@Мецаа91 ако добро те имам запомнето, даваш тетрапак кравјо млеко од пред година. Тоа може и те како лошо да влијае на крвната слика. Не е воопшто здраво затоа и не се препорачува. Мој совет е да го замениш со формула, или евентуално со козјо, ама да најдеш начин да го исфрлиш од исхрана. Да пробаш така пред да даваш било какви дополнителни суплементи. Ако сум те помешала со друга членка, се извинувам.
И имав дадено да проба пред година ама цица уште формула веќе оддамна не пие едноставно не ги сака... Шишињата така ни стојат секакви купив и џабе а кисело млеко и јогурт не одбива
@BabyT колку често смеам јајце да давам? Мојата јаде 2 пати јајце, и 5 пати телешко. И, кажи ми од препелица. Како ги даваше?
Доволно е 2 пати. Искрено да ти кажам ги купив и стојат во фрижидер, страв ми е да и дадам, пошто на домашно јајце е алергична
Вриштат ли вашите деца? Ова луѓе не се трпи. Она вришти хистерично. Онака, од возбуда или кога ке се наљути. Глава ми бучи. Нормално ли е Да носам ли некаде дете на преглед
Вришти, се кара, тоа им е начин на комуникација и искажување емоции. Денеска лапна семка од грозје. Му ја извадив. Плачеше со солзи и мрсули и лиги.
Не пишувам често во темава дека ти си тука па исто си пишуваме. Ако носиш дури и на бајачка помини да ти го утоварам. . Глуви сме цела зграда
Ова е неподносливо. Некој ќе помисли дека нешто и правам. Абе од петни жили вришти. Се вцрвенува, жили на врат и излегуваат Ми доаѓа да се удавам во алкохол и да се напушам Одмарај ти во труднички. Јас ке дежурам овде. Ова не е за бајачка. Ова е за нешто више. Некој обред можеби @MilaSs12 Ме оглуве она. Морав да прашам, да не е нешто невообичаено, па да биде не се интересирам за детето Имам јас чудно фамилијарно опкружување Ме зборат на долго и на широко. Али ме утешивте. Нивното е уште назад значи За вадење на работи од уста не ми збори. Си го извади стегачот од коса и го џвакаше
Детево магични се закачи за мене пак, само мама мама. Ако ме нема на видик и одма мамиии трче по мене. Помина громчето кај 10- ти скок но изгледа уште ја дрма. И вришти и плачи за без врска работи. Некако гледам дека станувам имуна на тоа вриштење, не е како порано што се потресував и одма и одев да и задоволам за да ја смирам. Но гледам и многу промени, буквално се ме разбира што и зборувам. И таа почна да ми вика мама чуч и покажува со прстето да седнам до неа. Се труди секој збор да го повтори. Ми дава раче за да ја водам надвор ( тоа трае 2- 3 мин но битно подава). Се пика во уста пак, тројките набабрени, едвај чекам да испаднат. Среќа со јадење нема проблем.
јас па реков моето привриштува бидејќи кога понекогаш ќе го подоскарам големиот тој гледа и слуша. Мада не сум толку гласна како тоа кога вришти. на крај сватив дека така прави за да привлече внимание или кога не му се оди по ќеф Сакав да прашам нешто не знам дал е темава погодна за тоа ама нема каде. Дали смее на дете од 1 год да се дава чај од бел слез? Почнавме со растечен нос па со кашлица па со крчење со нагони за повраќање со добра количина на шлајм... И за инхалација колку би требало физиолошки? Јас по препорака на педијатар (ама не ми кажа колку физиолошки да ставам) треба да дозорам физиолошки со 0,2 мл дексазон.
Добро е , не сме ниле единствени. Јас си викам цело маало не слуша сигурно мислат го тепам , го малтретирам детево. Се вриска кога легнуваме за промена на пелена, врискаме кога облекуваме алишта ,се бркаме низ соба и така се облекуваме. Врискаме кога ќе седнеме на хранилка , а зинува сам уста за јадење, вриска кога со некоја играчка поголема нема да го собере да се спровне под масичката. Не го можам веќе, ушиве мои натапанети бараат тампони. Туку од кога почнавте со пасирна храна? Вчера ми се скрши запчаникот од чашата на Нутрибилетот и му пасирав овошје , ама гледам имаше поголеми парчиња дека потврдо свежо овошјето и баш не ми го прифати оброкот. Тоа ме чуди што му дојденли парче храна и во блендираното тој крева црева за повраќање, а инаку знае да бара сам да јаде леб, било какво овошје, домат, краставица. Со што и како можам да ги комбинирам снегулкиве од просо?
Јас имам поголемо искуство за топлинки бидејќи почн да оди во градинка на 13 месеци каде е задолжително топлинка. Е сега додека ја најдов вистинската имав мака али ја најдов: Ова ти е класа топлинка за проодување во топло време. Лесни пердув, доле се лепат на секаква површина и најкомотни за носење Овие се иста марка декатлон само различен модел. Овие сега тек ќе ги носи од кога е добро проодена и стабилна со подебела гума за потопло на ногата Ова е една од најпопуларните марки за удобни чевли и детски патики Легуано. Оваа топлинка ја користев во времето на лазење и давање голема стабилност бидејќи цврстата гума доле не и даваше да мрдне од паркет. Топлинка за фаза на проодување. Негативност е тоа што бројчето не се погодува и лесно и се соблекува. Не е за градинка каде не ја гледаш него дома каде нон стоп го пратиш И последната уште една од низата германско дело и квалитет Китцбул. Ова е за проодено дете со варена гума доле која се користи за зимски период во градинка. За оваа сезона верувам ќе и бидат таман И најпоследната со која и ја почна градинката во време на проодување со лепак доле да не мрда нога и текстил материјал за удобност.
Прочитав за пасираното и се вратив да отоверам да не сум во темата 6-12 по грешка. Под итно батали нутрибулетот, веќе може и парчиња да јаде. Колку подолго блендираш, толку потешко ќе ти биде да го навикнеш детето на поцврста храна понатаму. Почни со фино пасирано, па рендано, па ситно сецкано. Форсирај да дојдеш до парчиња, ич не е добро да јаде уште пасирана храна. Може нема да му се свиѓа од почеток, ама ќе се навикне.
Фала многу. Е сега, има некој од брендовиве кај нас? На што треба да внимавам? Синко е прооден, и според ортопедска дефиниција. Некако ладно е на паркет, а и излегува на тераса, не можам да му облекувам патики на секое. Влези излези прави.
Тоа не знам. Гледај доле да лепи цела топлинка и да не е гума зошто сеуште не е стабилен, а тие се потврди.
Баш ортопедот го прашав за топлинки, ми рече ако може бос ако дадат, ако не тие ко што кажа ти, може и од декатлон да видам да нарачам ако има неколку броја. Кај нас па форсираат топлинки цврсти, а не е добро да носи.
Почни од денес уште со пасирано. Немој како мене. Додуша, се рендам и пасирам, ама тешко оди бидејќи тоа што го јаде и не е нешто крупно. 2-3 пати на ден јаде палента. Она не јаде ништо. Зеленчук нејаде никаков. Овошје рендам на крупно Ми иде да си пукнам колку е пребирлива. Некогашплачам и и давам да јаде Леб печен со путер и вегета го џвака. Плазма бисквит маф гоо прави.