Mami kako da go naucam sinko da spie vo krevetce sam ne se izdrzuva veke me iskrsi cela na vecer mnogu kloca mava dodeka spie sam zaspiva so mlekce ke polezi i ke zaspie no jas da sum do nego ako go premestam vo krevetce se budi i mu popustiv da spie so nas samo za da moze da pospieme ama veke ne se izdrzuva veruvam deka mnogu od vas istoto nesto go praktikuvaat no tie sto vi spijat decata sami davajte sovet
Како? Со вода? Мојата 10 месеци откако беше родена стануваше 1 или ниеднаш. А сега убави 3-4 пати и тоа за цице. Првите 4-5 часа од 21:00-1-00, 2:00 ги спие без мрдање. Па чим легнам станува, цица, по кратко пак. До 4-5 и е станувањето па презаспива и цврсто спие до кај 6:30. Ако и ставам цуцла место цицка се буни, мава ја фрла цуцлата што подалеку и се расонува. Немам пробано со вода.
Пробај легни го во креветче место на кревет до тебе. Со смирен глас збори му или пеј му и гали го. Ако почне да плаче земи го, кога ќе се смири пак спушти го во креветче. Мене така ми успева без бебе да се вознемири. @Presrekna со вода мене ми успеа. И тоа не секогаш пие вода и не пие од шише. Се буди, чашата и ја чувам на фиокар за кога ќе се исправи сама да си ја земе. Пие вода па легнува и призаспива сама. Ако не може да призаспие ќе стане и ќе ме вика да ја земам, и само да е на мене. Така продолжува да спие па ја враќам назад во креветче. Ако пие од шише уште полесно. Ќе пие дур е легнато и ќе призаспие само. Пробај.
Пробај со вода. Ќе ти успее. И ја така го одбив навечер. Прво од шише, сега од чаша пие. Сам си ја зема, пие и продолжува да спие.
Сок не пие. Вода не нудам. Да не си навлечам беља после да станува за вода Мојата се будеше на секои два часа. Сега почна да спие 4 часа, па почнува будењето. И ти како мене си решена долго да доиш. Но верувај, многу станува напорно. Она гризе и си игра со цицка. Она не цица. Веќе ми е мачење доењево, не е задоволство. Многу сум нервозна Но еве решив да биде постепено. Да биде полесно и за нејзе и за мене. Вака и лактацијата ке се намали. @Spidy Еве ја, сега заспа. Стана во 06:30. Ќе мора изгледа да ја успивам и јас во 19ч, ако сакам да премине на една дремка. Ке треба работа
Не мора да ја форсираш за една дремка, многу деца и над година ипол спијат по 2 пати. Имала и ќерка ми вакви денови, станата пред 7 сабајле, прво спиење 10ипол-12, второ 4-5, легнување во 9. Не ја оставав после 5 да спие зошто без да седи будна 4 саати не заспиваше. Јас се водам по книга за тренинг на спиење, но моево дете од секогаш спиеше помалку од тоа што треба по книгата. И си остана на станување накај 7, легнување во 9, и мене ми е тоа океј. Дури спие цела ноќ, ништо друго не ми е проблем.
Епа ист ритам имаат. Размакот помеѓу ноќното спиење и дневна дремка, мора да и е најмалку 4 часа. Инаку нема да заспие.
И мојата не можеше да издржи повеќе од 4 саати и затоа тераше втора дремка до година и пол.Пробував и јас со една ама рано ми заспиваше навечер и ноќеска седеше будна по 2 саати.Тоа ти е најлоша комбинација.Ама после година и пол веќе почна да седи будна и по 7 саати, и за брзо се навикна на една дремка. Секое дете е различно.Ќе си ја следиш и ќе тестираш.Ако не заспива касно навечер нека си има барем пола саат втора дремка.Ама ако аздисува до 12 навечер,крати и на една.
Добри две недели ми се будеше во 7:30 - 8:00 и после спиеше од 12-15ч. И навечер пред девет беше заспана. Ама оваа недела почна пак со две спиења. Ама асално спие. По саат ипол до два И тоа по два пати. После знае и во 22 да заспие. Покасно не сум дозволила. Не сум за тоа
@Yowannty Треба почесто да пишувам,најчесто ми е глупаво зошто сакала нејќела морам да ги спомнувам двете деца,а сите вие сте со едно,па во старт различно искуство Околу спиењето.Големиот никогаш не спиел нешто многу,ниту бил спанко.Во 6,7 е на нозе.И така од раѓање.Мене па ми се допаѓаше тоа.Имаше една дремка дневна,од саат до два му беше,и навачер се знаеше 8 во кревет.Најкасно 8 ипол. Е ама дојде мали на свет и настана каша попара.Тоа бебе штотуку родено сака да спие,големово со изливи на бес,љубомора,и упорно ќе викаше да го разбуди.На малово нит ред му се знаеше ништо.Мислам дека со душа чекаше 8 да дојде да одмори,кога ќе заспие брат му.И некако покрај големиов и малиов ми фати ист ред,не дека имаше избор Нешто пред година се стабилизираа работите големиот тргна во градинка,па малово си имаше 2 дремки по саат време,а вечерта заедно си легнуваа.Е за беља после коронава ни ги измеша сите работи.Како се затворија градинките,така мали одбиваше да спие преку ден,од среќа што го гледа брат му дома.Полека,полека се наместија коцките.Сега двајцата спијат преку ден големи саат време,мали од 2 до 3 саати.Некогаш може и саат ипол.Ама маките почнаа навечер.Мали сака да спие ама сака о да си игра со брат му и до 9 ипол издржува некако.Кога ќе не фати 10 веќе нервоза мене почнува да ме фаќа.
Излезе последната 4ка, уште 3ки и 5ки, ве читав дека за 3ките сите се "фалевте" најмногу. Мене деновиве ми е многу тешко, само сум дома со малата, плачење викање цицање не знам глата кај ми е, си плачам понекогаш... Сега во Септември сакав да ја откажам од доење, ама гледам за 4ките само цице ја смирва иначе зајдува од плачење и акање, како ќе биде не знам. Би ја доела дури и излезат и 3ки 5ки ама треба да земам антибиотици заради некои кожни проблеми и не знам шо да прам сега. Тешко ми е ептен, изморена дотука бидва @Мариаа. Толку брзо откажавте доење? Како успеа бе чупе браво! И @Yowannty те читам за заспивање, ја оставаш во креветче и и пееш.. Браво. Ова за мене е научна фантастика
@srekice и мојата ништо не пие освен вода и цицка. Да решена сум да дојам, ама ова ноќе се повеќе се зачестува со станување и висење на цицка, веќе напорно е. Преку ден покрај 3-4 подои што убаво и редовно ги има, ако ја земам во скут или раце сама си вади и цица Повеќе за близина и галење. Но сега умот повеќе и е во станување, проодување така да не ми е проблем доењето преку ден. Плус дома сум, нека цица. @Yowannty од бебе што спиеше цела ноќ во креветче сега е ѕвере што сака кај мене во кревет и бара близина. @Мариаа. Јас умен зетко си имам. Фала ви ќе пробам со водата. Инаку мојата спанка денес за првата дремка се правеше шизик. Заспа во 9:30 и во 10:10 ете ја наспана. Едвај до 14:30 издржа будна, руча се нацица и до 17:30 кома беше. Вечерва од 20:20 спие. Некогаш и по 3 часа измеѓу не издржува. Целосна спротивност од брат и кој воопшто не спиеше. Преку ден од 2 месеци по пола час не му се собираше спиење, а ноќе прв пат цела ноќ од 4 годината почна да преспива. Јас зомби. И ден денес е неспијач. Кога да легне во 8 најкасно е станат.
Женички по долго објаснување со пријателки, роднини па дури и докторот нејзин дека Антонија не јаде како што треба, т.е. не отвара уста, ја ранам по еден саат, освен ако јаде пржени кришки со јајца или кришка со сирни намаз, едно време мислев дека има проблем со јазичето ама кога отвара уста за смоки или крем банана, не ќе да е до тоа, ми препорачаа да купам нешто за имунитет и апетит и нели како најдобар бил Киндеримуно на dr. Woltz. Го купив прашокот ама сега гледам на упатството дека за деца на возраст од 2-3 години се дава една лажичка во сок/вода, а Антонија е година ипол со 10.300 кг (родилна 3.200). Да и давам или да го чувам за понатаму? Или да и давам половина лажичка? Ако имате и друго чаре за апетит а посебно за отварање уста кажувајте.
@Presrekna Нека цицаат. Ама нека не поштедат. Еве, два пати навечер им е доста Кажете ми како им миете коса? Јас со рака и полевам вода. По малце. Ми се засркнува А штитник не ми дава да ставам.
И викам да гледа во пилињата, ја држам за брадата за да не ја наведне главата надоле, и ја мијам со тушот.
Кај мојот е проблем плакнењето.Значи се ок ќе се шлапа и бања,ама чим се пушти тушот почнуваат плачките.И сфатив дека секако ќе плаче,па гледам тоа да трае кратко,набрзина да го поминам.Минутка две ќе поплаче,дур не почне облекувањето и се смирува.
Моето баш сака кога го плакнам. Миже кога му го мијам главчето и брчи со уста од водата. Умее да се воздржи од дишење да не повлече вода . Четворките се ништо во однос на тројките . Последната тројка пробива, ама во споредба со првите 3, многу мака со оваа немаме , и така нека остане. При излегување на првите две ми качи тт, без кашлање, кивање и знаци на настинка и баш беше напорно детето. Сега е . Дека е скоро 20 мес, па веќе е умен. Се ме слуша, кога сака . Си има свои моменти кога не му се докажува, ама брзо ги пребродуваме. Ме намачи откако е роден, би било фер сега малку да здивнам. Уште да јаде и да спие и на коњ ќе сум . Заспива во 12, станува сабајле во 8 или 9, а денска дремка му е околу 1 саат, некогаш ни толку И моето е неспијач . Ноќе цица по 3 пати, ама баш цица , а си вечера околу 8 или 9, па после заспива цицајќи, не верувам дека толку брзо огладнува, ама го слушам ноќе колку лакомо цица. Одвикнување ми е слаба страна Ќе си тераме ние уштееееее....
Да се пријавиме и ние у 8 скок. Да не мислите дека ни цветаат рози... Моево мирно бебе одеднаш е права кенкавица. За се нешто... за у раце, зашто му се заглавила ногата пентерејки се негде, зашто играчката паднала на криво... Точно пред громчето сме. 15 days until the end of the leap...... Инаку вратени од море, исончани, НЕодморени, со прележан стомачен вирус. Одењето го усовршува. Најубаво и најстабилно оди кога се правам дека не го гледам. Веќе 3 месеци нема ново забче. Нормално е ваква пауза? Горе има два 1ца и две 2ки, доле два 1ца и една двојка...другата нигде ја нема Ново е што сака да заспива сам на перница. Инаку ако не заспиеше со шишето млеко заспиваше строго кај мене на рамо. Сега се бутка од мене за да си легне сам. Голем дечко бил со цуцла у уста Да не е време веќе за чао на цуки(цуцлата)? Додуша, сеа у скоков нема шанси. У некои подобри денови можда... Толку.... Одбројувам уште 15 дена од скоков и под итно си го сакам старото бебе назад!
Ај да пишам и јас како поминавме од одвикнување цуцла. Почна нагло да ја бара цело време, па цело време беше со неа во уста. И така додека бевме на одмор преку слика, тета од Фемина (@Spidy) откри дека малата има искривување на вилицата. Па така храбро, ја исеков цуцлата на сред одмор. Првата ден плачеше многу, стануваше навечер ама среќа се смируваше во раце. Три дена таму сите не разбраа дека нашето дете плаче, па пропратено со тантруми, топ! 2 недели од како нема цуцла, уште ја бара чат-пат ама и вика дуде кака, блјак. Успивањето ми е ПРЕтешко без цуцла,плаче се тегне. Се надевам дека за брзо ќе забораве. За разлика од цицањето за 3 дена ја заборави. Зошто неможам да ја тагирам Fedora