Виолетови момчињата во Македонија претпоставувам не носат оти е срамота што ќе речат комшиите А колку е убав животот без стереотипи само да знаеш. Немаше да реплицирам али ова е воедно и начин на воспитување на момчињата во Македонија. За жал многу им е тешко нив и подоцна. Преголеми очекувања од околината да биде “маж”. Да не носи она, да не облекува ова, да не плаче, да не се срами, да крева три кубика дрва на рамо, да нема пискав глас, не му купувај кујна машко е, дали си ти будала што си му земала кукла педер ли ќе го правиш и така натаму. Системско уништување од пелени. Ако вие тој круг не го прекинете и не истапите напред никој нема тоа да го направи за вашиот син. А можете, вие сте силни мајки. Ништо злонамерно само ми боде очи начинот на кој се третира момчето во Македонија за жал.
Јас не сакам виолетови за момче затоа што јас лично не ја сакам таа боја. Синко го облекувам во сите бои, во црвено ми е најсладок. Розови шорцеви и маици има. Се што е сино, е подарок, јас плави алишта не му купувам. Јас кога бирам, се е крем, кафено ило црвено. Јас купив сиви најк, 23,5 ама големи му се. Оди ама има 1,5 цм напред. Потоа купивме црни 22, нема 1 цм напред, кратко ке ги носи ама нема врска. Чико сандалите ги купив пред нецел месец, сега гледам палецот веќе му е до гумата. До кога да му ги облекувам? Не најдов од танјумот ама најдов најки кои се прелесни, прелесно се свиткуваат напред, супер се.
Апсолутно си во право, скоро третина алишта ми се купени од женскиот дел на ваикики и бебе кукла веќе му имам купено,па ко ќе прооди и количка ќе добие куклата. кујна и садоперот што го видов тука сигурно ќе се дел од играчките во 12+ еуфорија за аутфитот за роденден и брзи прсти јбг
Адидас имаат обележано да кај треба да бидат прстињата кога купуваш, и се носат до втората линија. Еве како изгледа. Јас и земав Најк ама Адидасот и беа по згодни. Овој модел https://www.sport-m.com.mk/ProductC...ment=04&Grupa=01&PodGrupa=503&Pol=M&Vozrast=I
Епа носете си ги боси Ние со девојчиња можеме во сите бои да си ги облекуваме Видете во Waikiki, и таму има за проодување убави патики.
Овие нели се крути кај прстите не се превиткуваат? Воопшто не погледнував вакви,мислев дека не треба такви да се Слични му пробавме и се двоумевме меѓу првите што ги постирав и овие Ѕирни ги овие горе ,во Sport reality во Сити мол ги имa
Да се надоврзам на @FreeMind. И девојчињата не се во подбра ситуација. Ќе ми ископаа очи зошто сум и купила машки патики, зошто и купувам колички... Или пред некое време кога и купував едно обично тркалце со рачка за туркање. Па ми нуди розево со машни. Не, дај ми го портокаловото со запчаници. Многу било убаво мајка и ќерка во исти фустани со тул на сите страни. Да да, греота за детето и браво за мајката. И ме гледаат чудно кога ќе кажам дека не ми е воопшто крај на свет ако моето дете е геј, битно ми е да ја израснам во здрава, морална личност. Ќе си пукнам од мака кога му викаат на едниот внук на маж ми, каков маж бил, плачел, или пак дека се здебелил. Или помалиот дека сака кујни и садопери дека не чинело тоа за женски било. И зборам, зборам, ама џабе. А тука некаде се провлекуваат муабетите дека детето не ми е крштевано, морам во вера да го ставам. Морам само да умрам, ете така. Или како тоа сега на 30 години се тетовирам, па каков пример давам на детето. Давам пример што моите родителе ме учеле. Да го сакам детето, ама да се сакам и себеси. Затоа што пред се сум човек, па после мајка. Затоа што има работи и одлуки каде детето не е воопшто засегнато.
Овие ги доби на поклон сега и не се баш за тазе проодени. Меки се, се виткаат, ама гломазни се и може да се сопнува.
Вакви плави има синко,ептен ги износи и супер одеше во нив и се виткаат. Сега за од есен е дилемата Имаат ли добивано по дуќаните вакви високи како од @monik55 и други есенски или уште е рано? Од најк носи 22,за онлајн не би можела да порачам има широко ноже напред, а и број не би знаела Најдобро да проба
Јас овие ги земав за есен/зима, сега му се малку големи 25ка се. Капата ќе му чинат помал калап се, а адидасот ќе видиме можи и пролет да фати ама ги порачав онлине последни бр беа 25ки и мн намалени, двете за 1800 ден.
Јас адидасов 23ка го имам сеуште не може во нив да оди. Претврда патика. Кога се обидува на прсти да застане паѓа се спрепнува.
Мм вакви и купил на беба уште пред некој месец ама баш и за проодување не се. Не се виткаат , баш се тврди некако.. Тој ги земал бр. 22 големи и се сега, па таман ќе прооди до тогаш и ќе може да ги носи
Ќе видиме Гого како ќе оди ако неможи ќе барам други, се си мислам на пролет ќе му се таман. Има време дотогаш. Иначе си продолжува исто ноќњ со станување и тешко заспивање, душа ни вади дури го заспиеме
Знам дека секое дете е различно, ама кои бројчиња на патики се обично за проодување? И јас сум со намера да земам некои. И го мерев стапалото 12 цм и е. Колку треба да има на година? И кое бројче одговара? Денеска прими 3та и последна ревакцинација преневар, пнеумокока. Јас мислев ммр ќе биде, ама педијатарката ми објасни дека била лани на 12 месеци поради епидемијата со морбили, ама откако тоа се средило пак ја вратиле на 14 месеци. Конечно ќе има и проверка на крвна слика и урина утрото пред ммр. Да видиме како стои со тоа. Нареден месец пак ревакцина. Ми врескаше бебе во уши не разбрав која. Можеби за менингокока? Таква само еднаш има примено. Навистина се надевам дека ќе има после ова некоја пауза од вакцини. Правите ли сутлијаш за малите и како го правите? Какво млеко користите? Нели ад не треба да се загрева.. Па тогаш какво? Девојка што живее во Австралија кажуваше баш пред некое време, дека таму во градинките скроз ги отфрлиле играчките кои биле као "поженски" или "помашки" као кукли, количиња и слично. Па децата играле со лего, разни коцки, сликовници, картички, играчки кои се универзални. Јас мислам дека не мора ни до таму да се оди. Ако машко дете сака да игра со кукли зошто тоа да му биде ускратено? Или девојче со авиончиња. Секое дете треба да ги пронаоѓа своите интереси и при тоа да има слобода и достапност за да истражува. Ирис моментално ја интересираат гуштери. Со гуштерот легнува, со него станува, сегде сме со него. Спие со опашката негова во уста.
Мојов е 10ипол месеци сп 10ипол см стапалце, ако добро измерив. Вчера во пеко му го мереа 19ка калап рече,а и патиките што ги најдовме 19ипол му беа таман со малку луфта Значи би требало Ирис да носи 20 најдобро да си пробате. Кај нас ја нема таа вакцина менингокока, бар не до 12м. Со шестовслентните завршивте? Сутлијаш еднаш му дадов, го сварив оризот со вода, го исцедив па додадов пасирана банана и ад млеко 30мл. По рецепт од бебе готвач Инаку од женско-машки играчки, на мојов во последно време му се најинтересни штипките за алишта да ги вади од кофичката па пак да ги враќа, буквално полудува со пискање и радување кога се чисти со правосмукалка или џогер. А во последно време ми се лепи на нога додека сум во кујна па му давам дрвени лажици и пластични садчиња и си игра со нив. Инаку и самите производители на играчки си прават поделба, ете побарав правосмукалка играчка, секаде видов барби стил,џиџано розево и замислете да ја купам и да ја види некој од постара генерација...