@koritsaki и претходно покрај лук и кромид, користев магдонос, целер, босилек, оригано.. такви билки во кашите. Мојава многу сака целер. Рибина супа не ми јаде целер ако нема. Сега оти е префрлена на наша исхрана јаде и вегета и малку сол. Не секој ден, зависи што е готвено. На пример ако можам да извадам за неа посебно како кога спремам ќофтиња нејзините се без сол, а кога јаде лазања нели не можам да и тргнам посебно, па ставам мнооогу малку сол за да може и таа да јаде. Мене повеќе ми смета, оти јас сакам посолени јадења, и вака ич не ми се вкусни, ама и маж ми претпочита живо несолено, па 2 спрема 1 сме сега дома и јас се прилагодувам. Почни да даваш малку по малку за да се навикнува.
Заборавам неколку денови @Мариаа. ти прашуваше за мед, јас по совет на педијатар ставив во сутлијаш, ама Ирис не ми јаде тоа. Дадов и да лизне така не сака. Ако даде, или планираш.. како?
Па нормално ќе уживате бе мајки со вторите. Се ќе си знаете, нервите потрошени Мува нема да ве лази. Јас ептен причекав и заборавив па затоа се притресувам некогаш Леле вие за четворки и тројки зборвате, а ние само 2 ќеца долу имаме ќе биде напорно Иако нема заби ,само два јаде се. Некако од пасирано се вративме на каши блендирани и сега наеднаш се јаде. Дури и месо сецкано. За праски, краставици, малини, капини да не зборувам. Го откривме трикот за сама да јаде. Н стол со нас. Не во хранилката. И ставам перниче И јади. И тоа се сама со прсти. Дури и манџите и нашите сака со лажица сама Ова бебе е карактер, нема играње со неа. Како решила ќе биде.
и еднава моја исто... а ме види на радар одма, ме тегне ме влече Мамааа сеа почна јасно да кажува, до гаќи соблакање ако не ја кренам... Ќе ја дигнам ќе поседи малце и оп спуштање ама важно да ја кренам... не знам шо период е, твоето 14 беше?
Му дадов од лажица да лизне малку. После во млеко и бисквити го додадов. Не беше воодушевен, ама го лапна.
Ќе си пукнам од мака. На само еден ден пред роденденот беба настината до максимум, затнато носе, температура 39, цел ден плачи, кемка, ништо не ја смирува. Сношти во сон крена температура, среќа ја забележав. Па се туширавме во 3 саатот, денес уште 2 пати. Почесто од 4 саати качува, комбинирам чепче и бруфен, но тешко го пие. Матичната ја виде, грлото жар црвено. Амоксиклав ни даде. И него одвај го пие. Зарем мораше пред роденден? Како друго бебе е, насмевка не можам да и видам
Со помин побрзо да помине. Душичка мила. Кога не треба се разболуваат. Ставај ја на града почесто да не дехидрира гарант ништо не јаде. Со помин уште еднаш ве гушкаме. Утре како нови да сте да ви честитаме роденден
Ти благодарам Од тоа се плашам да не дехидрира, оти само цица, ни вода, ни чај, ни сок сака. Засега јади, ама многу е омалаксана.
Оф, душа.. И мојата пред роденденот се разболе ама не вака ептен ден пред роденден. Брзо закрепнување. Сѐ ќе биде во ред...
Убави вести. Голема е знае дека баш тоа и треба по цел ден. Само многу брзо македонче од два саати до “со спиење”. Ќе се исплаши детето. Стискам палци да мине спиењето во ред. Да! Баш така е. Јас во самата градинка седев внатре, но кога ме испратија 1,5 ч надвор од градинка се нушнав позади од кај кујната да наслушнам да не плаче (слика лево доле став).
@FreeMind Знам дека е брзо, ама стварно нема како. И маж ми од наредна недела физички трга на работа, јас на смени цело време, баби, дедовци на работа (свекрва ми не е, ама па она не вози, а градинкава не ни е преку улица). Требаше порано да тргне, ама се испоразболе и се се испоремети. И мене ми е рано некако за цел ден, ми иде отказ да дадам жими се. Ама знам така дека ќе бидам нервозна мајка, неисполнета. Ќе видиме, ако детето плаче и од понеделник, нема да го трауматизирам, ќе земе мајка ми боледување ако треба. Едит: Пред коронава исто пуштале родител внатре, ама сега не смеат. Јеби га.
Ајде да те тормозам малце. Систер и прати на малата патики. (13 цм се, 23.5 ка) Големи и се многу. Можеби има три сантими напред луфт. Значи ќе треба да барам одприлика 21-ца. Бидејќи иде ладно, да купам ли Nike star runner 2.? Она е проодена, но нели уште сме во фаза увежбување. Надвор бара да се шета.Или да земам Tanjun ако најдам број. Оние од kegi ми се многу грдки некако
Пак јас, напнувам знам. Прееска си земав среќно дете од градинка. Најадено, напиено, пресоблечено, насмеано. Исшкртано со фломастер по рачињата. А тоа ми е знак дека учествувала во активности и (се надевам) и било убаво. Имаше плачки сабајлево пак, ама сепак пружи раце по учителката.
@BabyT* со среќа во градинка и од тетка Кити @thinkerbell супер за малата. Дај Боже сите дечиња брзо да се адаптираат во градинка и да не се разболуваат. Среќни дечиња и среќни родители. @srekice по грешка нешто сум штракнала и сум те игнорирала дури вчера видов. Сори,не сум имала таква намера . За обувки за ептен тазе проодено купив nike runner и супер си ги износи. За во зима,штознам ладно би им било во нив. Јас на мали ќе му купам adidas altasport cfI, солидно се виткаат,не се високи,ама за трчкање во зима кога е суво,ќе вршат работа,за низ двор. Он и онака или се вози во количка или ми е во раце,да оди по улица за рака неќе. За во снег,или дожд би купила некои чизмички и онака не би минувал многу време во нив,ама сепак да не имаат тврд ѓон.
Сега ме замисли. Мојава сака надвор за рака да ме води. Дури и досадна е некогаш. Но сега прооде, па незнам што да земам. И така за два месеци би ги надраснала нели. Зимни не ми иде уште сега да купам. За на количка имам како зимска вреќа, во нејзе ке ја возам. Ама за шетање Имам вакви чизмички, ама за што ке ми се најдат. Немаат доле тврд ѓон.
@hello-kitty.90 фала тета Кити @srekice овоа се гофи де земи и патики само да не се мрежести да не и мрзни ножето.