Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.719
    Допаѓања:
    5.054
    Пол:
    Женски
    Да си го применам ова и јас. Само штета што само со мене заспива и никако да се решам сама да излезам. Како да бидам себична, ја претерав и јас веќе :headbang:
     
    На NNA, FreeMind и srekice им се допаѓа ова.
  2. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Успешно одбиени од цицање, без проблем 3-4та недела веќе.

    Проблем само за дремите е сега.
    Дали поради цицањето или самиов премин од 2 на 1 дремка е ужасен?

    Ако не го легнам вториот пат како лудо човече е, ако го легнам со молење заспива и спие по 30мин.
    Треба упорна да бидам со само една дремка или како?
    До сега сите дремки спонтано ги скративме, не ни осетив сега ептен хаосно ми е.
     
    На NNA, mal.ecka, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    Мене само олеснително ми е што спие ноќе. Со циц паузи ама спие. Од 9 10 до кај 7 8, не е лошо.
    Ама преку ден не застанува.

    Го оставам, не е тоа проблем. Мене ме нервира што не можам да му погодам ништо. Се дере што и да правам. Маж ми, мајка ми, свекрва ми го чуваат, преку ден и татко ми може час два, имам помош за чување и разбирање од сите.
    Се успива на цицка, ама пред да му паѓаат очите не пробувам. Еднаш два пати пробав и два часа го успивав. Сега само кога е преморен и одма заспива, не ми е тежок тој дел.
    Цртани не сака, гледа минута две и одма станува. Ни до веце не можам да отидам, одма протестира затоа што е во креветче.
    Алкохол уште не бива, кажав погоре дека цица.
    Јаде како пиле. Денес јадеше леб и патлиџан. Го ранат сите или поточно го нудат а он ме сака да јаде. Од цицка преживува.
    Преморена сум и без додатни активности. :drunk:
     
    На NNA, lackygirl и FreeMind им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    Не е поврзано со цицање. И синко така ми прави. Неколку дена спиеше од 9 до 9, дремка од 1 до 3 или 2 4 и се беше совршено. Сега спие два часа ама на два пати. Прва дремка еден час, втора пола. Колку да одмори.
     
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Ќе трае тој период неколку месеци. Втората дремка некогаш ќе ја има некогаш не. Ако гледаш дека можеш да го успиеш втор пат макар и 30 мин направи го тоа. Ќе менува еднаш на две недели еднаш ќе преспива други денови два пати па ќе дојде ден за ден и потоа ќе сврти повеќе денови со една од две :drunk:

    Само што започнал процесот гуд лак:*
    Нема ни во иднина да му погодиш не се труди. Ова е подготвителна фаза пред најлудата година на тантруми како генерална проба.

    Денес мојата е 19 месеци. Не преспала во градинка и ја бањавме под туш. Ми ѕвонат ушиве.
    Сега ми плаче над глава и се надевам ќе заспие за скоро.

    Има модрица на образ паднала во градинка. Денес кажа цвај (два) и уста (мунд), претходно шуе (чевла) и их (јас). Од раѓање слуша само македонски од нас, но ете за инат на универзумот реши да почне на германски прво да збори. Користи и англиски зборови за глава (хед), шарк ( ајкула) и песните ги препознава само на англиски.

    Од македонскиот јазик наш непресушен и вековен ни збор за сега. Кочо џабе на свеќа читал и очите си ги расипал за да ги просветли со Бели Мугри.
     
    На NNA, Makedonka007, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  6. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Ке менува за спиење. Мојава спиеше две недели по еднаш на ден 2-2.5 часа. Сега пак се врати на две.
     
    На NNA, drugarka, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Инаку, сакам да прашам поискусни мајки. Искочија горе 2-ките.Долните двојки ми матат памет. Набабрено и побелено е непцето. Малце подалеку од кецовите. Дбојки ли се на повидок? :^)
    И палците, т. е цела рака и е позади во устата. Ги гризе прстите и се чешка. Не е белким и 4-ки да ми вади:^)
     
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.541
    Допаѓања:
    184.423
    Пол:
    Женски
    Кај нас баш така беше. Двојките беа подалеку од единиците и како од повисоко почнаа да излагаат, ми беше чудно, ама си пораснаа и се спуштија баш на место. Ако си пика посебно показалец назад, а особено палецот додека останатите прсти и притискаат надвор образ, четворките се местат за излагање. Баш тоа ми коментираше педијатарката пред една контрола.


    Имам нова ситуација. Не знам што точно се случува, ама изгледа Ирис се плаши од темница. На кичмава и треба ремонт под итно. Во раце ја носев за дома 2 км. Дење не прави проблем, ама ноќе не сака во количка и сака исклучиво кај мене. Можно е и ноќе на будење да вреска оти и е страв од темно? Иначе чувам една мала неонка зад врата, колку да можам да стигнам до креветче сред ноќ, а да не се утепам по пат. Има некој искуство? Што можам да преземам околу стравов?
     
    На drugarka и srekice им се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.757
    Допаѓања:
    7.693
    Пол:
    Женски
    Можно е да се плаши, моево бебе е 8 месеци ама го забележав на шетање навечер ако се загледа на неосветлено место вришти, ептен како изваден од памет не може да се утне реакцијата. Исто еднаш се случи приквечер да заспие, се стемни додека стане, а немав пуштено светло во собата. Така хистерично вриштеше со солзи, греота. Не знам што може да се направи во врска со стравов додека се мали освен да не ги оставаме во темно..
     
    На mal.ecka и Yowannty им се допаѓа ова.
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.995
    Абе и мојов исто, таман реков на 1 дремка, се врати после месец на 2, ама јас го препишав на регересијата во спиење и 8те нови заби.
    @Yowannty може и тоа, но може и учините светла и блескаат многу и од коли и сл.

    Јас сум жртва за ноќното шетање, заспива пред 7, некогаш во 6, ама дома од старт е мртва темница со спуштени ролетни со се. Мелатонинот се лачи од 5 до 8 часот кај бебињата.
     
    Последна измена: 31 август 2020
    На Yowannty и srekice им се допаѓа ова.
  11. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Вчера два пати спиеше. Денес еднаш само. И тоа три саати. Сега заспа во 21.

    Жено, како во 6-7:o Јас сакам во 20 да џаспие, ама страв ми е дека во 23ч ќе биде наспана:^)

    Колку време ти седи будно? Од дремка до дремка?
     
    На mal.ecka, lackygirl и drugarka им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.979
    Допаѓања:
    14.750
    Пол:
    Женски
    Биолошкиот ритам на бебињата им е да заспиваат накај 7 навечер, и да стануваат накај 7 сабајле. По книга кажувам, не дека стварно е така кај секое бебе. Ама од искуство ќе го потврдам тоа, јас малата ја легнувам во 9 навечер од старт, во тие ретки денови кога сум ја легнувала порано (7ипол-8 )спиела и до покасно сабајле, ова кога беше бебе на 6-9 месеца отприлика.

    Не сум во тек колкави точно ви се децата, ама мојава смени на 1 дремка на 14 месеца. Тогаш стануваше во 7, спиеше 12-2 (некогаш и помалку) и заспиваше во 9 навечер.
     
    На NNA, mal.ecka, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.995
    Станува во 6 ко аларм да има, кога и да легне, ако му закаснам станува ненаспан со кенкање, иначе одма скока и не буди се смее, па накај 9 дремнува кратко и накај 1, 2 зависи колку спиел во девет. Од првата дремка околу 3 часа, од втората повеќе. Јас си купив 3 4 книги за спиење на киндл, сите викаат рано. А матичната ми рече на 4м, како ќе го научиш ќе тера и јас си го врзав во крпче, го научив во 7, за да стане наспан во 7 и да оди среќен во градинка, но корона се задеси, он како смени време смени во 6, дуфта до сабајле. Им требаат 11 12 саати одмор. Е тоа што ќе закенка и ќе го дојам тоа не го научив, и тоа што не спие во креветче не го научив. Ама тоа јас сум крива ем сакам, ем не...
    Од 4м навака, извини на гости сме викале спие, рутина, не сме мрднале, затвараме ролетни, темница, бањање цицање и кревет. Треба жртва голема, ама раат сум, јас си гледам филм или си читам книга, и си легнувам, одморена сум, не средувам да не му тропам, мини е станчево.
    Кога ги прочитав книгите, сфатив дека уствари и јас уморна и растревожена тешко заспивам, а и нив им се лачи кортизол после 8, изгледаат баш хајп и разиграни.
    Кога и да легнеш бебе предвидувај 11 12 часа сон. По станувањето ќе видиш кога му е природно време.
    Едит: и да се успие некој ден се случувало го будам, лоша мајка, да ми се запази редот, на доручек, ручек, ужина дремки и ноќно спиење. Не давам повеќе од 2 часа денски, иако тоа не ни се случува, реткоооо, многу ретко така, зошто се ми се пореметува, дури и оброците пореметени ми сметаат на ноќното спиење. Ќе стане среќен како и да е.
     
    Последна измена: 31 август 2020
    На NNA, mal.ecka, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    пробај првата дремка да ја одложиш барем пола сат а навечер порано да легнувате. Ние од денот кога направи година сме со по една дремка од сатипол-два. Доколку спие помалку од тоа (мада ептен е ретко тоа) се случува уште пола сат да преспие покасно.
     
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    [/QUOTE]Приметив последниве денови и дека навечер не се движи надвор од собата каде што седиме. Ќе отиде скроз на праг и ќе погледне темно, па се враќа назад. Ама не помислив дека се плаши, туку дека нема јасно видно поле па затоа.
    Скоро темно е, скроооз мала светлина доаѓа од зад врата, не можам поинаку ми треба мене колку да видам кај се наоѓам кога се буди ноќе а јас уште спијам додека се движам накај неа. До сега немала проблем со тоа.

    Мое бебе во 7 ако заспие и се рачуна дремка. Нема во животот нејзин преспано ноќ, ако заспала пред 10. Се пред 10 е дремка. Имаше само еден краток период да заспива накај 9 - 9:30 и да преспива до следното утро, ама тоа кратко траеше.
    Денеска за прв пат преспа 2 ипол часа прва дремка, таман си помислив нема да има втора, таа дојде ме гушна и заспа, па и тераше повеќе од саат. :|
    Деновиве ниедна дремка во исто време не е. Секој ден во различно време се дремките.[/QUOTE]
    После годинка има еден период каде што се плашат од темница. Ептен брзо поминува, јас дур сванам што и беше, помина.
    Едит:што се дешава со цитатите?
     
    На NNA, mal.ecka, srekice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.541
    Допаѓања:
    184.423
    Пол:
    Женски
    Приметив последниве денови и дека навечер не се движи надвор од собата каде што седиме. Ќе отиде скроз на праг и ќе погледне темно, па се враќа назад. Ама не помислив дека се плаши, туку дека нема јасно видно поле па затоа.
    Скоро темно е, скроооз мала светлина доаѓа од зад врата, не можам поинаку ми треба мене колку да видам кај се наоѓам кога се буди ноќе а јас уште спијам додека се движам накај неа. До сега немала проблем со тоа.

    Мое бебе во 7 ако заспие и се рачуна дремка. Нема во животот нејзин преспано ноќ, ако заспала пред 10. Се пред 10 е дремка. Имаше само еден краток период да заспива накај 9 - 9:30 и да преспива до следното утро, ама тоа кратко траеше.
    Денеска за прв пат преспа 2 ипол часа прва дремка, таман си помислив нема да има втора, таа дојде ме гушна и заспа, па и тераше повеќе од саат. :|
    Деновиве ниедна дремка во исто време не е. Секој ден во различно време се дремките.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    ние спиеме со пуштен тв. Така веќе 7 години. И со првото и сега. Јас лично не можам да спијам во темно имам поголем страва од децата :rofl: друго позгодно ми е да го гледам а и кога ќе се разбуди да реагирам
     
  18. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Ние сеуште терале две дремки по 1,5-2 часа. И тоа во исто време. Од 10-12:00 и втора од 16-18:00.
    Ноќе околу 21:00 е заспана, но наутро 6:30 се буди. Во 24 часа спие 13-14 часа.
    И мене како @drugarka ми одговара порано да легнува, еве сега и поместувам секоја вечер по 5-10 мин порано за да дојде до кај 20:00 да легнува.
    За темница може да се плашат. На другарка дете многу плачеше и велеше ге. Кога сфатија дека така кажу дека е темно.
    Бебе кога е во некоја соба навечер, и гасам светло и како луда бега и лази кон мене на светло
     
    На mal.ecka и drugarka им се допаѓа ова.
  19. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    И мојата заспива околу 21ч од секогаш.Сега почна да прави проблем околу спиење. Неможе толку брзо да се навикне на едно спиење. Иако е 2.5 часа. Наутро претежно до 8 се буди.
    Преку ноќ еве вежбаме да исфрлиме подои. Ке го биде за месец дена мислам (fingers)

    @drugarka Мојата ако ја разбудам порано:doh: тешјо мене. Многу е нервозна. И додека не ја преуспијам, да се доспие. Ќе здиви. Сега ке пробам поинаква, рутина. Ама не стасувам се. И да ја прошетам, да се избања, да вечера. Не ми е изводливо пред 21.Уште е топло надвор за да шетаме пред 18ч.

    Од темница засега не се плаши. Јас намерно и гасам светло за да не оди. Таа ко за инает лази натаму :D
     
    На mal.ecka, Yowannty, Presrekna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.979
    Допаѓања:
    14.750
    Пол:
    Женски
    Преминот од 2 на 1 дремка мене ми беше најтежок искрено. Претходно од 4 на 3 и од 3 на 2 беше релативно лесно, и одма поубав е денот, повеќе време за се имаше. Ама многу повеќе време требаше да се навикне на едно спиење и тоа спиење да трае долго. Мислам дека повеќе од 1 месец беше додека да се навикне на тоа, претходно имаше денови каде едноставно не издржуваше до 12ч. Па цело сабајле изигравав кловн да ја анимирам да не заспие. Ако излезевме обавезно заспиваше во количка, па не можевме и надвор да одиме после 10ч.
    Се тоа е нормално, само рутина да се одржува и ќе се навикнат.
     
    На srekice и Presrekna им се допаѓа ова.