@Presrekna единици, двојки, четворки па тројки. Ама нема правило. Нас двојче пред кец ни излезе. @koritsaki мене ми е плочки дома секаде. Нон стоп е долу на под. Боса и по памперс најчесто или боди или ромпер. Јас немам ниеден тепих. За зимава ми е во план да земам за неа, дал од сложувалката со бројки, дали некоја подлога, ама пак тоа ќе биде во еден дел само.
@koritsaki немаш потреба од грижа. Деца не се разболуваат од ладно. Мојот е на плочки и бос искачаше лазејки на тераса зимно време на плочки. Еднаш чорапи не облече од кога е роден, сега кога мора во патики, ама знае дека ќе трча надвор само тогаш облакаме. Дома е плочки. Додуша е топол станот, ама и имало и денови ладно кога било. Надвор е од мај бос, со дуксер ама без чорапи. Во охридско од јуни се бања со модра уста, не настинал до сеа. Ладен јогурт пие од фрижидер. И сладолед јас му правам, павлака урми и банана и замрзнат си лиже. Прв вирус на 14м ама вирус, грло и нос чисти. Ме утепаа од набивање грижа на совест голо и босо детето, не потклекнав, да чукнам во дрво добар е. Испотен не го пресоблекувам ако сум надвор, ќе се исуши. Мислам ти си знаеш за твоето си осеќаш, ама и да лази не окапала цел ден таму па да е нешто за грижа.
Баш така, секое своја приказна, ама добро е да слушниш различни искуства, можи некое ќе успеј Па и јас така планирам да пробам со Ад, се надевам ќе сака и ќе спие мирно
Не настинуваат децата од ладно, вирус или бактерија е. Ама, дома кога оди ретко е бос, мене ми е ладно на плочки и паркет, па го облекувам и него ако му се ладни нозете. Мене не ми е убаво кога ми се ладни нозете, па се водам по мене. Деновиве е по ромпер или шорцеви и боди и чорапчиња кратки.
Првото го доев долго, сега планирам крај септември или октомври да го одбијам. Ги знам добро сите предности на мајчиното млеко, но бебе мое од кога е родено се буди милјарда пати во една ноќ за д цицне и да се погали. Нема баш квалитетен сон, а и јас исто. Тешко е да се продолжи со такво темпо. Првото од кога се одби до ден денес млеко не пие, најверојатно и со ова ке биде исто. Секој со своја приказна, па ке кажеме искуство.
Дали има разлика меѓу машки и женски патики од овие за проодување? Дел во опис имаат дека се машки, а дел дека се женски, а ме бендисуваат баш едни што ги пишува дека се машки, па да не си направам проблем ако има разлика. Вчера цел ден заглавив во кујна. За финиш на денот, како да беше малку, па правев три вида палачинки. Обични, чоколадни и паховани. Ниедни не ми поминаа. Детево само на праски ми живее периодов. Од секој оброк каснува 3 пати како на норма да е. Суво лепче уште три пати и компот од праски може само регуларно да си јаде. Претходно знаела и бисквита, сега повеќе од пола завршува на под. Или во ретки моменти, знае цела да ја натиска во уста и да ме извади од памет. А што убаво си крцкаше малку по малку претходно. Веќе не сака во количка. Додека се движиме е ок, ама ако застанеме толку е, одма сака долу. Таа сама да се држи за количка и да врти кругови околу количката или било што што може да дофати. Не дај боже да ја допреш, oh the horror!! Одма на врескање и трескање врти. Периодов ко да не е моето дете ова. Како поминува време и доаѓаат понапорни периоди, просто се чудам како сум можела да се жалам на работите на кои сум се жалела претходно.
Освен бојата не верувам дека има некоја разлика. Дека нели женско со зелени или машко со розеви патики не може да има. Јас редовно си купувам машки патики за мене. Поише ми се свиѓаат моделите.
Има ли крај овој скок??? Трет ден е драматично а јас веќе сум при крај со нервите. Да се викало и трескало за се. Не знам дали е од забите или од скокот. @FreeMind кажи ми како преживеа?
Ај додека децата спијат и јас да шкртнам збор два. Големиот уста не отвараше до 3 години,ама б да бекне нејќеше.Само климаше со главата,дури тешко му беше со прст да покаже што сака.Е ист бил и мм,свекрва ми нон стоп викаше ќе видиш ќе почне наеднаш да зборува.Мм го викале како мал Климе,зошто само климал со главата.Ама тоа незборување кај син ми,му создаваше огромна фрустрација.Имаше такви лошииии и тешки тантруми,а во меѓувреме му излегуваа 8 заби одеднаш,и тој процес долго траеше,дополнително му ствараа нервоза.Ние не го разбираме,он се нервира,почнува тантрум,и тоа трае и трае,долго можеби и по еден час.Никогаш никого не маваше,ама мене ме убиваше од гризање и штипење.Константно бев модра. Небитно,помина.Кај него се тешко поминува.И заби,и прозборување,и тантруми,и спиење,и неспиење,ама буквално се. Кога останав трудна со второ само молев Господ да не поминуваме низ истото.Ако ништо друго барем со зборувањето. И фала му вистина се е полесно. Еве го година ипол си разговараме.Буквално се разбираме.Сврзува по 3 збора.Прооде на 10 месеци.Забчињата го мачат,ама не да вришти по цела вечер.Од шише и чаша пие сам па сигурно од пред едно 3 месеци.Сам јаде со вилушка,со лажица малку потешко. Од овој аспект гледано најтешко од се е воспитувањето.Е тоа трае вечно.Прво незнаеш од кога да почнеш.Нели ти почнуваш од почеток ама еден период не те разбира.Па еден период те разбира,ама не доволно.Па после се те разбира ама уствари ништо не те разбира,и си мисли дека е големо и се знае.Па после си игра со тебе мајтап.Најтешко е да разграничиш дали е тантрум,или инат терање.Ако е тантрум игнорираш или гушкаш.Ама едно време се запрашуваш кога да почнам да поставам граници.И се така во круг.Па некогаш си толкууу уморен и разочаран и си викаш дали ја сум најлошиот родител.Каде згрешив- ова прашање си го поставуваш дур си жив.А во последно време толку ми пречи,вложувам толку труд да се културни,воспитани,фала извини,да им се како добро утро.И наеднаш ти доаѓа на гости икс особа и му вика ај напрај вака со среден прст.Почнувам да реагирам и ти викаат дете е де.И тогаш почнува да ти паѓа во вода трудот твој,зошто они се многу свесни што е дозволено а што забрането. Така да според мене најтешкото и најдолгорочното е воспитувањето.Се друго ќе помине,и нешто ново ќе дојде.Веројатно има вистина и во тоа,големи деца големи маки. Ете така пишувам 2 пати годишно,па да си се изнакажам.
Извини што ќе те прашам,големиот сега си збори така? И јас имам еден климе па затоа прашувам. Додека сум тука да кажам за зборењето. Почна да си го кажува името ама по негово,уствари сестра ми така го вика па сега он се вика Дадо Битно знае да каже како се вика. Не реди сите мама,тато,баба,дедо,тето.не знае сите кој сме. Има на репертоар уште три кореографии од песнички. И гледал цртан Ренџери и буквално прави како што прават они,мечува,легнува се превртува и само вика ау бау и јааа
на плочки е ладно бос да газиш самата плочка е студена а дека ќе настане жими.... Јас вкујна бпса сум нонстоп па не сум настинала. Што знам. А за паднувањето на удреното дека ќе помогне вино или лепче е тотална заблуда. Не знам на кому му текнало лепче..
Не само што збори,туку устата не ја затвара,дури и во сон збори хахаха.Како почна наеднаш да се пушта,за два три месеци,дури преубаво и пречисто.И р и л супер ги кажува,само ш е малку проблем,ама не е страшно.И исто така почнува многу брзо да кажува кога е возбуден,па тогаш не е чисто зборувањето.Некогаш го гледам и си викам синко мајкин ти неможеш да надохнадиш зборувајки па затоа само си меле.Додека не зборуваше имаше еден матичен,откако прозборе друг.Кога го виде докторката рече лелел па ти ама си зборувал. Си мислам во себе да го знаеше пред пола години,и маките да ни ги знаеше дали вака ќе си помислеше.И сега кога одиме по гости сите го гледаат и се чудат,интересен им е. Ќе биде,ќе си прозбори..Ич да не му ја мислиш,иако знам невозможно е
Заради воспитувањето од друг ме поттикна да напишам. Уште откако се роди мали и почна да го осознава светот ,на секое гледање со свекорот ааа дедо тебе ќе те научи да пцуеш ништо друго не ми треба само да те слушнам да опцуеш. Додека јас се трудам до максимум од најмала возраст да го научам зборови,вештини,култура итн, некој од страна ќе го учи нешто спротивно од мене? Мало морген Му се побунив на мм првиот пат, вика остај го што сака нека збори,нема да дозволиме. Со него имам баш ладен однос затоа не сум му возвратила ништо, ама нека проба само таква глупост да се обиде да направи,снашката ќе покаже заби. Инаку пред да се породиш си мислиш пораѓајот е цела наука,после мислиш доењето е наука, па хранењето со цврста храна итн...и на крај доаѓаш до заклучок дека воспитувањето на тоа мало главче е најголемата наука. Односно испит. Ќе се види по нашите деца дали сме го положиле
Не го сфаќам јас тој феномен.Кога веќе си решил да го учиш нешто детето,па барем учи го бои,бројки,песнички.А што е најтрагично децата се умни,се си знаат,можеби децата дома нема пред вас да одвалат лош збор,ама ќе го одвалат некаде што најмалку се надеваш,кога најмалку очекуваш.Им стојат врежани во меморија. Еве од пред некој ден со големиот се учиме да каже Диего.Цело утро вика Его.Значи прост збор ДИЕГО. Небитно пак си го викаше Его За да дента слушне песна во која се спомнува ку*ве,и магично без престан почна да вика ку*ве,ку*ве.Хахахха Децава се магични,ама вистина е дека треба многу зборување и објаснување.
@Sofi.ja I feel u. Свекорми кога и да ја види нон стоп и вели ајде веќе трчај па да те возам на моторот. Утроба ми се превртува. 2 пати му кажав дека е мала за на мотор. Ама не, пак тој тоа го врти, не знам дал е озбилен, дал само така си збори, ама страшно ме иритира. Ако недај боже се деси да ми качи дете на мотор, нема да ја види до 18, а и за понатака ќе размислам. Тој си ги развозува внуците од девер ми кога доаѓаат, ама кај мене тоа нема да помине. @simona_baby пишувај почесто, искуствата се многу битни. Ноќеска повторно тешка ноќ. Ирис се будеше пак секој час. Дали скоков, забиве или кој патлак и да е, има крај? Се измачи дете, се буди со врескање. Намалив скроз подои ноќе. Ќе си се се напие вода, цуцле во уста и продолжува да спие навалена над мене. Дење е малку потешко, ама секогаш кога е убаво јадена, уморна и поспана, заспива само што ќе ми потпре главче на гради. Не сакам да форсирам ништо, па тимски играме. Засега сум задоволна од тој аспект.
Хај да пишам и јас нешто.. Пиштење вриштење за се и сешто, да се заигра сам нема шанси, само сака в раце и да фаќа по полици се шо не треба. Јас во пмс нервозна у пм. сами по цел ден скоро, глава бучи. Викам, врескам џабе е, во очи ме гледа и праи бељи. Вчера се залепи за огледалото во ходник да го крева и да го влечи, јас го тргам тој упорно се враќа нервозен и со сета сила го треска. До скок ли е до шо е просветлете ме и така ме тепаше филм дека не сум добра мајка па уште ова ми фалеше ми е криво шо му викам, ама луѓе ме вади од патики незнам како да се контролирам. Сношти в парк бевме се изнатрча, во двор да го пуштам сега е пекол, а навечер оди ги брка мачето и кучето ниедно животно нејки да види, од кој му е школа незнам ама ич нејкам така. Го учам дека треба да ги гали тој замавнува со раката. За заспивање ако неможи да заспие и мене ме мава..
Не знам ни сама. Два цели месеци траеше тој кошмар. Во исто време и Ози се парализираше и потоа доби стомачен вирус. Беше пеколно тешко, мислев никад нема да заврши таа регресија, заби, скок, ишодае. - оставај го некому ако имаш било кој на саат/ два испадни од дома - друг нека го успива, рани барем еднаш во ден - едноставно биди себична за себе во тој период за да останеш нормална и прибрана пред детето. Штом се нервираш тоа полошо станува - остави го ако не сака да спие. Кај мене заспиваше на под или во кутија од умор. Од 6 наутро станата прва дремка во 17/18ч. Ако се обидеш да ја успиеш настануваше ужас повраќаше во млазови од плачење. Остави го до сам крај ако не сака да заспие - цртани - алкохол со пакети за полесно да ја прифатиш реалноста - базенти, пливање, што и да е до најголем умор И магично ќе помине како никад да не било.
на муабетов и мене ми се преврте утробата вчера од свекор ми. Му се обраќа на малово вика што е ова уште не пушти чекор до кога мислиш да лазаш срамота е маж си или што. Едно од децата негови вика па тато мал е тој одма како мал сестра ми на 7 месеци прооде си викам ако било вистина така значи таа некој феномен била. Сакав да прашам кои намирници се даваат после 3 та година? Имало навистина кои биле тешки алергени па ги препорачуваат после 3та год. На пример липата била во таа категорија. Медот порано бил за над 1 год сега читам веќе е преместен за после 2рата година а прополис после 3та.