Можно е да е ноќен терор.Они викаат од 2 години ама го сметаат со полна прва тера втора година Мачни се ноќните терори малата ја фати неколку пати не знаеш што со дете што со себе.Само смирено гушкање ако цица подметни и цице и ќе помине. Среќен роденден на Инес голема и среќна да расте Ти пратив поздрав на вашето кафе преку слика ама сигурно од честитките не си видела нотификација
Ноќен терор е. Не е мала. Јас го поминав истото со големиот, додуша кај нас кратко траеше. BTW, среќен роденден на момата, голема да расте!
Аииии @Ava.84 одма ќе видам сега Се извинувам ептен што сум промашила баш ми е мака, еден од поомилените ликови си ми. Фала ви девојки, да се расчитам повеќе околу состојбава, да знам што да праам следен пат, оти како мува без глава сум.
Да не ја будиш. Само земи ја во раце, гушкај, тивко збори или пеј. Почекај сама да се разбуди, ќе се смири дотогаш.
Мислам дека ја и секако немам некој удел во тоа... Плачењето и е многу вознемирено. На пример во нормални услови, до таа фаза на плачење стига откако убаво нормално ќе се изнаплаче, па ќе стигне до липање, тресење, и толку вознемирено плачење, а и така било многу ретко. Сега од старт така почнува да манифестира. Ја земам во раце и ја шетам по соби оти не знам што друго, таа на почеток е со затворени очи, тек по некое време ги отвара. Утрово ја однесов во кујна на чешма и миев лице, тогаш почна да ги отвара очите по малку, прво беше збунета кај се наоѓа, па се освести и се смири само продолжи да липа уште некое време. Дур спие е многу страшно, кога се буди се смирува полесно. Стварно не знам што да праам во тие моменти.. Ова 3 или 4 пат до сега се случува.
Изгледа страшно, ама не е ништо лошо или негативно, туку нормална фаза од развојот, иако не се јавува кај сите деца. Сонува нешто што ја вознемирува, не нужно лоши работи, ама нејзе така и делува. Битно е да не се штрекнува и да не се буди со сила, оти може уште повеќе да се вознемири. Како што реков само гушкање, тивко зборување или пеење, битно да се осети сигурна барем малку кога ќе се разбуди. Не мора да ја шеташ низ собите, доволно е во собата во која спие. Ноќниот терор не е задолжително поврзан со екстра возбудлив ден како што е немирното спиење.
Нема што да се извинуваш знам дека е можно да не си видела од многу ноѕификации, затоа ти споманвАма прекрасно си средила и декорирала -профи
Мајки, го има некоја трициклов од Енци менци да сподели искуство? Вака по слики ок ми игледа,се склопува,има торбичка горе и мрежичка за багажник,праткични работи Сакаат да му купат на мали за роденден трицикл,овој ми излезе на фб.
@Yowannty мислев само прокенкува во сон. Ти одговориле веќе. Ноќен терор е, не е страшно. Фаза која ќе помине.
Одличен, го имаме ние, задоволна @Yowannty кај синко траеше тој период можи 1 месец, тој секако си станува ама вака правеше и страшно беше, ама ќе помини, како што пиша Ана исто правев, го нишкав в раце, плачеше дури не се опулеше, многу пати и лишаше во сон.
Парите во плико нека му ги дадат. Никое од нашите не се вози веќе на трицикл. Размисли дали сакаш за два пати да фрлиш во воздух сто евра. Само што ќе почне да оди крај завршува возикањето. И да е некогаш е пет минути. А не вреди за пет минути сто евра. Чувај пари за други тракатанци ќе ти требаат годинава. Вози го со количка.
Не го имаме истиов, ама имаме слично точаче, добиено на подарок. Не е нешто посебно искористено зошто сегде оди пешки. Ако ептен носиме нешто со нас, тоа е количката (летна чадор-систем). Може кога ќе може сама да го вози ќе биде поинтересно, ама да седи во него и ние да ја буткаме во моментов ич не се користи.
Синко за роденден доби два трицикли и немам поим што да правам со нив. Веројатно догодина кај бабите по еден ке однесам. Мал е да седи здрвен на столче цело време додека се шета, плус сам не умее да го вози. Кога шетаме го возиме во количка, комотна е, мека, удобна, се спушта ако заспие (до сега дали три пати така ми заспал ама не е битно). Најубав подарок за роденден се пари. Има сметка и секој денар, евро и долар што ке му ги дадат, ги ставаме на книшка. Кога ке порасне нека шета, кола нека купи, што сака нека прави. Доби и алишта, ама утнати, се со кратки ракави а тој веќе има куп алишта со кратки. Сметка никој не оставил да сменам, па алиштата ке ги дадам на други деца. Евентуално злато, и тоа останува.
Вчера официјално не сакаше веќе и во летна количка. Ја виде и почна да плаче. Трицикалот нај не искористено нешто, еден период не сакаше во него, па ги влечеше нозите, па ми врти со рачките...
@duffi Какво сирупче за алергија да купам,исто така и за проливче. Ќе одиме на шетање,и ако сме тука во мк,јас се водам по она да си имам достапно веднаш за секој случај.
За пролив само пробиотик Монке, давај пред да тргнете и додека сте таму.Нема штета. Провен, Пролајф, што пие тоа. А за алергии било што, Аериус или Летизен јас дома имам обично.
Ај една awkward situation : Пред некое време бебе го видов како го лиже стаклото од прозорот во дневна. Му одвлеков внимание. После го начекав уште неколку пати како го прави истото. Ама не обрнав многу внимание.... После неколку дена го начекав како го лиже ѕидот. У меѓувреме почна да лиже и една железна сталажа у кујна. Си игра си става играчки на неа и одеднаш почнува да го лиже железото. И денес врв си лазеше и одеднаш се испружи и почна да ги лиже плочките. Го искарав. Ми се смее и пак се наведнува да го направи истото. Ми падна ептен чудно... Прават други бебиња вака?
Уште го лиже стаклото од балконската врата. Сега вашите имаат една убер досадна фаза со која нема да можете со месеци да искочите надвор, бидејќи само што ќе испаднете од врата ќе сака доле со земја да си игра. На асфалт. Со камења, трева и кал. Никакво чекорење. Само дома ќе одат