Same here. Една чаша црвено вино за уживање. Си сакам Не секој ден, нормално. Но еднаш - два пати месечно. Со добро мезе
Истиот став го имам. Една чаша не ми менува ништо во животот. Јас сакам две три четири. Сум заборавила како е, ама сакам. Се што јадам оди во плодот т. е. млекото, па зошто да го правам тоа? Кога можам да пазам на заебанции од тип- органска козметика и нафтени деривати, плус останати работи како телешко и младо пилешко, непрскано овошје и зеленчук, седење во задимено никако, го носам само на отворен простор (молови, кафичи итн ни лани ни сега), телевизор не, дубак не, значи се што не е препорачано според најновите истражувања, ке можам и без алкохол. Не пушам, ама сакам да уживам во вино и ракија. Синко секако нема да цица до школо (се надевам).
Во тој случај треба да се внимава и на цртаните оти штетата од нив знае исто да е голема и строго да се следи препорака дека до 2 години дете екран не смее да види. Ограничено време пред екран е само изговор. Се сложувам со среќата дека алкохол се ужива со една чашка до две. Да се види лезет. За мене се повеќе од тоа е оврјуз. Никогаш не сум затерувала така, секогаш ми било невкусно, а сега со дете уште повеќе. Читав многу интересно истражување околу тоа, дека детето што спие во свое креветче, а потоа и во своја соба, многу подобро обликува независност на личноста, полесно се снаоѓа само, знаејќи дека и кога е условно речено разделено, секогаш може да смета на мама, зошто каде и да е, мама ќе одговори на неговата потреба. Е сега препораката беше да спие само во своја соба од 6 месеци. Има ли некоја искуство да сподели со преместување на дете во своја соба по годината!?
Мали пред малку стана од место. Се потпре со рака на земjа и стана. Дојде до мене во кујна. Ниту еднаш не застана ниту изгуби рамнотежа. Сигурно цели 20 чекори направи. Одиме нели
@srekice @Mia Fuentes Лесни чекорчиња на малите Ние знаете дека сме од помалите,ама сакаме да се дружиме со поголемите 26 дена до годинка,мали не знае што со себе Не го интересираат играчки,ќе се разврти 5,10мин и толку ,доаѓа кенка, ме тегне. Беше болен деновиве,набабрена му е да не речам цела вилица,а двојките се гледаат во непце, да препишам се на забите? Или вообичаен е овој период за " не знам што сакам"? Знам дека околу година имаше некој скок во развој, го молам господ само да не се одрази во спиење како претходниот, зошто дури тогаш ќе побудалам Таман тргнав да го одбивам од цицање,се разболе и пропадна планот. Ме боли заб 7ца,ќе се јавам сега на стоматолог да видам што ќе каже со доењето,ако смета анестезија и други работи за поправање, ќе си го вратам планот за одбивање... Од алкохол до сега се имам напиено узо во чашка за ракија и чаша пиво некогаш по ручек. Летово делкав и радлер уз готвење. Ми треба еден коктел да ми направи еден рестарт
Мојата спие сама во соба, во свое креветче од 11 месеци. Период на навикнување и адаптирање за нејзе немаше. Ја стаив да спие таму и таму спиеше. Мојата адаптација беше потешка. Првите денови, недели, повеќе шетав од нашата до нејзината соба и спиев на штрек. Уште знам да станам да ја погледнам и погалам само. Вратите ни се една до друга, спиеме со отворени врати, ја слушам и кога се врти. Станува таму сама и не плаче дека е сама, само вика по некој од нас (весело викање, насмеано), знае дека ќе дојдеме. Ако ја зезаме и не идеме одма не вика по име.
Јас не практикувам ни ограничено седење пред екран. Само на долга релација дозволувам мобилен и цртани, затоа што сметам дека подобро е да е мирен и да гледа цртани отколку да се дере и сите да бидеме нервозни. Дека ке ми заглупаве детето од гледање цртани еднаш месечно, или поретко, сигурна сум дека нема.
@srekice ете прооде. Нека и се лесни чекорите. Поздрави ја свеки Да ја исправам тезата, цртаните не влијаат на интелегенција туку на говор. Може да му забави говор. Редовно пуштам цртани со кои ќе и овозможам база за англискиот јазик. Впрочем и почнува точно да ги сфаќа поимите. Од друга страна светот е во очекување на нови истражувања соогласно времето во кое живееме со интернет алатки и напредок.
Ако е така, не правам голема грешка. Всушност, му пуштам песнички, на англиски или српски, или македонски од Златно славејче, кои не се многу интересни затоа што немаат приказна. Говорот сега за сега сметам дека му е добар. Мама тата деде баба, збори на бебешки јазик, се кара и во исто време со рака и тело гестикулира. Знае како вика куче маче коза. Муабет ми е дека со користење на телефон еднаш или два пати месечно, не може да има непоправлива штета, особено затоа што цел ден работам со него. Цртани да се смири не му пуштам. На работа не одам, па цел ден следам што точно прави и работам на развојот.
Во кола и за јадење. Доволно. Денешниве цртани се со јаки бои и брзи слики не прилагодени на видот на мало дете. Делува и на говор, фокус, со тоа на ментален развој оти говорот и фокусот се директно поврзани со мозочето, па и на видот исто. Среќа наука оди напред. Па вторите деца може ќе гледаат нешто подобро. Засега секој експерт ќе потврди дека најнештетно е само да слуша, без да гледа и тука нема дискусија. И јас пуштам цртани бај да уеј. Муабетот е дека ризикот од две чаши вино во месецот е помал од цртани за возење и појадок, ручек, вечера и ужинки. @TeddyGrey браво за момата. Не сум во можност одма, ама се надевам дека ќе можам наскоро. Интернетов вели дека колку подоцна толку потешко оди разделбата. Едит. Се пресмеав на последната реченица. А оти рече дека уште ја земате, знам дека има повеќе од 2 годинки. Колку време спијат во креветче? Без да се тргнат оградиците и да се направи класичен кревет? Уште прета многу во спиење?
Ех камо среќа да сака да јаде уз цртани. Анемичен е, пие малтофер. Порадо би дала 15 мин цртани и да се најаде, отколку да има слаба крвна слика. Ама не сака да јаде додека гледа цртани. Не сака да јаде никако, да бидам прецизна. Значи јас давам цртани еднаш месечно.
Фала бејб Цртаојас намалив ептен. Уствари тв намалив. Од причина што, откако почна да проодува, постојано е залепена до мене. Кај јас, таму она. Е сега. И додека гледа вртани, одсекогаш јас и ги раскажувам цртаните. Јас звук на минимум пуштам. Посебно англиските. Тие идат со македонска синхронизација од моја страна. Биби си ја гледа. На роденденска песна игра, скока, вришти. Врти газ , тресе глава
Епа, 2 години и 1 месец е. Уште ја собира, прета да. На мисла сум на пролет, здравје, да и праам креветче класично. Секако мора ограда. Друго, да ти кажам, читам дека не ти е баш спанка. Мојава уште од тогаш, 10 - 11 месеци, кога ќе заспие е труп. Јас ја успивам на спална кај нас. Ја кревам и ја преместувам. Мука нема. Кога ќе заспие во кола, ја носам, преслакам, пелена, пижами, не се буди. Ама не заспива сама во собата. Ниту во спалната. Ама мене спалната, нели, , ми треба.
Мила во ред е. Нема потреба да се објаснуваш понатака. Ме испровоцира со природната козметика и био зошто сме дебатирале таму и знам дека коментарот на мене ти се однесуваше. Сакав само да ти покажам како е, и оти ништо не штети толку колку што ќе го преувеличиме за да се напраиме паметни. @TeddyGrey во кола заспива, ама само во кола. Е кога сликавме кејк смеш, приквечерина, се изнаигра на плажа, ние фативме Хепи аур и дрмнавме коктелче со маж, таа заспа и тоа и беше единствено заспивање кога од кола во креветче од 10 до 10 утрото. Тоа ми е дефинитивно најубав ден за оваа година. И да, и мене ми треба спалната. Што и се деси 2 пати да заспие од 8ипол одма имаш време за дупли романтики. Иначе ужас периодов. Знам дека си е на мака сиротата, ама и ја сакам да се ослободам од стресот. Иф ју ноу уат ај мин.
Сакаш да кажеш дека ти преувеличуваше со нафтените деривати за да се направиш паметна? Не се однесуваше на тебе, туку на сите општо кои ги занемаривте отровите кои ги вдишуваме секој ден, а се запнавте дека павловиќева е еднаква на канцер.
Како што реков, кај нас беше потешка мојата адаптација, иако нели го добив комфорот во спалната што го сакав. Силом прилике и простор ја ставив да спие сама во соба. Тогаш се преселивме во нов поголем стан, ама во спалната немам место за креветчето. Претходно сите топтан бевме у 30м2. Во сите соби малтене заедно, не била сама никогаш, ама ете кај неа лесно помина. Па ете, дури и супер испадна.
Имате среќа вие што ви спијат децата, кај некои тренинг, кај некои сами се такви, не сте свесни колку ви е лесно, не спие и не и не....секако пробано, детево е такво, до мене спие на спална, ако е в креветче станува одма и плачи, нема шанса тоа, плус да го кревам цела ноќ од креветче не трпи повеќе ни половината, ни раце, стварно сум немоќна тука, тешко ми е многу... Др до кај година и некој месец гледаше цртани, претежно англиски кокомелон, српските беа интересни од 6 месеци до 9, после имаше период од неколку месеци кога воопшто не го интерсираше тв ниту цртани, почна да повторува зборчиња шо нас на 19 месеци, сега е 21 зборува како големо дете, во смисла врзува по 4 5 збора плус одговара точно, ги знае сите баби и дедовци, тетки како се викаат и ги поврзува со нешто, значи размислува, пр вака: дедо Иво, вози комбе, бабата од дедо Иво е Веса и имаат петел, го прашуваш тој си кажува, др баба (прабаби се овие) го прашуваме како се вика кажува Бока - Горка и одма поврзува со тете Тине, демек тие се заедно бидејќи секогаш заедно идат ова само примери, за 21 месец мислам дека е супер и за мене е радост, како со голем да се расправаш, буквално, ништо не се зборнува пред него оти разбира ептен е интересен. Гледа сега пак цртани со багери и џипови на англиски Brain candy tv се вика на youtube почна и англиски да кажува, за јаболко вели апул или боко и слично... македонски не гледа, Биби еднаш со вештерката го гледаше и се уплаши Цел ми беше да кажам дека еве и со цртани гледање зборува супер, не по цел ден, до година гледаше по 3 по 20 мин сиг за секој оброк. И нека гледа англиски ќе го учи и него.