Веројатно одредени јадења им се непријатни за јадење кога им растат заби. Синко ке изгризеше некоја корка и пиеше јогурт. Друго ништо. Уста не отвараше. Јас сум сигурна дека е од заби. Мачни се за излегување. Јас сум среќна што помина без температура. Со јадење полека ке се оправиме. Пројал е тежок збор. Јаде ама речиси на сила. Тоа не е јадење, тоа е малтретирање за целата фамилија, ама немам друг избор. Сурово е да си строга со јадење кога бебе си има мака. Месец два може да попуштиш. Мали се за манипулација до тој степен.
Исти бевме знаеш. Сега пак е на мене да те тешам како ти мене Ќе пројади. Знаеш кај 10 месец ние од блендирано на пасирано дури и залчиња јадеше ако без заби, за до година ништо да не јади. Па пак блендирано што викаш само купечки каши. Се чувствував ко лоша мајка кога го фрлав тоа што ќе го зготвев. Преку ноќ пројаде се.  Сега немој да мислиш дека кој знае колку и што јаде ама манџите од нас без зачини ги јаде, зеленчук со месо, млечни каши со кравјо млеко по 100 млмл на 2-3 дена каснува, овошните со житарки редовно за доручек. Е сега мачкано, кифла , мафина, вафла не и е оброк може да проба, но и тоа е напредок. И ние како @MilaSs12 имавме период само на Цице кога беше.  Менуваат многу. Да прашам генерација колку дремки имате? Мојата има 2 но ги намали на 1,5 часа. И навечер неколку дена протестира пред 21:30-22:00 не заспива. До сега меѓу дремки едвај 3-4 часа издржуваше сега госпоѓицата 5 тера. А навечер заспана беше во 20:30, наутро 6:00 будна. Сега помести со 1,5 час подоцна легнува и кај 7:30 станува крај не им се најдува. Ама ни нас И што правиме со инетењето. Ако пример ја земам од под вреска како некој да ја коли. Или ако оди а јас ја седнам. 2-3 мин вреска И се бунтова додека не ја вратам или залажам. Што е правилно да ја оставам по нејзино или да си терам? Леле што деца и карактери имало. Да не ја родев не ќе верував
Вие што давате јадење на парченца, колку давате по количина. Еве пример ќе кажам, овошје кога и блендирам ставам од прилика 1 банана, пола јаболче, 1 слива. Ама ако го исечкам ова на парчиња да го јаде, многу ми се гледа и нема шанси да изеде толку. Вчера изеде две резанки праска и еден рез јаболка. Да не е малку денес ете не сакаше парчиња, па блендирано си го изеде. @Yowannty те читам, можно е да е од забите , мојава се лигави овие денови и бута прсти во уста, најверојатно некој заб друг излегува. Сега имаме две заби доле, четири горе да те прашам месото како и го даваш? Јас уште парчиња немам пробано ми е страв од давење , многу лесно се дави
Добро е помина боцкањето мислам пострашно беше дур се решиме. Сега сум во грч ама на моменти се опуштам дека сега се нови вакцините.
@Presrekna една дремка од 2 часа. Ако се две, пак се два часа ама расцепкани. Денес спиеше 12 часа. Од 10 до 10. Последен пат на 3 месеци вака спиеше.
@Presrekna со јадењево хаос. А јаде мафини. Имам милион рецепти за мини мафини, скроз ги испраксирав. Тоа јаде, една ќе изеде до 2. Ама за неа е јадење. Горе е обелена тројка. Бар мислам дека е тројка оти е преблиску до двојчето. Не знам што ќе се праи со јадењево.. за цел месец грам не стаила. Работата е што цица само 3 пати дење со месеци, а ноќе веќе некое време не цица. Да ми виси цел ден на цицка пак некако, ама нејќе, не ми бара. Цица само кога се буди наутро, потоа сега за дремката, и навечер темпирам цицка кога гледам дека забавува и дека ќе спие наскоро. Па давам да цица, ама да не е толку поспана за да не заспие на цицка. Ноќе се буди еднаш или ниеднаш, и не бара цицка веќе, само ја земам на мене призаспива. Тоа и сакав да ти кажам, конечно веќе не чувствувам пецкање и течење од градите. Со една дремка е веќе некое време. Трае час, час и половина или 2 часа. Без разлика колку трае ноќе заспива меѓу 8 и 9 најдоцна. Има една криза околу 6 многу е напорна со кенкање тоа време, ама гледам да играме нешто и ми успева. Ако ја оставам така е многу досадна. @koritsaki баш парчиња месо пилешко/телешко немам дадено, планирав да почнам, ама како што читаш престана се да јаде, па се одложи и тоа. Давав само мелено, многу сакаше ќофтиња/ќебапчиња од мисиркино мелено и тиквички, мусака, лазања, шпагети болоњезе. Се тоа така јадеше. Сега ништо. Единствено риба печена имам дадено парчиња, енчовис, не ми текнува на Македонски, и бакалар парчиња во чорба ама ги плукаше. Да не доби писмо од Олимпус деновиве? Кај ме најдоа баш се чудам. Не знам од кај собрале инфо за мене, зарем е можно од клиниката кај што се пораѓав? И жими купоните со попуст од 50 центи на производ.
@monik55 наздравје да е вакцината @koritsaki јас и давам на парчиња.. Пр. Праска и ја сецкам цела на парчиња големина колку палец на рака, секако да не е тврда праската. Количински јаде мојата поќе 2 праски на ужинка. Или 3 сливи. Или каша пасирана со банана голема 10тина капинки, 2 јагоди и бараше уште. Круши кога имаше исто јадеше по 2. Давај малку поќе, па ќе видиш кога ќе и е доста. Иначе ние од вчера сме со тт, ич не ми се збора. Ни спани, ни ништо.. Ама ајде само да е таа во ред. Сега и е спадната, се надевам така ќе остани. Иначе каков топломер користите?? Да ми предложите некој?
@Yowannty доколку можеш сподели некој рецепт за мафини или доколку имаш споделено кажи да пребарам. Имам калап ама не ми текнува да направам. Риба ние завчера јадевме сардини на скара и и дадов да проба, се испоплука друго од риба и немам дадено. Гледаш за ќофтиња не ми текнало, може некој ден тоа да направсм со пире, да видам дали ќе јаде А такви писменца со купони од Делта ми доаѓаа порано за големата ќерка..жити попустите што викаш @Makedonka007 ќе и сечкам така ко што викаш па сега колку изеде толку.. секако меко овошје Со помин нека ви е
@koritsaki од блогов ги правам рецептите со мафини https://mykidslickthebowl.com/muffins/ Скоро сите рецепти ми се пробани и тврдам дека се многу вкусни и премеки. Само некои не ми се пробани што имаат некои состојки кои поима немам што се. Иначе има простор да ги прилагодиш на тоа што имаш дома. Не секогаш одам точно по рецептот. Иначе и останати рецепти правам од овде. Има премногу. Ама пошто класични оброци не ми јаде периодов, сега сум кај крекерите и бомбиците.
Сега и мерив 38.2 тт, гори, и дадов сируп за намалување на тт, па ќе почекам. Еднаш вечерта и дадов од сирупот, па потоа утрово. Ова и е трет пат за сируп. Прв пат има тт, не знам како да постапам. На телефони никој не ми одговора. Како да постапам? Да почекам? Мислење?
Јас не давам одма, чекам. Зависи и детето како се однесува, дали е весело или не. Подобро истуширај го на таа тт него сирупче одма.
Колку и да ти е застрашувачки, таа температура не е висока, јас не би дала ни сируп на толку, ама како и да е твој избор. Веројатно е вирус.
@Makedonka007 ние имавме вчера цел ден 37.5 до 38. Еднаш дадов сируп,и не помогна баш... вечерта ми крена 38.6 ставив чепче па спадна за кратко време ... потоа имаше 37 период и еве денеска нема ништо супер си е . Нас температурата од вакцина ни беше , па на вакцината кривицата ја редам и за не-јадењето. За преспивањето да кажам генерацијo, преспиваме 1 на ден по 2 -3 сати веќе цел месец. Само овие 3 дена ми се врати на 2 пати преспивање и тоа ќе го препишам на вакцината. Рецепт за мафини солени кој што сум го испробала http://gotvi.mk/2020/02/20/proja-mafini-video/
@BabyT @NewMama Од 4ките е. Рацете в уста цело време, лајчето го грицка, се гледа дека е од 4ките. Горните скорз не измачија.. Прв пат ми крева, претходно цицаше и немаше кренато. Цел ден ми е в раце, кај никој не оди, само кај мене и со рацете в уста одвреме навреме почнува со плачење ко ќе ја штрекни. Ја гушкам, ја милувам, се надевам ќе помини брзо. Колку трае овој период?
Охх душааа. А ми рекоа дека не качвала многу од заби, од заби само блага тт, а 38.2 од друго можело. Има врска ова или? Сигурна сум дека е од заби