И кај нас иста ситуација со носето, купив вакво кремче, ја намачкав на грбче и гради, полесно дишеше ноќеска.
Синко изгледа преминуа на 0 дремка, 2 дена не преспива дење, но заспива рано 8 и 9ч, станува исто 9ч насабајле и во ноќта станува многу пати, не бројам 5,6,7 пати, станува и одма презаспива...ќе видиме денес дали ќе дремни, искрено се надевам мачно е вака цел ден без дремка, него му е мачно, 21 месец е.
Кај ги наоѓаш лепенките , пред еден месец ги барав низ две три аптеки тука во Кав ги нема , лани исто ги имав барано , а знам дека се добри мн ефикасни од др луѓе што ми кажуваат .
 Значи ова не се трпи веќе. Ја незнам што се случува. Од скок излеговме, а побетер е сега. Цел ден да се завива. Она тажи и завива. Плаче "Аоууу, аоууу" Една фаца што ја прави Не заспива со цицање. Ја нишкам. Е сега, ни навечер не презаспива со цицање. Уште една мака плус. Мора да ја нишкам. Нешто и се случува.Тоа е очигледно. Никогаш не ми била ваква
Ние сме сеуште на една дремка. Јадеме само праски и ноќе е журки. Заспива. Се буди во 3 и до 5 шетаме низ дома, играме, листаме сликовници, си збори со замислени другарчиња или светите отци. Не знам со кого, ама си збори и се смее некому. Денеска прави неколку чекорчиња сама. (2) Мислам дека го вежба исправањето. Вчера баш ја коментирав ми изгледаше нестабилно, денеска е ко друго девојче. На плажа сме. Отиде до другото сепаре и им го даде гелчето да си дезинфицираат раце. Умница на мајка. И нас дома ни го дава, па мисли треба на сите да го даде. Ноќе и тоа што го спие е немирно, не знам што ќе се праи. Битно цицка веќе не бара, па вечер ќе одиме на дејт со маж на по еден аперол, па може ќе се измори и конечно ќе заспие. Надежта последна умира. Туку го видов ова на фб се пресмеав.
@Presrekna ако ти е утешително не се мачиш сама Патем кога беше помало моето имаше затнато носе и педијатарот ми кажа во помало крпче да сошијам крупна сол , да го затоплувам и да го редам измеѓу веѓите кај челото и му пушта.. исто има лепенки од аптека со ментол пробај и со такви ,залепи на креветчето кај што нема да може да го ровари а ќе го диши, сум слушнала од бабите и кромид излупен да оставиш близу кревет ама хахаха тоа не сум пробала
Ние имаме три дремки дневно , зависи и кога ќе стане (ако стане околу 8:40 , тогаш се две ) Не се сеќавам кога престана првата ќерка да епие преку ден , ама според мене убава навика се дремките , и детето ќе се одмори а и родителите Него со цицањево што ќе се прави едвај чекам 28ми да дојде да ја прашам педијатаров што да правам.. Ми има дадено совет една жена демек да си земам апче и готово, ама детево ќе плаче па не е така лесно. Колку што се обидувам да ги намалам подоите, мислам толку се зголемуваат. Додека бевме во Мк , ќе ја чуваа моите птоаѓаше времето, сега тука ми виси на цицка. Не можам да седнам до неа, или во раце да ја држам , одма ме влече по блузата и ако види не и давам плаче. И давам вода, ќе се напие и пак ќе почне да ме влече. Овие два дена е пекол навечер, се буди и самата си ја вади и цица што ќе се прави не знам
Ајде нека прооди полесно ќе биде, преминува во арно си седеше и си лазеше ваму-таму. Станува сабајле и додека не легне само оди, трчка и разнесува ствари од една во друга соба. Одиш до вц и за три секунди е нацртан пред тебе. Ама работата е што дома оди како на батерии, надвор лежи и се влече по земја. Дремките се лудило, навечер пак почна да станува по 10+ пати,и тоа... Фаза: 'I need more wine'.
Ја мислев осми скок ќе ме дотолчи ама сум се излажала. Ова дремкиве се кошмар невиден. Еден ден преспива еднаш по два саати, друг ден два пати по час и половина, крајот не му се знае. Независно од бројот на дремки стандард ми задпива во 23/23:30, а се буди кај 9. Кога преспива еднаш додека легне за ноќно спиење абе душата ни ја вади, раскенкан , гличи, не сака ни да јаде , ни да се заигра, усвет ми се фаќа. Налет на се горе двете четворки ни излегоа само што ни заврши скокот. Така фино ми се спои и скок и заби, маж уште ми се чуди кига ќе дојде од работа што сум напната. Сега готови му се и долните , ама како се лигави тоа е чудо, лигушки течат како на питбул. Кога му е се таман знае да се заигра, редиме од чашки кула , сортираме демек фигури (од страна ги става сите на куп), пуцаме топки, лепиме магнети на фриж. Во глобала сам се заигрува ама некогаш ќе му фикне дека треба да седам со него и морам да седнам оти вриска мислиш цело маало не слуша. Ужива да шета со голо газе , чучнуваме на нокширче го чекам да се измочка ,после си го ладка некое време. Некогаш успевам да го уловам и за какање кога се спрема и какаме на нокшир. Два вечери по ред излегуваме низ град тој скроз ми се врти во количка со газот натртлен и се токми со нозете да се симне сам. Го симнувам ,му давам раче, одиме така па оп му текнало си ја буткаме количката. Он бутка доле на корпата се држи , јас управувам. Мислев трицикл да зимаме , си велам иста беља и тој ќе сака да го бутка и на крај одпадна од листата. Со јадење мака мачевме за ручек несакаше, е сега мака мачиме за вечерата пред спиење ,ама успеваме некако со молби, со лажење да протнеме некое лажиче. Го добив ова скоро на подарок за мали , да се шпикозни не ќе да се , бааги е широк моделов, имате претстава што е? Можеби ќе можам за спиење да го користам
Синко има една дремка од 2 часа или две од 1 час. Спие од 9 10 до 8 9 преку сила. Не оди, трча, бега во рикверц, се крие, дома е забавно. Не јаде и не јаде и крај. Почна да давм сируп за апетит па ке видиме. Цица без проблем. Мама тата баба деде. Поголема љубов не може да постои.
@srekice не пратам веќе како сме со скоковите, мојов ваков беше некое време и јас се жалев тука, после 2-3дена беше бајче и многу нови работи имаше научено. Таман го пофаливме со мм дека многу повеќе се разбира и послушен е утре дента пак по старо, само се пишти и вришти јас сама незнам крајот да му го најдам. Ми ги тестира нервите изгледа и ме тера да викам, ама џабе е се тој по негово пак си тера, а мене ми е криво шо му викам
Здраво друштво. Ме немаше извесен период, со обврски реновирање, крштевка, краток одмор, ама ве читам редовно. За 12 дена и официјално се преместуваме од категорија бебе во категорија дете и се чудам кога ми порасна бебето. Искрено жалам што толку брзо помина цела година. И точно е дека вторите деца растат побрзо. Генерално беба е мирна, послушна, со исклучок на спиењето. Се буди по милијарда пати во ноќта, исто новороденче, но веќе се навикнав да не спијам т.е спијам во седечка положба и на нозе Најмногу ме загрижува доењето, цела ноќ е на цицки и ми се чини без нив ќе останам Инаку да ја пофалам многу е понапредна од брат и кога беше на нејзина возраст. Кажува 5 зборови со значење Тао и мафка со раката, Мама, Тата, Дај и ако нешто не и по мерак вика Неее. Разбира доста работи, знае да си ги покаже носето, устата, забите, косата. Сака музика и веднаш почнува да игра и многу ги сака книгите, тоа ни е главна занимација и со нив најдолго се анимира (нешто наследила од мене иако многу личи на тато и физички и карактерно) Најмногу се радува со брат и и кога ќе се отвори влезната врата за надвор, писка од среќа. Во врска со храната само млечни работи не сака и вода многу малку пие. Чај, сок ништо од тоа. Кажете некој совет како да ја научам да прифати.
@Magic13 за водата и течностите, јас го земам неговото шишенце и глумам дека пијам и дека ми е вкусно и убаво ( со звуци со фаци со се) и одма бара самиот да ме емитира и да проба што е и така ќе се напие
@Kaetana те повикувам за совет. Ми ја знаеш цела доенечка приказна, па да не повторувам. Скоро 13 месеци е бебе. Цица кога сака колку сака. Тоа обично е рано наутро кога се буди околу 6-6:30, кај 10 кога заспива, кај 12:30 кога станува. Потоа кај 16:00 за втора дремка, па за легнување кај 20:30 и ноќно цицање кога два пати кога милиони пати. Нон стоп сум со неа и не можам да намалам подои. Чим речам напротив се зголемуваат. Маката ми е што при секој подот сеуште го чувствувам слегувањето на млекото со пецкање во другата града, но во последно време и обилно течење на млеко. Еве слика при секој подој е ова, и тоа преку прслук и мајца. Спојлер Сеуште немам циклус, мислам до пролактинот е. Да нагласам не сакам да ја одбијам. Дома сум и од дома работам, може и до 2 год да цица, но барем ноќе да ги намалам или отфрлам подоите. Некој совет и од другите членки? @Magic13 и бебе на почетокот не пиеше ништо, но упорно нудев и од чаша, и од цевка. Сега од се пие ама само вода. Да не види шише или чаша. Пие по 200 мл најмалку, плус преку овошје и зеленчук прима бидејќи само тоа јадјади.
И кај мене е вака. Со таа разлика што синко е постар еден месец и јас добив циклус од 9 месец и редовно добивам секој месец. Влошки за гради потрошив еден камион и ми здосади да ги ставам. А млеко тече ли тече.
Јас за мене ке ти кажам затоа што иста е ституацијата. Кај мене всушност помалку тече ама пак тече. Течењето се регулираше во периодот кога синко јадеше три оброка. Тогаш и градите не ми се полнеа толку. Сега можеби организмот мисли дека имам бебе од 1 месец а не 14.
Здраво, ве читам редовно и еве прв пат пишувам Имам синче 13 месеци, денски не цица веке 1 месец, а сега и неколку вечери и пред спиење не цица, но во текот на ноќта се буди многу и цица не пие друго млеко пред спиење.Заспива кон 8 ипол,9 навечер. Моето прашање е во колку часот најдобро е да му давам вечера, со оглед на тоа дека не цица пред спиење веќе? Претходно во 6 вечераше и цицаше пред спиење, дали да ја поместам покасно вечерата?