Мојата нема многу коса, бавно и расти ама мислам ќе и биде бујна како мојата. И јас ко мала до кај 2 години немав мн коса, ама потоа наеднаш многу бујна и цврста. Иначе мои пријателки кои имаат машки деца по два пати до 1 ипол година ги имаат однесено на бербер за стрижење.
Моето 21 месец само еднаш го стрижевме во јуни дома со машинка, не му расти брзо косата ама сега мн се плаши и нема пак да го стрижиме. Нз како ќе биди нареден пат, страв ме фаќа.
@Sofi.ja Лелеее колку сакам јас машко бебле со кадрици. Имам едно детенце во комшии, плаво и кадраво до раменца, кога ќе го видам ми иде да одам и да го истискам од милост. Немој да си го шишала!! Иначе мене педијатарката ме советуваше од 10 месеци да почнам да и давам од нашата храна, прилагодена на неа, да не е премногу зачинето за вкусот да не е јак и без сол, јас почнав од 11. Додуша кога почнав, со самиот премин самата ми одби каши, ама периодов лош како ја здрма, се вративме на старо. Дојдов да ја пофалам момата, Ирис прооде пред некој ден на 16ти, денот на полни 13 месеци! Woohooo Се исправи, тргна и таман стигна до табуретката, да се фати ја промаши и си напраи онолкава модрица на образ. Тогаш дознав дека ќошовите од табуретката не се меки како што изгледаат. 2 дена менуваше боја, сега веќе избледува. Денот беше многу интересен. Пред проодувањето претходеа ситни бељички. Во една минута додека пуштав машина успеала да ја скрши играчката што и дуваме балончиња надвор (моја грешка е што изумив да ја преместам па ја дофатила). А знаев дека нешто мати оти беше нетипично многу тивка, па кога ја видов ќе се онесвестев. Ем ја скршила, ем си седнала на средина на вирчето, цела возбудена и водена плиска низ него со нозете. Прв пат ја туширав сама, оти целата беше вода и лепеше ко гомце. Таман ја средив неа и го избришав подот, успеала да грицне од друга играчка, па беше прилично борбена да не ми дозволи да и го извадам "вкусниот залак". Конечно ги собрав старите играчки и ги спакував. Вчера цел ден ми беше во раце, со температура, иста песна како пред 2 месеца. Претходниот ден и ноќ, вознемирена и кенкава па утрото крена. Нокеска во 2 крена последно, спушти и веќе не крена пак. Денеска ко ново дете. Цел ден си игра сама, седнав до неа неколку пати скроз ме изигнорира. И така тоа.. Дури и постов го пишав на раат, без воопшто да дојде до мене.
гледам за коси зборувате. Јас бебчо фен од мал му пуштам затоа што е кослест. Го шишавме на фризер ама со ножички а за беља мали неќе воопшто во коса да го допира некој, едвај го чешлам. Па му пуштивме песнички на телеф6он. Бидеќи не му пуштам воопшто 2 минути се гледаше и не беше веќе интересно за него , збесна ,па некако го шишна ,не баш рамномерно ама тоа е колку толку.. ептен се потеше инаку @Yowannty бравооо за душицата , лесни чекорчиња
@Yowannty лесни чекорчиња на Ирис, да ја водат кон убавини. Сите во една две недели се породивме така и горе долу ни проодуваат бебушиве. Мојата станува сама, долго време, сега тоа го прави брзо со два потези, стои во место сама, но никако да се пушти. Лази пак и се и е достапно. Сега има период ја мрда главата лево десно како за не не не и тоа многу брзо исто е смее. Ночески и во сонот тоа го правеше. Колку е нормално не знам.
@Presrekna така праеше Ирис пред да се пушти сама. Стоеше во место со рацете испружени нанапред и се смешкаше. Место да направи некој чекор таа ќе постоеше па ќе чучнеше и ќе си седнеше на крај. Значи кај и да е очекувај да се пушти.
@Yowannty лесни чекорчиња, @Presrekna ситно броите денови се прашање до проодување,и мојот така правеше недела дена пред да тргне. Ве гушкаме
@Yowannty Лесни чекорчиња Ирис! Последнипв период го приметувам дека се удира по глава. Не кога плаче или нешто, него игра и наеднаш ќе се удри, и ќе се насмее. Нормално е? Некоја фаза или?
Денеска дете колку ме има уплашено, мислам дека за миг ќе ни отидаше Луѓе она незнае да плаче, бевме кај свекрва, незнам што и бидна посеизгледс се закачи малце од столот, луѓе она кога зема да плаче, глас не пушта, цела стана плава, јазикот си го голтна и вилицата и беше укочена. Среќа свекрва и го потегна јазикот. Што правите во овие ситуации, како реагирате?
Мајки, совет како да почнеме да пиеме тетрапак млеко? На доење сме уште 14+ Сакам да му вовдедам т.е малку по малку да се одбиваме, сакам уште да тераме ама... Му давам алпско не ми го сака Ставив и чоколино И така не ми го сака Исто и со битолското А со бисквити не ми прави проблем И кога му го разредував со вода несакаше Баш и денес пробав Пишти штом ми го виде шишенцето со млеко...
Ако нема воопшто млеко пробано, Прво давај разредено со вода 2:1 вода, па другиот ден пола пола, па со помалку вода и така до чисто Јас со првото така воведов, со малото сега сме на доење ама има пробано со бисквити па затоа ќе и понудам чисто Полека полека ќе биде. Едит Видов си пишала со бисквити дека јаде, тогаш одбивај подои, па кога скроз ќе се намалат ваљда ќе сака И ако не сака, ништо страшно
Вечера, по некое време цица Ќе се превртува некој краток период и ќе заспие Мноооогу ретко ми заспал без цицање А и ноќе мора 1-2 пати да ми стане...плус и пред да одам на работа, за да презаспие...рано е 6 па и пред да стане... Не знам како да не дадам...
Иста беше и мојата. Не прифати никакво млеко. Иста беше и со будењето. Иста и со цицањето. Ама млеко не сакаше. И уште не пие. Кога ќе проба нагон за повраќање и иде.
И син ми е ист со млекото. Година и девет месеци е сега. Прекинав со доење кога имаше година и пет месеци. Нудев неколку пати млеко, со несквик и без, топло и ладно, џабе, не прифати да пие млеко. А млеко и бисквити јаде без проблем. Ама само од млеко му иде нагон за повраќање и се откажав.
Здраво луѓенца. Жива сум . Добро, полужива. Па ќе ми се суши проклетата тироида се повеќе, многу нормално. Веќе ми е сеедно. Беба во понеделник тргнува во градинка, а мајкава превозбудена. Само гледам дали се ми е спремно, да не заборавам нешто, како да ќе нема друг ден. Денес точно 18 месеци. Ја гледам и сфаќам дека не ми е веќе беба. Веќе не можам да го отворам фрижидерот кога е до мене, затоа што и ја фаќа главата. Кога сум тажна доаѓа и ме фаќа со двете раце па го кажува најубавото мама на светов. Секој ден се пушта повеќе со зборови, ама уште не сврзува по 2 зборчиња. Трча, трча, трча. Обожава коли. А брат ми пресреќен, затоа што и него му се пасија, па само и купува по некоја. Сака да црта. Исто го држи моливот како татко и. Жими у тоа е на него. Љубов на најјако со ова дете. Само уште малку да беше бебе. На кратко да застанеше времево. Да ја помирисам како што треба, без постпородилното лудило на измешани хормони.
Лесни чекорчиња на Ирис, да чекори по патот на успехот Кај мене веќе одреден период знае со увцето така да се заигра па дури и да се мавне по глава. Во тој момент му одвлекувам внимание со друго Исто така интересно му е кога ќе се допре во седечка положба со глава до ѕид/врата/плакар си игра се мава наназад тука веќе скокам и го земам во раце да видиме кај е брм брм Зборував со педијатарот за одбивање после 12м и прашав дали треба да пие друго млеко после тоа,ми рече не треба Доволно е да внесува млечни производи Само не нагласи колку пати неделно
@Yowannty @Septemvri лесни и стабилни чекорчиња. Син ми почна да оди веднаш другиот ден после роденденот. Ова бебуле не ми изгледа стабилно во скоро да зачекори. Ама лази со брзина 500 на час. Изгледа сите свекрви се по паткањето И мојата упорно ајде да паткаме, а беба ништо живо не сака, одма на газе седнува. Со фен ја сушам уште од 3та недела. БУ го вика Како се справувате со девојчиња што не трпат на коса стегачи и кики? Упорно ги фрла, а цела коса в очи и оди. Почнав по неколку и ставам, па на среќа некое ќе остани на глава. Нејќам да ја шишам. @koritsaki за пастата, јас од Chicco зедов.