Ве читам за обувки за бебушите спомнувате Најк, Адидас . Какви се во натре , рамни, меки, имаат ли перниче? Јас после обичните на Кеги за проодување со патент преку цел ѓон сега му земав пак на Кеги но и овие имаат перниче. Да не имам направено утка во изборот, стабилно одиме , дури и подтрчнува со нив?
Ете не знаев дека tanjun ги имало во спорт вижн. Баш проверив во капитол и рамстор ги има, ќе ги пробаме. А вториве ги пробавме само во плава боја беа и 99% бевме решени за тие, зошто од сите што ги проба најубаво му легнаа. Фала за консултант за обувки Сега да се јават @MilaSs12 и @FreeMind да ги опишат фазите на проодување, да видиме до кај сме Еден месец како се исправа и лази нанапред, сега дури кога ќе види нешто интересно стиска на копче турбо и за секунда со лазење е до него Се исправа на се што ќе најде, чекори во страна покрај мебел,ново е што ќе си фати играчка пред него и си игра, а со мешето е потпрен и одржува рамнотежа. Овие денови ми доаѓа до кујна,се исправа на фиоките и кога гледа нема каде да се фати понатаму, ме тегне за шорцеви да му подадам раце да продолжи. Се префрла од едно парче мебел на друго. Успешно паѓа на газе. До сега стимулиравме со играчки од еден крај на друг на креветот и веќе тоа е извежбано. Што да помагаме понатаму?
Нас на ортопед ни кажаа рамни обувки тррба да носи, не ортопедски, не со перничиња. Кај Антоније ова.
Официјално прооден. Сега има една многу досадна фаза трае до некои си 17/18 месеци каде нема да сака да оди надвор само ќе клекнува на земја да си игра. Само што си помислила готово прооде опет на земја. После 18 ќе оди секаде оти тоа доле нема да е битно повеќе. Застанете еден наспроти друг на многу мал далечина и стимулирајте го да се пушта меѓу вас. Ова брзо оди фаза до некои 8/10 чекори сам. Па повторно пауза од две три недели само ќе лази па потоа ќе прооди сам.
Синко има некоја меѓуфаза, сака он да ја вози количката и во исто време да ги фаќа гумите. Евентуално да се качува на гумата на количката Втора опција е да фаќа гуми на коли. Не можам да пребројам точно, ме каса, ама доле една тројка боцка, другата има дупче. Изгледа и горе иста ситуација. Плус мислам дека почнаа тантрумите. Драма, со дерење, викање, солзи, мрсули, џипање ако не му дадам нешто. Само нека пројаде, другото му се простува.
Фазава со "галење" на тркала трае кај синко 20++ месеци е и уште се наведнува да ги фаќа тркалата додека се вози со трициклот, со количката му помина, ама повеќе е во количка и изгледа со трициклот му е уште интересно а од коли гуми Да уште фаќа Исто имаше фаза на 15, 16 месеци да ја турка количката и ако го тргневме се траскаше од земја
Јас те манијачев некни во некоја друга тема. Исто имаш пишано за Nike tanjun. Сум направила screenshot да знам кога ќе прооди Јас овие ги пикирав. Ако не фати зима дотогаш
 Според тоа што прави мали, она е проодена. Значи она станува, сама од седечка положба. Без да, се држи за ништо. Оди три чекори и седнува. Ама не се пушта низ цела соба. Си лази момата ме нервира
Nike да ме читаат за tanjun ќе треба за реклама да ме платат. Им дигнав продажба Мојот прооди во овие. Крај на декември и почеток на јануари беше проодувањето... Инаку немај мака. Нарачај ги денес. Додека стасаат она веќе ќе трча хаха биди спремна. Далеку е зима
Па проодена е, што се дробиш мајка? Ти мислиш ке прооди и одма ке почне да трча. Можеби други деца, синко не. Првите чекори ги направи на 11 месеци, сам од точка до точка, секако откако ке се исправи на мебел. Тек сега на 13 месеци оди многу повеќе.
Ама само по три чекори и седнува. Никогаш не изодела цел ходник на пример. Сеуште оди да се придржи некаде. Преферира повеќе да лази. Ама ете без проблем станува од седечка положба. И земав проодувалка као да се пушти. Неколку пати ја прошета по дома и ја забатали. Не ја интересира
Претпазлива е, не е уште сигурна во себе. Синко на годината се пушташе од точка до точка и вака беше, си пазеше да не падни чоекот тек на 14 месеци ја изоди цела соба, а после тоа пак си пазеше таков си е за се, внимателен, уште не трча како др врсници, ко мече е и бавно трча, пресмешен е Еве сега за зборување нешто слично прави, ко ќе кажува нов збор се срами ко да нејќи да згреши. Така го имам проценето.
Женски ве читам деновиве и никако да вратам нешто, малата 4-5 дена е со 2 кратки дневни дремки и ноќно станвање едно 4 пати. Не знаев кај сум, ама полека се средва, од 4ките беше, ја чекаме уште последната да излези. Да одморам до 3ките, знам најтешко поминавте вие поголемите Иначе, се двоумам кога ќе престанам со доење да давам само за заспавинње вештачко млеко, шо мислите? Не знам како би ја заспала поинаку, одиме в спална и знај дека треба цице, да си лежам и да ја галам нема тој филм мислам кај мене да помини
Кај мене не помина тој филм Од ко е одбиен од 14 месеци мака мачиме за заспивање, в раце со нишање, раце ни искина 16кг е сега, само 2 пати заспа до мене легнат сега пред 1 недела, таман се израдував дека ќе заспива така и ништо полошо стана, сношти во 12 и пол одвај заспа. Станува за 2 сати уште, млеко воопшто не пие никакво, само вода за 3ките беше лошо, прв пат тт крена, 3 недели не јадеше.
Во врска со вакцините ние таа што требаше да се прими на 7 месеци ја примивме на 8ипол. Рота и полио. Имаше таква реакција (не знам дали имам пишано тука,само имам спомнато) помодре преврте очи почна низ уста да Пења да му излага тресеше раце и нозе се грчеше. За миг престана да дише душа ми излезе завршивме на инфузии па во консултација со педијатар на детско одделение матичниот лекар и педијатарот од диспанзер одлучивме дека треба да испитаме на имунологија што е работата (мада не сватив што треба да се испита) може детето да е алергично може да не смее да прима веќе вакцини. Па ајде сега со коронава не можеме Скопје да одиме сите вакцини ни ги остави за после година и еве уште никаква информација немам,треба да појдам да прашам. За обувки да го утепаш неќе да да обуе. Баш сакав да ве прашам како ви ги прифатија обувките. Му имам обуено па клоца ги влече нозете не сака да оди со нив. Не знам како да му погодам бројче.
Мене девојчето ни чорапи и обувки до кај 18 месеци кога шеѕавме само ги губевме и наеднаш се смени сега е 22м.За број на чевли кога купуваш секогаш напред да се поголеми за еден прст или ако мислиш подолго да ги носи 2 броја плус.Брзо им расте стапалото.
Со два броја поголеми ќе се спрепне и возрасен човек, а не пак дете кое проодува. Јас разбирам да се заштеди на обувки али може и беља да се направи.
Кога ќе пише @FreeMind совет, да знаете така е До сега за фази во раст, скроз ми се поклапаат. Од лазење седење како и советите од нашиот ортопед, а и сеа сме во фаза, да оди и чучне доле на камче, ливче, што и да има, до сега ги знаев, ама ова не го знаев, дур стигнеме некаде, историја. Обувки, треба да се добри, на адидас има обележано, за мене се најпрактични некои нивни модели. Многу внимавам на ортопедските совети, не само за нозете, туку и за држењето, вратот, грбот за се' е битно. Муабети од типот, "што има врска, нека бутка, скока, дубак 5 мин. ништо не е да завршам работа", или "ние како сме биле", не проаѓаат.