама и продолжува да спие. Ова е многу поинтензивно и многу вознемирувачко. Не може да се разбуди, а не може ни да се смири сама. Можно е да е истото?