Нема потреба да чекате скок да помине. Мојот го одбив од ноќно баш кај громчето и успеа. Гледајќи го неговото однесување би рекла дека си ги спојува скоковите и дека немаат крај. Вриска за се што нема да му се дозволи, буквално за се. За пелена менување се врти, витка, урла (а пред татко му ќути). Прееска надвор пак почна да ми се витка кога го фатив за рака и го оставив да легне (на трева). Па се упрпа дека не можеше сам да стане и направи онаква виновна фаца демек сфатил дека згрешил. Веќе почнав да се навикнувам на неговите испади и да не му попуштам. Подобро ладнокрвно да гледам и да бројам до десет отколку да врескам по него и да се нервирам... Јаде сам со вилушка, се сака сам да јаде. Само за јадење со лажица се уште немам насобрано трпение за да му дозволам да се учи ама ќе дојде и тоа каде и да е. Го фатив во седиште во кола, си ја потегнал ногата и ја јадеше патиката се, се пика во уста
Нека и е среќен роденденот на малата убавица, само среќа и радости да ја следат. Секогаш да е така насмеана.
@Presrekna среќен роденден на палчица, да порасне голема,жива,здрава Буквално истото ми го прави ноќе,а тек е 10м и 10 дена. Не сакам да помислам дека ова ќе трае до 12м
@Presrekna заедно пораснавме, нека и е среќен роденденот на убавицата, жива и здрава и секогаш да ве развеселува
20++ месеци кај нас скокови не завршија хахахаха не се научи да спија и не детево...до 3 год ми велат дека вака ќе бидело
@Presrekna среќен роденден! Да ве прави горди и среќни Како најмали од форумска генерација, да го затвориме роденденскиот август Бебе ми полни 1 година денес, и дефинитивно уште ми е БЕБЕ! Кога и каде летна? И после една цела година со маж уште се прашуваме ‘Стварно ли е наш?’ ‘Вистински е?’ Не дека е мој, ама премил е! Летам у облаци од љубов! Да се полигавам де....кога ако не на прв роденден Ние ве поздравуваме и гушкаме од море Бебе ќе има beach party
Најсреќна да е палчица. Ќе го завземе местото на мојата палчица која досега го држеше приматот во темава од 12 до 24 кога ние ќе се одделиме за 2 м, во поголемата тема. Инаку тема одбивање не ми спомнувајте, болна тема ми е. Есенва пред роденден сакам коонечно да ја одбијам, ама кај и така ич не спие не знам како ќе биде. Одбиватје дури се помали и не добивате и ќотек ако не давате Цика (така си ги вика).
@The Unicorn Среќен роденден на бебе Да пријавам ужасно дете синоќа. Блазе ви на сите што имате нерви да слушате плачење. Она синоќа рикаше бре. А за што?? Кој знае веќе. И еве ја од 6.30 стана. Прво денски подои да исфрлам, па ноќе нека цица до средно ако сака. Неможам веќе. Сама неможам, маж не помага
@srekice држ се, не би да те плашам ама моево такво беше, периоди се, мирно 1 месец, после пак бурен период со плачки ноќе...се така во круг. Ако си за одбивање исфрли прво денски, кога ќе бара скренувај внимание, заигрувај ја, ќе се навикни брзо. @Presrekna среќен роденден на малата, среќна да е @The Unicorn среќен роденден, голем да расти не е поќе бебе
@Presrekna @The Unicorn да ве радуваат малите уште мноогу години.Среќен нека е роденденот. @Milaаа991 и јас планирам од септември да ја одбивам.Бреее шо стаж наполнивме,за две деца.Дефинитивно се сложувам дека порано е полесно.Сега ќе има драми,ама мора така.Психички се припремам одамна.Не за разделувањето,за делот со плачењето ми е страв.Ај може па нема да биде толку тешко.
Ирис толку долго се бунтува ноќе, што веќе нормално ми станува. Ама тешки ми се утрата. Главата ми е тешка, не можам да се освестам, очи на пола копје, а таа веќе исправена во креветче, фул чарџд протестира да ја земам. Кај ја наоѓа само целава оваа енергија после ноќ со толку многу будења да ми е да знам. Имаше ноќи кога бев скроз на скроз исцрпена, па маж ја преземаше за јас да дремнам. Ќе се разбудев по некое време, тие двајца заспани, а маж механички спиејќи ја тапша по газе, па ќе ја префрлев во креветче. Пред некоја ноќ закенка во креветче и маж механички почна мене да ме тапша по гз. Двајцата не поремети со неспиењево. Откако научи да мафта за чао, луѓе мои на сите мафта. Атракција е. На сите мафта, па ако некој не и мафне назад, им писка за да слушнат и видат. Покажува со прст веќе подолго време. Дур укапирав дека покажува со прст мислев ми праи лузер фора. На една слика баш и така изгледа. Ама пак си ја стаив за профилна на фб, драга ми е.
@Presrekna @The Unicorn Среќни да се родендените, уште посреќни дечињата @flower55555 @srekice @Yowannty Од вчера ве читам, исти сме и ние ама потполно исти. Денски подои имав исфрлено ама од ко почнаја 4рките никако не заспиваше денски освен со цице и пак вклучив. Пред заспивање то е од ко е родена, така заспива. Ајде за пола месец почнуваме, ако сте за,ќе си бидиме поддршка и плус имаме убај примери во групата на кои брзо им успеало Иначе моментално сум сама пијам кафенце на балкун, а мм со малата ги пуштив до кај мајка ми бебе со баба да се види Ако е некоја за кафе без врисоци, бујрум
@The Unicorn најсреќен нека му е мила И уживајте на море. Баш така се слави роденден во корона, на плажа на море. И убав помин патем. И на сите од новата екипа нека им се среќни и со лесно годинава. Со гаранција многу полесно од годината која ви помина. Ми е страв да напишам после тројките веќе месец и половина или два колку направи е прав ангел. Преспива од два до три саати на ден. И навечер од девет до 7. Јаде, си игра сама, се шета на подолги релации. Само нека потрае периодов пу пу.