Вечерата е во ред, два часа пред спиење. Што даваш за вечера? Можеш да смениш тип на оброк и да даваш нешто што заситува повеќе. Житарки, гриз, ориз и сл. Најдов убави топлинки во окаиди, на слика убаво изгледаат, ама 1050 денари се. Само јас ли сум стипса? Генерално многу трошам на синко, алишта има вишок, козметика веледа користам, ама обувките изгор скапи се. Сандали чико му купив и за два месеци ги израсна. Топлинки сега да му купам, пак толку ке ги носи. Патики исто толку.
@MilaSs12 @Presrekna Доколку цело време има интензивно течење (ама интензивно) - во 95% од случаите не е страшно, сѐ додека нели, нема мастити и сл. А течење од време на време дури и да е поинтензивно се случува и е ок. Како што ќе растат, и како што ќе се менува потребата од доење - обично се намалува полека, за нагло да има пак интензивно доење кога излегуваат заби... така и млекото варира... особено ова се случува кога вадат заби или кога има скокови или пак и кога почнуваат тантруми - и почнуваат повторно ноќните подои да се интензивираат. Знам ќерката имаше околку еден ноќен подој, а кога ги вадеше четворките мислам дека спиеше со цицка во уста. После пак си преспиваше. Па на тројките беше уште пострашно. Плус со вриштење хистерично. Некогаш доволно е само неколку дена незабележливо бебето да е повеќе на града, па да се измести лактацијата. Некогаш не мора ни до тоа да е, самите хормони малку се подесуваат. Сѐ додека не е нешто драстично и проблематично, се смета дека е во рамките на нормално.
@Kaetana благодарам. И јас сметав дека штом немам мастит, болки или било какви други проблеми, нормално е да тече, затоа и не прашав, сега се погоди момент па се надоврзав. Синко моментално вади и четворки и тројки. Долу сите му излегоа, значи од 1 до 4 на двете страни. Горе четворки пробиени а тројки отечени. Како што веќе ти се жалев, не јаде синко, така да промена има откако почнаа забите.
@MilaSs12 најчесто за вечера давам кисело млеко со тарана, палента, со лебче надробено, гриз.. мислев покасно да давам да не е гладен, незнам како да се понашам дека не цица фала ти на одговорот
И кај мене вака течеше на секој подој. Друго, ги зголемува подоите затоа што сигурно ваде заби, за жал сега ако и скратиш ќе биде многу кенкаваи нервозна. Почекај некој мирен период за тоа. На ноќните подои нуди го шишето со вода, упорно секоја ден.
Нема врска не е гладно, моево уште станува нон стоп ноќе (21 месец), сега дури ни вода не пие ама сте станува, такво ми е детето. Одбиј го ќе ти спија (совети од тетки, стринки, баби) го одбив на 14 месеци полошо стана, повеќе стануваше, само вода пиеше нишш друго, ден ден тој млеко не пие, никакво, еве го сношти во 8 и пол заспа, стана во 4 и пол сабајле и дури во 13ч заспа значи, 8 ипол часа си играше не заспиваше...се пробав и тоа е си станува.....
@Magic13 Ке се научи да пие вода. Моево сега пие по 1.5l на ден. Повеќе пелени менувам сега него дур беше бебе. @PoisonGirl Со една дремка почна да се мачи од почетокот на 8-ми скок. Дури сега спие по еднаш. Откако и заврши 9-тиот.Долг е периодот на адаптација, од две на една дремка. Гледајте да не помине повеќе од 5.5-6 часа помеѓу попладнево спиење и вечерното. Стануваат нервозни и нема шанси да го успиеш. @Presrekna И мене вака ми тече млеко. И градите камен ми се прават. Не е до пролактинот. Јас добивам од старт редовно. Штом се породив се среди циклусот. Мислам дека телото дава знаци за поголема потреба од млекото, и затоа се лачи вака. Околу намалување подои. Еден ден цица еднаш, еден ден пет пати. Имам среќа што моево не ме пипа за да и дадам да цица. Чека да и дадам. Умна е. Може единствено дете што не брца раче во маица е @lackygirl Дојди да те гушнам за ова Еве. Синоќа преспа цела ноќ. Дури во 4:30 се разбуди, ја занишкав и куфер до 8. Али затоа завчера пет пати стана.
И јас мислам дека и да го одбијам ноќе да не цица пак ќе станува, знае и да се нацица навечер ко ке стани и после само се врти во кревет неможе да презаспие..значи не е до цицањето сепак. Ајде ќе пораснат и ќе спијат
Истово ми го прави. Ке цицне, и ке се сврти. Па ке седне и се смее. Па ми доаѓа да ја земам во раце. И така, заспива. Не е до цицање.
@Presrekna моето е 20 месеци, сеуште цица и на секое цицање сеуште ми тече млеко од другата града. Исто и знаедами надојде млеко кога не му е време за цицање, па прска и од двете . До пред некој месец ставав од влошките нон стоп, сега само ако излегуваме некаде. Кога ќе надојде млеко само ги покривам со рака и престанува да тече. Си варира млекото зошто синко има ред на цицање како твојата,некој ден нормално, па неколку влече како смок. Менструација добив точно кога наполни 15 месеци, не забележав никакви промени во однос на цицањето. Страстен цицач е, нејадач и неспијач. Исто како на @lackygirl , па затоа не ни помислувам да го одбијам за да спие ноќе. Знам дека пак ќе станува . И онака ми треба многу време за да заспие, последнава недела го нишкам по саат ипол или два , Вчера и завчера викам да пробам сам да заспие, не можам веќе вака, ама само се врти, превртува, цица, ме прерипува на кревет и заспива дури во 1:30. Па сабајле во 11 станува. Поголема беља си направив . Сега чаре и за тоа да барам. Среќни мајки сте вие на кои децата сами заспиваат и спијат цееела ноќ . Не се периоди ова. Ова трае и трае и трае .
Каква риба препорачувате за почеток? И како да ја подготвам? Да варам или печам со фолија?Досега нема пробано.
Фала ти на одговорот. На почетокот ми течеше после добри 10 месеци само пецкање осеќав, ретко капка две да видев, но последниве недели чудо е се вратив на влошки ,а само 10-20 искористив на почетокот. Знам @Yowannty до скоро се дружеше со нив. Инаку почесто е ноќе на града, и не е умна како твојата @srekice , малку и треба да брцне рака во мајца и да си ја извади градата кога и каде ќе и текне. Ако не дадам вреска, се бунтова и понервозна е. Па како што рече @BabyT* не е време за намалување. Ноќе буквално имаме борба кога и давам вода. Го турка со цела сила шишето или го фрла и се буни додека не добие цице. Ако ја оставам така се расонува и журка до зори. @lackygirl и мене така ме излажаа за синко. Одбиј го ќе спие. На 10 месеци го одбив, на 4 год престана да станува. Ова е далеку по спанка од Бато. И брзо заспива, рано кај 20:30 спие преку ден скоро 4-5 часа, само сега еден период се буди почесто ноќе. Ме израдува. Мене на големост почна ха Хахаха @MilaSs12 s12 не знам зошто не можам да те тагнам. Кај мене ми е чудно што немав ни течење ни прскање, ова ново е периодов. Ама убаво @Kaetana објасни. Проодува, вади заби, менува дремки де две де четири во денот, се труди да прозбори. .. Се е тешко и Ново за неа па бара заштита и топлина. Пак кога мајките знаат утеха во чаша да најдат зошто бебушките не во цицка. @hello-kitty.90 значи да си набавам влошки. Имам Фора до 20 месеци. А нејадачи ни се оти цицаат. Да не им даваме цице се ќе пројадат вака се заситуваат. @Mia Fuentes честитки мила. Лесни чекорчиња да е здрава и жива цел живот по прав пат да оди @Magic13 јас дадов прво пастрмка и ослич филети, варени, а сега и печени на скара. Јаде и хип каша со лосос и бела риба.
@Presrekna Јованти уште редовно користи влошки ако ти е утеха некаква. Уште ме пецка и ми тече млеко и ќе тече веројатно дур не прекинам скроз. Вчера вечер останавме дома, бебе нервозно. Цела ноќ на цицка слеш вриштење слеш играње слеш цицка и се така во круг додека скроз не се премори и заспа во 2. 5 саати нишкав, доев, пеев и плачев. На крај кога веќе се премори не можев веќе рацете ми паднаа, ја легнав во креветче и и реков толку е за вечерта. Буквално се срушив во кревет, а и среќа и таа си заспа сама на крај. Мислев забораи веќе на цицка сега пак јово на ново. Во непца е ужасно потечена, не знам зарем е можно ова од заби да е?! Душа немам веќе, ми доаѓа сама да и ги извадам забите со пинцета.
Мене ме советуваа за почеток ослиќ или лосос. Јас ги печам. Ама не во фолија. Алуминиумската фолија за печење општо била многу штетна. За бебе и дете никако. Ова и јас овде го научив ☺️ Јас ја печам во земјено тавче со капак. Многу е вкусна така и мека како за дете
Ако најдеш решение кажувај ЕУРЕКА. Во такви тешки ноќи помисли на мене и на други мајки и знак не си сама. И секогаш имај на ум дека многу многу брзо растат. Сега плачеш дека не спие, за некоја година ќе плачеш дека спие и ќе плачеш дека плачеше дека не спиела И ќе сакаш да не спие да можеш да ја земеш како сега во прегратка И да ја гушнеш, нишкаш, надоиш. И ќе плачеш дека не може повеќе . Забегав филозофски, Аристотел ќе ме тужи, но така е барем јас така со синко го доживеав. Бај Д Веј дали сеуште бебушите ги бањате секој ден. Гледам кај нас заладува И почнав телото секој, а косата секој втор ден. Многу Коса има, многу време ја сушам со ден, па ни настанува.