@paleska3 какво млеко даваш? Трајно или вештачко? Да имам во предвид @MilaSs12 ме држи надеж дека можи ќе смени, па ќе видиме. Имам примери и во опкружување и како тебе и како Kitty @monik55 ајде со лесно да помините И ако можи некоја да пиши за вакцината за стрептокока до кога можи да се прими прва доза, до кога втора. Мојата ја нема примено ни првата.
Пневмокока после наполнета година е со 2 дози кои треба да бидат ставени до вториот роденден. Битно е меѓу дозите да има барем 40 дена растојание.
Мајки какво млеко пијат вашите бебиња од годинка. За некое време сакам да намалувам подои постепено па и да се одбиеме од цицање, ама ке се обидам да биде тоа постепено и побезболно. Со постариот син имав бурно одбивање и се надевам нема да се повтори и сега. Пробав ад секакво не го сака, пробав и кравјо и со него исто.
Ете баш то зборав то. И јас размислувам, не знам ни дали ќе сака воопшто друго млеко. Ама ако би давала би пробала со Ад.
јас освен цицање користам ретко кравјо млеко за млечни каши. Друго млеко не му давам да пие а и не планирам после одбивање да му давам млеко. Односно доколку би давала би било свежо кравјо ама само по една чаша на ден. За одбивање за брзо не планирам препорачуваат зимно време да се дои заради превенција од сезонските болести кои тој период се многу почести.
И јас не планирам да ја одбијам пред 18-24 месеци. Или до година пред летото, а може и после 2 роденден таман септемврито. Како ќе дојде. Непишано правило е дека дете што цица не пие никакво друго млеко. Јас кренав раце. Кравјо немам дадено, освен да проба и не го сакаше, а АД едвај во каши поминува. @Yowannty иста песна сме ние со скокот. По цел ден само по мене лази и приплакува да ја земам во раце. По 2573917638 пати сама ја вади градата И како Пијавица не се двои,ќе тргне 1-2 пати и толку.Само што ќе заспие навечер се буди со плачење. Ноќе станува безброј пати. И само бара цице, само што ќе и дадам цуцла бара, па пак фрла цуцла за цице и така во круг. Со нејадењето ти ме тешеше, еве и јас да те утешам, се надевам ќе пројадат. Вечерва( да чукнам во дрво) во 21:00 заспа и не е станата. Ќе пребродиме мајка.
@Presrekna околу јадењето не се секирам. Кога ќе и се јаде ќе јаде. Спомнав, оти прв пат вака ми прави. Скроз нетипично за неа. Во кој и период да минувала претходно јадењето и било единствена константа покрај цицката. Ко маче каснува, ама си каснува. Ручекот и е пообемен само. Иначе вчера ноќ ја преспа конечно. Денеска прв пат стоеше сама. Неколку пати и се случи да се пушти од било што за кое се држи и да ја набљудува играчката држејќи ја и мотајќи ја низ двете раце неколку секунди. Не знам дали свесно или несвесно го правеше тоа. Деновиве имав чувство ко да се уназадува. Не сакаше да оди никако. Скроз на скроз на земја и лазеше, а баш пишував дека нон стоп оди, а лазе само таму каде што нема за што да се држи. Кога ја викав да дојде да ми даде бацка, секогаш се исправа и доаѓа, деновиве се спушташе за да дојде. И ете како по книга, секогаш пред да направат чекор напред, ќе отидат чекор назад прво. На ова секогаш ми текнува тек откако ќе совлада milestone. Друга работа што ја правеше денеска е што сакаше да оди секаде место да лазе, па сама ми подаваше раче, а претходниве денови не сакаше да стои исправена. И трета работа што ја направи, е додека одеше покрај креветот, наеднаш се сврте и проба да дојде до мене, се пушти 2 чекора и тресна долу. А не ја викнав јас, па според тоа не очекував да проба да дојде и не бев спремна да ја фатам, па падна. Ама се задржа на рачиња и не плачеше. Значи очекувај нешто ново. Не знам до каде е со лазење/одење ситуација, очекувај ново таму оти тоа е следен врв за искачување. И вечерва помирна ноќ. Стана тек накај 3, пиеше вода и призаспа. Во меѓувреме имаше земјотрес и еве јас си дежурам сега.
Ние сме година и две недели и не пиеме никакво млеко, само јогурт пред спиење и тоа ладен од фрижидер не оставен на собна тт да се подстопли. Пробав и со Ад и со тетрапак никакво не сака. Во каши преку ден му ставам тетрапак млеко, пред спиење Ад и така не ги сеќава или не му сметаат кој го знае. Инаку не цицаме од 10месеци
И мојата помирно спиеше ноќеска. Само еднаш во 2 за цицање стана. И кај 6 утринско. Ете @Мариаа. не утеши дека се преживува периодов ,веќе му велиме бај бај на громчето А тоа чекор напред назад е нормално. И мојата деновиве повеќе лазеше од што одеше. Кога ќе ја исправев за одење ги креваше нозете за седнување И лазење. Вчера пак цел ден одеше околу масата И од неа кон троседот. Сто пати седнува и се исправа и оди. Некако е стегната И уплашена. Само ако е сигурна дека има за што да се фати, тогаш стои без помош. Убаво паѓа на газе, уште да ја научам да слегува од кревет наназад. Кога беше помала слегуваше, сега директно на глава оди. Околу чевлињата, ги нејќе колку што ја нејќе лажицата со храна. 2 секунди не ги држи. Исто и чорапите. Цел ден е боса. И на тераса така трапа. Црни и се стапалата, по 3-4 пати и ги мијам. Ама ако, правилно е да е боса овој период. Како оди распоредот за заби? Прво кецови мојата долу извади. Што е следно? Има некој ред? Леле срамови не знам од синко сум заборавила. @Septemvri за млекото погоре синоќа требаше да те тагнам или цитирам, само марчи сум ја цитирала.
Мајки бебето ми е 11,5 месеци кажете нешто за против повраќање многу ми повраќа во кола, што давате и колку мл?
Маж ми вика да го однесеме прво на приватен да го прегледаат убаво па после. И матичната е добра ама не сум сигурна некогаш.
@Presrekna следно се горните единици јас мајки да ве прашам вие по дома што имате плочки секаде за лазење/одење не ви е страв да не настинат децава ? Знам глупаво е прашањево ама ме напнаа моиве ладно влечат плочкиве леле како ќе лази детево.. И сега јас како ќе и забранам да лази Вчера го имавме првото удирање Се фати за столот да стане, касно ја видов и дека не е стабилна падна нанапред и се удри на обравчето. И ставав лебче и вино ама џабе, помодре се утепа од плачење , душиче
Со помин модринката. Имам читано од членки тука дека земале на фризи кремапротив модрици, ефикасна била. За лазењето по плочки и пархетда ти дадам контакт од мајка ми и свекор ми експерти невидени се. Само викаат по мене. Бебе ќе сум настинела. Цел ден на под, плус разголена во нозе и на кимоно. Да сум ја облекувала со тренерчиња за дома на 40 степени, бла, бла а Еве веќе 4-5 месеци е на под и не е настината ни еднаш. Ако прдне особено ако и смрди( а смрди бидејќи јаде брокула, кромид лук) ете ги ќе се јават експертите- ја настина. Како јас намерно да ја оставам на плочки. А бебе пак ко за инает само на пархет и плочки лази и седи. Од тепихот бега. Така да мислам ништо не им е. Барем летово. Зимата ќе одат така да не му ја мисли П. С Фала за забите
Што не кажете дека 8миот скок е најстрашен? Последниве денови се дере, се фрла, плаче, се лигави за се. Се. Се! Посебно се дере затоа што не му давам да оди во купатило. А умее сам да ја отвори вратата. Научи сам да се качува и спушта од кревет. Забите го мачат, многу. Не јаде. Леб по некое залче. Ни чоколадо не сака.
@Presrekna исто, еве сега татко ми облечи и чорапи ,ладно е. Паркетот ладен бил, бла бла. Ќе ги ставам јас теписите, ама па секаде немаме теписи..
Мислам дека до две години идат две дози. Ние сме на 29.09 на втора доза. Ја прими првата на 13 месеци. Јас ја одложив ММР. Ништо не мибрекоа. И сега ќе одложам. Ако преречат, знам кај е вратата. Ммр другата година ќе ставам. И така сум дома. Не пуштам дете во градинка. @MilaSs12 Јас пишав. 8-ми скок не завршува никогаш Кај нас, кога официјално заврши по апликација. Па добри две недели после тоа беа уште полоши. И уште ја држи. Иако официјално, за три дена ни завршува 9-тиот скок. Ајде среќо, само уште еден скок
Од 6м кога почна да пузи е на плочки, до сега од тоа се нема разболено од тоа, цело лето е по пелена само дома.
@Makedonka007 малата предтана да цица на 11 и пол месеци, па продолжив да давам ад до 15 месеци, еве два месеца пие козјо домашно. Додека цицаше пробував неколку пати ад не сакаше да помириса, но цело време и давав топло. На крај реков да пробам ладно и така ми упали. И сега ако ми е пресно варено козјото не го сака од што е топло. Јас ладно од фрижидер и давам. Секое дете своја приказна.