Кога излагаат заби имунитетот паѓа и организмот е подложен на вируси. Значи може полесно да закачи нешто. Ако фати вирус може да има и повисока температура. Ама не се секирај. Следи препораки, давај течности и се ќе биде во ред.
Паднат имунитет од заби. Јас би дала парацетамол, не оставам дете да се бори. Имам страв од темепратура, парацетамол ке ја опушти.
Не би се согласила со твојот совет. Сите се плашиме од температура ама НЕ е добро да се дава на ниска температура сируп. Друга работа е детето ако е во болка па да се даде пола доза. Со болдираното правиш многу голема грешка. Телото баш само треба да се бори.
Знам, јасно ми е тоа. До сега синко немал температура, а после вакцини давам парацетамол. Треба да се бори, ама мене ме плаши моментот кога температурата скока.
И тоа давање после вакцини е лошо, остави го нека се бори, само полошо правиш со тоа давање за секој случај. Размисли, прочитај и информирај се, ќе бидиш спремна како да реагираш при температура. Над 38.5 се дава сируп, а до тогаш се применуваат методи за разладување, а замисли ти даваш на сосема нормална температура после вакцина.
@BabyT @MilaSs12 @Emma2 Наеднаш ве тагирам сите да се изјаснам набрзина и да легнувам. Малата дури сега заспа од сабајле, само една мала дремка од 45мин. Цел ден в раце, имаше некои моменти кога живнуваше па ја седнував со играчките играше малку. Кај никој одење(покасно дојдоа бабите) пиштеше, само кај мене, и чат-пат кај мм. Иначе после вакцина лепенка и стававме секогаш, ама скорз изумив денес во моментот. Прв пат температура и не знаевме ни дали 38.2 е голема или мала за бебе, ајде сируп, па сега последно немаше фала му на Бога. Мериме со живин топломер знам дека е најточен ама и најопасен, ама мм убо знај да ја држи и успеавме. Утре ќе биди подобро. Добра ноќ женички
Пнеумока е Стрептококата? Нас ни закажаа на 16 декемви стрептокока и шестовалетната бидејки ја имаме скокнато. Како сте денес? Кога се вознемирени само мама сакаат никој друг. Вчера бев втора смена на работа,и ми се јавува сестра ми во 8ипол вика многу плаче 1 саат без престан никако неможе да го смириме,го слушам пишти ама жално. Никој неможеле да го смират нити татко ми што плаче по него. Јас искочив одма од работа дојдов он липта ме гушна се смири,ама се чешаше за ногата и плачеше оно го каснало нешто,го намачкав синопен и му дадов парацетамол да не го боли нешто и се смири. Мислам животот ми се скрати,добивав вчера коментари зашто сум го вакцинирала од ммр колки била опасна мислам пукнав.
@monik55 таква е и мојата. Само со мене и в раце. Еве цел ден се држиме, јаки главоболки и вртоглавици почнав да имам, па бабата малку седи со неа сега. Кај мм исто ко вчера, неколку пати одеше своеволно но кога не беше во болка од запчињата. Цел ден плачлива и то е.. Мислам @BabyT рече 2, 3 дена ќе помини. А за 3ките баш ме интересира колку време им е ваквиот период???
И на мене ми стигна покана да одиме ММР вакцина да прими,а има примено само една доза вакцина за стрептокока. Нели требаше уште една да прими,а никаде не пишува дека треба да прими уште една доза,ниту во картонот,ниту на поканата? Дали може да одам во диспанзерот и да му ја стават само таа за стрептокока ако треба да ја прими,а ММР понатака?
Може се, ти како мајка имаш одговорност и треба да одлучиш. Јас ги давам вакцините кога сите сме здрави дома и кога сметам дека бебе е спремно. ММр треба следен месец да ја примаме ама јас одлучив да ја дадам на пролет. Пнеумококата првиот пат поминавме добро. Ревакцинацијата 3 дена не држеше температура и омалаксаност
Да си пукне човек со ова мое нежно дете. Дури 10 дена беше здрава, 5 дена во градинка и почна да кива сабајлево, да и тече нос, за сега да качи 38 тт. Знаев уште по првото кивање. Идеме на јако дежурање пак. Ми е жал за детево, жалче ми е скроз со црвени очи. Оваа недела сигурно барем 3-4 дена нема да оди во градинка и во вода целиот труд. Ама нека биде добра, ќе се снаоѓаме.
Преку ден имаше 37.5 -38. А преку вечерта ми крена 38.6 и не чекав одма чепче ставив, другите два дена околу 37-37.5 се движеше температурата. Искрено не очекував вака да поминеме.. бебе буквално ми се тресеше, не го препознавав , тој е темпераментен сака да си игра многу а 3 дена беше мирен , лежеше , немаше апетит воопшто и сеуште не сме вратени со исхраната во тек. Со оглед на тоа што пнеумококата е воведена во 2018 а и познавам мајки кои воопшто не ја дале јас се покајав... за добро се вакцините ама сепак..
Температурата е 2,3 обично од вирус, а кенкавост и плачливост од заби зависи од детето, и колку брзо ќе ги изваде. Тоа не би можела да ти кажам колку временски трае. Можиш ти да си одлучиш коа сакаш да ја прими. Барем мене ме прашаа.