И јас ги чекам забите да излезат. Доле две 4ки пробиени и една тројка, горе боцкаат 4ките. Уште само три тројки. За играње не можам да се пожалам, се игра сам, ама јадењето ми е болна точка. И спиењето е супер, од 9 10 до 7 8, со едно две три циц паузи.
@The Unicorn среќен роденден другарчееее. Цел живот бебиња ќе ни бидат. Синко е над мене, чевли 43,5 носи, ептен крупен е, ама сеуште ми е бебе. Баш утрово го гушкав додека спиеше и му реков бебе на мајка. Не можам да те тагнам, па затоа те цитирам. Фала ти. Баш ми е Мило што има друга палчица тука. Ќе ти досадувам Колкава е родена? Моево ептен е ситно. За6-9 месеци му се големи алиштата. Само образи е на неа. Чевлите 15-16, односно 11см должина што се сега конечно палчо почнува да допира напред ѓон. А за јадење што убаво си почна на 6-7 месеци, за сега уста да не отвара освен за цице. Како напредува? Ова уште 9 кг не е, но према родилната добра е. Триплира на 7 месеци, а должина 26-27 за година. Нека ни се здрави и живи
Ете си велам дека сум ЗА, го оставив со татко му заспа вечерва, и после еден саат се разбуди ме бараше мене, легнав демек спијам и тој тогаш заспа. Како да соберам сили незнам, а дека ке плачам тоа сигурно
Мојата е родена 3350 со 48 см. Почна убаво да напредува и на 6 недели беше 4700, ама потоа одеднаш со грчевите не сакаше да цица, а шише скроз одби. Дуплира на 5м, а труплира дури на година ипол. Сега е скоро 2 г и е 10500 со 83 см. Патики секогаш носи со врсниците. На година носеше 19 ипол, а сега веќе 22ка и се кнап. Мислам смо стапала и дланки има на неа. А помала и образи имаше баш баш големи. Ама нема апетит и е голем живец и се троши. И уште цица, кога требаше не сакаше, а сега пак не сака да престане. Само нека се здрави и живи. Па слаби и мали, веќе не се нервирам. @The Unicorn најсреќен нека е роденденот! @babydust И мене од тоа ми е страв. Ама еднаш мора. Што е тука е.
18 месеци сме вече три недели уста не отвара ништо не јаде лајче неможам да доближам само житсрици со кислео млеко јаде што сирупче можам да давам за апетит ?
Ако најдеш лек кажи. Мојата јаде секој ден овесни со овошје. И палента со телешко. Секој ден, уназад со месеци исто. Се помирив, немам што да и правам. Такво е детето.
Помош мајки! 16 месеци е, од дете што јадеше све до пред еден месец се претвори во дете што не јаде ништо! Една две лажички и толку. Се бркаме по собА ама ништо... Се уште е на адаптирано и млеко пие, ама друго не дака дс види, ептен по малку и така еден месец веќе. Да напоменам сите заби излезени освен 5ките.помош? Дали да почнам со нешто за апетит или некое друго чаре, да ја носам на лекар?
Не би знаела да ти дадам совет. Моето е терсен дете. Али, ако прочиташ наназад, од другите членки, ке видиш дека е период. Им поминува за некое време. Веројатно е 10-от скок па бојкотира храна. Штом јадел до сега, ке пројаде пак. Фаза е.
Така син ми наеднаш почна да ми ја одбива секоја храна, освен житарките за вечера, и од тогаш му готвам по сува храна шо може да ја јаде со прсти сам. Сега се научи со вилушка и лажица да јаде, ама еден период само вака јадеше. Пробајте така, зеленчуците убаво сварени и месото мелено ке ги јадат сигурно.
Генерацијо купивте ли патичиња за во есен за малите или сеуште не? Какви да барам, со оглед дека овие летни модели на најк беа лесно свитливи, ама сега за есен ќе мора некои повисоки, ама и покрути сигурно ќе се бидејќи ќе се цели од кожа/скај? Може и слика ако имате @FreeMind ти некој откриен модел да не имаш?
https://en.zalando.de/nike-performance-flex-runner-neutral-running-shoes-n1243a0xz-c11.html Овие ќе ги нарачувам сега. Од некна 23,5 носи. 22ката најк веќе и беа мали, новата бројка и е голема ама оди во нив. А за дожд немам размислено. @AlicaInWonderland ќе ја повикам како шу експерт за бебиња сигурно има нешто во план
Леле исто како за мојата да пишуваш, таа е 15++ месеци.. И јас сум без помошна, единствено што пие сега без проблем е ад.. Баш се прашував дали е можно да почнат да излегуваат 5ки или некој скок,не знам на што да го препишам ова. И јас размислував за сируп, но незнам кој
На тема обувки, дали првите обувки за проодување (за надвор, за дома знам дека треба да е бос или по чорапи) треба да се виткаат кај прстите или јас сум грешка? Зошто 99% сум сигурна дека така рече ортопедот,а продавачкава во спорт вижн ме убедува дека требало да биде цврст цел ѓон. Кога и реков ортопедот рече дека треба да се меки,да се виткаат кај прстите, вика ама овие и на средина се виткаат (конкретно кај линиите) Еве слика за кој модел зборам
Многу е широка гумата и ќе си ги удара едно со друго. Не ги препорачувам за скоро преодени дечиња. Ја пробав јас мојата тогаш и така и се удараа. Инаку да треба да се виткаат кај прстите, да бидат тврди во делот кај зглобовите за да ја држи добро ногата, и да има барем 1 прст простор напред.
Едно бројче поголемо ок е да се земе? Он сега е 19ка, да земеме 20ка или не смее толку да има простор? Едвај се наоѓаат бројчиња од најмаливе
https://www.sportsdirect.com/nike-tanjun-infant-girls-trainers-021009#colcode=02100943 Овие ќе ги купиш за проодување само боја одбери си. Емили почна со 21 број сега носи 23,5 а оди неколку месеци. Чисто да знаеш колку брзо се тоа оди. Трета бројка досега.
и јас читајќи ве вас тука ги зачував овие ама сегде каде што прошетав и отворив онлајн ги немаат, само во спорт вижн мислам имаа ама само виолетови, а јас и @Sofi.ja имаме момчиња. Ако има некоја мајка од мк инфо каде ги има нека пише.