Имаме нов момент, бебе почна да одисам се исправа од седната положба и оди сам на пократки релации. Друго, таман се пофалив з јадењето и укинавме еден подој....се раболе, и се пак одново. Последните неколку денови спие по еднаш еден до еден ипол саат, обично од 11 до 12 ипол најдоцна, и после до вечер журка. Заспива во 8 преморен. Се надевам ке се нормализираме со спиењето наскоро, вак е многу напорно. Бидете ми поздравени
@Septemvri лесни чкорчиња мила да е здрав и жив, по прав пат секогаш да оди. Да не ја урочам ноќе почнавме помалку на цицка да висиме најмногу 2 пати. Сеуште тераме 2 дремки околу 4 часа двете. За јадењето немам коментар, има денови се јаде по малку, некои денови јаде одредено, а некогаш ништо. @kikin би ти го дала истиот совет како твојот сопруг. Не се замарај не споредувај деца. Ова најдобронамерно го велам бидејќи ако ми беше синко роден пред ќерката, досега ќе одев по логопеди. Колку што кажува таа зборчиња на 12+ толку тој на 24+ зборуваше. За мама вава ,тато, баба, деда дада, Тете и шест велеше. Но која се пушти, до кај 11 год го молев да молчи. Чим разбира и извршува воопшто да не се грижиш. Како што некои проодуваат на 9-10 месеци, некои на 14 така и со зборувањето.
Мајки преку ивф, дали е точно дека овие бебиња, деца покасно проодуваат? Дали е погрешна информација? И има ли нешто друго плус околу ова?
Мајки 14+, синот уште не ми прооди..дали се плаши и јас не знам веќе. Толку сум испаничена за се тоа е страшна работа. Сака да оди тоа се гледа, не сака повеќе во количка да се вози, станува дури, низ дома ќе те шета за едно раче, станува оди по мебел но сам никако не сака.. пробуваме со мм еден кон друг не сака така, одма собира ноџиња и почнува со лазење... некој совет за да го мотивирам,и сл.... И околу другите работи, знае да се сврти на неговото име, но кога е заигран нема шанси да се сврти кога го викаш(околу ова па сум ептен упрпана), или пак кога гледа цртани и тоа 30/40 мин се на се цел ден ај до саат да речеме...треба работа со него,знам Јас почнав со работа, пред година и сега се мешаница со чувањево Повеќе мм е со него, ама... Си брбља по негово, ама баба и дада не ги заборава за ништо, почнавме со мама и сега абер нема пак... Дајте некој совет што да правам,како да вежбам ао него...значи толку ми е страв за една работа,плус и ние сме ивф...како да му помогнам јас на синчето,околу проодувањето,разбирањето на некои зборови и прозборувањето Извинете на долгиот пост,би ви била благодарна за некој совет и искуство од мајка
Во врска со проодувањето, ако имаш било каков сомнеж, посети ортопед. Според ова што го кажа, детето е во припремна фаза за проодување. Според ортопед, до 18 се очекува детето да прооди. Не проодуваат сите на година, ама не е тоа проблем, здрави деца проодуваат подоцна. Во врска со останатите работи, @danichap е упатена и може подетално да ти објасни за развој на детето. Кај неа на профил ке најдеш и многу сензорни и моторички игри.
Погоре пишав дека мали почна да оди, има годинка и еден месец. Со ивф, а имам претходно друго дете по природен пат зачнато што прооди на година и 4 месеци. Нема врска, развојот на децата е нормален без разлика како се зачнати
Мојава прооде некни. На точно 15 месеци и 4 дена. Денес е веќе струја. Низ цела куќа оди,и тоа убаво станува од место без држење. Нога преднога. Стапало и коленици убаво свиткува. Нема од што да се плашиш. @Septemvri Лесни чекори
Ајде едно глупо прашање. Давате луто? Мојов обожава лути пиперки, ние дома многу јадеме, до сега јадел неколку пати, нема мака никаква. Ужива, солзи течат он лапа.
Не, ама ни јас не јадам. Еднаш случајно од лута вилушка од татко и имам дадено залче, јас се олутив, она не изреагира.
@Septemvri лесни чекори Другите ве молам кога беше време да ги оставате на стомак “не сакаа”, “плаче”, “чекај у дубак 15 мин”, “го паткавме” . Сега издржете малце, не кукајте.
Мене експерти ми тврдеа дека лази и ќе прооди покасно. Па морало да го паткам, де. На 11месеци се пушти, после две-три недели ги усоврши сите фази. Не ги слушајте свекрвите и не помислувајте на бајачи. Никако.
Свекрвата нека патка ако си нема попаметна работа И во дубак обавезно. Нема да проодат инаку. Гледам Сега и риба не давајте дур не прозборат. Зашто, логопед прво што прашува е "Јадеше ли детево риба"
@ifv ќе прооди , не се грижи. Секое дете е различно, некое проодува на 16 , некое на година. Кога ќе прооди потоа нема застанување , па ќе бараш да се вози во количка , а тоа нема да сака Мојата прва ќерка прооде баш пред првиот роденден, вторава еве вчера наполни годинка, си лази, оди околу маса ама нема абер сама да оди, и ја гледам не е стабилна уште Јас со едно прашање, која паста за заби користите за 12+? Викам да земам да пробам , штом кажуваат некои мајки дека се ок пастите за толку мали деца тука има по аптекиве на Chicco, Nuk, Dr.Browns, Zendium