Страв, нестрав тоа е. Стрептокока предизвикува мененгитис, а тој е многу пострашен. Како дете сум лежела, и уште убаво се сеќавам
@BabyT фала. А нешто да дадам да се намали болката?? Многу плаче, срцето ми се кини... Давате нешто за болка? Споделете плс
Парацетамол е и за болка. Пола доза. Ама јас после вакцина давам цела доза. Кажувам по вакцина затоа што до сега не качил температура.
@MilaSs12 парацетамол каков? Во тој сирупот што го давав пиши содржи парацетамол, и против болка и спаѓање на температурата. @srekice од 4ките мила. Не е вакцина.
Ааа, јас мислев вакцина. Парацетамол-далерон е за болка. Било каков. Но давај пола доза, да може да заспие. Инаку, цела доза може да му ја намали тт на телото, па да биде ладен. Биди внимателна.
Мачкај гел, ептен ако се маче дај пола доза сируп. И гушкање, томкање многу. За 3ките на малата ни сируп не помогна
Дечки какви ви се искуствата со чепчиња (ефералган поточно). Никако не можеме да и дадеме сируп навечер, страшно е како да ја колеме. Прееска качи 38,5, некако со шприц успеа маж ми да и даде додека ја држев и за нецела минута страшно се исповрати. Не знам како толку повраќаница излезе од толку мало дете. Втор пат ми прави вака после сируп навечер. Ја пресоблеков, истуширав, малку и се симна ама еве пак почнува да качува, 37.7. За нецел саат очекувам над 38.5, секогаш е вака. Свесно ги одбегнував чепчињава, ама ако качи пак толку морам да дадам. Се изнамачи, а туширања и расоблекувања не помагаат.
еднаш сум дала и немаше никаков проблем. А сируп дадов помешан со сок, во мн мала количина сок за да го испие иначе за жива глава несака.
Ако и даваш сируп далерон, можеш да ставиш замена чепче еферелган.Многу попрактично,а и за навечер барем да знаеш дека си дала.Јас и ставав на мојата кога беше помала и симнуваше за кратко.Сега со овие сирупи се изнамачив.Посебно блокмаксот уште кога ќе го мирисне одма се трга.Стави чепче за вечер,а утре крвна слика и консултирај се со педијатар.
Стави чепче мајка, не се мисли толку. Погоре пишав, не би оставила дете да се бори и мачи со температура. Чепче е многу поефикасно од сируп. Со лесно.
@srekice имам парацетамол како на @MilaSs12 на сликата исти. Таков дадов пола доза. Добар е? Абе се отепа од плачење и вриштење, се прекршува дури. Само кај мене седи, сила немам веќе. Можно е бе?? Од 7 станата, само пола саат дремка и цел ден плачење. Исто и кај вас било?? И најважно.. Дали запчиња болат на почеток или додека не излезат? Оти таа има 4ки полека излегваја, плачеше и тогаш ама не вака, долу и се цели, горе донекаде, 1/3 можи. И 4ките се или можно е да се 3ките? Фатив ништо нема кај 3ките моментално. Ама плачи до плачење, одвај го земам моб да пишам.
Ке помине мајка. Мене вака ми беше со грчевите. Теи месеци уста не затвори. Од заби, само со нејадење мака мачам. Добар е сирупот. Се надевам ке ја смири за брзо.
Јас само чепче ставам над 38.5. Од тоа нема подобро. Нека е со помин кај малата. Ако ти е за утеха помалку вируси годинава ќе ја фаќаат ради маските. Тројките ми се најболно искуство. Искачаа два месеци. Два месеци не спиеше, плачеше како да ја колиш и тоа траеше како да нема крај. Од вчера и првата петка испадна. Прва е мојата со петка? Кемкава два дена ама ништо страшно. Лошо е што горните немаат абер сега да испаднат заедно и да завршам со заби и лиги. Од други новости знае да брои на англиски до три, знае да мие раце и коса на германски, знае да каже пикабо, да игра исто како на песничките, да протестира до бескрај пред искачање, да не сака да облече јакна или патики, да сака во точак па да не сака, да не знаеш што уствари сака, да се милува, да се гушка во спиење, да се лути и да плаче многу гласно.
Женски кај нас увото, грлцето и носот биле проблем плус.... Вчера на дежурен ја однесовме ни препишаја антибиотик, капки за во нос, пробиотик, маслени капки за во уво. Прва настинка, јас не заприметив досега си цицаше и немаше настинато.. Иначе колку болка имаше чупето, се превиткуваше, пиштеше, неспана, црвена во очињата, со подочњаци, душа моја.. Сега заспана е, после првата доза антибиотик малку посмирена. Го откривме проблемот, а и решението така да помирна сум сега. Фри за тројките баш ме израдва Ама мора да се помини периодот, да му растат бели, здрави, па ние ќе билдаме нерви и трошење пари за коректор за подочњаци Денот да биди убав за сите