И ете ја среќиче за 2 месеца: леле трча детево, добро си беше додека не одеше Сите сакаме децата да проодат и прозборат, и после си викаме што ни требаше оваа беља, арно си лежеше и кутеше
Синко никогаш не лежел и ќутел. Откако е роден, мирен е само додека спие. Сака пеглата во штекер да ја вклучи. Пегла стандард. Сака да се игра со штипки, оние за закачување алишта на жица. Сака да ми го става мобилниот на уво и да зборам а после го зема и он збори јдјдјсндннтисјскдј. Сака да се качува на маси кревети столици и да се спушта сам. Само да јаде не сака. Ни чоколада не сака да јаде. Нудам животинско царство и не сака.
Среќиче мојата не ни се пушта за чекорчиња, уште не кажва убо мама тата или било шо. На моменти и иди си вели татата, маммама, и нешто друго по нејзино ама толку! 14+ е Во друго е се супер ама овиееее... Не се грижам веќе реков, ќе си прооди и прозбора, еве до НГ си велам ќе ги прави и двете. Иначе ко ќе е испраена и слегва надолу многу е внимателна, знај дека можи да падни па се држи, се гледа долу, пушта раче да се потпри.. Ај можи ќе и текни и да пушти чекорче
Моево бебе другиот месец има роденден,ама јас уште пред еден месец си се доселив во темава,во другата само малишаните останаа Денес бевме на контролен преглед кај педијатар,па чисто сакам да споделам искуство. Бебе е за некој ден 11м тежи 9700, од мај навака 700 грама има качено. Докторката го правда дека малку качил, заради тоа што од тогаш почна да лази, па да се тркала и исправа,сега веќе и чекори држејќи се за мебел. Роден е 3780,рече за бебињата што се над 3кг родени не важи тоа дека треба да ја триплираат тежината до година. Должина 78см,рече одлично висок е и повеќе од просечно. Уредно грло,меше,глава,грбче, к*ре малце затворено Да продолжиме со д3 и зимава како и до сега,всушност не сме ни прекинале воопшто. Околу исхраната, може да јаде свеж зеленчук, да грицка или како салата, краставица,патлиџан,зелка,морков, цвекло со малку маслиново и некоја капка лимонче. Белка да дадам околу година, најдобро со храна во која веќе има цело јајце како кифла,проја,јуфки или кајгана пропржена на малку маслиново. Риба може да јаде, павлака до сега немаше пробано може и тоа да јаде. Веќе може да давам парчиња храна и сам да се учи да се храни. Он знае кога ќе му дадам нешто и ќе му кажам да ручка го носи во уста како на пример лебче, бисквита, смоки, овошје. Сокови нема потреба да пие, доволно е свежо овошје да јаде. Мм праша за чоколадо,рече понатака може, но да не е млечно туку црно чоколадо. Лебче да му даваме свежо,по можност домашно , а никако од оние што имаат по 7 дена рок. Да му се читаат книги, да му пуштаме песнички да слуша, да не гледа тв телефон, да му се зборува јасно и разбирливо, а не со бебешки зборови. Ако гледа нешто на тв тоа да биде на македонски јазик. Вели ти мислиш дека не разбира ама да знаеш дека се те разбира. Ако си му лута за нешто,држи вистина лутина 5,10мин за да ја сфати поентата дека си лута. Ако спие на стомак,да гледаме да не се задржува долго во таа позиција зошто може да дојде до деформитет на стапалата. Ако го паткаме и губи рамнотежа,да го повлечеме наназад за да падне на газе. Искрено немам ни време ни желба за паткање а и ортопедот ми рече бебето не сака да го паткаш, ти сакаш да го паткаш. Така да нека си вежба сам паѓање на газе Ни даде упат за крвна слика, околу година се проверувало регуларно, ние сме тука некаде па може да го боцнеме. И доаѓа најтешкиот дел... спиење и цицање Прашав дали до година му е доволно цицање, ми рече ако на мајката веќе и претставува малтретирање доволно е. До година е задолжително,после тоа ако има желба. Јас се пожалив дека душа ми извади со станувањето ноќе за цицање,ми рече само два пати требало да цица пред спиење и наутро. Кога ќе се разбуди да најдеме друг начин да презаспие. Прво и основно друг да го презаспие. На пример татко му (ќе пробаме вечер) Второ исто многу важно,да не му се нуди шише со цуцла или лажливка зошто пак со цуцање ќе заспие. Да му се понуди како алтернатива држење за рака, гушкање или друго нешто. Нема потреба од ад или друг вид на млеко после година. Доволно е да внесува млечни производи во исхраната. Знам дека ќе има многу плачки и чисто сумљам дека со него постепено ќе откажувам цицање. Знам и дека за телово ќе биде стрес одеднаш да пресечам и ќе голтам апчиња за да спречам лактација ,ама со овој ноќен цицач тешко дека ќе можам да кратам еден по еден подој, зошто нема никаков ред на цицање. Околу редот, нагласи дека е многу важно уште од сега да има точно време на спиење и јадење,зошто после може да имаме мака за заспивање. Дремките се кога две ,кога една, рече наскоро ќе биде една ,а кога се две втората да е најмногу 45мин. За следна контрола кај неа, се насмеа 2 пати годишно. А на ортопед кога ќе оди убаво 2,3 месеци. @Larahappy ако не сте биле на преглед,еве еден апдејт
Битно е да не касни со проодување заради физички проблем, или да не го паткаш или во дубак да е цел ден. Ако е здраво детето, и да е оставено на земја цел ден, од мака ќе прооди, од пуст интерес да фаќа кај што сега не може. И откако ќе прооди ич не е важно дали тоа било на 9 и 19 месеца.
Моево на 11месеци прооде ама еве го сега на 13 сака во раце јас да го шетам он да си гледа, мрзливко Инаку се мава по глава, не само кога се лути и како му викам не ме гледа и повеќе прави. Фаза е или за загрижување е?
Моето прооди, баш прооди на 18 месеци. Сега има 20 мес и можам да кажам дека дури сега можам да кажам дека можам да го пуштам да оди без да го мислам дека надвор ќе се сопне и ќе падне. Немај гајле, ќе си прооди. Ама знам како ти е . Сите кои ни беа генерација од темава, па почнаа и помалите за еден месец, па помали за 2, па за 3 , а моето абер немаше. Да не зборам за тврдењата и советите од околината, што треба и како треба . Секој ден се преиспитував што правам погрешно . Уствари и си знаев, детето се сакаше во раце да е,никако не сакаше да лежи,сам да истражува, се сакаше да му дадеш, да не се "мачи" сигурно тоа е.
И мене ме утеши, фала ти најисрекно Мојата сака да истражува, се фаќа, се исправува и на повисоко ама не се пушта и не се пушта Околината одамна не ја ставам на дикат ама сепак ми сметаат постојано едни исти прашања и коментари!
Да, станува од место. Се држи као за играчка демек и станува. Прави два-три чекори па пауза. Па продолжува. На крај седнува на газ, или паѓа на раце. Ама тоа го прави само на подлога. Ван нејзе не. Да речам оди по цела соба. Само 6-8 чекори се вкупно. @hello-kitty.90 ете ме свакаш. За околина што збори отрпнав. Само криво ми доаѓа кога шетам по Детска, и сите деца освен оние новородени и моето не одат. Мислам, ептен лошо чуство. @Spidy Дубак никогаш не користев. Паткана не е. На земја е цело време. Проодувалка и земав пред две недели. Ја виде десет минути и чао. Не ја интересира воопшто. Она стига секаде. Во раце несака воопшто. Отвара во кујна, во купатило. Во спална оди, во ходник. Биквално секое ќоше од куќата го превртува. Сака да истражува, ама ја мрзи да оди. Или не е спремна уште.
Проодена е, ама се осеќа безбедно и сигурно на подлогата, затоа не оди на друго место. Ќе се пушти самата, остави ја.
Надвор од нејзе оди ако ме држаи за рака. Не јас нејзе или да се држи за мебел. Едит : Јас место стспалки, ке частам JOHNNIE WALKER. Да се знае чиво дете проодело
Абе и моево се живо го интересира и се сака да фати, ама што и да сакаше да земе или да оди некаде, ми даваше до знаење што сака и или да му дадам јас или да го однесам таму, се тоа пропратено со вриштење . Се сакаше да добие и да види,ама без да го помачи газето малку . За околината многу ми е гајле, ама како да се ситеа и да сакаа да ми дадат до знаење дека ете се правев "сезнајка" и самата си го уназадив детето . Не го паткав, не го ставав во дубак, не го седнував со сила на 7 месеци и како резултат на тоа мое правење паметна и "инаетење" детето подоцна прооди. Некако како да излегуваше дека сите се во право, а јас грешам. Само тоа ми беше криво.