На обувки не се штеди, последиците може да се фатални. Алиштата какви сака нека се, и 5 деца да ги користеле не смета, ама обувка квалитетна е најбитна. Уште кога ке ве праша, зошто ми се криви стапалата, што ке кажете, штедев на обувки?
На обувки се штеде на второто дете Ортопедот вели дека првите патики без проблем може да ги користат уште 5 деца. Ама 2 бр поголеми, нема шанси да може да се движе.
Нема што да се штеди на 3 месеци по 1000 и нешто нее многу. Немора да се од кеги кај што се поскапи. Јас мерам со метро ноџето и така купувам,мојот има големо ноџе сега носи 25,следни патики ќе се 26. Али пак мерам ноџето бидејки разни калапи се како наикот и адидасот. Два броја поголеми е исто како јас сега што носам 36 да облечам 38 и ќе бидам како Чарли Чаплин Поглеми зимам само алишта за да ги носи на пример од есен до пролет. Секако не плива во нив.
Да, се 5 минути добро е. Со саати ги оставаат да висат во дубак Мојава со очи не видела како изгледа дубак.
Па не би рекла.Големиот ми гази ко на внатре и патиките ги искривува.На малиот му купувам нови,не од брат му да не му направам беља.
Јатрва ми од 5 месеци го држи во дубак. И тоа по саат- два. Детево е веќе 10 месеци. Па, згора на се и седиште му купија за 9+ Што имало врска ми вика а тоа ни седи самостално, ни бутур.
За првите патики така рече ортопедот. Може, не тврдам јас ама гледајќи по малата како нови и се првите патики.
И јас го знам истото дека може повеќе деца да ги носат првите патики. Истиот совет го добив од ортопедот. @Sofi.ja штом оди по маса странично, следна фаза е одење нанапред од точка а до точка б. Кога ќе осети сигурност ќе се пушти и повеќе чекори. Близу сте до тоа.
Патики кој планирав за есен купени во април со 2 броја плус им се мали и не зборам кога се во фаза на проодување тогаш се знае 1 прст. И јас купував таман ама кога дојде до искривување на палец а носени еден1 месец ,брзо им расте стспалото,и нивните плус 2 броја се 2 прста а не како кај нас.
Мечка страв мене нестрав,мали во понеделник ќе го вакцинирам со ММР Прво треба да го прегледа педијатарот или само комплетна крвна слика?
И моето додека да прооди не даваше никакви патики да му облечам. Кога излегувавме да шетаме сите деца дотерани, а моето само по чорапи или босо . Па ај кога шетавме во количка не се забележуваше многу дека е бос, ама кога сакаше во раце, осеќав дека сите прекорно ме гледаа за тоа . Ама што да правам, не сакаше, па не форсирав. Откако прооде, магично засака да носи патики. Во врска со обувките, јас земам да му е точно, малку поголемко, пр. Патики му беа ептен точни 21, ама му земав 22,по долго размислување и пробување. Малку луфт имаше, некако тешко ми е да видам колку место има од палецот, дали дека не седи мирен или јас не знам да напипам . За 2 броја поголем и мене не би ми било удобно, а не на дете кое допрва проодува и кое може да се сопне и со точни патики, а не 2 броја поголеми. За преносување обувки, имаше една емисија каде зборуваше ортопед, баш рече дека не се препорачува да се преносуваат обувки од едно на друго дете, зошто некое одејќи може да ја искриви обувката како @simona_baby што пиша и со тоа и другото да гази накриво. Пред да станам мајка слушав, само не памтам точно кој ортопед бил, не ме интересираше тогаш оваа проблематика, ама запамтив дека не треба. Еве од внукот на мм има еден куп патики/чизми, доста од нив малку носени, ама не давам детето такви да ми носи. Секој има различно одење, па не би отпосле да си ја скубам косата, до толку имам да му купам. Е сега оние кои немаат и за кои луксуз е да купат патики, а знам дека има такви, па си викаат ништо нема да му е, они си знаат. И ние 3 сестри сме преносувале една од друга, па нели, немаме проблеми, ама подобро е да си носи секој свои. Бебе трча па немам време за пишување, ама редовно читам и лепам лајкови Излегува последната тројка, ама генерално е добар периодов. Не пројаде, чекам тројкава да излезе и магично да пројаде, ноќе станува по 3,4 пати, цица и одма заспива, па не би да се жалам. Бевме и на одмор и супер поминавме, бебе уживаше. Сите мајки чии бебиња се коали и поприлично захтевни, а сеуште не се проодени, да знаете дека откако стабилно ќе проодат се гледа светло на крајот од тунелот Малку подруго е. Малку позитива
@lackygirl ќе видам и кај мене како ќе биди. Средината на Септември мислам да е почеток на престанување. Лелле искрено се надевам нема да е како твојот, алал ти душа Лаки Едит: колку месеци е твојот? @hello-kitty.90 не е мојата проодена ама кај да е блиску сме, па ми влеваш малку надеж со коментарот дека ќе е поќе заинтересирана за одење отколку за цицање
Јас само на преглед ја носев. Кс и да има нешто кажува дури мин 24ч од тт, така да пред вакцина џабе ти е. По мене побитен е прегледот, ама ако педијатарот е добар дијагностичар
И онака ќе го прегледа педијатар во диспанзерот, не мора да го прегледува и матичниот, доволно е крвна слика. Прашував еднаш изгледа, оваа вакцина за стрептокока што е ( втора доза или ревакцина, што и да е, по вторпат што се прима) има ограничување до која возраст се прима или не? Скоро 20 мес е мали и само една доза прими, знам дека ни кажаа уште еднаш боцкање, ама одложувавме поради ситуацијата, па да не закасниме и да ја испуштиме. И ммр требаше со оваа заедно, ама би сакала да не ги прими во исто време и двете, може така?
И малата кај мене не сакаше да носи обувки пред да прооди, баш и тука се жалев. Од кога прооди сфати дека се за надвор и која им е намената почна со радост да чекам да и ги облечам. Не се секирајте пред време, ќе си дојде се на свое место. @Makedonka007 мојата како престана да цица, заспива со шише млеко навечер. Пие само навечер и насабајле.
Јас се консултирав со докторката рече б комплекс може да дадам, сигурно било период, да и сецкам и редам интересно да и е да зема сама.. Ама не помага ке касне малку и тоа е затвара устата. Ке почекам уште малку да видам дали ке помине овој период...
Јас не му ни облекував обувки пред да прооди. Имаше адидас со мек ѓон ама ги носеше чат пат. Дома бевме заради короната, а кога излегуваме најчесто е топло. И сега, иако прооден, не му облекувам патики за шетање. Бос или по чорапи а патики во ташна. Или ке ги соблекува или ке ги лиже. Плус жешко е, јас во сандали а дете во патики не бива. Плус ако го извадам од количка назад ставање тешко. Не се надевај, синко оди и цица. Сакам да кажам, прооден е ама си цица стандардно. Забите го мачат, па цицката му е се. И храна и утеха.