Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    18.837
    Пол:
    Женски
    13 месеци е синко.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    18.837
    Пол:
    Женски
    Денес со фен излезе да се шета. Цак цак, си се вози, си менува брзини на фен. Во кола, не во количка. Прегоре фенот, па не е проблем, ама пеглата нова е. :devil:
    Денес се разбуди во 6 и ни правеше муабет. Заспа до 8. Една дремка од сат и пол. Сега заспа. Да си легнам и јас, утре во 6 ке почне да вика Еееее, се подига на прсти, мевот нанапред и вика. Среќа.
     
    Последна измена: 14 септември 2020
    На Makedonka007, hello-kitty.90, Presrekna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Ојј душа мила. Како само во група? Нема никој?
    Ти во Скопје живееш, нели се жалат нема место.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.995
    Да во скопје сум, веројатно нема да почнат неделава, не знам.. бев затечена...
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.556
    Допаѓања:
    184.582
    Пол:
    Женски
    Те разбирам и јас сум таква. Јас ја носев по доктори оти ми изгледаше дека ќе ја искриви кичмата кога почна да седнува. Мене тоа ми изгледаше страшно, ама везе немало се си беше во ред. Докторите многу убаво се ми објаснија. Сега пак паничам, се си мислам стапалата ги криви кога оди, малку ми фали да тропам пак по тие врати, ама маж ми вели пак сум умислувала. Може е во право. :D Ама наскоро сме на контрола па ќе ја види докторката секако.

    Цртани пуштам кога треба да сработам нешто или да зготвам, некогаш и кога само сакам да легнам и да не мрдам 15 минути.
    Апсолутно се нема потреба од нив и ниеден експерт нема да ги препорача како дел од едукација. Тоа е повеќе забавен карактер и секако тоа треба да е ограничено и ако научат нешто ок. До 3 години децата најмногу учат само од слушање и интеракција на под на нивна висина со соодветен стимул од играчки и предмети за нивната возраст. Е сега гз и колена болат ама тоа е.

    Официјално две четворки се надвор. Ако вака се тешки четворките, за тројките што ќе праиме? :worried: Изнакенка малку, па дојде ме гушна и ми заспа во раце. Многу лесно беше па очекувам бродолом ноќва. :sweat:
     
    На srekice, ocicka2014, Sofi.ja и 3 други им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    18.837
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е нормално да паничиш. Подобро отколку да не паничиш.
    Јас на секое бакнување го бакнувам во чело да му проверам температура. Ама и мајка ми и свекрва ми прават така. Нормално е веројатно.
    На синко во рок од месец и пол му пробија сите четворки и тројки. :drunk:
    Долу се излезени саглам и се гледаат. Горе боцкаат.
    Синко сам не сака да гледа цртани. Значи јас и да му дадам мобилен и он да гледа. Веднаш почнува да го штрака, лизга со прстињата, гаси музика и го фрла. Во веце кога одам ме гледа од креветче пред врата.
    Тв не ни знае дека имаме.
     
    На flower55555 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Мојата ич ама ич месо не јаде, порано од купечките каши јадеше, сега кога и давам ако осети дека има месо одма плука.
    Исто и дома кога и правам, пилешко, риба и телешко нема шанси да јаде.
    Јаде само зеленчук(пиперка, домати, краставица, спањак, ориз, грав, грашок) и овошје(банана, капини, малини, крушка)
    И сирење, јајца и кисело млеко.
    Ги заборавив и нејзините брокули и карфиоли(facepalm)
     
    Последна измена: 15 септември 2020
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Исти сме за месото, само динстано може да пројде и тоа минимално (@Yowannty ме просветли за динстано)
    Друго освен секаков зелнчук и овошје без банана ништо не јаде.
    Може урда минимално, јатки мелени, еве кикирики крем касна и житарки( овес, киноа, хељда и пченица ) цело зрно варени пак со овошје. Нити јајце, нити леб, ни намаз, ни павлака, ни млечни Каши освен една со слива и мусли, НИШТО.
    Ова колку за утеха . Ме знаат мајкиве само кукам за истово. Но цица
     
    Последна измена: 15 септември 2020
    На MilaSs12, NNA и Neda997 им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.556
    Допаѓања:
    184.582
    Пол:
    Женски
    @Presrekna јас те тешев тебе за јадењето, ама дојдов на твоето сега. Ништо човече не јаде и вришти кога и доближувам јадење до уста. Не знам од што ми живи девојчево. На 5 работи е само. :|

    Претходно пак малку јадеше, ама јадеше разновидно. Потоа еден период со молење, и сега дојде период апсолутно ништо не помага. :worried:

    Иначе вчера ја преспа ноќта, не знам дал се смири оти заби и искочија или само беше една од тие мирни ноќи што ми ги дава одвреме навреме. Сега јас имам проблем со несоница. Прво не можев да заспијам, а потоа се разбудив во 2 ипол оти околу тоа време таа се буди за журка до 5, па инстинктивно ја чекав. Па не можев пак да заспијам до кај 4 и кусур. Во 6 се разбуди, пиеше вода и мислев толку е, таа си легна на мене и си заспа до кај 9. Бар се изнаспа ако ништо друго.
     
    На NNA, Presrekna, Sofi.ja и 3 други им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    18.837
    Пол:
    Женски
    Жолтка со што комбинирате, освен со палента и јогурт? Поточно цело јајце. Ми треба немлечна комбинација заради хемоглобинот.
     
  11. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    јас редам жолчка и во овошна каша , а цело јајце во спанаќ. пр : ориз ,спанак,путер и цело јајце на крај му редам додека скроз не се скува.
    п.с моменталнп блитва има периодов тоа е уште подобро од спанаќ , нас хемоглобинот последно пред 3 месеци ни беше 109 тоа е скроз на граница, па почесто му давам блитва јајце спанаќ, му давам зрнца аронија во овошните каши,и витамин ц . деновиве ќе провериме повторно крвна слика
     
    На NNA, Presrekna и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    18.837
    Пол:
    Женски
    Јас ке му правам каша. Со забите се изнамачи, цели залчиња плука. Ке изеде едно две и потоа вади од уста. А умее да џвака правилно, корка леб кине со заби и џвака.
    Вчера и завчера со анимации успеавме да му дадеме каша. Се надевам ке пројаде.
    Фала. :hug:
     
    На NNA и Presrekna им се допаѓа ова.
  13. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    заборавив да напоменам сето тоа му блендирам... инаку и моето со забите се мачи , а лебче си киме само, смоки си јади, бисквитче си грицка понекогаш.. блендирај. јас за да ми јаде,редам на хранилката капачиња,играчиња,макарони не сварени и кога ќе му здосаде од јадење почнува да игра па така уште неколку лајчиња ги јадиме :D:D
     
    На NNA, Presrekna и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    18.837
    Пол:
    Женски
    Па вие сте добри. Синко јаде само ако некој го анимира. Маж ми извади се, од фен до масажер и депилатор. Јас му пикам со лажичка. Имаше и викање, па као ке плаче. Битно ја изеде кашата. По месец и пол нејадење сега славиме. :muscle:
     
    На NNA, Presrekna и NewMama им се допаѓа ова.
  15. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Мојата ептен ретко да не јаде, сега дека 3 и излеваат малце и мака имаме, ама а осети место, одма плука.
    А така си немам проблем, по целс чинија си ручка.
     
    На NNA и Presrekna им се допаѓа ова.
  16. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Девојчици, какво искуство имате со нови зборчиња.?
    15 м сме, основните мама, тато, баба, тао, дете...имам пишано погоре кои ги кажува и толку застанавме... Се сеќавам дека син ми повеќе кажуваше тогаш, добро памтам, а мм само ми вика да не ги споредувам. :^)
    Инаку друго се разбира, носи што ќе и кажам, покажува на тело очи, уши, нос, уста, коса, нозе, раце, меше...
    Друго на 15 м шо имаме за совладување, споделете...:)
     
    На Makedonka007 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.323
    Допаѓања:
    28.119
    Син ми спие сам во соба од 2 недели. Ко шо пишала @TeddyGrey така се погоди зошто во спална нема место за креветче. Никаков проблем не сме имале. Соба до соба сме се се слуша што прави, како се врти..

    Од искуство на најблиски, колку одолговлекуваш префрлање потешко ќе и биде да прифати. Ако имате можност да ја префрлите, префрли ја сега. Како повеќе разбира, нема да сака да се одели воопшто. (Ова за мене си кажувам до 11 години спиев со моите покрај празна наместена детска соба..:shake:)
     
    Последна измена: 16 септември 2020
    На Makedonka007, NNA, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    хелоу :hai:
    мислам дека пишувавте за четкање на заби, па вака како по искусни да ве прашам кога се прави прва контрола на заболекар?
    ќерка ми е 10м има 9 заби четкаме секоја вечер со напрсток не прави никаков проблем, но во текот на ноќта пие млеко, само шо решив да ја учам да ја преспива ноќта без млеко не фати регресија и настана хаос :drunk:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    14.771
    Пол:
    Женски
    Ако имаш матичен стоматолог кој работи со деца, можеш да почнеш да го носиш детето на секои 6 месеца на контрола. Тоа е чисто да се навикнува на чепкање во уста, ќе ви дадат совети за четкање, препорака за четка и паста ако има потреба од нешто посебно, и да се следи развојот на забите. Целта е да не дојдете на 4-5 години првпат со расипан заб и со болка, па траума да му е на детето.
    Е тоа што во Македонија многу стоматолози ќе ти речат џабе не го носи пошо ништо не можеме да му направиме, тоа е лошото. Како што одиме на ортопед и бараме совети кога детето да се седнува, како да се мотивира да прооди, кои реквизити да ги користиме, така треба да одиме и на стоматолог уште при никнување на првиот заб. Ако ништо друго, барем како родители да се информираме за се што не интересира од специјалист, а не од свекрвите.
     
    На NNA, Mia Fuentes, haruki и 3 други им се допаѓа ова.
  20. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    фала ти :) имам матичен стоматолог ке разговарам ке и кажам, ме фати малце страв да не нее доволно ова шо го правам затоа шо има доста заби за нејзини месеци.
    Да потполно се согласувам дека треба од мало знам по мене голема го надминав стравот :worried:
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.