жива ме занима која е поврзаноста на рибата со зборувањето. Ако може да прашате некоја од свекрвите и да ми кажете. Друго сакав да ве прашам, се изнагледав предлози патичиња за проодување и поназад во старите коментари во темава гледам убави понуди има него како да го научам и намамам детето да почне да носи обувки? Ни за жива глава не сака да обуе. Едино ваквов модел само можам да му обујам и тоа кратко носи,кога ќе седне сам си ги трга и си ги вади.
Среќен роденден на куклата Имам две прашања за вас мајки 1. Од која возраст се почнува со прилагодување на хранењето на бебе со храната ние што ја јадеме? Не мислам на чипсови и грицки,туку на ручек со зачини, пропржена,печена? Минатава недела еден ден му направив турлитава, ја мавна за час. 2. Детево цел ден е на под, на кревет само кога спие или кога менуваме пелена. Дали треба да го оставам и на кревет за да се научи да се качува и симнува? Уште не се пушта да оди,ама застанува на некоја секунда без да се држи за нешто,некако многу поцврст и посигурен ми е во последно време. @Presrekna знам дека имаш мадам со голема коса,и моево има. Дали веќе почна да ја сушиш со фен? Некако заладува веќе, кога го бањаме навечер на мисла ми е дали да заспива со мокра глава
@Sofi.ja благодарам. Вака, јас на пример еве и имам давано до сега ние што сме јаделе пица, компир манџа, турлитава Со фен и јас ја сушам, кај нас се уште не е ладно ама ете , ептен да не легне да спие со мокра коса
Со фен ја сушам откако е родена. Од 2-3 недела. Сега моментално има повеќе Коса од мене која 15 мин ја сушиме. Спојлер Фризот од денес и пуштена при капење. Нон стоп ја собираме во кики или правиме фризури. Што се однесува за јадењето почнав од нашето јадење да давам после годинка, не дека е некој јадач воопшто, ама се привикнува. Малку посолувам, направив домашна Вегета од неа ставам, без запршки. Од се јаде турлитава, динстан компир морков брокула и месо, блитва со мелено и толку. Се и давам да проба и пица и благо, не сака плука. Ако е овошје го јади, исто и зеленчук друго не.
И јас на синко нудам наша храна ама не сака. Пред некое време ке лизнеше ама сега нема шанси. Последниве денови почна да јаде со лажење, па јаде каши. За него земам пиле од село, и телешко. Друго месо немам понудено. Сакам и лосос да воведам. Ама прво нека се разјаде убаво, да не му се згади од вкусот. Чоколади не сака, животинско царство нудам. А знае да џвака. Корка сам одгризува и џвака правилно. Умее и да се храни сам ама не сака. Со фен му ја сушиме поодамна. Со морка коса не го легнувам.
Здраво и јас мислам дека нема потреба од ставање на децата во дубак или џампер ниту пак паткање.Син ми од шест месеци е на под прво несакаше но подоцна си седеше со играчките. На 9 месеци почна да седи самостојно и да лази. На 11 ипол месеци прооди без паткање и помагала.
Јас па знам дека нема Р да ја вика убаво Сопругот има специфично Р, мана има говорна, они му давале уште пред годината риба уште непрозборен така кажа свеки. И им викам ааа ете зошто Р не ја вика убаво Чудно за синко не ми рече да не му давам, ја па будала му дадов на 10-11месеци и затоа сега детево ни баба ни тата ни мама не вика се некои звуци испушта Аааа и имитира куче како лае вика ав, ваљда кучешко сум му дала :
Од десет месеци медицински е воведување кон наша храна постепено. Од година веќе треба и да јаде од таа. На почеток многу малку засолено потоа вашата храна прилагодена со зачини кон детето. Секако дека ќе го оставиш да се качува. Тоа е омилена игра и многу корисна. Потоа кога ќе се научи само да се качува тешко дека кафе ќе пиеш на раат. Ах да и веднаш потоа за некој месец на истиот кревет со нозе горе ќе трча и ќе сака да се фрли од кревет. Идат фини денови за тебе
ај па затоа кога на 7-8 месеци се воведува телешко и пилешко тогаш децата гугаат црцорат мукаат блекаат... Туку да прашам,моево кога јаде солено брзо потоа си наоѓа и благо (што оставил големиот по маса) татко ми често ме опоменува да не му мешам блага солена кисела храна ама .... Што ќе види сака да касне ако не дадам се дрецка вришти. Како да постапам?
Јас му давам веќе 2 недели од нашата храна зошто ништо бебешко нејке да јаде. Пример сабајле му направив гриз со крушка и самошто виде ми затвори уста. Ние јадевме печено лепче со путер и кашкавал и тоа изеде 1 кришка. Па ја јадев гриз. За ручек јаде исто што и ние ама адаптирано за него. Пример ние јадеме шпагети болоњезе со пармезан и куп зачини, он јаде болоњезе без сол само со босилек и со моцарела. Инаку од готови каши веќе се ми плука. За симнување од кревет, му покажав неколку пати дека прво со нозе се симнува о сеа нема гајле се симнува сам. Ама мојот се крева од 8 месеци, а од 9 интензивно оди по мебел. Чекам да прооди, ама го мрзи изгледа И мојот има мнооогу коса (му кратев шишки пред некој ден) ама не го сушам. Дома ни е 25/26 степени и лето и зима мислам дека нема потреба.
Да улетам вака за косиве, има бебешки бербер некој во скопје гледам другарки ги носат таму. Мојов се плаши од фен, ама јас земав му ги скастрив малку со ножички тие делови што му одеа над очи и уши. Ќе го шишаме кај и да е, ваљда нема драма да прави.
Синко кај мојот фризер се шишаше. Маж ми го држеше, јас од страна седев. Ама и фризерот внимателно работеше, се на се задоволна сум. Последните две тие минутки му здосади. Инаку косата не му ја мокреше цела, прскаше само на делот што го шиша, потоа не му беше мокра косата. Со фен кратко само го сушеше.
Бебе од 11 месеци и врсниче на моето, 8 месеци видов се шишале. Да, ова е студиото, точно. Сепак, јас само кажав идеја. Може софија не сака да го шиша нејзиното бебе.
Добро што ќе беше ова луѓе мои, јас не знам што сум му згрешила на Господ!!!?? Заспа убаво, се разбуди за 2,3 саата и почна агонијата и ужасот. Само во раце држење, спие во раце, ја спушташ урла, вришти, пишти... не дава татко и да ја успива, додуша и преку ден мн ретко друг да ја земе , се ми се лепи мене за дигање во раце, а мислев бебешкава фаза пројде, 16 месеци ... и така нонстоп држење во раце, до кај 3ипол,4...во 6 пак се разбуди.... кичма,живци, ми иде не да полудам, да се качам на марс и да си ја разнесам главава @srekice дури мислам и на свеки твоја, да не и праел нешто некој, знам бе не ми викајте, од очај се ќе мислиш ме разбира ли некоја
Ме изнасмеа хахха Омг! Ама не се тие криви, така нив ги учеле, па тоа пренесуваат понатаму, дури некој од фамилијата не го скрши кругот и го отвори погледот на светот на друг начин. А иначе смешни се и моите, ама полека ги учам, па некогаш додека збора нешто такво ќе им текне ќе речи абе така нас ни велеа, не е то вистина
Околу шишањето се контраме со мм Јас сум за,тој против Бебево има бушава ,виткана коса и изгледа многу неуредно,кога ќе се испоти мм му вика како од поплава да си излегол Мм упорно,долга коса ќе носи ,мерак ми е јас сум носел кога сум бил мал Сепак јас сум за после крштевка да го потшишаат колку да изгледа уредно,не викам лустер дека ќе го правам веќе почнува над очи да му паѓа,јас го залижувам ко теленце Инаку и јас сакам денис фризура,ама на права коса