Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.995
    Јас се правам спијам, не мрдам. :o
    Ама само така ми стануваше кога проодуваше, плус се спои со скок.
     
    На NNA, Makedonka007 и srekice им се допаѓа ова.
  2. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Мојата станува така, еве скоро 2 г и уште знае некогаш да стане да си играме. Ова лето скоро секој ден или доцна си легнуваше или стануваше сред ноќ за да играме. Сега рано станува, ама се трпи тоа. Се тешам дека се фази развојни и ќе поминат
     
    На NNA, babydust, Makedonka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Се случува ретко ова. Не постојано. Значи фаза некоја е:wasntme:

    И друго прашање. Мали има доле само двете единици. Но, на растојание од 1цм од нив е набабрено. Зарем двојки толку одалечени ке растат 8-|
     
    На NNA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Фази, скокови, заби проодување и гледаш цело време или не спиеме или не јадеме. Јбг:)
    Сега мојава е во фаза на проодување, па ме мрдна мајки. Не сака нити седната, нити лази. Се треска И фрла наназад кога ја седнувам.Само исправена да е и се држи за нешто и да проба да се пушти. Со проодувалката сама прави по 5-7 чекори, но некако како да се плаши.(facepalm) Ако не се држи со двете раце не чекори. Нормално е или е заплашена:?:?????
    И проба да земе предмет од под со кликнување ама обавезно да се држи. Тоа многу бавно и претпазливо го прави:tmi:

    И колку треба да спијат во 24 часа околу годината?
    Оваа заспива околу 20:30-21:00 до кај 6:00-6:30 спие, а преку ден околу 4 часа некогаш И 5 ги тера во 2 дремки. Овие дена потешко заспива навечер, сака исправена на мене да заспива, да скока, на рамо да лежи И едно 20 мин И треба додека се успие. А секогаш за 3 мин заспиваше. Околу 13-14 часа спие.
    Скокот го поминавме, што е ова не знам :worried:. Премногу е напорна :whew:
     
    На NNA, Bupalu, Makedonka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.550
    Допаѓања:
    184.537
    Пол:
    Женски
    Добро утро :yawn:
    4 дена има само една дремка од околу саат ипол, и бебе нормално заспива порано, накај 8ипол до 9ипол зависи. На утро се буди подоцна од што очекував кога е толку рано заспана, накај 9. Ама пак си станува 1-2-3 пати ноќе за нишкање. :envy:

    Не седнува на гз. Сега ако не ослабам нема кога. (fingers) Цврста е и жилава оди фино, ама мора да ме држи за рака @Presrekna :hug: Сама си стои само во место без да се држи за нешто.
    Старите и купија такво камионче ли, што ли е, за да седне на него и да го турка со нозе, ама ич не го бендиса, мачорот се плашеше од него, па ене сега фаќа прашина на балкон. А што е со лежењево на земја? Деновиве се така прави. Еве и сега, си гушна под и си лежи така долу. :^)

    Некогаш заборавам дека веќе разбира доста и сама себе се зезнувам. Вчера вечер накај дома поминавме од кај игралиштето и само што го виде почна да вреска. Па иако не ми беше план, морав да ја носам на лулашка. (facepalm)
    Исто за време ручек, нели побрзо од неа завршуваме оти таа џвака со саати, маж дур ја ранеше, јас расчистував низ кујна и го земав садот со мафини го ставив на маса. Ги виде и толку беше. Остави мусаката на пола, продолжи да јаде мафини. (facepalm)
    Не можам веќе ни да ја излажам. :tmi:

    Кога учат да слушаат? Засега не ме слуша воопшто!!! На пример, знае дека не треба да оди кај комарникот и да го притиска, таа намерно оди таму. Ако и кажам не и немој, се смее, ме гледа и намерно го притиска. ]:) Па место тоа, ја викам да дојде кај мене, и нудам сликовница, најчесто омилената со црвенкапа највеќе пали. Ама нели не можам да и вртам фокус цело време, треба сама да знае каде да не чепка. Како да ја научам?
     
    На NNA, Bupalu, Makedonka007 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    колку за утеха најмалку до 3 години нема да слушаат. Првото дете се има изгорено на ќумк зашто не слушаше туку сакаше сам да води и да се увери. За жал.

    Туку сакав да ве прашам сега после годината на каква перница спијат малите ? Од 6 месеци го ставав на ниска перница и до скоро навечер на неа спиеше а преку ден без перница. Последнава недела го ставам на повисока,како нашите зашто беше со затнато носе па и грчеше и немирно спиеше и одкако спие на повисока верувајте луѓе не ни мрда детето. Ау реков што бил лекот за мирно спиење :rofl: ама пак мислам дека е превисока за него па да поминеме со ситуацијава мислам дека пак ќе го легнам на ниска. Па нека врти и ора низ кревет :)
     
    На NNA, Bupalu, Makedonka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Се што наведе е фаза. Ова со зафрлање наназад, нас не држеше добри два месеци. Не ја форсирај за проодувалка. Мојава пет пати ја бутна и толку. Ене седи во соба. Нејзе се друго ја интересира и сака сама. Ке усоврши и клекнување. Мојата прво се држеше за нешто и седнуваше за да фати. После клекнуваше, и сега замо половината ја наведнува. Толку е спретна што стварно незнам зашто не оди сама на подолга релација. Почна и по соби да оди. Ред држење за плакар и ѕидови, ред самостално одење.

    @Yowannty Мојата не слуша ниту една команда. Ма не ме регистрира.А разбира и знае. Си брка работа. Освен, ако и е нешто од полза, тогаш слуша. Само ако има интерес.
    Прееска ми вклучи рерна. И се обиде да отвори. Вчера ставив да топлам во микро. Тап, го сврте тајмерот на 10 мин. Чури кафето.
    Значи се снима и знае, али ете не слуша(facepalm)
     
    На NNA, Bupalu, Makedonka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.944
    Допаѓања:
    203.235
    Пол:
    Женски
    Тестирање граници е ова. Испитува до каде може да оди, колку ќе и' дозволиш. А не дека не слуша и не разбира. Разбира убаво. Само едноставно те тестира. Трпение, одвраќање внимание и зборење дури устата не фати пена. Челични нерви требаат, не дека не, мислиш дека никогаш нема да заврши. Ама и таа фаза ќе помине, само што е потешка од скок во развој. Барем мене ми е.
     
    На NNA, Bupalu, marchi-cool и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    @Yowannty
    Додека читав за 'послушноста' ми се појави неговата evil фацичка.
    И тоа додека иде натака ме гледа, следи прво 'не' продолжува со насмевка, ме гледа во очи пак му викам не. На третото 'не' веќе има фаца watch me now и со кикотење си тера работа.

    Ништо не ми успева, освен со сила да го тргнам. Засега.
     
    На NNA, Bupalu, marchi-cool и 3 други им се допаѓа ова.
  10. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    @Annath Малата не ми дозволува да и ги четкам забите. Ја гризе четката и затвара уста.
    Да земам напрсток за да мијам? Знам дека е голема, ама не дозволува со четка.
     
    На Makedonka007 и tambelina им се допаѓа ова.
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти пишам затоа што и јас имам мака со тоа. На сила мијам, и ги фаќам образите и ги потстиснувам и чистам, она плаче и така... Исто беше и со напрстокот :|
     
    На NNA, Bupalu и srekice им се допаѓа ова.
  12. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    7.267
    Пол:
    Женски
    Јас имам друга препорака, земи ја малата со тебе кога ќе миеш заби пред огледало, дај и ја нејзината четка и таа нека вежба. Ќе ја заинтересира, јас плус пејам песна: чет, чет, горе, долу, чет, чет и миењето заби ни стана забавно, без да се лути и дрецка како предходно.

    Пробај може ќе помогне.
     
    На NNA, Bupalu, Milaаа991 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    И мојата така сака ама колку има ефект од тоа она сама да си ги четка?
     
    На NNA, Makedonka007, tambelina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.944
    Допаѓања:
    203.235
    Пол:
    Женски
    Не, само упорност треба. И заедно мијте заби, ти твоите, таа нејзините, после кажи и да ти даде да ги фатиш лошите бубачки на задните запчиња со нејзината четка, за да не ја болат. Со песничката е добра идеја.

    Делумно сама нека четка, делумно ти четкај. Мора така, за да четка, во спротивно може кога ќе потпорасне да бега и да не сака да мие заби, а тогаш ќе е потешко да ја натераш.
     
    На NNA, mal.ecka, srekice и 6 други им се допаѓа ова.
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Да така си ги четка забите пред огледало со мене барем 2 пати преку ден, ама пак јас на крајот од денот и ги четкам убаво да ги фатам сите.
     
    На NNA, lackygirl, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.995
    Јас со плачки му ги четкам, не дава, ама после ја зима ми ја пика мене во уста, па му ја дадов мојата да ми ги четка со таа, радости живи, е таа си ја пикна во уста, неговата не.. па купив друг вид, поголемка, и пак он па мене јас стискам уста... ги менуваме на 2 недели, ја попарувам често, да не е долг период?
    И од кога можам електрична да купам. Има 16 заби веќе.. ама малецко е.
     
    На NNA, Bupalu, srekice и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    А кога се почнува со миење запчиња? Моево има само две и тоа сега растат.
    За синко имав напрсток, А сега не можам да најдам. Каде го земате?
    Знам дека треба пред легнување да се мијат запчињата ако пие АД после млекото, ако е на доење може пред. Така беше или се лажам.
    И мојава има една четка И ја јади додека јас Мијам заби, може треба да почнеме со миење.

    А она со непослушност чекајте, забава тек почиње. @Мариаа. Баш ќере исто прави како што опиша, само што мојава не се смее туку вреска на цел глас и продолжува по нејзино.
    @Yowannty јачи нерви и мускули. Од сега до кај 3 год клечки ќе станеме. Јас со синко тој период бев најслаба. А сега сум таква, па што ме чека ќе видиме.
     
    На NNA, Sofi.ja, Bupalu и 4 други им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.069
    Допаѓања:
    108.873
    Пол:
    Женски
    @Presrekna напрсток имам видено во ДМ и по аптеките. Јас имам купено на Nuk , бсш завчера пробав да и ги мијам забите - ние имаме 7 веќе, пишти, вришти, не сакаше. Со големата имам негативно искуство , од бебе пробував да и ги мијам забите не сакаше и милум и силум, па од негде 3 години прифати како што треба заби да мие.
    И паста не би ставала, нема да знаат да плукаат секако, само со вода..
     
    На NNA, Sofi.ja, Bupalu и 2 други им се допаѓа ова.
  19. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.506
    Пол:
    Женски
    Јас имам напрсток оф Дм , ама мал ми е хаха. Го ставам на мало прсте па така ич не ми е згодно. Последно земав четкичка мала од Дм 0+ ама не дава ни со песна ни ништо. Сам си ја носи во уста ама си ги тегне влакненцата, не е тоа поентата . Има време ќе најдеме скоро некоја тактика.
     
    На NNA, Presrekna, tambelina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Пастите за деца до шест години не се плукаат туку се голтаат. Тоа е чист флуор кој согласно растот им треба за развој на забите и спречување кариес. Во Германија од прв ден на раѓање се внесува заедно со д витамин и флуор. Од кога ќе се појави првиот заб се преминува на миење заби до година дена со напрсток, потоа со четка. На четката на врв на нокт се става паста. Има од нула до две години и од две до шест години.
    И не само што треба да се има навика туку и децата кои не мијат заби страдаат од кариес.

    Подобро две минути на сила да четкате секоја вечер и ниту млеко потоа, отколку со три годишно дете да се потите на забарски стол или да се соочите со болка на заб кај мало дете. За да не дојде до тоа се мијат забите секоја вечер. Се пробува со фино и со се што ќе ви дојде на памет и крајна солуција е да се фатат рацете да се наведне главата и убаво да се исчеткаат забите. Нема ни минута целиот чин.

    Јас ја носев на втора контрола за заби месецов. Не може никако да ја додржат забите да и ги видат. А тек па болка да има на заб или кариес.

    Од контролата совет е до две години само навечер. Од две години два пати на ден, првиот пат после појадок. И значи мора секоја вечер и редовни контроли. Особено оние кои цуцаат цуцли да се обратат кај своите заболекари за рутински преглед на вилица. Ако има искривување веднаш да преземат мерки. Или сликајте ги и оставете ги овде на темава ќе ви одговорат дали има искривување имаме експерти по стоматологија.

    И не, забите не се заебанција и нема ај плаче не мијам денес.
     
    На AlicaInWonderland, NNA, srekice и 14 други им се допаѓа ова.