Синко го бањам секој ден. Со исклучок ако заспие порано, или ако какал преку ден, па миено газе, па ај нема потреба. Сите велат нема потреба секој ден, ама јас сакам кога ке го избањам и така чист ке си заспие. Преку ден се влече наваму натаму, фаќа се и сешто па се фаќа за лице, па јадење измачкан, сирупи.
Јас почнав со пастрмка. И не во алуминиумска фолија туку во хартија за печење со малку маслиново ја спремав.
@Presrekna знам, јасно ми е се. Само што на крајот од денот сум скроз исцрпена, а таа енергична и плачам од немоќ и сила да ја анимирам веќе. Таа се нешто брза, а јас со рефлекси на мртов коњ. Дремна од 8:45 дури до 9 и тек сега скоро полноќ овде ја заспав. Очи и паѓаат, сами и се затвораат таа упорно ги отвора. Не знам зошто го прави тоа, не сака да се предаде на спиење и не сака. Ова е прилично рано за неа, журката гарант ќе продолжи по некој час и ќе трае до сабајле, па да отспијам и јас до тогаш. Се жалев на 4ти скок, како ми доаѓа да можам само да се вратам назат и да си лупнам чврга.
Лесни чекори на бебо. И ние се пуштаме, ама уште не честам. Вие сте сите сериозни со ( не) пиењево Само јас ли пијам во изминативе две години
Додека бев бремена не пиев ич, ама додека доев не дека толку внимавав. Ама јас и не сум некој пијач, и регуларно пијам една чаша вино, ништо повеќе. Кафе на пример избегнував долго време зошто многу поголем ефект имаше на бебето додека доев.
Откако видов цве цртки, ни капка. И периодот пред тоа се погоди да не пијам. Кога ке го одбијам ке си земам флаша.
@Mia Fuentes лесни чекорчиња Дава некоја мајка Хип Комбиотик 3ка ? Дозирањево не е ко на 1цот и 2ката или ја не капирам нешто
Паталки што го минале 16ти месец ако може да се потсобереме некако ... Здраво на сите бај д веј ,женски дали сте сите океј? Јас троа ко мавната со дебел пешкир изгледа . . Што е со вриштењево за пресоблакање и менување пелени, дали некогаш ќе заврши, под некогаш мислам за во блиска иднина Урлањеееее, главава ми зуи. Иначе одење на велико, цапање шо би се рекло, скали упражњавање... Едното малку касни во развој ама само за одредени команди кои мама очигледно спиела до сеа и пуштала ТВ, тоа бејби Тв веќе го отпишав од живи, односно Тв отпишав...за 5, 6 дена како што е изгаснат, а максимално времето надвор го поминуваат, ко скроз друго дете да е...!!! Така, да си кажам дојдов, да видам дали се држите добро, и да ви посакам добро
Мамаситас ве молам хелпп.. Детево мое девојче 17+ на чисто ме мрдна. Незнам во кој гол терам и кој пат да го фатам.Веќе скоро месец дена ама никако, баш никако неможиме со ништо да и угодиме. Само јачи, само стенчи, само за враце, кренимее ако сум станата. Ништо без незе да не правиме. Само залапена до нас. Не смеам да мрднам од кревет ни јас ни татко е, до вц никако.Не можиме на маса да седниме да ручаме одма плачи, ќе ја земиме и незе не сака вика да станиме или да ја кренимее. Ништо не ја интересира од играчки.Не дека порано беше нешто кизнај колку поразлично никогаш не играла со ништо, секогаш да ја занимаваме ние ама не до олку,барем не бараше во раце и можеше еден да работи нешто а другиот да ја занимава и да си играме нешто. сега ако и дадам нешто оти сум и го дала плачи ако не и го дадам плачи оти не и сум го сала. Јас стварно станувам безпомошна.последнава недела и некако и немирно спија,а си јади се не се жала на ништо дури и крвна слика направив, супер е. Инаку зборува се, веќе врзува и прости реченици, знајме да се разбериме да кажи што сака а што не и пак неможиме да и угодиме.Заби од единици до четворки има. ве молам за совети и ви се извинувам за рефератов
Не знае да покаже со прст кога ќе и се каже, сега почна пр. во сликовница каде е топката, ја покажува... исто и дај ми, доаѓа до тебе ама се врти не ти дава... ама имитира што правиме ако и кажеш...искрено се исплашив многу, бевме на психолог... така знам дека треба да се работи, и до мене е вината, очигледно уште ко бебиња ги третирам, сега се освестив..
И мојава една 16+, почна многу за во раце да ја кревам..ќе поседи малку па ја спуштам не плаче ама по некое време шо и да праи а ме види ми трча одма за кревање и плаче ако не ја дигнам, ова трае веќе можеби 10тина дена, не знам што му стана на детево... или ако има музика исто трча да ја кренам да играм со неа... се заигрува туј таму, повеќе е за надвор за да оди..и ќе фати нешто во рака и го држи некое време и така оди со предметот, па морам да сум до неа да не го пикне во уста по некое време..
Апдејт. 5 саат сабајле. Ете сме како што и претпоставив саат ипол журки, се нишкаме, па игра, па вреска очи и паѓаат не се предава и не и не и не. Дур играше играше со татко и, кога почнува да вреска мене ме бара, па си седам со памукчиња во уши 3 ден денеска. Значително намалува тоналитет на високи врескачки ноти, па полесно се носам со мислите што ми надоаѓаат кога ми вреска директно во уво! Џабе се што прочитав периодов онлајн, се применив и џабе. Ми остана уште бајачка да пробам, еве @srekice биди другарка и прашај ја свеки за бројче. Оти уште да скокнам од балкон ми остана, а тоа го чувам ко последен ас. Шега на страна, навистина не знам кај терам веќе. Периодов од 2 месеци веќе делува како вечност и место да станува подобро се полошо е. Кажувајте магија некоја, дрога некоја, нит се води нит се тера детево. Дур бев трудна не се напив ич алкохол. А сега, тек недела пред ѕверче да направи година, шмркнав коктелче. Од тогаш навака уште 2 пати. Повеќе од што сум изгубила навика скроз, а чим другар ми Њуман со кој многу си се почитуваме, вели може алкохол за време доење, која сум јас да ја спорам неговата експертиза? Само што ја легнав во креветче. 5 ипол. Одам и јас да се ушушкам. @Mia Fuentes ненамерно те пропуштам ќе простиш, честитки за чекорчињата. Нек има секогаш убав и отворен пат пред неа.
Вчера вечер мали ми беше подиспотен на грбче во спиење. Му соблеков пижамка , облековме само боди на кратки, надолу остана на пижамки на долги. Цел ден ми беше размрсулавен со топло чело, а ладни образи, променливо расположение. Обично кака по еднаш на ден, ппследниве два три дена по 3-4 пати и тоа течно. Ноќва кај 03.00 кога го проверив беше топол со т.т. 37.8. Ставив сенф на ножињата и еве заспа сега после час и половина нишкање на нозе. Досега без проблем сме ваделе заби, горните две четворки се излезени скоро цели, доле веќе се спремни, набабрено е местото. Можно ли е баш сега од нив да крена тт? Ќе следам денес ситуација, ќе се слушнам после и со матичен, не ми се оди одма таму во гужвите.
Алкохол во бременост е забранета, а во доенички статус непрепорачана. Тоа значи и да се напие некој додека дои процентот на алкохол во крвта не треба да ги надминува промилите за одземање возачка 0,5%. За возач на шлепер, автобус, такси и слично е 0,09% и за почетник е толкав промил. Да направам математика 0,5% е една пијачка (една водка, еден шток, едно пиво, една чаша вино). За останатиот промил е само да лизнеш односно радлерче. Секоја капка алкохол се пренесува до бебето. Тоа е биологија. Новите испитувања велат дека не му штети овој промил на бебето. Јас велам ако секој ден му дозираш од капкиве ќе го споредиш своето дете подоцна со врсници во школо како ќе му иде. Со други зборови алкохолот има силно влијание врз интелегенцијата на децата/бебињата. Оние бебиња под три месеци немаат ни џигер за капкиве да ги исфилтрираат. Плус што пиење е тоа една чаша? Никад не сум сфатила Или пијам или воопшто не седнувам. Тоа е исто како некој од страна да ти брои или да те гази под маса. Против алкохол и цигари во бременост и доење. Штом се прекине таа врска отрујте се од пиење и пушење слободно.