На синко му купувам само едукативни играчки, а тие се во сите бои. Коцки, чаши, кругови на цилиндар, коцки итн. И тропчињата кои ги имаше се во сите бои. Колички има ама подарок се, јас не купувам такви работи. Сепак, нему најинтересни му се секојдневни предмети. Клучеви сака да става во брава, да мати фил со дрвена лажица, да носи послужовник. Количка црна купив, седиштето сиво е. Креветче бело со сива и бела постелнина. Патики бели сиви црни. Навистина не сакам плава боја. Ако имам ќерка, нема да и купувм розово. И таа боја ми е неубава.
Жени со комарциве шо правиме? Раид за во штекер смеам да ставам во соба кај шо спиеме? Бебе е 20м, јас трудна.. Оток сме, лом ме направија..
Да, сигурно ќе проба прво, само ме интересираше како одат бројчињата. Прошли месец и го мерев сакав сандали да и земам и беше 11.5. Се премислив и не зедов, ама ако вака брзо и расте ќе треба патики секој месец нови. Со вакцините мислам дека веќе заврши со сите. Уште 2 само, ревакцинација следен месец не знам која точно, и ммр. И да ми се мафнат од глава, да не ја мислам. И таа раат и јас. Денеска прв пат во раче ја боцна, рече дека сега веќе оди, во раче ќе биде од сега натака. Внук ми исто многу сакаше правосмукалки како бебе. Јас немам, дома ми е плочки па класична правосмукалка немам, а се си мислам дека страв би и било од звукот сега оти поголема и не слушнала претходно. Со штипки исто игра кога сме на балкон. Сега се во таа фаза на вадење и ставање. Многу се интересни. Ирис многу сака сликовници и посебно ми е мерак за тоа. Знам дека не мора ништо да значи, ама би сакала да продолжи да сака книги и понатака. Нон стоп ги листа, ги врти, си збори сама нешто, целата внесена. Баш ми е криво што не успеав да дојдам за мк, па немам ниедна на Македонски, ама па и ги раскажувам и и покажувам на сликите со прст, а потоа таа повторува со прстот и иако мислам дека ништо не разбира, педијатарката денеска ми вели дека разбира многу повеќе од што си мислам и ме искара да не ја потценувам. Па од таму во книжара и си доби уште 2 нови сликовници чим така. Иначе да, во право си. Самите производители ги прават играчките со намена. Во принцип и џиџано да го земеш е сосем во ред, детето само по себе не знае да прави разлика, ама имајќи предвид каде живееме и дека може утре да јаде булинг од некое растено по мерка за полот, ќе го избегнеш за да не си накалемиш плус трауми.
Ставај раид слободно. Мене ми е на 30 цм од глава. Не утепаа комарци. Ништо не помага. Мали е со сто касаници мислам
Лом сме сите, и беба ми ја искасале, ама јас сум цела отоци. дури од чешање модрици сум цела по нозете. Секогаш користам од оние таблетите за во штекер и раат сум цела ноќ. За во двор да не збориме, пред да излезам се прскам со Мапез (и децата секако) ама ќе се најде некој да застане таму кај што не сме се намачкале
Сутлијаш и е омилено и единствено јадење што го јаде. Го варам со вода и малку путер скроз да испари водата и го оставам да олади. Доаѓа суво едвај со лажица да го земеш. Спремам 90 мл АД и го блендирам со оризот. Ставам и цејлонски цимет. На здравје вакцини. После роденденот и крштевката бев среќна бебе пак пројаде некои работи. Не многу ама оброците си ги јадеше. Но среќата до вчера траеше. За вечера синоќа уста не отвори, цицаше и заспа Утрово исто. Само 90 гр готова овошна каша изеде и тоа не од тегла туку како со цуцла што се хипис мислам беа. Лажица штом види затвара уста и ако се обидам да и дадам плачи. Ноќе има вечери станува ама брзо презаспива, но има некои кога маста ми ја вади. Цела ноќ на цицка виси, лази, пее вика, плаче, 'ржи, кемка, се смее, ме љуби. .. 100 во еден. Сред скок сме. Некој ден пред громчето. Дај утешете дека после ќе се смири малку.
Еве ти нерозева правосмукалка Иначе за игри дома, направете некоја кутија со дупки и нека ставаат внатре се што бери во дупката занимација цел ден. Сликовници сакаше синко од кај годината, само листаше вртеше, не ги кинеше и секогаш ја држеше правилно ако му ја дадев обратно, однопаку тој одма ја вртеше "на лице" уште ги сака, сега кажува што гледа, кола, комбе, мотор, авион, камион, воз, автобус, точак...се разлилува. Од 6 месеци до сега си игра најмногу со коли, џипови, трактори, никој не форсиравме ништо сам си ги сака, сам си ги бара. В кујна до мене е секогаш и бара и тој да работи, од машината ми ги поддава садовите, ми помага, со лајци и тенџериња играше околу годината. Ме гледа ко ќе се шминкам и тој иди да се шминкал, па го шминкам наполашки еднаш кармин му ставив некни се лакирав и дојде и бараше да му го лакирам ноктето Сутлијаш со кравјо млеко правев
@Presrekna Ирис откако е родена за доручек и вечера ретко кога изела повеќе од 100гр. Девојчето ти е супер, супер си напредува нема што да се секираш, гладна не е сигурно. Ќе си пројаде кога ќе и дојде време. Да не напредува па да се секираш, вака апсолутно немаш простор за грижи кога се си е во ред. Гушкај, љуби и уживај, не троши нерви за џабе, ќе требаат понатака.
некој искуство со овие патики, бирам и јас за на есен, мислам што да купам. https://www.sport-m.com.mk/ProductC...Grupa=503&Pol=W&MarketingStatus=020&Vozrast=I https://www.sport-m.com.mk/ProductC...Grupa=503&Pol=W&MarketingStatus=018&Vozrast=I https://www.sport-m.com.mk/ProductC...Grupa=503&Pol=W&MarketingStatus=018&Vozrast=I третиве ми се гледаат најмеки, но летни се изгледа Малата сега носе 21 од адидас но за брзо ќе и се смалат. Гледам 22-ка да купам.
На сево ова ке додадам се исто и плус двојки заби му растат. На работа одам гроги,со надеж дека периодов брзо ке помине
Јас уште немам најдено решение за обувка зимна. Незнам зимово што и како ќе најдеме. Лани имаше едни чизми од ХМ за снег со крзно. Искрено беа ужас за одење. Ама за двапти облекување завршија работа. Енос во јануари почна да оди и така некако брзо помина. Од мое искуство ќе ставам сега неколку модели и мое мислење. 1. Nike tanjun Нема подобра патика за проодување и за мало дете. Значи НЕ-МА! Единствена патика што освен што е мека има и засечоци на ѓонот и е прелесна за одење. Освен ѓонот и самиот материјал е многу лесен. Проблем е што не е за ладно. Инаку до 10 години ќе носи само вакви Кај нас ги има во www.sportvision.mk www.dsport.mk А ги нарачувам и онлајн преку sportsdirect.com, имаат достава до мк 2.Nike Star runner 2 Кога нема tanjun, овие ми се план б. Немаат засечоци доле ама се виткаат солидно и се згодни. Ги има спортвиж, спорт м... Не се целосно платнени, па така може да се носат и на поладни денови. 3. Nike revolution 4. Не сум задоволна. Не ги препорачувам. Многу тврд ѓон, се виткаат ептен малку кај прсти. Не можеше малиот убаво да оди во нив 4. Adidas Alta Sport Mid Никако! Ништо позитивно нема кај патикава. Плус горе лепената е многу незгодна и му направи рана 5. Adidas Lite Racer 2 Супер се. Меки и згодни. За ѓонот би ги споредила со Nike star runner. Само овие се цели платени и скор летни. Планирам деновиве да нарачам вакви за периодов 6. Adidas Advantage I Крути и гломазни. Не се витка ѓонот. Малиот ги обожава и овој период е само во нив. Незнам што да кажам кога ќе кажеме шетање тој седнува и ги зема овие да ги облекува. Супер оди во нив иако јас никогаш не би ги купила. Сам ги избра. Не би ги препорачала ама ете...ги уби од носење Тоа е тоа. Ги опфатив најзборуваните модели мислам. Имаме уште 5-6 други модели пробано. Ама не толку комерцијални и барани ако некој праша ќе објаснувам и за тие
Лејдис енд џентламен нашата Алиса ви ја претстави обувката за 2021 година до детал. Ах колку е убав светот кога си имаш скроз посебни пријатели и сите тие нешто ги бива за сосем спротивно од тебе
Помогнавте во избор на патики, сеа ја да прашам нешто. Максим почна од седната положба, да се дига и да оди. До сега само ако станат стоеше за нешто продолжуваше со одење, сега ова е од последниве неколку денови. На плажа,на песок седи, и оп станува сам не се држи за ништо и си продолжува да оди. Тоа е таа фаза? Сега што друго во категорија почетно проодување да очекувам? Иначе оди супер, веќе почна и да трча. Како паја паторче е. И едит за скокот. Преживеав. Сега тераме 'одмор' што удира повеќе на умор.
Јас втор пат купувам адидас,кога прооде и после 2м, му омалецнаа, летни, ранерс тие, како и да се викаат... презадоволна сум, ама со дождов сега ако почне наскоро не знам. Со нив ми нема утка во број, премеки се, се' на се' презадоволна. Иначе дете почна да ми јаде, леле денес колку изел јас живи радости. Забиве не утепаа 2 месеци. Ама веќе се и повеќе од пола пораснати. 14м 16 заби. Што пие кафана Да видиме утре, да не се радувам премногу. Така ќе кажам нешто па од другиот ден оп, не важи, ко да лажам.
Вакви и порачав со помош од Алиса, нашиот советник за обувки. Тие со лепенка горе никако, ги имаше малата, на поклон и ги донесоа, неможеше да оди со нив. Ви пратив и од Адидас од кој модел сум задоволна, не се платнени ама се виткаат многу.
Nike tanjun ми се во план. Овде и нема некоја голема зима, не паѓаат температурите под 0 и во најладното.. валда ќе ги биде за сезонава. Дојдов да се жалам. Ако мислев дека 4ти скок е најстрашното што ни се деси, мислам овој пат достигна повисок врв. Денеска посебно е невозможна. Дали скокот, дали забите, дали вакцината од вчера која има онолкав круг реакција на рачето. Дали се заедно. Минатата ноќ беше многу вознемирена, се будеше на пола час. Умрена сум за спиење. 2 дена одбива да јаде. Не е јадач и онака, ама никогаш претходно не било вака. Вечерва ужас. 5 обиди за заспивање до сега. Заспива за 5 минути, само што ја спуштам во креветче почнува да вреска. Никогаш до сега не правела вака ноќе. Кенкава до немај каде. Лиги на сите страни пит бул рамен не и е. Еве после 394739 обиди за спиење сега нејќе ни да спие, а и се спие, нон стоп трие очи. Сака се по нејзино. Врескање, драмење, не смееш да ја допреш. Сака сама и сака секаде да оди. Па вреска. Се нешто не и е по кеиф. И се така во круг. По лу дев! А сакам само да поспијам малце.
Височкиве адидас ги има мали,не сум приметила нешто лошо баш убаво оди со нив и меки се. Ако најдеш убави височки кажи.
Фала ви жени, кога ќе посакате и вие да си се фрлите на работа па да имаат женскиве наши друштво. Оваа беба ќе ја чекам во Април, ептен сум на почеток, ама искрено не сум препотресена ко со прво бебе. Вчера читав шо сме пишувале во труднички, поддршка на веков Два дена ме немало откако завршив на царски, нема некоја од вас што не прашала како и како сум Инаку моментално сме со бебе во Охрид, радост невидена е! Пак уште сврзува по некоја реченица душа да ти стопи Тројките пораснаа, чекаме 5ки за ново тресење..