Какви чизми да земам за синко за зима? Патики не држат топло, јас не носам затоа што ми мрзне ногата а не пак дете. Најдов убави топлинки во кеги колев. Ама не се топлинки баш баш, туку собни патики, колку да не е бос на тераса. Во ваикики имаше убави ама во 23 се сопнува а 22 немаше. Во кеги сите можни топлинки се машки или женски. Неутрални нема. Плаво плаво плаво розе розе розе. Нема ништо бело крем жолто.
Не планирам чизми да и земам вооошто. Може некои интересни за дотеруванка, ама за подолго одење планирам само малку подлабоки патичиња од вообичаено, кожни. И ортопедот така ми препорача. Инаку и ги земав овие топлинки од кеги и живи радости беше дека биле со "вион"
За дотерување не ми се даваат пари, се што видов е над 2000. Може да ставиш слика на какви мислиш? Јас од Кеги Колев, во сити мол ми беше позгодно да одам. На синко се со диносаурус. Ама не знае што е. Само го пипа и се радува.
Уште не сум земала, чекам да залади затоа што ногата и расте со брзина на светлината и само менуваме обувки. Планирам нешто вака, ама не сум ги видела во живо, така да ќе видиме
Вие пред нас тргате И малово ќе оди за отприлика две недели Утре ќе го вакцинирам ММР и воздух немам мисла.
Еј бе мами знаеш дека е полошо кога премногу ја мислиш. Боцкај и не се плаши, супер ќе помине баткото После главен фраер во градинка
Мамички.. Некои имат проблем со нејадачи, а кај мене обратно.. Мојата си е лакома. Не знам по колку да и давам, и давав колку сака ама ќе почнам да скртвам. Сабајле јадеше голема банана со 8-9 капинки и 2 јагоди, цело пајнче и плус бараше уште и не и дадов ја залажив со новите играчки. За доручек и дадов 1 и пол лепче со путер, малку сирење и кисело млеко, сакаше уште ама многу ми се виде количински, и прекратив. Како размислувате околку ЛАКОМОСТА кај децата? Иначе мојата е слаба, долга, и јас сум таква. и ме нема некое време, оти почнав и по 12часа на работа, распоредот ни дома ни на работа не ни се знај.. Не ве заборавам сепак, ве читнувам на паузите
Оти лакома? Давај колку и се јаде,син ми од овошје огладнува и јас таква сум да каснам овошје на гладно после и цел леб нема да ме најади Инаку син ми јади 2 лебчиња со абц намаз, така да воопшто не и е многу. Давај ако и се јади, греота е да и кратиш, трчаат тие трошат калории
https://kegishoes.com/производ/model-313-b19k-104-2/ Oвие да не ги видел некој дали би биле удобни за одење? На лик се убави.
Ако ги изблендираш бананта, капините и јагодите ќе дојди колку 6, 7 лајчиња така не е многу, вака ти се гледа голема бананата и мислиш кизнеј колку јади, нека си јади дури јади ќе дојди ден кога нема да сака толку па ќе се нервираш, еве моево каков јадач беше, се да јади, сега ми пребира, после 16 месеци почна да забушава со јадење, мој совет давај и да јади ако ти бара, штом била и слаба што му ја мислиш толку.
@flower55555 @lackygirl Ајде така ќе правам, фала ви Јас не и ги блендирам одамна јадењата, бананата на ситни парчиња малку пасирана, капинките исто на мали парчиња
Си огладнела ти се јадело, на л'жи, си сакала да кркнеш нешо од кај кујната бе, цел распоред архитектонски го испонаучила, абе слободно осеќај се ко дома работава мооооорав .. гушки до дветееее!
Жива,здрава да е, ќе си ставаме анатомски појаси и како каубојци ќе шетаме по прерии да не е тој појас малку да ме оптегне наназад, ќе се закифлам и таква ќе останам... ко шо не вежбам ич во задње време леле мајко... бацки и до вас!
Ги имам 3 моментално, еден износен, за анатомски појаси зборам. Мм од wish ми порача, плус два во пакет одеа тука на акција и ете ги ви фиока, ама со седење во фиока не се правел грбот, требало човек да го носи тој појасот
@Makedonka007 давај колку што си сака,манекенка е секако ќе кубиш коси ако ти дојде период како кај нас синко е решен овие 3 дена ништо да не јаде ,едно исто леб леб и само леб.. од се друго по неколку лајчиња. За се што отвараше уста сега врти глава стиска заби неќе да види... јас се надевам ке го надминеме ова
Среќна сум дека немаме проблем за јадење, по искуства ваши гледам дека дете да јади е голем плус. Бацки и побрзо да го надминете периодот, па да си се врати во нормала со јадењето.
И јас на мака со јадењето. Од 7ми месец почнав да давам пасирано, од 9ти малецки парчиња без проблем јадеше. Сега се вративме дури на блендирано. И тоа не домашно блендирано туку купечки кашички. Во непца е многу потечена. Горната десна тројка е обелена. Можно е ова ради забиве да е? Има некој вакво искуство да советува што сте правеле? Или дали ќе се врати во нормала само по себе? Од педијатар добив совет да и дадам време од 10тина дена оти беше болна, а потоа да бидам строга со храната и да не давам кашички. Ама како да изгладнувам 1годишно дете? Ниту количински нешто посебно не јаде. Е овошје знае да касне. Кефир пие последно време, обичен и со вкус на јагода. Навистина не знам што да правам...
Биди среќна што не водиш битка за секое залче. Јас се би дала синко да пројаде. Се додека јаде здраво, давај колку сака. Не е убаво да гнете смоки и чоколади, а оброците нека си ги одредува сама. Пробај со житарици со овошје, повеќе ке ја држат сита. Милион пати имам пишано дека синко месец и пол само цицаше. За тој период му излегоа сите 4ки и 3ки. Дали пројаде сам од себе? Не знам, забите пробија ама давам и бекутан мултивитамин. Плус малтофер за анемија. Јас нема да бидам строга. Имам дете нејадач, се што ке изеде ми е гратис. И блендирано давам со молби и лажење. Само леб јаде сам, си кине залчиња, џвака, голта. Штом месец и пол беше гладен, око нема да му трепне да се врати на старо.
Мајки бебо е 15 месеци и до сега било се океј. Денес од сабајле забележав дека многу му мириса каката, на пладне исто а вечерва плус и беше бело/жолта. Беше настинат минатата недела малку, па се мислам од тоа да не е. Некоја искуство?
Ама твојот бил само на цицање. Велиш излегле заби па пројал. Мојава јаде мусли, киноа, просо, оризови галети, маж ми и зема некој органски флипсови, плазма од какао, значи тие работи ги гризе, џвака. Затоа не сум сигурна дали е до забите. А забите ја мачат периодов, тоа сигурно е, ама не може за нешто да ја мачат, а за друго да не ја мачат нели? Валда... Секако и кога готвам јаде меко. Си јадеше убаво парчиња со нас на маса без проблем за сега да е исклучиво на бебешки кашички. Денеска пак готвев посебно за неа, она што најмногу сакаше и најмногу количински јадеше, спанаќ и не, не и не. Пак на крај отворив кашичка. А после тоа грицкаше плазма. Не знам што да мислам веќе..