Е исто. Јас не го паткав, ја оставив сама на 9 месеци да седне кога она сама успеа. Ама не. Јас сум проста со заостанато дете во развој За тоа не ми се ни збори. Сум кажала.Да беше некое дете со аномалија? Немаше ли да го сакате. Молчат. Бркајте работа.
Е, и моето седна само точно на денот кога наполни 9 месеци, на 12 почна да лази, нормално дека и подоцна ќе прооди, тоа е.
Ќе проодат, ќе прозборуваат се ќе биди Ме нема одамна се нема време, синко ќњ прави 21 месец за 3 дена и многу се пушти за зборување, само кажува нешто како навиен е, цел ден зборува, и како за почеток чисто зборува, се разбира што кажува. Друго, за спиење е уште исто си станува стандард 2, 3 пати ноќе и си презаспива, ноќесна имаше изгледа терор, се распишти во сон и никако не се смируваше, 20 мин плачеше, не сакаше ни кај мене да дојди, кај татко му беше, па после гледаше тв се смири малку, па заспа и ко го легнавме пак стана одма и пак плачеше силно, па заспа и како што беше в раце кај мене легнав со него па спиеше, ова се траеше 1час... нека не се повтори
Леле тие добродушните од страна многу ме нервираат. Јас се пресеков, не смее некој да зуцне. Педијатар кажа, ортопед кажа. Ама со фаци, "леле нее, никако, како такааа?!" Нит паткав нит седнав, седеше нешто после 6 накај 7, прооде после година точно, дур не се исправи од земја сам, не го пуштав надвор да оди. И сега не давам за рака да се држи, се криви одот. Ако има улица го кревам во рака, ако не кај сака нека оди. Многу сум строга и за ред и за спиење и за овие работи. Мене ми се с'снаа за јадењето, како сам јаде, има да го лажеш со цртани и да му буташ. Да имаш контрола колку јаде. Мора да биде најаден. И тоа не луѓе од фамилија, некои трети икс особи. Има денови на цеце преживуваше, денови каде што се понудено ќе излапаше. Генерално е добар јадач, не пребира. И еве не зборува, ништо, ни ајде, ни дај, за вода прави ааааа, како кога пиеме кафе и ам ам, команди разбира. И за тоа не форсирам. Работам со него колку што знам и умеам, ама ќе се пушти. Па и третите икс особи, тетки некои 3то колено, колешки, другарки, на нокшир да го ставам, нивните од 1 година биле без пелени. Абе дај... не можам да пробам, прво џабе е, немаат до 18 м, контрола, второ на глава ќе го стави, и ќе го рашетава по стан ко што прави со легенот за алишта.
@lackygirl почна ли да спие Ѓорѓи или уште си се буди? Одамна не си се пожалила, можеби се подобрила ситуацијата. Моето уште си се буди, уште не спијам како човек, ама штом не се жалам тука, значи не ни е страшен овој период. Се буди, цица и заспива, точно по 4 пати ноќе . Денеска комшиите нешто бушеа по дома, лепенка ни е куќата, ѕочно во 14:00, таман беше скоро заспан, кога почна брррррр бррррррр, ококори очи и стана. Не сакаше да спие веќе, а и да сакаше, не можеше од брмчењето . Па така цел ден му помина без спиење. Сабајче стана во 10, а сега едвај заспа во 12 . Па од што ненаспиен, цел ден ништо не му беше погодено. А пак сега пред спиење се разбесни, рипаше, фрлаше, се нешто му истекнуваше. Едвај успеав да го земам во раце, да се смири и да го успијам. Се надевам ќе поспиеме убаво. За нокширот веќе е свесен и знае точно која му е намената, ама не издржува да седи на него, седне и одма станува. А си оди во вц и сам го зема, го носи во соба и бара да го соблечам, ама најчесто ништо не прави во него. Ова сам да го зема и да ми го носи сам му текна еден ден и се така прави. Одамна не сум му го носела и да го ставам на нокшир. Има и нокшир играчка, па Мики Маусот го седнува на него и прави фаци, вика и напнува како он кога кака ( демек Мкки кака ) Многу се златни и интересни овој период. Уште да почне да збори, сеуште не почнува со зборење, освен мама, тато, тете, дада, баба,ам ам,дај, ајде, на, ав, мау, да, не, брм, та ( трактор) и толку мислам дека е.
Не кити не спие, исто е, уствари полошо, одвај го заспиваме во 12 со плачки, еве сега заспа во 1 без 15 нејќи да спие, ај ќе заспие во 12 бар да спие, станува одма во 2 или 3, па после 5, обавезно 2 пати станува и повеќе, немаме надеж ние со мм преморени сме. Кажува ко ќе кака ама нокшир не сака, оставив, нека кака во пелени ќе му дојди време и за тоа.
краставица можеш да изрендаш нека си јаде само. Ние веќе 2-3 месеци јадеме. Му давам во мали коцкички. Има заби твоето нека си јаде. Пробај и со месо Итака е варено меко. Ќе може да си јаде. твоето ќе ги вади наеднаш забите. Така беше со моето првото. Првите заби ги извади на 4 месеци долните кецови на 6 горните после неколку месеци ваѓаше по 4 одеднаш. Па пак размак од неколку месеци па уште 4. Помачно беше ама во една мака одеа. јас не открив трик ама уште барам. Значи кај мене нозете не смее да се покриени ако се тогаш ќе го исклоца цело ќебе. Така да обавезно од колено надолу е одскриен. А планирав на зима да го ставам во вреќичка Ќе ве дочитам после туку да прашам.... Како да седнам да се напијам кафе без да ме гледа? Значи она да ми ја трга раката за да ми го земе финџалот за да се напие? Кафе бе!?!? Чај и вода кога давам мазала ама кафе... Овие неколку дена сака да јаде сам. Ама со лажица. И јадеме со моја помош. Проблемот ми е што не сака лигавче на него па шлаканици... Што да ви кажам
Мали синоќа од 01-04 будна. Она си играше Стана госпожата, се симна од кревет и ај за рака да ме води. Па јас малце и бев, го чекаше и татко и да стане. И така, се шетавме по куќа ко утки. Да додадам, не заспива со цицање навечер. Цицнува и не продолжува. Очигледно бара друга тактика. Ама треба да ја откријам Чиво дете стануваше вака @Happyinlove твоето ли се будеше вака Во Tilla видов вреќички за спиење, убави се. 1750 денари Што функции имаат. Нишкаат, пеат, успиваат.? Многу е тоа. Кажете каде има по пристојна цена нешто.
Станува уштеее кога е во бунило ако ептен активен бил денот па кажува нешто збори бебешки,кога седи во креветче си игра ме вика мама мама гледаш цел се навалил. Па пие млеко... едно два саати е буден. Сега му е од 02 до 04 па во 6 и пол станувме . Немам идеја како да го успивам и цуцла има и се не и не па си станува
Мајки неможам да ја најдам темата, предлог плажа во Охрид за со 1 годишно девојче? Ако е воопшто убаво времето дур да одиме
Баш во темата за новороденчиња пишував за вреќиве. Јас на синко му купувам по две. Откако почна да се врти го ставам во вреќа. Купувам од беби ко. Еве линк https://m.facebook.com/pg/babyco.mk/ Летните се 500, зимски мислам дека беа 700 или 800. Перени на 60 и во сушара не мрднаа. Плус знам дека на синко му е топличко. Мене ми се многу 3500 само за вреќички кои ке ги носи неколку месеци. Е сега овие од тила се џиџани и подебели од летните на бејби ко, ама мене ми одговараат тенки за лето а дебели за зима.
Мојата стануваше,пееше,гугаше или вриштеше 2-3 часа. Кога понарасте поретко се случуваше.Децава мои ако заспијат пред 23ч.стануваат ноќе наспани и лудуваат. Бебево сега спие од 22 до 6 со 4-5станувања ноќе и наспана,свежа,пее ли пее. Не им треба сон како на мама
Мене само едно ме бунинсо вреќичкиве. Како се превртуваат беблите додека се во нив дека нели се без ногавички? Доле има повеќе простор кај нозете да, ама нели се извртува цела вреќичка настрана?
Се извртува, да, ама во вреќа со ногавички, синко не сакаше да спие. Ама подобро вреќа и да знам дека е покриен, отколку кебе кое ке го тргне на прво вртење.
Никогаш не сум пробала да го ставам во вреќа, ем ако го допирам додека спие одма се буди, ем склетчија е, па не верувам дека би спиел во тоа, не би ни ја . И двајцата спиеме расчепатени на спална .Цело лето спие само со боди откриен, кога и да пробав да го покријам, се будеше, а уште не сум го допрела . Сега откако залади, му облекувам тенки пижамчиња доле, а горе си е по боди на кратки и околу 2 или 3 кога ќе се разбуди за цицање го покривам со тенко чаршафче, а нозете му ги оставам откриени. @srekice моето вака правеше ако заспие ноќе порано од вообичаено што заспива, или кога му се случуваа некои поголеми промени, пред пролазување, пред проодување.... Неколку дена, па се враќа на старо а може и сум заборавила. Не ми досаѓал, он сака да си се игра, ама проблем е што мама сака да спие .
јас дури стасвме до 3ка секакви користев од 3ка нагоре сме на Фиона. (Ги има во кипер маркет) јас со првото секогаш кога излагавме за рака ме држешеш се додека го носев на школо прваче. Одкако го родив второво веќе не ме држи за рака голем бил.
Ииии, може ке прооди Бидејќи стана, се симна од кревет и ме фати за рака да ме води по дома. После вежбаше во салон