Среќен роденден на лепотанот, голем да расти Леле си мислиш ќе излезиш надвор и за раче ќе си го фатиш и ќе си шеташ ама неее тој сака да седи на земја и да се влечи хахаха. Секој пат со плачки дома влегувавме
Во склоп на муабетите што ќе му е помпезен роденден на детето ние кога бевме деца со руска ни славеа и што ни фали? Ви текиња?
Порано се живееше побогато,а прославите посиромашни,додуша побогати со емоции од сега.Сега се стана вештачки некако.Луѓето доаѓаат зошто ,,мораат".Ние се туфкаме што да ставиме на маса,они што да купат за поклон. Абе ништо не ни фалеше,дури некако посреќна беше целата атмосфера.Кифлички,салатичка,за децата смоки,соленки,сокче,сендвичиња мали. Сега слатки маси испод 100 е нема.Ама нели сите прават па и ти.Еве тргам од себе.Секоја година лупам по 50 е за торта.За што?Дете како дете се радува и на оние со апликација.
Никогаш нема да се согласам дека порано било поубаво а се живеело поскромно. Не. И тогаш се спремало со денови, за пазарење куп пари давале нашите. И тогаш поклони се бираат според финансиските можности. На слики гледам украсена торта за секој роденден, од прв до 10 години, можеби и повеќе. Украсувањето е модерно уште пред 20 и кусур години. Алишта за роденден нови и поскапи од просечно. Слатка маса можеш и сама да си направиш ако ти се замара со ситници. Балони, мафини, украси, и торта можеш да си направиш. Јас не гледам разлика од јас кога сум била 1 година и сега синко кога наполни една. Единствено што сега се можеш да платиш да ти направат, торта, кафана, украсување. Од тој аспект е полесно. И порано луѓето биле лоши, завидливи, загледувале кој колку има. Децата денес некој ги воспитува, а тоа се родителите.
Не би рекла. Се што поминало имаме потреба да му ставиме епитети, а во суштина било некоја комична верзија од денешна гледна точка. Нема грешка дека биле повесели. Се начукале со ракија од 65 степени мезена со зелка и нормално дека имало циркуси. Зелка не трпи ракија. Сепак децата ќе се радуваат и на мафин, не мора ни торта да е. Само да трчаат и да бидат центар пажња. Понатаму се е до џебот. Кој колку има толку и си приушта. Првиот роденден е кеиф, голем кеиф на родителот. Што ти разбира дете што е тема на роденден Вториот е веќе пореален. Јас не сум за рушење кеифови. Нека биде помпезно. Нека биде магија. Другите правеле не правеле, купиле поклон или не..небитно. Битно кеифот да се истера со сите марифети
Си ја зачував сликава. Ќути едвај ја убедив свекрва да не прави руска во Август. Во двор ќе испари од жешково. Тури од вискито. Едит: Фала на сите, многу сте љубовни. Ми го направивте денов.
Во вискито на времето увек беше ракија Виски немаше ни да мирисниш. Вискито е ставено само како метафора ) Имајте убава вечер
И леблебија едно чиниче немав да ставам. Или измешано со печени кикирики и мали карамели им го заборавив името. Ако ептен може се има се на маса и ослич на парчиња или утман од Вардар уловен. Кетерингот имаше тогаш друга дефиниција Иначе да не бидам оф малечка мине низ мирен период. Освен што многу зборува на свој јазик и почна на англиски да кажува зборови друго ништо не се дешава. Уште неделава дома потоа бек ту скул.
Не е дека беше баш се сјајно ама нормално дека било наше детство секогаш ќе ни е најдраго, само и само зато шо ни буди убај спомени. Секој чоек да го прашаш ќе ти кажи за неговото детство дека било најубо, дека тој тогаш се осеќал безгрижно. Но прашај некоја личност со тажно детство, та нема да ти речи дека и било најубав период. Нашите деца исто ќе кажват за нивното детство како било најпрекрасно итн. Се е до спомените кои будат емоции во една личност. Иначе да, мм ме вика Филозоф
Мајки, вие што давате Mollers. Можно е од нив детево да има екстра добар метаболизам Полни пелени машала Или е од овесните на Hipp
Оф топик Како се дозира молерс? На пример мали прима 1 бејбитол д3 со омега и 2 од пливит д3 Колку би примал од молерс? Дали е поисплатлива опција?
ние од денот кога направи година веќе по еднаш преспиваме од околу 2 сати некогаш и малку повеќе. Пред тоа исто како вас бевме. Првата дремка од пола сат втората подолго и заспивавме во 11 - 11 ипол е викам неќеш ти да ме је**ш најпрво првата дремка му ја одложив за пола сат а втората после пола сат спиење го будев. После уште 15 Тина мин ја поместува првата дремка втората ја скокнав а вечерното заспивање го подранив. Сега заспива во 21:30 станува во 8 заспива денски околу 13-13:30 спие до кај 15 му иде да спие околу 12-13 сати вкупно а да е буден 9-10 сати.
само да се надоврзам на муабетов. Првиот син го крстив на 3 години. Па замислете да се водев по таа "теорија" што ќе беше со неговата глава ние со бебчо засега немаме баш ваква мака ама можам да ти кажам дека со големиот беше страшно она не да липа да се дере и вришти во сон да плаче. Тоа околу втората година почна и траеше некаде ко кај 4тата мислам. Ретко да поминеме ноќ без хистерии. Јас просто не знаев што е мислев нешто го боли. Ајде прво со убаво после да го фатам враце не бре брате корне се тегне мава клоца. Некогаш па "интензитетот" на нападите беше помал ама никогаш не разбрав зошто е тоа така.